Воспоставување на единствен државен протокол
Научна монографија · Второ издание

Воспоставување на единствен
државен протокол

Establishing a Single
State Protocol

Establishing a Single State Protocol in Republic of Macedonia
МБА Спец. Санде Смиљанов
Второ издание · Скопје · Second Edition
177
Стр. МК
125
Стр. EN
3
Рецензенти
2
Јазици
▼  Читај ја книгата
МБА Спец. Санде Смиљанов · Второ издание

За книгата

Воспоставување на единствен државен протокол на ниво на Република Македонија

Оваа книга претставува второ издание на пионерското дело на МБА Спец. Санде Смиљанов посветено на воспоставувањето на единствен државен протокол. Рецензирана е од Vonр. проф. д-р Марјан Танушевски, Проф. д-р Јордан Плевнеш и Проф. д-р Александар Стојчев.

„Протоколот е музика во меѓучовечките односи."

— МБА Спец. Санде Смиљанов
Апстракт
Апстракт и благодарност
Вовед
Вовед, методологија, цели
Глава I
Протокол: почетоци, развој, елементи
Глава II
Истражување и анализа
Глава III
Резултати и имплементација
Заклучок
Заклучни согледувања
Апстракт и Благодарност
ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
АПСТРАКТ

Протоколот и активностите кои произлегуваат од него во основа

претставуваат низа на признати правила кои наложуваат добро однесување

во службениот живот, однесување кое во основа го детерминира дипло-

матскиот успех, односно неуспех. Развојот на протоколарните правила и

професионалноста во областа „де факто“ се во функција на сопствената

држава и на етаблирање на нејзиното место во меѓународната заедница.

Токму затоа, изучувањето на основите на протоколот, церемонијалот и ка-

рактеристиките на водачот - лидерот се т.н. „must-have“ елемент кога станува

збор за пошироката анализа на сето она што оваа област претставува. Во

моменталната ситуација, мора да се имаат предвид веќе воспоставените

организациски единици кои помалку или повеќе функционираат уште од

самото осамостојување на Република Македонија.

Оваа книга оди еден чекор понапред и тоа кон утврдување на от-

порите кон можните организациски промени, нивното теоретско поимање

и нивното преведување во областа на протоколот. Taa дава цврста основа

за решавање на проблемите, уште пред тие да се појават во реалноста, во

процесот на можното воспоставување на единствен државен протокол на

ниво на Република Македонија.

КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: единствен државен протокол, протокол, органи-

зациски промени.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
БЛАГОДАРНОСТ

Изразувам огромна благодарност до мојата сопруга и ќерка, ко-

ишто безрезервно ме поддржуваа во процесот на реализација на

оваа книга.

Оваа книга и ја посветувам на мојата покојна мајка Вера којашто

несебично и пожртвувано, со една скромна работничка плата, цел

живот се бореше за мојата едукација.

Драга моја мајко, оваа книга ти ја

посветувам тебе...

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Секое мислење и гледиште изразено во оваа книга е на авторот,

и не треба да се разгледува како мислење

и гледиште на Владата на Република Македонија.

Вовед — Методологија и цели на истражувањето
ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

ВОВЕД

Книгата посветена на можностите за воспоставување на един-

ствен државен протокол во Република Македонија, темелно го ис-

тражува историскиот аспект на протоколот како една од најстарите

функции во меѓудржавните односи. Воедно, голем напредок се прави

и со поврзувањето на реалното функционирање на протоколот во

рамки на нашата држава со теоретските елементи кои суштински се

надоврзуваат на оваа област. Практично, преку тоа поврзување може

да се добие еден реален одговор за тоа како може да се унапреди

работењето во областа, и аналогно на тоа, како да се унапреди

претставувањето на Република Македонија како сериозен партнер

во меѓународните односи.

Се поставува прашањето, зошто меѓународните односи? Ед-

ноставно, поради фактот дека протоколот е лицето на државата.

Првиот контакт претставниците на странските држави го имаат токму

со лицата вработени во протоколот. Дополнително, сликата за тоа

како функционира една држава најбрзо се добива преку евалуација на

тоа колку ефикасно функционира протоколот, колкава е ефикасноста

на организацијата на настаните, потоа степенот на почитувањето на

агендата, како и придржувањето до воспоставените и договорени

правила на игра.

Оваа книга ги објаснува двете основни точки – поставеноста

на протоколот во институциите на државната управа денес, како и

сликата како треба да изгледа протоколот во иднина. Воедно, се за-

пазува и оската која ги поврзува овие две точки – организациските

промени кои ќе доведат од посебни протоколарни организациони

единици во неколку институции до еден, единствен државен протокол

со свои функции, одговорности и задачи. Во трудот предвид земени

се и можните отпори кои свои корени влечат од теоријата за отпори

при организациските промени.

1. Структура на книгата

Материјата во книгата е систематизиранa во вовед, четири

глави, заклучок, литература и прилози.

Воведниот дел од оваа книга имплицира на причините поради

кои се пристапува кон развој на идејата за воспоставување на един-

ствен државен протокол, ги вклучува и предметот на истражување,

како и целите на истражување на овој труд.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Во првата глава од книгата со наслов„Протокол: неговите по-

четоци, неговиот развој и елементите од есенцијално значење“се

презентира воведот во дисциплината протокол, теоретски се дава

осврт и на карактеристиките на водачите-лидерите во оваа област,

како и нивните вештини, нивната моќ и нивното влијание. Планирање-

то, како базичен процес на секоја промена е исто така дел од првата

глава, чија цел е да ја даде основата врз која ќе се гради трудот. Како

заокружување на оваа воведна глава, презентирана е разликата по-

меѓу традицијата и иновацијата (секако, во контекст на протоколот)

која на еден пластичен начин укажува на тоа што е менливо, а што е

златен стандард кој не смее да претрпи промена.

Втората глава од книгата со наслов „Протоколот во институци-

ите на Република Македонија: постојна состојба и предизвици“, по

краткиот вовед за протоколот во Република Македонија, акцент се

става на постојната состојба во која се наоѓа оваа област во одредени

институции во нашата држава кои се најкомплексни кога станува збор

за протоколарното работење. Истовремено, се врши и идентифика-

ција на проблемите и слабостите на оваа моментална слика.

Во третата глава од книгата со наслов „Воспоставување на

единствен државен протокол: визија, мисија, отпори, можности и

предизвици“се упатува на визијата и на мисијата на единствениот

државен протокол, неговото функционирање и должности. Значаен

додаток на третата глава која во основа претставува база на трудот,

е теоретското поимање на отпорот при организациските промени

како вовед во начините на согледување и анулирање на отпорите

кои можат да се појават при воспоставувањето на единствен државен

протокол на ниво на Република Македонија.

Четвртата глава од книгата со наслов „Протоколот гледан преку

очите на професионалците“,главно се темели на мислењата на про-

фесионалците во областа, утврдени преку методолошката алатка

прашалник, систематизирани по пат на индуктивна анализа.

2. Методологија на истражувањето

Во изработката на оваа книга опфатени се основните фази

на прибирање и анализа на потребните податоци, a користени се

следните медоти: анкетен прашалник, интервју и анализа на доку-

ментацијата. Потоа, согласно дефиниран методолошки пристап, се

пристапи кон систематизација на истите и поставување на план за

нивна презентација.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Како начин за поставување на цврст темел на она што е прет-

ставено, во книгата на инвентивен начин во одредени сегменти се

воведува теоретскиот елемент, кој потоа се преточува во алатка за

практична имплементација на општо познатото.

Во контекст на прашалникот, резултатите се логично система-

тизирани и екстраполирани на лесно видлив и читлив начин, преку

нумеричко скалирање и графичко претставување.

3. Предмет и цел на истражувањето

Предмет на истражувањето во книгата е посветена на воспоста-

вувањето на единствен државен протокол во Република Македонија

е историскиот развој на протоколот како значајна алка во синџирот

на функционирањето на државата, како и начинот и патот на пре-

раснување на постојаната на слика на дифузирани единки во една

нова единица во рамки на државната управа која ќе се занимава со

областа протокол и ќе биде еден вид на тело за координација помеѓу

институциите во Републиката.

Посебен акцент е ставен и на карактеристиките на водачот-ли-

дерот во областа на протоколот, како и на отпорите кои можат да се

јават на патот на организациските промени.

Цел на истражувањето е да се утврди моменталната слика, како

и реалната можност за преминување преку можните пречки и предиз-

вици кон реализирање на идејата за воспоставување на единствен

државен протокол на ниво на Република Македонија.

Целта на истражувањето е спроведена низ следните задачи:

- Запознавање со суштинското значење на протоколот низ

историјата;

- Согледувањето на поврзаноста помеѓу лидерството и прото-

колот;

- Значењето на планирањето како предуслов за развој;

- Утврдувањето на постојната состојба на протоколот во инсти-

туциите на Република Македонија;

- Идентификување на визијата, мисијата и задачите на един-

ствениот државен протокол;

- Утврдување на предлозите на теоријата за надминување на

отпорите при организациските промени, како и нивно имплемент

рање во реалноста.

ППРРООТТООККООЛЛ:: ННЕЕГГООВВИИТТЕЕ ППООЧЧЕЕТТООЦЦИИ,,
ННЕЕГГООВВИИООТТ РРААЗЗВВООЈЈ ИИ ЕЕЛЛЕЕММЕЕННТТИИТТЕЕ
ООДД ЕЕССЕЕННЦЦИИЈЈААЛЛННОО ЗЗННААЧЧЕЕЊЊЕЕ
Глава I · Протокол: Почетоци, развој и елементи од есенцијално значење
ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
1.1. ВОВЕД ВО ДИСЦИПЛИНАТА ПРОТОКОЛ
1.1.1. Протокол: дедуктивно разложување на поимот

Теоретскиот пристап кон изучување на познатите и етаблирани

академски области не исклучува постоење на практични професии,

чии основи, „де факто“ се наоѓаат во теории развивани со векови, па

и милениуми. Кога се говори за протоколот се мисли токму на една од

тие практични професии, кои имаат своја академска позадина, профе-

сии кои и денеска се есенцијални во одржувањето на меѓународниот

поредок, професии чие (не)разбирање може да доведе до колапс

на светскиот мозаик, онаков каков што го познаваме. Протоколот,

всушност, е цела наука.

Како може наједноставно да се дефинира протоколот? Про-

токолот е низа правила кои наложуваат добро однесување во

службениот живот и на церемонии кои вклучуваат цели влади и

нации, како и нивни претставници. Тоа е признат систем на меѓу-

народна учтивост1.

Терминот „протокол“ доаѓа од грчкиот збор „protókollon“

(формиран од зборовите „protos“ - прв и „kólla“ – лепило), што во

буквален превод е прво залепено ливче, односно ливче кое Грците

го употребувале за означување на документи2. Протоколум потоа

значел изготвување официјални јавни документи, од кои некои биле

наречени протоколи.

Денес во сложеноста на промените што ги носи дваесет и пр-

виот век протоколот претставува главна социјална дисциплина без

која средбата на крунисаните глави и претседатели на држави, влади,

собранија и слично, би имала мала важност. Со протоколот, средбите

на светските водачи добиваат комбинација од убаво однесување и

здрав разум, што, во основа, овозможува успешна комуникација.

Враќајќи се кон сржта на зборот протокол, можеме да истак-

неме дека тој, во својата потесна смисла, го означува оригиналот

на јавните документи, записниците на меѓународните конференции,

договори, спогодби.

Во поширока смисла, пак, означува збир на правила кои треба

да се применуваат во протоколарните, државните и дипломат-

1 Ерика Томпсон, Семинар за протокол – МК-481-Протокол, Скопје, 2001.

2 http://www.psow.edu/, Protocol School of Washington, преземено 10.01.2013.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

ските свечености, официјалните односи и општествениот живот.

Правилата на протоколот се еден од заштитните елементи на угледот

на една држава.

Протоколот е низа на правила кои наложуваат добро однесу-

вање во службата за време на церемонии од секојдневниот живот и

церемонии со високи воени и државни претставници. Тоа е признат

систем на меѓународна учтивост и добри манири со кои се почитуваат

правата, статусот и достоинството на другите.

За протоколот, како целина можеме да кажеме дека е и наука

и уметност во постојан развој.

Одговорноста што новите нации ја добиваат во светските

случувања, како и порастот на мултилатералната дипломатија низ

институциите како Обединетите нации, неизбежно доведуваат до цу-

тење на дипломатските врски. Таквиот развој на состојбата, не само

што ја истакнува важноста на протоколот, туку треба и да нè потсети

дека подготовките за посета на државник и државни службеници се

воедно и наука и уметност: наука бидејќи нијансите на протоколот се

во исто време и суптилни и егзактни; уметност бидејќи проверениот

протокол секогаш носи лични обележја. „Кога зборуваме за протоко-

лот, оние што се важни не се грижат за него; а оние што се грижат

за него, не се важни“-Бернар Баруш-бизнисмен. Со терористи може

да се преговара, но со протоколот не“-Џорџ Буш – стариот.

1.1.2. Церемонијал – што означува и како се поврзува со

протоколот?

Церемонијал е строго почитување на пропишаните или во-

обичаените формалности при свечени пригоди. Таа дефиниција ќе

нè наведе да помислиме на сликата на величествените свечености

видени преку средствата за јавно информирање: без оглед дали се

работи за устоличување на некој монарх или папа, за претседател-

ска инаугурација или раскошен церемонијал на источните дворови,

секогаш во сеќавање ни доаѓаат свечената облека, шеширите со

перјаница, врзаните униформи или сликовитите паради во целата

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

нивна возвишена убавина. Церемонијалот е, сепак, далеку повеќе

од сето тоа. Како споредба кон кажаното, протоколот е форма на

хиерархиски ред, израз на добро однесување помеѓу нациите. И како

што пристојноста е едно од основните правила на секојдневниот жи-

вот, така и протоколот е збир на правила на однесување за владите

и за нивните претставници на службените и на неслужбените настани.

Хиерархијата е неодолив дел на секое организирано опште-

ство. Во понапредните општества, сложеноста на меѓучовечките

односи наметнува почитување на одредени правила на однесување

без кои животот би ја загубил својата хармонија. Во попримитивните

средини, уште пред излезот од семејниот круг, се сретнуваме со хие-

рархиски поредок, кој се заснова на церемонијали што традиционално

се извршуваат во конкретна класа. Хиерархијата е присутна дури во

животинскиот свет, нешто што јасно се гледа во животот на пчелите

или термитите, како и во свадбените обреди на некои видови птици.

Одржувањето мирни односи помеѓу победниците и одбег-

нувањето навреди се едно од основните правила на секојдневниот

живот. Важноста на тоа правило е уште поголема во меѓународните

односи, каде што базична улога играат доброто однесување и почитта

спрема независните држави и нивните претставници.3

Како пример може да се спомене Џон Ф.Кенеди, којво времето

кога непријатното однесување било составен дел на дипломатијата

на одредени влади, во својот инаугурациски говор нагласил дека

љубезноста и учтивоста не се слабост. Бизмарк, пак, потсетил дека

дури и при објавување на војна се почитуваат правилата на добро

однесување. Жил Камбон, француски дипломат, напишал дека во

мировните договори нема разлика помеѓу победниците и поразените,

додека Хрушчов во својата земја јавно изјавил дека со навреди нема

да го победат капитализмот.

Напуштањето или ублажувањето на протоколарните обичаи

најчесто е резултат на желбата да се угоди на некому. Ватикан, кој

веројатно е најстариот двор во Европа, е добро познат по префине-

тоста на својата протоколарна постапка.

3 Р. Џ. Вуд, Џ. Серес, Дипломатски церемонијал и протокол, Скопје: Издавачки центар Три,

2009, 13.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Вонпротоколарното внимание може да дојде и од шефовите

на држави и од другите великодостојници. Позната е приказната за

претседателот на една африканска држава при посетата на музејот

„Колонијал Вилјамсбург“во Вилјамсбург, Вирџинија (САД). Имено, по

турата низ музејот тој се вратил во својот автомобил и во тој момент

се сетил дека не и се заблагодарил на госпоѓата-кустос. Во следниот

момент тој излегол од автомобилот, се вратил во музејот, и се забла-

годарил и го дал подарил сувенирот што го донел од неговата земја.

Ваквите примери би ни биле доволно сведоштво дека протоколот не

е лишен од човечност во толкава мера колку што би се помислило,

и дека луѓето што тој ги обврзува знаат кога и како да се ослободат

од неговите строги стеги ако сакаат да покажат топлина кон лицата

коишто тие ги примаат. Дипломатијата е умешност на решавање на

меѓународните тешкотии по мирен пат.4

1.1.3. Што сè се подразбира под терминот протокол и кои се

неговите почетоци

Како што атомот е основната градбена единица на сè околу нас,

така и дефиницијатата е појдовна точка за да можеме да утврдиме

што подразбира терминот кој е носител на овој труд. Имено протоко-

лот е низа правила кои наложуваат добро однесување во службениот

живот и на церемонии кои вклучуваат влади и нации, како и нивни

претставници. Протоколот подразбира „етикеција“ што потекнува

од францускиот збор„étiquette“, што значи добро однесување. Една

друга дефиниција вели дека протоколот претставува збир на правила

кои ги регулираат прашањата на „етикецијата“, почеста и пресеан-

сот на званичните церемонии. Протоколот стапува во сила уште во

времето на старите Египќани коија издале книгата „Инструкциите на

Птахотеп“. Со тоа може да се каже дека покрај плугот и календарот

тие го измислиле и правилото на добро однесување. Книгата била

напишана во 2000 година п.н.е. на писмото на свештениците, а истата

се чува во националната библиотека во Париз и е позната под името

4 Р. Џ. Вуд, Џ. Серес, Дипломатски церемонијал и протокол, Скопје: Издавачки центар Три,

2009, 14.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

„Папирусот на Прус“ (според името

Кога градинарот на Луј 16 видел

на донаторот). дека аристократите му ја газат

До XIX век француските тер- тревата во дворецот Версај,тој

мини „protocole diplomatique“ или ставил натписи, етикети, за да ги-

„protocole della chancellerie“ се од- предупреди.

Но буржоазијата и понатаму ја

несувале на церемонијалните прави-

газела тревата, па кралот морал

ла кои морале да се почитуваат при

да усвои закон според кој никој

пишаните официјални контакти меѓу

не смеел да минува подалеку од

државни и други министри. Денес,

знаците.Подоцна значењето на

протоколот служи како кодекс на

етикецијата беше проширено на

меѓународна љубезност во којашто

дворските функции како список на

се вклопуваат дипломатските фор- правила кој каде да стои и што да

ми, церемонијалот и етикецијата. Во прави.Етикецијата и понатаму го

деловниот свет, денес зборот прото- проширува своето значење, но се

кол се употребува наместо зборот уште во суштина значи „не гази ја

етикеција, бидејќи звучи поделовно тревата“.Доколку ги почитуваме

и поофицијално. правилата на етикеција, нашите

пријателства ќе се зголемуваат;

Многу компании воспоставија

ние ќе се усовршуваме; ќе бидеме

свои сопствени правила на протокол

во можност да се претставиме со

како дел од нивната култура. Позна-

доверба и авторитет во сите обла-

вањето на етикецијата отсекогаш

сти на нашето работење.

било моќна алатка во бизнисот. Џон

Сè до 60-тите години, учењето на

Малоу, гуру и автор на „Облечен за

бон-тон се сметаше за интегрален

успех“, вели дека секој со којшто има дел од воспитувањето на децата.

зборувано рекол дека најголемиот Јавните и приватните школи ја

индикатор дека некој има стил е по- вклучуваа етикецијата во своите

седувањето социјални вештини. наставни програми, а училиштата

Деведесет и девет од сто де- за добро однесување се специја-

ловни луѓе рекоа дека поседување- лизираа за настава по грациоз-

ност, држење и манири на маса.

то на овие вештини е предуслов за

Либерализмот во 60-тите и 70-

успех во деловниот и општествениот

тите години ја намали вредноста

живот. Тие рекоа дека секој мора

на етикецијата, а во 80-тите инте-

да поседува манири за на маса, да

ресот за неа се враќа.Во 90-тите

умее да води љубезна конверзација,

години се враќаат традиционал-

да знае да се претстави себеси и

ните вредности, а сегашната остра

другите и да ги знае основните пра- конкуренција во деловната арена

вила на куриозност. Дипломатијата ја враќа етикецијата како уште

е умешност и најлошите работи да ги една алатка со која ќе ја победите

кажуваш на најубав начин. својата конкуренција.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Малоу, исто така, вели дека поголемиот дел од деловните луѓе

ценат ако нивните вработени се однесуваат на забави или пак на ве-

чера. Денес, способен деловен човек знае да освојува нови пазари,

да отвора можности насекаде во светот, да ги совладува техниките

потребни за да се надмине конкуренцијата. Етикецијата и протоколот

се вештини коишто ќе му дадат светски имиџ на секој деловен човек.

Добрите манири се неизоставен дел на секој добар лидер.5

1.1.4. Протоколот во македонската историја

Државниот протокол на Македонија е со длабоки корени во

историјата. Најстари податоци за протоколарните активности во др-

жавната традиција на Македонија можат да се пронајдат во делата на

античките автори кои ги забележале активностите на владетелите од

династијата на Аргеадите кои ја формирале првата македонска држава

во 7 век пред нашата ера и од која династија произлегле најпозна-

тите владетели на Македонија, Филип II и Александар III Македонски.

Во историските извори активностите на државниот протокол не се

обработувани во детали и засебно. Почнувајќи од првата „Историја“

напишана од таткото на историјата Херодот во 5 век пред нашата

ера преку делата на римските историчари Квинт Куртиј Руф „Историја

на Александар Македонски“ и „Историја на походот на Александар

Македонски-Абанаса“ од Аријан во одредени описи на активностите

на државниот врв се забележани интересни податоци за државниот

протокол во Македонија. Такви податоци се дадени во описите на

приеми на високи делегации од странски држави, протоколот за

потребите на војската пред одење во секоја битка, протоколи при

секојдневните активности на државниот апарат и војската, протоколи

за погребни церемонии за велико достоинственици и слично.

Особен белег во историјата на државниот протокол во Маке-

донија ни дава средновековниот период кога од Преспа и Охрид бил

раководена македонската држава на чело со Цар Самоил.

5 Доротеа Џонсон, Надминете ја својата конкуренција – деловна етикеција, Академија за прото-

кол на Македонија, Школа за протокол – Вашингтон, Скопје, 2011, 6.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
1.2. ЛИДЕРСТВО И ПРОТОКОЛ
1.2.1. Особини на водачите – лидери во протоколот

Протоколот е многу одговорна и специфична работа. Сè може

да го наруши редот, а најчесто тоа и се случува. Токму затоа одго-

ворниот државен службеник за протокол во секоја прилика мора да

биде подготвен да даде одговор на непредвидените и непријатните

ситуации, односно треба да импровизира.

Во поново време според најновите анализи согласно стратеги-

скиот маркетинг, на луѓето кои се занимаваат со протокол им е дозво-

лено да импорвизираат, но сето тоа да биде беспрекорно изведено и

реализирано. За жал, успехот на протоколот не се забележува, ниту

се истакнува. Од друга страна, за грешките од кој било вид одвивање

на јавни настани и манифестации, по правило, секогаш е виновен

протоколот, без разлика на тоа дали истиот имал удел во сето тоа

или не. Мора да се спомене дека протоколот не е работа за секого.

Особено тоа не е работа за оној вид на водачи кои сметаат дека

можат сèда сработат самите. Успешен водач – лидер во протоколот

секогаш се потпира на тимската и однапред испланирана работа, на

стручна оспособеност за тој вид работа и на секогаш добредојдена

среќа. Добар водач – лидер во протоколот за да „преживее“ во оваа

професија мора да поседува одредени карактеристики.

Подетално, тие вклучуваат:

– Комуникативност. Навремените и отворените комуникации

се предуслов за успешно и навремено извршување на протоколарните

работи. Најголем број на проблеми настануваат поради ненавремени и

неквалитетни комуникации. Кога е во прашање протоколот, ништо не

смее однапред да се подразбира, ниту претпоставува. Сите учесници

во протоколот мораат да имаат јасни, недвосмислени индикации во

смисла на тоа што, кога, како, со кој, со што или на кој начин треба

да се извршат работите.

– Организациони способности. Добрата координација на ра-

ботите е клуч на успешната организација на било кој протоколарен

настан, без разлика дали станува збор за посета на странски државник,

голема меѓународна конференција, свечен прием или одбележување

на годишнина.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Протоколот е инженеринг во којшто треба да се поврзат де-

сетици различни активности и услуги. Најбитно е за сè да се има т.н.

„чек-листа“ за проверка на сите конкретни работи што треба да се

извршат пред, за време, и по одржување на некој јавен настан. Тоа

е „закон“.

– Кооперативност. Протоколот е тимска работа во која треба

да соработуваат повеќе луѓе со цел да се предвидат, испланираат

координираат, организираат, извршат и контролираат голем број

на задачи и обврски. На водачот – лидерот за протокол секогаш му

се потребни директни и конкретни контакти и успешна соработка со

сите луѓе во ланецот на организацијата на конкретната работа. Во-

дачот – лидер за протокол секогаш мора да биде присебен, смирен,

љубезен и секогаш со насмевка, без разлика што се случува пред

сцената или зад неа.

– Флексибилност. Водачот – лидер за протокол мора да има

постојан преглед на работите и ситуацијата, како и да биде брзо,

навремено и професионално да реагира на непланирани и неочеку-

вани случки. Секако, не мора секогаш сèда биде како што предвидува

протоколариот прирачник или конкретната прилика за направеното

сценарио. Протоколот понекогаш може да биде и добра импровиза-

ција, секако, доколку успеете да оставите впечаток дека токму така и

тоа било планирано. Учесниците на конкретниот настан на тој начин

ќе ги натерате да веруваат дека во потполност како протокол ја кон-

тролирате ситуацијата.

– Способност да се признае грешка. Луѓето не се машини,

па така и во областа на протоколот, како и во секоја друга работа

грешки се случуваат. Сепак, она што е најважное, истите навремено

да се воочат, доколку е возможно да се преземе сè штетата да биде

минимална, како и да се преземат сите мерки грешките да не се

повторат. Најбитно е кога ќе дојде до грешка да не настапи паника,

односно потребно е енергијата да се фокусира на зголемување на

концентрацијата и на активностите за коригирање и остранување

на грешката. На учесниците секогаш треба со љубезност да им се

понуди извинување, а на претпоставените да не им се даваат лажни

изговори, туку, напротив, да им се кажат вистинските причини за

пропустот или грешката.6

6 Zoran Veljić , Diplomatski protocol, Beograd, 2004, 21.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Критиките или приговорот водачот – лидерот на протоколот

мора да ги прими мирно без дискусија и коментари. Доколку приго-

ворот не е заслужен, треба да се почека прилика која е посоодветна

и овозможува да се изнесат причините и објаснувањата за тоа дека

протоколот постапил правилно .

– Личен изглед. Водачот – лидерот и сите останати државни

службеници од протоколот секогаш треба да имаат беспрекорен из-

глед и соодветно прилагодено однесување. На преден план треба да

биде професионалноста и сериозноста. Уредна фризура, соодветно

одело или фустан, дискретна шминка, како и задолжителна насмевка

се подразбираат. Сето друго е рутина, искуство, и доблест.

– Останати особини. Водачот – лидерот за протокол мора

да биде подготвен да преземе сè, со цел работата успешно да биде

завршена. Службеник за протокол на кого му е „под чест“ да отвори

врата на автомобил, да му држи чадор на гостинот, да ја прифати

папката или слично, како и да отстрани мала несмасна ситуација како

на пример паѓање на мобилен телефон, работни материјали, часовник

и слично, тој не е личност адекватна за работа во протокол. Тој мора

секогаш да биде подготвен, да поседува професионалната етичност

и лојалност кон институцијата и личноста за која работи. Протоколот

е чуствителна работа, па затоа службеникот за протокол треба да

внимава на личниот, професионалиот и институционалниот инте-

гритет, како на луѓето за кои работи, така и за својот. Доколку му е

доверена одредена работа тој треба да ги исполни очекувањата на

претпоставените.

За успешно извршување на протоколарните работи многу е

важна меѓусебната доверба, која се гради преку секојдневното иску-

ство и пракса.

Протоколот не треба многу да го оптоварува претпоставени-

от со сценариото и неговите обврски многу пред самата активност.

Но, тој мора да биде подготвен во вистински момент да ја изврши

државничката работа. Тоа се однесува и на информациите каде да

седи во автомобил, на работна маса, за време на ручек, за време на

свечени церемонии, протоколи и слично. Протоколот треба да биде

вистнски мајстор за „директното наведување“ на претпоставениот во

моментот на самото одвивање на пртоколарниот настан.7

7 Zoran Veljić , Diplomatski protocol, Beograd, 2004, 22.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ
1.3. ПРЕДУСЛОВИ ЗА РАЗВОЈ НА ПРОТОКОЛОТ:
ПЛАНИРАЊЕ
1.3.1. Општо за планирањето

Визијата, која е основа за напредок на сите полиња и е во

основна менаџерска функција и вештина на успешните водачи, е во

нераскинлива спрега со процесот на планирањето. Планирањето, во

основа, претставува одлучување каква ќе биде иднината на некоја

организација и како тоа ќе се постигне. За успешното планирање

потребно е: добро предвидување, поставување цели, утврдување

на приоритети, терминирање (утврдување на временски рамки и

рокови), операционализирање (утврдување на конкретните ак-

тивности и нивниот распоред во организацијата) и задавање на

задачи (утврдување на носителите). Планирањето е одлучување за

оптималните, но секако и реални патишта до целта, односно визијата.

Слика бр. 1 - Патот до визијата

Планирањето во основа, претставува процес на достигну-

вање на целите (блиските и далечните). Плановите се записи за тоа

како процесот најдобро би се одвивал. Хиерархијата во процесот на

планирањето произлегува од временското определување на целите

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

(краткорочни и долгорочни). Успешноста на една организација се цени

според постигнатите, а не според поставените цели8.

Битно е да се напомне дека постои определена пирамида во

планирањето, што значи дека сите преземени функции и активно-

сти во процесот на планирањето се временски детерминирани. Во

тој контекст разликуваме краткорочно, среднорочно и долгорочно

планирање, што може да се прикаже со пирамидата на слика бр. 2.

Слика бр. 2 - Пирамида на планирањето

При секое планирање, во основа, се користат два пристапи:

Едниот е, рационалниот пристап, со кој се дава логичен распоред на

извршувањето на чекорите на патот кон целта. Другиот е, политич-

киот пристап, според кој, врз планирањето, независно од логичниот

распоред на чекорите кон патот на целта, дејствуваат посебни инте-

реси во однос на поставените цели, што доаѓаат од некои интересни

групи во организацијата или окружувањето.

Во рамките на рационалниот пристап во планирањето, повеќе

се задржуваме на оформувањето на оддалечените цели и насоки, а

потоа ги споредуваме со достигнатите. Ги поставуваме прашањата:

„Каде сме?“,„Што сакаме да достигнеме?“, „Како да се стигне до поса-

куваната состојба?“. Планирањето не треба да се разбере како збир

на желби или намери.Тоа е процес што ја содржи реализацијата на

8 К. Петковски, Водството и ефективната комуникација, АД Киро Дандаро, Битола, 2000, 236.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

патот до целта и претсавува еднонасочно одлучување кој/кои, каде,

до кога и како ќе го поминат предвидениот пат во достигнувањето

на целите9.

Процесот на планирањето на визијата, во принцип, завршува

со донесување на изјавата за визијата и изјавата за мисијата, кои

се темелат на најзначајните вредности. По него следи процесот на

формирање на реални, достижни и мерливи цели, што овозможува и

подготвеност за нивна реализација. Врз основа на овие два значајни

документи се определуваат стратешките планови. Тие се темелат на

претходно утврдените стратешки цели. Овие стратешки планови се

преточуваат во оперативни планови кои се засноваат на воспоста-

вените оперативни цели. Треба да се има предвид дека стратешките

планови се долгорочни, или во најмала рака среднорочни, додека

оперативните планови во основа, се краткорочни.

Врз процесот на планирањето во една организација влијаат:

големината на организацијата; организациската структура и поставе-

ност, директорот со својата работа и карактеристики; организациската

клима и култура.

Степенот на извршувањето на издадените наредби; ресурсите

кои стојат на располагање (материјално – технички, финансиски, ка-

дровски); потоа системската рамка којашто го овозможува степенот

на автономија и сувереноста на организацијата при планирањето во

однос на окружувањето.

Таткото на модерниот менаџмент, Питер Дракер, уште во

седумдесеттите години го нагласил значењето на организациската

мисија, велејќи дека, кога се поставува прашањето: „Што е нашиот

бизнис?“, всушност се прашува – „која е нашата мисија?“. Мисијата

ја претставува причината за постоењето на секоја организација, од-

носно таа е заедничката цел. Притоа, заедничката цел треба да се

разбере како збир на причини кои го определуваат егзистирањето на

организацијата. Заедничка цел е нешто, кон што постојано се тежнее

и никогаш не се реализира во потполност.

9 К. Петковски, Водството и ефективната комуникација, АД Киро Дандаро, Битола, 2000, 237.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
1.3.2. Донесување на стратегија на органот и функционална

анализа

Стратегијата на органот, гледано во целина, претставува ос-

нова за донесување на подетална стратегија за човечки ресурси која

е витална алка во развојот на протоколот. Имено, со Стратегијата на

органот се утврдуваат долгорочните цели на органот, додека Стра-

тегијата за човечки ресурси го определува персоналот кој може да

ги достигне тие цели. Гледајќи хронолошки, пред да биде донесена

стратегијата се врши функционална анализа, односно се утврдуваат

вработените процеси и истите се групираат по функции. Врз основа

на ова се утврдува структурата на персоналот.

Функционалната анализа е најважниот процес во кој точно

треба да бидат утврдени сите функции на органот и истите да би-

дат групирани заради креирање на организационата поставеност

на органот, без повторување на функции и надлежности во повеќе

организациони единици во органот. Доколку овој процес е успешно

завршен, лесно ќе се утврди работата и работната задача на персо-

налот поодделно.

Врз основа на видот и сложеноста на функциите и работните

процеси се утврдува каков персонал (образование, искуство, други

способности) е потребен за определено работно место.

1.4. ПРОТОКОЛ: ИНОВАЦИЈА VS. ТРАДИЦИЈА
1.4.1. Иновативни можности во областа на протоколот

Гледајќи во минатото, употребата на фиксниот телефон, мо-

билниот телефон, факсот, праќање на е-маил пораки скоро и да не

биле возможни, но во овој век сите тие работи се надминати. Како

иновативни решенија пронајдени од

иноваторите, драматично се олеснува

протоколарното работење на вработе-

„Добар ден. Го добивте

ните во протоколот, односно со сите

бројот на Министерството

овие пронајдоци протоколарната услу-

за одбрана на Република

га како краен продукт е многу поефек-

Македонија“

тивна и поефикасна, и многу побрзо и

подобро се реализираат предвидените

протоколарни активности.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Сите форми на комуникација се важни за една компанија, но

со појавувањето на електронската пошта, мобилните телефони, го-

ворните пошти, телеконференциските повици и слично, потребно е и

стриктно почитување на воспоставениот бон - тон и професионално

однесување преку тие алатки на комуникациа, не само за да воспо-

стават стриктни сопствени правила, туку и да се заштити компанијата

од можни непријатности.

1. Телефонот, е инструмент за комуникација, а првиот знак

за имиџот на една фирма или институција е гласот кој одговара на

телефон. Службените телефони мора да се одговараат на професи-

онален и пријатен начин.

На службен телефон никогаш не се одговара само со „АЛО“ или„-

МОЛАМ“! Во некои компании воспоставен е систем на претставување

по име и презиме („Санде Смиљанов. Повелете“). „Љубезноста Ве води

далеку, а не чини ништо“, Самјуел Смајлс. Секогаш соработувајте со луѓе

кои се на добар глас. Подобро е да сте сами одколку во лошо друштво.10

Друг пластичен пример за бон-тон при телефонски повик е

следниот: „Овде е Санде Смиљанов од Министерството за одбрана.

Би сакал да зборувам со господин__________ _____________ од Одделението

за односи со јавноста“.

Кога одговарате на телефон:

• Никогаш не џвакајте

• Никогаш не жонглирајте со два разговора

во исто време

• Не поврзувајте без да кажете:

момент, ве молам

• Јавувачот СЕКОГАШ треба да се претстави

со име и презиме и институција од која доаѓа

Воедно, треба да се има на ум дека доколку канцеларијата која

се користи се дели со еден или повеќе колеги, треба да се води сметка

кога тие водат деловни разговори. Соговорникот од другата страна

лесно може да слушне што се зборува во позадината: озборување,

непријатен јазик, кавги и др.

10 М. Џ. Мекефри, П. Инис, М. Р. Санда, Протокол 25. јубилејно издание, Ескваер, Просветно

дело, Скопје, Македонија, 2009, 11.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

2. Мобилен телефон. Ниту еден разговор по мобилен телефон

не е приватен, доколку во просторијата не сте сосема сами. Доколку

мислите дека никој не слуша ако ја ставите раката на уста, се лажете.

Луѓето потсвесно слушаат. Телефонот се ИСКЛУЧУВА на состаноци,

претстави, во цркви, ресторани, концерти. Доколку телефонот мора

да биде вклучен, оставете го на вибрации и ако мора да се јавите,

излезете. Истото важи и за сите електронски средства како блекери,

палм, и-телефони итн.

3. Говорна пошта. Пораката треба да биде колку што е можно

попрофесионална.

Доколку оставате порака, не заборавајте да го оставите името,

бројот и целта на повикот, дури и кога се јавувате на пријател. Не

надевајте се дека ќе бидете препознаени по бојата на гласот.

4. Конференциски повик (speker-звучник). Потребно е се-

когаш да се побара дозвола пред да се вклучи одредена личност на

звучник и на истата да и се каже кој се е присутен во просторијата и

ќе го слуша разговорот.

5. Електронска пошта (e-mail). При согледувањето на им-

пактот на електронската пошта мора да се изврши анализа на тоа

Е-маилот е службен и не е за приватни потреби. Никогаш не

испраќајте приватни слики, вицови, суеверија, видео клипови на

е-маил. Не употребувајте поздрави како цмок, гушки, чао, ниту

ставајте знаци на бакнежи и сл.

кои се позитивните, а кои негативните аспекти на користењето на

електронска пошта. Имено, пишувањето на E-mail треба да се смета

како нов вид на деловна кореспонденција и треба да ги содржи сите

елементи на деловно писмо. При кореспонденцијата треба да се ко-

ристи службена е-маил адреса, а не адреса од некои од приватните

сервиси како „Yahoo“ или „Hotmail“. Бидете концизни и јасни и секогаш

пополнете го квадратчето за Предмет (subject). Пред да го испратите,

прочитајте ја содржината и остранете ги евентуалните јазични грешки.

Не користете интересни знаци или знаци кои покажуваат емоции.

„Малите знаци на куртоазија што секогаш ги практикувате

Ви даваат поголем шарм отколку било кој талент што го поседува-

те“ - Келти

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

При користењето на електронската пошта како сервис, за-

помнете дека тој секогаш може да се препрати и да се искористи про-

тив Вас. Истовремено, потребно е да се биде свесен дека сопствените

чувства не секогаш можат да се видат од е-маилот кој може да звучи

„Го добивте бројот на Санде Смиљанов. За жал не сум во можност

да Ви се јавам.Ве молам оставете го Вашето име и телефонски

број времето во коешто ќе може да Ви го возвратам повикот.

Ви благодарам“.

погрубо отколку што сте сакале. Никогаш не испраќајте е-маил кога сте

лути. Оставате го во драфт, и по два-три часа повторно прочитајте го.

Речиси е сигурно дека нема да го испратите. Секогаш избри-

шете ја претходната коресподенција која е релевантна за примачот.

Оставете го само оној текст кој нему му е потребен за да ја сфати

пораката.

Е-маилот треба да го одговорите во рок од 24 часа. Доколку

Ви е потребно повеќе време за да оставите соодветен одговор, тогаш

само одговорете дека е-маилот сте го добиле и дека ќе се јавите со

подетални информации подоцна. Не оставајте го испраќачот да се

двоуми дали сте го добиле или не.

1.4.2. Иновативни ограничувања во областа на протоколар-

ните активности

Согласно искуството здобиено преку повеќегодишното рабо-

тење во протоколот, иновативните ограничувања за активностите

во оваа област се:

• Ресурсите (човечките ресурси, техничките ресурси, финан-

сиските ресурси);

• Традицијата (еден од најважните фактори) ;

• Културолошките разлики кај разни народи, општествени

уредувања и сл.

1. Ресурси. Кога станува збор за ресурси, главно се мисли на

човечките ресурси, како основа за реализација на сите предвидени

активности. Доколку за реализација на одредена конференција оп-

тимално се потребни дваесет државни службеници, реалноста вели

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

дека работата може да се заврши единствено доколку бројката на

вклучени лица е не помалку од петнаесетина високо професионални

и високо мотивирани лица, кои се подготвени на интензивна работа и

брзо темпо. Тие потребно е да бидат добри и креативни службеници,

кои успешно раководат со неизбежниот стрес и крајните рокови. Впро-

чем, и тоа е еден вид на креативност и иновација во реализацијата

на предвидените задачи.

Истовремено не треба да се заборави ниту на техничките

ресурси – ако во минатото ВИП – личностите ги возеле со пајтони,

тие денес се превезуваат со луксузни лимузини, хеликоптери, ави-

они, бродови, што несомнено претставува иновација во однос на

минатиот век.

Финансиските ресурси можеби се и клучната компонента за

успешна реализација на една активност. Буџетот за реализација на

една посета на странска ВИП – личност е од исклучителна важност.

Иновацијата во тој поглед се начините за задржување на квалите-

тот и ефикасноста, во услови на намален буџет и помалку достапни

средства.

2. Традиција. Таа претставува еден од најважните фактори,

кои иако се сметаат за спротивност на иновациите, е „де факто“ нивна

комплементарна целина.

За попластично утврдување на значењето на внесувањето на

традицијата во протоколарните активности, во продолжение ќе бидат

користени неколку примери од реалноста.

Пример 1

При посета на еден странски министер за одбрана на Украина

на Република Македонија, којшто беше пристигнал со авион на укра-

инското Министерство за одбрана, во летниот период, за време на

официјалниот ручек како десерт му беше послужено овошје – лубени-

ца. Имено, лубеницата толку многу му се допадна што при неговото

заминување, тој со себе понесе „еден тон“ лубеници од Македонија.

Традиција во служба на креирање пријателски релации, зарем не?

Пример 2

За време на посетата на Емирот на државата Катар, Шеик

Хамад бин Калифа ал Тани во 2011 година, на нашата држава, на

официјалните ручеци беше угостуван со традиционална македонска

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

храна – македонски ќебапчиња и гравче тавче, коишто се својствени

само за нашата држава и во неколку други држави во светот.

Пример 3

При посетата на најбогатиот човек на светот, г. Карлос Слим во

април 2012 година, на еден форум во Охрид, за време на официјал-

ниот ручек му беше приготвена традиционална охридска пастрмка и

разни видови на ајвар и макала, кои што ги има само на овие простори

од светот. Тоа е најдобар начин за презентирање на македонската

традиција, култура и кујна.

Исто така, сликата кога при официјален пречек на ВИП – лич-

ности на самото симнување од авионот застанати се две девојчиња

облечени во убави традиционални македонски носии и во рацете др-

жат послужавници со традиционално македонско лепче со солца кое

се служи за добредојде на гостите е само по себе и традиционално и

иновативно претставување на земјата во која се доаѓа. Исто така, при

културните програми за време на официјалните посети, често пати за

време на официјалните вечери се приредуваат културно уметнички

програми од страна на наши културни уметнички друштва, што за

странските ВИП – личности е несекојдневна слика.

Ова се само дел од многуте обичаи коишто само за наши ма-

кедонски услови сеиновации коишто, пак, за оние кои не се од овој

дел од светот значат навистина многу.

За време на посета на ВИП – личностите да се служат исклучиво

со традиционалнана македонска храна како што е на пример,

галичкиот, битолскиот, беровскиот, кривопаланечкиот

кашкавал и сирење, крушевското јагне, македонски мед,

млеч и производи од мед коишто ги има на просторите

на Македонски брод, убави македонски вина и ракии од

тиквешкиот регион. Прекрасните зелници – мазници од

Битолскиот и Кратовскиот регион. Служењето на македонска

пита со кисело млеко во Нерези-Скопско. Честењето со локум

и чаша вода и познато црно скопско кафе, како начин на

традиционално добредојде, и многу други примери.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
1.4.3. Традицијата во другите делови од светот

„Сите луѓе во светото се исти. Различни им се само обичаите“

Конфучие

1.4.3.1. Блискиот Исток

Освен Израел, сите држави на Блискиот исток се земји со доми-

нантна исламска религија. Всушност, токму од неа се црпат и традици-

оналните правила и норми и тоа:

• Кај Муслиманите, мажите и жените не седат заедно;

• Чевлите се собуваат пред да вле-

зете во куќата;

• Свинското месо и алкохолот не се

дозволени;

• Потребно е да се внимава на пе-

риодот кога е Рамазан кога сите муслимани

постат;

• Никогаш не употребувајте ја левата рака за поздравување или

подавање. За муслиманите тоа е нечиста рака;

• Јадете само со десна рака дури и ако сте левучар;

• Никогаш не седнувајте со скрстени нозе, глуждот да ви го пот-

пира коленото. Никогаш не смеете да го покажете ѓонот;

• Не кревајте го палецот за да покажете дека нешто е во ред.

Тоа е навредлив гест за муслиманите;

• Жените треба да го почитуваат кодексот на облекување, да

ја покријат главата, долги ракави и долги здолништа или панталони.

Никогаш не возат сами во колата;

• Мажите треба да носат костум, кошула со долги ракави и никако

накит на вратот!

• Не смее да има телесен контакт меѓу лица од спротивен пол.

Ова важи и за децата;

• Избегнувајте да водите бизнис во петок. Тој е свет ден за

Муслиманите.

• Муслиманите не се одликуваат со голема точност.

• Мажите муслимани се ракуваат. Жените не. Не остварувајте

контакт со поглед со муслиманска жена;

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

• Никогаш не прашувајте го вашиот муслимански партнер како

му е жената или ќерката. Жените не се тема на разговор;

• Муслиманите се молат пет пати на ден и во ниедни околности

не прекинувајте го тој чин;

• Многу често очекуваат процент од зделката;

• Празници: Рамазан Бајрам и Рамазан Курбан.

1.4.3.2. Израел

Осврт на Израелците соеврејска исповест:

• Свет ден за Евреите е Сабат, кој почнува од секој петок на

зајдисонце и трае до зајдисонце во сабота. Во тој период не се нуди

никаков бизнис;

• Евреите многу бавно донесуваат одлуки. Нивниот начин на

преговарање е многу жесток и емотивен и нека не ве плаши;

• Бизнис картичките се на цена;

• Може да се случи Вашиот партнер од Из-

раел да не ја претстави својата сопруга. Прифатете

го тоа;

• Водете сметка дека хибру се чита од десно

на лево, па веројатно е дека вашите партнери од

Израел прво ќе ја свртат последната страница од

договорот;

• Кога зборуваат, знаат да Ви се приближат

повеќе одколку што сте навикнати;

• Евреите имаат многу строг кодекс на

исхрана;

• Никогаш не изедувајте ја храната до крај.

Секогаш оставете залак – два;

• Носете конзервирана, скромна облека;

• Празници се: Рош Хашанах, Јом Кипур, Бар Мицва, Чанука;

1.4.3.3. Индија

• Закажете ги состаноците барем еден месец однапред. Најдобро

меѓу октомври и март;

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

• Во Индија има многу религиозни празници, секогаш проверете

однапред. Индијците никогаш не работат на празници;

• Поимот „времето е пари“ е непознаница за Индијците. Тие

никогаш не брзаат;

• Бизнисот е многу личен. Ако му се допаднете на шефот, ќе

имате успех ;

• Никогаш не велете категорично „не“.

Индијците тоа не го сакаат. Речете „ќе видам“;

• Секогаш имајте ситно, Индијците не-

когаш немаат доволно ситно за да Ви вратат

кусур;

• Хиндусите не јадат говедско;

• Ако сте поканети на ручек/вечера,

дојдете 15минути подоцна;

• Никогаш не јадете со левата рака; Никогаш не допирајте заед-

ничка чинија. Никогаш не нудете храна некому од Вашата чинија;

• Никогаш не заблагодарувајте се на домаќинката за оброкот.

Благодарам за нив значи пари, и тоа ги навредува;

• Традиционален поздрав е намасте. Склопете ги рацете како за

молитва и кимнете со глава. Ова е многу практично за да го избегнете

ракувањето;

• Помодерните Индијци се ракуваат и со мажите и жените. Жените

од другите земји не пружаат рака на Индијците;

• Хиндусите избегнуваат контакт меѓу мажите и жените. Кај мус-

лиманите е построго. Никогаш не пружајте рака на Индиец-муслиман,

или на Индијка-муслиманка;

• НИКОГАШ немојте да допрете Индиец по главата, дури ниту

да погалите дете. За нив главата е седиште на душата;

• Во Индија не покажувајте со прст, не свиркајте, не намигнувајте;

• Никогаш не покажувајте со врвот на чевелот. Ако допрете

некого со чевлите, длабоко извинете се;

• Подароците не се отвораат пред оној што Ви ги дал ;

• Подароците не смеат да бидат завиткани во бело или црно.

Зелено, црвени или жолто се среќните бои;

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

• Не давајте подароци на кои има слика на куче. Не давајте кожни

подароци;

• Користете конзервативна гардероба, ништо што е направено

од кожа;

1.4.3.4. Јапонија

• Јапонците избегнуваат контакт со поглед.

• На прашањето „Зарем не сте уморен?“, Јапонецот одговара

„Да“ со значење „не сум уморен“. Ние би одговориле со „Не, не сум“.

Имајте го тоа предвид.

• Во текот на деловните разговори, Јапонците практикуваат

период на тишина;

• Традиционален начин на поздравување е наклон. Колку што

пониско се наклонувате, толку е поголема Вашата почит. Јапонците го

прифакаат и ракувањето, но пристојно е и вие да се поклоните. Погледот

оди долу. Дланките се на бутовите.

• Обраќајте се со презимето и додајте си сан;

• Секогаш се разменуваат бизнис картички. Тие се подаваат и

примаат со двете раце;

• Секој чин е обвиткан со церемонија, па дури и давањето подарок

и церемонијата на чај. Подарокот е задолжителен, и никогаш не смее са

биде завиткан во бела или црна хартија;

• Белата боја значи смрт;

• Никогаш не давајте нешто во комплет

од 4;

• Рангот и возраста се од исклучителна

важност. Покажете најмногу почит кон најстариот;

• Отворена уста е неприфатлива. Внимавајте кога се прозевате;

• Пиењето е дел од деловната забава, никогаш не одбивајте ја;

• Омилена забава е „караоке“ пеењето;

• Доколку пуши, Јапонец никогаш нема да Ви понуди цигара. Тоа

за нив е интимен чин .

• Огромна навреда е да го издувате носот. Подригнувањето,

плукањето се прифатливи. Користете само хартиени шамивчиња;

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

• Во куќата чевлите се собуваат. Се носат посебни влечки за

секоја соба;

• Никогаш не покажувајте со стапчињата што сте ги користеле

за јадење. Оброците долго траат;

• Кога Јапонецот кани, Јапонецот плаќа;

• По испивање на здравицата, чашата се превртува за да се

покаже дека е празна;

• Знакот ОК, за Јапонците значи пари;

• Слегнувањето со раменици или намигнувањето за Јапонците

нема значење;

• Не носете високи потпетици. Јапонците се ниски и не сакаат

кога некој ги гледа одозгора;

• Кимоното се заврзува левиот крај врз десниот. На мртвите

врзувањето е обратно;

• Најголема трагедија за Јапонецот е срамот. Главната причина

за самоубиствата во Јапонија се поврзани со срам;

• Празници: Шогацу (1 јануари), Ден на царот (23.12) , Ден на

трудот (23.11) и многу други;

1.4.3.5. Кина

• Никогаш не закажувајте состаноци за време на кинеска нова

година;

• Мал наклон или ракување;

• Кинезите се поклонуваат први;

• При посета на институција, можно е да Ве дочека аплауз. Воз-

вратете со аплауз;

• Секогаш водете со себе свој преведувач ;

• Кинезите одат во многу детали кога преговараат. Бидете тр-

пеливи;

• Разговорите ги водат најстарите. Младите никогаш не се вме-

шуваат;

• После ручекот Кинезите се одмараат. По ниедна цена нема да

се откажат од оваа навика;

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

• Кога влегувате во нивна канцеларија, најстариот од Вас треба

да влезе прв. Канцеларијата ја напуштате прво вие;

• Користете пенкало со црно мастило, никогаш црвено;

• Никогаш не зборувајте за бизнис за

време на ручек/вечера;

• Добро проучете го кодексот на јадење

(никогаш не почнувајте да јадете пред нив –

стапчињата не ги оставајте на чинијата, секогаш

спуштете ги на држачот, не забоцкувајте ги стап-

чињата во оризот итн.;

• Кога кинезите канат, кинезите плаќаат, не очекувајте возвратна

покана;

• Жените обично ги задржуваат своите презимања и во бракот.

Затоа најдобро да ја ословувате со мадам или г-ѓо. Не ставајте го пре-

зимето на сопругот;

• Во Кина постојат само 400 презимиња;

• Кинезите не сакаат многу гестикулации и телесни допири со

непознати;

• Не покажувајте со прст, само со отворена дланка;

• Избегнувајте подароци. За Кинезите тоа е неприфатливо освен

ако не е од целата компанија и е скромен подарок. Кинезите, по тради-

ција го одбиваат подарокот три пати пред да го прифатат. Подарокот

се дава по завршувањето на зделката, никако однапред ;

• Овие предмети се поврзуваат со погреби, избегнувајте ги:

- Сандали од плута или коноп,

- Часовници,

- Предмет што покажува штрк,

- Шамивчиња (тие се симбол на болка),

- Подароци кои се црни, бели или сини. Виткањето нека е црвено,

жолто, розе;

- Празници: Кинеска нова година, 1 мај, 8 март;

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
1.4.3.6. САД

• Американците датумите ги пишуваат месец/ден/година;

• Исклучително се цени точноста;

• Зделките се склучуваат исклучи-

телно брзо. Не сакаат долги уводи, пре-

минуваат веднаш на бизнис. Се друго е

губење време;

• Многу често упатуваат компли-

менти. Возвратете;

• Деловни картички се даваат само

ако имате намера да го контактирате лице-

то подоцна. Може да се случи да не ви возвратат со картичка. Прифатете

го тоа без навреда;

• Ручекот е лесен оброк. Доколку Ве поканат на вечера, Ви од-

даваат големо значење ;

• Најчесто, сметката се дели. Дури и кога сте поканети, носете

си пари;

• Сетете се на американскиот стил на јадење;

• Во САД не е необично да јадете или пиете на улица. Амери-

канците се многу либерални во тој поглед. Во фаст-фуд рестораните,

секогаш исчистете ја масата;

• Ракувањето е цврсто. Мажите чекаат жената прва да пружи

рака;

• Држете растојание кога разговарате, не влегувајте во нивната

интимна зона;

• Начинот на седење е отпуштен, глуждот врз коленото;

• Законот дозволува подароци само во вредност од 25 долари;

• Доколку ве поканат дома, можете да однесете цвеќе, вино и

нешто што сте го зготвиле. Секогаш понудете помош со садовите или

раскренувањето;

• Картичките со „благодарам“ се вообичаена пракса;

• Кога имате роденден, пријателите Ве водат а вечера, тоа е

нивниот подарок. Тие Ви купуваат торта;

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

• Празници: Божик, 4 Јули, Денот на вештерките (31 октомври),

Денот на благодарноста (четвртиот четврток во ноември), Божиќ, Ве-

лигден.11

1.4.4. Поважни податоци

1. Муслиманите, имаат свои правила кои мора да се почитува-

ат. Секаква форма на свинско месо е забранета. Во некои муслимански

земји не се јаде ниедно месо кое потекнува од животни кои живеат на

отпад (кози, кучиња, птици, дури и ракови и јастози). Муслиманите не

јадат ниту преработка од свинско месо, шунки, врат, паштета.

2. Индијците, Пакистанците, Бангладешите се многу често

вегетаријанци, иако Будизмот сам по себе не наметнува рестрикции

во јадењето.

3. Евреите не јадат свинско и школки, и некои делови од крава

и одредени лопатари. Јадат исклучиво кошер – животно пред да биде

убиено поминува низ религиозен ритуал, млекото и месото не смеат

да се служат заедно и да се користи ист прибор.

4. Во Хонг Конг и Јужна Кореа нема кучиња скитници.

5. Во Јапонија изгледот на храната е многу важен. Секој оброк

се прикажува во излог со пластични продукти.

6. Во Италија и Франција, салатата најчесто се јаде после

главниот оброк.

7. Во Германија доколку на масата седи еден човек, можете да

прашате дали е слободно за да седнете на другото. Во други земји

е неприфатливо.12

Интересно:

1. Во Кина, коските од рибите и месото се плукаат на под;

2. Во Ориенталните држави, мора да одбиете два пати ако не

сакате репете;

3. Во Финска, ако некој ве замоли да му ја подадете солта,

оставете ја на масата наместо од рака на рака;

11 Група автори, Како да успеете на меѓународна сцена – мултикултурални манири,

Академија за протокол на Македонија, 2011, 11.

12 Исто, 12.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Сите претставени културни и обичајни правила и норми се од

големо значење за лицата кои работат во областа на протоколот.

Тоа е евидентно, бидејќи истите се до толкава мера различни што

еден ист гест се толкува позитивно во една, но крајно негативно во

друга земја. Вистинскиот професионалец не остава ниту еден детаљ

за случајност, туку, напротив, сите овие правила (па и многу повеќе)

ги зема како „must have“ четиво пред секој поважен настан.

1.5. ПРОТОКОЛОТ КАКО ПРОЦЕС КОЈ ПОБАРУВА
СООДВЕТНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Протоколарните активности се движат согласно дефинираните

правила и принципи на работа на вработените, односно професио-

налците во оваа област. Тоа, „де факто“ значи дека секоја активност

се состои од неколку фази кои мораат да се поминат, доколку целта

е ефикасно и ефективно извршување на задачите. Подготвителниот

процес е првата, но и базична фаза која опфаќа исклучително многу

елементи, кои некогаш се неповрзани помеѓу себе, но се еден логичен

тек во работењето. Тоа опфаќа од планови за пречек, до сериозна

координација помеѓу различните организациони единици во инсти-

туцијата и интерна распределба на материјални и човечки ресурси.

Процесот на извршување на протоколарните активности, всушност

„времето за акција“. Во тој момент, потребно е планска реализација

на активностите, до последниот детал, како и креативно и брзо раз-

мислување во случај на

непредвидена ситуација

(нешто што, искуствено

кажано, често се случува).

Како трет чекор во извр-

шувањето на протоколот

како процес, секако се на-

сочуваме кон анализата на

т.н. добри елементи, како

и елементите на работа

кои треба да се подобрат,

aнализа на научени лекции,

фидбек 360 степени, сето

тоа се прави со цел во ид-

нина да не се повторуваат

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

истите грешки и да бидат во што помал обем, впрочем во иднина да

се обидеме процесот на извршувањето во организацијата да биде

беспрекорно изведен.

Имајќи го тоа на ум, како и имајќи ги на ум податоците во од-

нос на моменталната ситуација, единственото решение кое може да

донесе долгорочен крај на проблемите во протоколот е создавањето

на организациона единица за Протокол, директно или индиректно

(до второ ниво) потчинета на највисокиот авторитет или од него

означено лице.

Зошто е протоколот толку важен? Ние мораме да имаме пред-

вид дека протоколот е лицето на државата. Првиот контакт претстав-

ниците на странските држави го имаат токму со лицата вработени во

протоколот. Токму на такви први средби чие протоколарно покривање

зависи од трите фази споменати погоре, треба да се претстави сли-

ката на одлично организирана, функционална единица. Тоа е можно

единствено доколку се пристапи кон креирање на Единствен - Инсти-

туционален - Државен протокол на РМ.

Во овој труд се разработени двете основни точки – поставено-

ста на протоколот во институциите на државната управа денес, како

и сликата како треба да изгледа протоколот во иднина. Воедно, ја

имаме и правата која ги поврзува овие две точки – организациските

промени кои ќе не доведат од засебни протоколарни организациони

единици во неколку институции до еден, единствен државен протокол

со свои функции, одговорности и задачи.

ППРРООТТООККООЛЛООТТ ВВОО ИИННССТТИИТТУУЦЦИИИИТТЕЕ
ННАА РРЕЕППУУББЛЛИИККАА ММААККЕЕДДООННИИЈЈАА::
ППООССТТООЈЈННАА ССООССТТООЈЈББАА ИИ ППРРЕЕДДИИЗЗВВИИЦЦИИ
ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
2.1. ПРОТОКОЛОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ВОВЕД

Постојниот државен протокол извршува стручни, организациски

и технички работи за протоколот и церемонијалите за потребите на

Претседателот на Република Македонија, Собранието на Република

Македонија, Владата на Република Македонија, Министерството за

надворешни работи, Министерството за одбрана и другите тела на

државната власт и државната управа, како и работи и програми за

посебни свечени и други пригоди од значење за Република Маке-

донија. Воедно, државниот протокол ги извршува и работите кои се

однесуваат на остварување на правата на претставниците на другите

држави и меѓународни организации во Република Македонија.

Имено, во изминативе неколку години на иницијатива на

Секторот за протокол во Министерството за надворешни работи на

Република Македонија, се иницираше донесување на Уредба или

Правилник за работата на протоколот на ниво на целата држава,

правилник во којшто би биле обединети сите протоколи коишто функ-

ционираат во рамките на институциите кои се споменати.

Имајќи го на ум дедуктивниот пристап на анализа, претставу-

вањето на моменталната состојба во протоколарните организаци-

они единици во државните институции имаат за цел да го олеснат

процесот на креирање на единствен државен протокол, како начин

на ефикасно и ефективно решавање на проблемите со кои денес се

соочуваат вработените во областа која е наш предмет на обработка.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Слика бр. 3 - Организациони единици во Државниот протокол

2.2. АНАЛИЗА НА МОМЕНТАЛНАТА СОСТОЈБА

Согласно анализата, направена во контакт со лицата задолже-

ни за протоколот во рамки на државните институции, во продолжение

може да се увиди моменталната состојба во овие организациони

единици, како појдовна точка на утврдување на предностите и сла-

бостите на овој систем.

2.2.1. Претседател на Република Македонија (ПРМ): Кабинет

на претседателот

Според воспоставената систематизација во рамки на Ка-

бинетот на претседателот на Република Македонија, постојат два

советника за протокол. Сепак, согласно моменталната ситуација,

оваа функција ја врши само едно лице, иако многу често се случува

советниците коишто вршат други дејности во Кабинетот на претсе-

дателот на РМ да се вклучуваат во извршување на протоколарни

активности (како на пример помошникот на генералниот секретар

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

во Кабинетот на ПРМ, аѓутантот на ПРМ и сл.), сè со цел ефикасно

и ефективно извршување на работните задачи.

Сепак, како финална оцена за поставеноста на протоколар-

ните елементи во рамки на Кабинетот на претседателот, може да се

каже дека истата е „добра“.

Слика бр. 4 - Шематски приказ на протоколот во Кабинетот на ПРМ

Согласно заклучокот за моменталната состојба, а во насока

на нејзино унапредување, потребно е да се обезбеди уште еден др-

жавен службеник којшто ќе ги извршува протоколарните работи во

Кабинетот на претседателот на Републиката, со тоа ќе се унапреди

работењето на државните службеници за протокол, коишто ги реа-

лизираат сите протоколарни работи на претседателот во земјата и

странство. Сепак, треба да се има на ум дека тоа не е вистинското

решение, но сепак може да биде еден преоден чекор до него.

Истовремено мојата анализа покажа дека во иднина треба да

има поголема вклученост на протоколот на Министерството за над-

ворешни работи кој ги покрива протоколарните работи на дипломат-

скиот кор (како на пример предавањето акредитиви и именувањето

нови амбасадори).

Постојаното вклучување на протоколот од Министерството за

надворешни работи при посетите на странски претседатели на нашата

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

земја, односно на нашиот претседател во странство, во голема мера

ќе ја олеснат работата на советникот за протокол во Кабинетот на

претседателот на Република Македонија.

Финалното решение кое подетално ќе биде претставено по-

долу во овој труд, би било воспоставувањето на единствен Државен

протокол на Република Македонија, којшто како главен приоритет

меѓу останатите државни институции ќе го има претседателот на

Република Македонија, со што би се надминале сите досегашни не-

достатоци и празнини коишто се јавуваат за време на реализација на

протоколарните активности на претседателот како во земјава така

и во странство.

2.2.2. Собрание на Република Македонија

Во рамки на организациската поставеност на Собранието на

Република Македонија постои Одделение за протоколарни работи,

коешто има раководител на одделението и пет соработници (види

слика бр. 5). И покрај поголемиот број лица вклучени во работата и

организирањето на протоколарните активности во рамки на Собрани-

ето, имајќи ја предвид неговата големина и сет активности на дневна

база, анализата покажува дека тие се многу малку и не се во можност

целосно да одговорат на обврските во Собранието на Република Маке-

донија. Имено, нивните активности го подразбираат протоколарното

опслужување на претседателот на Собранието на Република Маке-

донија (сите негови домашни и странски протоколарни активности),

сите сто и дваесет и три пратеници, сите комисии и координатори

на пратенички групи во Собранието на Република Македонија, пату-

вањето на членовите на парламентот во странство, пристигнување

на странски парламентарни делегации и други активности.

Финалната оцена на моменталната поставеност на протоко-

ларната организациска единица во рамки на Собранието на Република

Македонија е„едвај добра“. Со цел истата да се унапреди во овие

рамки, потребно е бројот на лицата кои се вклучени во протоколарните

активности да се зголеми и тоа со најмалку уште три лица, со што би

се надминала сегашната празнина којашто се појавува за време на

извршувањето на редовните протоколарни активности во работата

на Собранието на Република Македонија.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Слика бр. 5 - Шематски приказ на протоколот во Собранието на РМ

Како финален предлог за кој ќе стане збор подолу повторно

ќе биде споменат т.н. „Државен протокол“ кој освен протоколарните

активности на претседателот на Република Македонија, ќе го опфати

и Собранието со сите негови интерни елементи. На тој начин драс-

тично ќе се влијае на ефикасноста и на квалитетот во извршување

на работите на краток, среден и долг рок.

2.2.3. Влада на Република Македонија: претседател на

Владата на РМ

Во Кабинетот на претседателот на Владата на РМ (ПВРМ),

исто како и кај претседателот на Република Македонија, согласно

систематизацијата на Владата на Република Македонија постојат

две советнички места за протокол (види слика бр. 6). Имајќи предвид

дека претседателот на Владата има многу активна агенда како во

земјата така и во странство, двајцата државни советници за прото-

кол го даваат својот максимум, но не секогаш можат да ги покријат

сите настани од предвидената агенда. Според направеното снимање

на состојбата, постои итна потреба од создавање на Одделение за

протокол коешто ќе ги покрива протоколарните активности на прет-

седателот на Владата на Република Македонија.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Слика бр.6 - Шематски приказ на протоколот кај ПВРМ

Како и досега, за унапредување на работата на протоколот

во рамки на Владата на Република Македонија, основен предуслов

во моменталната ситуација е поактивно учество на протоколот на

Министерството за надворешни работи, додека, пак, како конечно

и најдобро решение е воспоставување на Државен протокол, и тоа

токму со одлука на Владата на Република Македонија. Токму таа

засебна организациона единица би имала сопствен буџет и сопстве-

на систематизација која ќе ги вклучи сите сегашни погоре наведени

протоколи од органите на државната управа. По донесувањето на

единствен Државен протокол ќе се зголеми продуктивноста во про-

токоларното работењето на Кабинетот на претседателот на Владата

на Република Македонија. Оценката за работата на протоколот на

ПВРМ во сегашната состојба е „добар“.

2.2.4. Министерство за надворешни работи

Во рамките на Министерството за надворешни работи (МНР)

постои следната поставеност: директор за протокол, кој раководи

со директоратот за дипломатски протокол. Понатаму, во него функ-

ционираат два сектори и тоа:

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Слика бр.7 - Шематски приказ на протоколот во МНР на РМ

Сектор за дипломатски протокол и Сектор за дипломатски

сервис – во секторот за дипломатски протокол функционираат три

одделенија и тоа: Одделение за церемонијал и посети, Одделение

за почесни конзули и Одделение за преведување, а во вториот сек-

тор за дипломатски сервис има две одделенија и тоа: Одделение за

привилегии и имунитет и Одделение за акредитации (претставено на

слика бр.7).

По направеното снимање на состојбата во периодот јануа-

ри-мај 2011 година може да се посочи дека во Министерството за над-

ворешни работи состојбата во однос на другите органи на државната

управа е на подобро ниво и поставеноста по систематизацијата е на

начин како што би требало да се организираат и другите Министер-

ства како на пример Министерството за одбрана и Министерството

за внатрешни работи.

Сепак и покрај вака структурираната поставеност сè уште

недостасуваат државни службеници коишто треба да ја извршуваат

протоколарната работа во Министерството за надворешни работи.

Според снимената фактичка состојба на терен и информативните

разговори направени со државните службеници коишто работат во

Секторот за протоколот во Министерството за надворешни работи,

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

состојбата може да се оцени како добра, иако има простор за нејзино

унапредување.

Имено, проблемите во рамки на Министерството се од мал-

ку поинаква природа, но можат да се земат за одличен пример во

теоријата, за тоа на што сè треба да се внимава кога станува збор

за протоколот. Во рамки на Министерството за надворешни работи,

раководителите на Секторот за протокол многу често се менуваат,

односно се прераспределуваат на повисоки функции во рамки на

Министерството (дома или во странство), со што директно (негативно,

во најголем број случаи) се влијае врз квалитетот со кој се извршува

една задача од аспект на областа протокол.

Имајќи ги предвид елементите застапени во рамки на орга-

низационата структура во Министерството за надворешни работи,

финалниот заклучок за моменталната состојба може да дозволи

оцена „добар“.

2.2.5. Министерство за одбрана и Армија на Република

Македонија

Министерството за одбрана и Армијата на Република Маке-

донија, имајќи го предвид квантумот на активности на дневно ниво,

сопственото функционирање, во голема мера го должат на активно-

стите во однос на протоколот. Имено, министерот за одбрана, соглас-

но најновите статистички податоци од Извештаите за реализирани

активности во Министерството,во рамки на една година присуствува

на над 200 активности кои побаруваат сериозна протоколарна под-

дршка, воопшто не споменувајќи го оној дел кој е „невидлив“ за окото

на јавноста. Поставеноста на организационата единица во рамки на

Министерството која меѓу останатото е задолжена и за протоколар-

ните активности, беше предмет на промена во неколку наврати (во

повеќегодишен период), и тоа со цел унапредување на ефикасноста

во извршувањето на доделените задачи. Заклучно со почетокот на

2012 година, организациската поставеност на протоколот во Мини-

стерството за одбрана на Република Македонија беше поставена на

начин опишан на слика бр. 8, односно постоеше двојност во рабо-

тењето на протоколот, особено кога станува збор стриктно за актив-

ностите на министерот. Имено, во рамки на Секторот за меѓународна

соработка функционираше Одделение за протокол (раководител и

девет државни службеници, од кои двајца референти, тројца совет-

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

ници и четворица соработници, ги опслужува нашите аташеи коишто

се акредитирани во осум земји низ светот, но и странските аташеи

акредитирани во Република Македонија; тоа е одговорно и за посети

на странски министри за одбрана и други високи воено - дипломатски

претставници, организирање на разни видови на конференции и дру-

го), додека, пак, и во Кабинетот на министерот (Сектор за поддршка

на министерот) имаше лице – советник за протокол.

Слика бр. 8 - Шематски приказ на протоколот во МО на РМ и АРМ заклуч-

но со 2012 година

Армијата на Република Македонија, во контекст на протоколар-

ните активности, функционира согласно „Правилото за воен протокол“

од 2011 година. „Со Правилото за воен протокол во Армијата на Ре-

публика Македонија се регулираат протоколарните обврски на ГШ на

АРМ, командите и единиците на АРМ, за време на организирањето

на воените церемонии - свечености, прослави и оддавањето на во-

ени почести и координација со органите за протокол од останатите

институции во државата. Цел на правилото е да се дадат одредби за

однесување на Генералштабот, командите и единиците на АРМ во

рамките на нивните надлежности“13.

13 Правило за воен протокол, Армија на Република Македонија, Скопје, 2011, 11.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Воедно, Правилото систематизирано во шест глави и голем

број прилози опфаќа бројни елементи од воениот протокол, меѓу кои

и воените почести, церемониите, организацијата на приеми, воени

свечености, прослави и почести. Во рамки на прилозите дадени се

соодветни шематски прикази кои се користат во државните институ-

ции и кои многу пластично ги објаснуваат комплексните елементи на

протоколарно организирање пред државните институции на Репу-

блика Македонија.

Дополнително, мора да се има предвид дека воениот протокол

е многу специфичен. Баталјон за почести и воениот оркестар, фор-

мациски, се подредени на Кабинетот на ГШ на АРМ. Имено, кога во

нашата земја доаѓаат претседатели, премиери и други високи гости,

потребна е екстремно точна меѓусебна комуникација и координација,

за да не дојде до несакани проблеми и грешки. Во Армијата на Ре-

публика Македонија постои Правилото за служба на АРМ, коешто е

донесено во февруари/1995 година, од страна на тогашниот претсе-

дател на РМ, г-дин Киро Глигоров, во кое што е систематизиран вое-

ниот протокол, поточно во поглавјето на глава IX, Воени свечености,

прослави и почести. Но, со цел унапредување на областа сериозно се

пристапи кон подготовка на споменатото Правило со кое се решија

огромен број недоречености и работата на протоколот во АРМ беше

на повисоко ниво14.

Во Министерството за одбрана за жал сèуште не е донесен

Правилникот за протокол иако во неколку наврати беа правени на-

пори за подготовка на истиот (изготвена беше една драфт верзија

во 1993 година, но до денес ниту еден министер го нема потпишано

предлог-правилникот). Цврсто сум убеден дека со донесување на Пра-

вилник во рамки на Министерството, лицата вклучени во протоколот

ќе го подигнеа нивото на квалитет на пртоколарната услуга којашто

се реализира и кон внатре и кон надвор, односно ќе се биде поефи-

касен и поефективен во извршувањето на протоколарните задачи.

Во контекст на начинот на работа, во моментов лицата коишто

работат на оваа проблематика се водат од општите протоколарни

правила на работа кои се применуваат катадневно. Поради недо-

статокот на пишани правила, многу често се случува да се појават и

импровизации (за време на посета на странски министри и началници

14 Со влегувањето во сила на ова Правило престанаа да важат одредбите од Глава IX и точката

3 од Глава XII од Правилото за служба во АРМ.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

на нашата земја). Иако согласно новите правила во областа на стра-

тегискиот менаџмент тоа е добро, мора да се спомене дека не сите

лица вклучени во протоколот се најадекватни кога станува збор за

импровизации кои не треба да се забележат.

За жал координацијата и соработката помеѓу лицата врабо-

тени во протоколот во Министерството за одбрана и оние во АРМ,

не е добра. Многу често се случува при посета на висока странска

делегација, да има пропусти при протокот на информации (промена

на агендата, листа на присутни, информација околу размената на

подароци и сл.). Најчесто не станува збор за интерперсонални про-

блеми, колку за невоспоставени правила на делување, правила на

супрамација и командување, како и недостаток на време и средства.

Токму од тие причини во 2012 година се пристапи кон форми-

рање на сосема нов сектор во рамките на Министерството – Сектор за

комуникации, аналитика и оперативна поддршка (СКАОП), кој во себе

вклучува многу елементи, меѓу кои и едно систематизирано Одделе-

ние за протокол и преведувачи во кои се вметнати сите кадровски и

технички потенцијали за адекватно извршување на работните обврски

во поглед на протоколот и преведувањето (слика 9).

Слика бр. 9 Шематски приказ на протоколот во МО на РМ од 2012 год.

Во рамки на СКАОП, Одделението за медиа и мултимедијална

работа делува како одделение за однси со јавноста и во тој контекст

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

неминовно е да се спомене дека иако, во основа, двете функции (про-

токол и односи со јавноста) мораат да бидат одвоени една од друга

(организациски и хиерархиски), тие побаруваат тенка координација,

помош и договарање, бидејќи протоколот иако невидлив, има голема

улога во соодветното претставување на највисоките функционери на

државната служба пред јавноста.

Во контекст на функционирањето, мора да се спомене дека за

реализација на една комплексна активност како што е посетата на ви-

сок функционер на одредена држава, неопходна е тесна координација

и цврсто дефинирани рамки на одговорност кај лицата вработени во

протоколот на сите нивоа и во секоја засегната институција, Всушност,

посетата на претседател на странска држава вклучува неминовна ко-

ординација помеѓу Кабинетот на Претседателот на РМ (како носител),

Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана

(вклучително и АРМ), како фасилитатори на процесот, Кабинетот на

Владата на РМ и Собранието (доколку претседателот на соодветната

странска држава ги посети) и сл.

Тоа значи дека лицата кои се вклучени во оваа активност, во

секое време треба да ги имаат најновите можни податоци и истите да

ги пренесуваат до своите претпоставени во најбрз можен рок. Секоја

промена носи и нови брифинзи, менувања во првичниот план и сл, а

тоа, пак, побарува постојана комуникација.

Генералното мислење за унапредувањето на работата на ли-

цата вклучени во протоколарните актинвости е повторно истиот – има

есенцијална потреба од креирање на единствен државен протокол

чиј дел ќе бидат и протоколарните единици во Министерството за

одбрана и Армијата на Република Македонија.

2.2.6. Министерство за внатрешни работи

Во Кабинетот на Министерството за внатрешни работи (МВР),

по формациската поставеност функционира Одделение за протоко-

ларни работи (слика бр. 10), во кое одредено време функционираше

само едно лице, додека од 2013 година има уште едно. Од согледа-

ната состојба може да се истакне дека, за жал, фактичката состојба е

„едвај добра“, затоа што обемот на работа е навистина голем (тре-

ба да се покрие секојдневната агенда на министерот за внатрешни

работи и сите останатите организациски единици во склоп на МВР).

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Слика бр. 10 Шематски приказ на протоколот во МВР на РМ

Согласно големината на Министерството и листата на активно-

сти, во рамки на МВР потребно е да функционираат најмалку четири

лица од кои две ќе бидат задолжени за извршувањето на протоколот,

а две за подготовката на истиот.

Како и во претходните примери, се укажува на драматичната

потреба од реализација на идејата за единствен државен протокол,

како решение за утврдените недостатоци и проблеми.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ
2.3. ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ И
СЛАБОСТИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ПРОТОКОЛОТ
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во протоколарното работење на органите на државна управа

на Република Македонија, можат да се идентификуваат голем број

проблеми, од кои ќе се насочиме само кон дел и тоа:

1. Нестабилни комуникации. Постојат сериозни проблеми

со функционирањето на интернетот и комуникациите во рамки на

државните управи, така што вработените се хендикепирани во поглед

на навремено примање и пренесување на свежи информации кои се

од витален карактер за ефикасно извршување на работните задачи.

Нередовното менување на картриџите – тонерите, неадекватните

печатачи, недоволните материјално-технички средства и компјутер-

ската опрема која е константно под нивото на задачата, исто така,

претставува голем проблем со кој се соочуваат лицата во државната

управа.

2. Недоволно човечки капацитети за дефинираните задачи

и одговорности. Еден од проблемите со којшто се соочува прото-

колот е немањето на човечки ресурси, нивно недоволно едуцирање

во областа на протоколот, како и целосните проблеми во контекст

на мотивирањето на службениците за извршување на секојдневната

работа. Лошите услови за работа, во поглед на канцелариската поста-

веност во сите органи на управата, претставува само дополнителен

елемент кој демотивирачки влијае на т.н. „протоколџии“.

3. Процедури. Една од посериозните тешкотии во работење-

то на протоколот во органите на државната управа е бирократската

процедура за набавка на подароци, на пример: оние кои што мини-

стерот за одбрана треба да им ги даде на нашите војници коишто се

во мировните мисии надвор од нашата држава. И покрај тоа што се

направени годишни планови за јавни набавки и реферати за набавка

на протоколарни подароци, повторно се случува постапките за истите

да се реализираат дури во средината од тековната година.

ВВООССППООССТТААВВУУВВААЊЊЕЕ ННАА ЕЕДДИИННССТТВВЕЕНН
ДДРРЖЖААВВЕЕНН ППРРООТТООККООЛЛ:: ВВИИЗЗИИЈЈАА,,
ММИИССИИЈЈАА,, ООТТППООРРИИ,, ММООЖЖННООССТТИИ ИИ
ППРРЕЕДДИИЗЗВВИИЦЦИИ
ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
3.1. ВИЗИЈА И МИСИЈА НА ДРЖАВНИОТ ПРОТОКОЛ

Терминот визија има етимолошко потекло од латинскиот

збор „visio“, што во превод може да значи гледање во далечината,

претстава за нешто што не постои, слика

во нашата фантазија, појава што треба

Визија без акција

да се случи 15. Всушност станува збор за

е сонување.Акција

трасирање на иднината, така што за визио-

без визија е случајна

нирањето како гледање во иднината, може

активност.Визијата

да се каже дека во почетокот е замаглено,

и акцијата заедно

дека се гледаат некои контури со нејасна

можат да го променат

слика која со текот на времето се разбистру-

светот.

ва. Вака дефинирана визијата асоцира на

Joel Barker, мислител

некој со натприродни способности за да

ја прогнозира иднината. Тоа е креирање

на иднината со преземање на соодветни активности во сегашноста.

Визијата е слика на остварената мисија, идеалната идна со-

стојба. Мисијата е задачата или целта на некој поединец, тим или

организација, а вредностите се верувања или судови за тоа што е

вредно, важно или пожелно. Тие се забележуваат во однесувањето

на поединците, или организациите, вредностите, мисијата итн.

Визија на државниот протокол е да се помогне во плани-

рањето и успешното реализирање на протоколарните активности

во Република Македонија, како и на воените церемонии и настани.

Државниот протокол ќе има координативна улога, врз останатите

постојни протоколи, и иститот треба да ги организира, координира и

планира активностите со дневни, неделни и месечни средби. Тоа, „де

факто“ се функции на менаџментот.

Кога зборуваме за целта на државниот протокол, можеме да

кажеме дека таа е истоврмено едноставна за поставување, како и

екстремно комплицирана за реализирање – да се зголеми ефикас-

носта и ефективноста на протоколарното работење во Република

Македонија.

Во досегашниот период многу често се случуваше во текот

на еден ден во Република Македонија да пристигнат претседател на

15 К. Петковски, Водството и ефективната комуникација, АД „Киро Дандаро“, Битола, 2000,

223.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

странска држава и министер на странска држава, со што се намалува

вредноста на двата засебни настани, а се зголемува комплексноста на

планирањето. Сето тоа се случува поради некоординираноста помеѓу

постојните протоколи коишто функционираат во рамките на органите

на државната управа. Кога ќе се воспостави Државниот протокол нема

да се случуваат вакви недоличности. Морам да признаам дека не сите

лица вработени во протоколот размислуваат на овој начин – постоја-

но се поставува прашањето дали со воведувањето на Државниот

протокол истиот ќе може да ги обедини сите постојни протоколи во

едно тело, и дали тоа не значи дека постојните протоколи ќе згаснат

со своето работење и физички со материјални и човечки ресусрси ќе

преминат во новоотворениот Државен протокол на РМ.

Исто така, креирањето на едно големо тело кое има голем број

активности претставува предизвик сам по себе. Координацијата интра

и интер институционално мора да биде на највисоко ниво. Некоорди-

нираноста најпластично кажано не дефокусира од целта за ефикасно

и ефективно надминување на постојните проблеми. Доколку ново-

формираниот Државен протокол има само координативна улога во

тој случај тоа подразбира дека организационите единици за протокол

во државните институции и во иднина ќе постојат и ќе функционираат

во своите матични органи. Тоа би значело дека Државниот протокол

би давал насоки за сите постојни протоколи со точно утврдени агенди

и програми на реализација, за секојдневното работење на истите.

Мисијата на државниот протокол е да овозможи претпо-

ставените водачи – лидери коишто го водат протоколот да остават

позитивен „прв впечаток“ на гостите, потоа да реализира беспрекор-

ни церемонии и приеми, како и да овозможи удобна атмосфера за

постигнување на целта на овие настани. Штом ќе се совладаат овие

правила, се заштедува на време и пари.

Со инсистирање на доследно почитување на пропишаните

правила во Република Македонија, државниот протокол им помага

на државните службеници да се зафатат со поважните фази од со-

цијалната интеракција.

Исто така мисијата на државниот протокол опфаќа и органи-

зирање на военисвечености, прослави, оддавање на воени почести,

воени церемонии, како и упатства, препораки, насоки за однесување

во овие пригоди кои имаат своја точно определен редослед и тек на

настаните. Поедини ситуации ги следат графички прикази со кои би

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

се стекнал визуелен преглед и би се олеснила организацијата на од-

редени настани. Воедно, дадени се и предлог-сценарија и програми

за различни церемонии.

3.2. ДОЛЖНОСТИ НА ДРЖАВНИОТ ПРОТОКОЛ

Државниот протокол претставува низа на мерки и активности

за справување со прашања од областа на протоколот со цел да се

почитуваат сите правила на однесување и сите гости да се добро

згрижени. Основна задача на протоколот е директна поддршка на

претпоставениот при справување со сите аспекти кои се однесуваат

на посети, конференции, средби и социјални настани коисе иницира-

ат и реализираат во Република Македонија на државно ниво, преку

извршување на следните задачи:

• Подготвување, организирање, следење и извршување ак-

тивности во врска со службените посети на претседателот

на Република Македонија, претседателот на Собранието

на Република Македонија, претседателот на Владата на

Република Македонија, министерот за надворешни работи,

министерот за одбрана, министерот за внатрешни работи,

началникот на Генералштабот на Армијата на Република

Македонија (АРМ), и други високи претставници во органи-

те на државна управа, наши претставници во странство, и

возвратни посети на тоа ниво и ги менаџира програмите за

сите протоколарни активности;

• Подготвување и организирање активности во врска со по-

сети на претседателот на Република Македонија и врховен

командант, и други високи личности на команди и единици

на АРМ како и негово присуство на воени свечености;

• Координирање и соработка со Министерството за надвореш-

ни работии и Министерството за одбрана, по повод приеми

и проштални посети одстрана на амбасадорите и воените

аташеи, како и повикување при изведување на воени вежби,

прослави и слично;

• Организација на полагање на венци по повод разни празници

и значајни датуми од македонската историја;

• Организација на работни обреди, вечери, приеми, балови,

посета накултурно - историски споменици и слично;

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

• Организација на посети, семинари, конференции, брифинзи,

состаноци и други настани. Одговорен е и за одредување и

уредување на локацијатаи просторијата каде што се одржува

настанот (цветни аранжмани и декорација, знамиња, титу-

лари, подароци, обезбедување на аудио -визуелна опрема

и сл.), обезбедување преведувачи за време на средбите

со странските претставници, обезбедување и подготовка

на биографии иинформации за гостите, советување на

претпоставениот за обичаите, нивната историја и знаците

на внимание;

• Подготовка на листа за проверка за секоја активност;

• Одговорност за обезбедување на подароци, репрезента-

тивен материјал,цветни аранжмани, знаменца и водење

евиденција за нивно врачување;

• Одговорност за резервации на хотели, VIP салони на аеро-

дромите, ресторани, избор на културно-забавни содржини

за странските претставници, имајќи ги предвид естетските,

политичките и културните карактеристики;

• Грижа за организирањето на безбедноста и придружбата за

домашните и странските претставници;

• Извршување на други организациски, стручни и технички

работи на барање на другите органи во рамките на држав-

ната управа.

3.3. ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ПРОТОКОЛОТ

Протоколот планира, координира и организира државни цере-

монии и протоколарни манифестации (државни и верски празници,

избор на највисоки државни функционери, свечени и службени приеми

и коктели, државни погреби и слично), учествува во подготовката и

реализација на посети на странски државници во сопствената држава

и на државни функционери во странски држави, како и на меѓународни

мултилатерални средби во државата и странство и ги извршува сите

работи во рамките на така утврдените надлежности.

Обемот на работата вклучува организирање на јавни државни

настани, одбележување на годишнини и јубилеи, организирање на

свечени пречеци на странски државници, организирање на работни

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

средби и состаноци на носителите на високи државни функции, изго-

твување на програми и сценарија за наведените настани, обезбеду-

вање и размена на соодветни подароци, обезбедување на превоз,

хотелско сместување и слично.

3.4. ДЕФИНИРАЊЕ И ПРИЧИНИ НА ОТПОРОТ
КОН ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПРОМЕНИ

Централното прашање при секое воведување и управување

со промените во организациска смисла е антиципативно определу-

вање на отпорот кој нивната примена го создава кај индивидуата и

кај групите (тимовите), односно кај организацијата во целина.

Мора да се укаже на фактот дека исто како што кај менаџмен-

тот промените се постојани, при организациската промена отпорот

е постојан и неизбежен. Она што, пак, изненадува е двојството кај

отпорот кон организациските промени, кое е евидентно според моите

истражувања. Имено, може да се заклучи дека самите организации

едновремено се јавуваат како промотори, но и како спротивставувачи

на промените.

Како промотори на промените организациите се јавуваат

кога бараат од сопствените постојни или потенцијални клиенти ме-

нување на нивните навики при купувањето – барања за зголемени

продажби кај постојните производи на компанијата или премин од

производите или услугите на некој конкурент кон оние на сопствена-

та компанија (кај потенцијалните клиенти). Најдобра илустрација на

оваа улога претставува најавата за воведување на комплетно нова

производствена технологија или нов метод на продажба, со цел зго-

лемување на постојните и освојување на нови клиенти. Промоцијата

на промени од аспект на протоколарните активности кои се предмет

на обработка во овој труд би значела вовед на нови технологии за

работа, нови правила и прописи за дејствување, како и нови органи-

зациони елементи кои ќе ја унапредат ефикасноста и ефективноста

во извршувањето на соодветните работни задачи.

Во улогата на спротивставувач на промените, организациите

настојуваат да ги заштитат сопствените системи, структури и процеси

од неконтролирано и стихијно манифестирање на организациските

промени. Ова значи дека ниту еден отпор кон промените не смее

однапред да се елиминира бидејќи тој поседува и силно позитивно

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

влијание врз степенот на организациска мобилност и фокусираност,

како составна димензија која го определува капацитетот на промени-

те за остварување на организациска трансформација. Во оваа улога

организациите се јавуваат кога преземаат некоја друга организација

од несродна дејност, па доколку некритички ги утврдат сите силни и

слаби страни ќе донесат погрешна менаџерска одлука за промена16.

Од аспект на протоколот, спротивставувањето на промените може

да се согледа во отпорот кај претпоставените за менување на веќе

воспоставените правила и прописи, како и невоведување на заеднич-

ки систем на протоколарни активности со останатите организациони

единици на државната власт што кај нив би довело до губење на дел

од ингеренциите.

Содржински гледано, отпорот кон организациските промени

може да се манифестира во следниве појавни облици:

Одбивавање на вклучување во тимско решавање на зададен

проблем;

Невклучување во обезбедување на заеднички интереси од

проблемот;

Замолчување на адвокатите на промени;

Саботирање на промените;

Употреба на санкции кон поттикнувачите на промени; и

Генерален недостиг на соработка потребна за промените.

Дефинирањето на отпорот кон промените се врши според

следниве основни пристапи:

1. Отпорот кон промените е психолошки концепт, кој потекнува

од природната тенденција на индивидуите да ги предизвикуваат сите

типови на промени;

2. Отпорот е системски концепт кој е рефлексија на губењето

на комфорот на организациските членови, кој потекнува од процес-

ните модификации кои веројатно ќе се одразат негативно врз нив;

3. Отпорот кон промените од институционална гледна точка

сугерира дека вработените се спротивставуваат на промените само

кога не веруваат дека тие се неопходни.

16 Л. Наков, Управување со промени, Економски факултет – Скопје, Скопје, 2010, 38.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Причините за отпорот кон организациските промени во тео-

ријата за управување со промени се познати како извори на отпорот.

Нивната категоризација се остварува на следниов начин17:

1. Организациски извори:

2. Индивидуални извори:

Слика бр. 11 - Организациски и индивидуални извори

Изворите на отпорот, од стојалиште на управувањето со

промените, се дел од две глобални групи – оние кои се поврзани со

формулирањето на промената и оние кои се однесуваат на импле-

ментирање на промената.

Детализирањето на конкретните манифестации на отпорот

е претставено во следнава табела која се однесува на извори на от-

порот кон промени и на манифестацијата на отпорот.

17 Л. Наков, Управување со промени, Економски факултет – Скопје, Скопје, 2010, 39.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Табела бр. 1: Извори и манифестација на отпори

Извор: Приспособено според De Val M.P. & Fuentes C.M.: “Resistance to change: a

literature review and empirical study”, Management Decision, Emerald Group Publ. Ltd.,

2003, Vol. 41(2), pp. 148-155

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Основното ограничување на изворите на организациски проме-

ни, како средство за управување со промените е дека многу повеќе ја

нагласуваат манифестацијата на отпорот отколку вистинската причина

за него. Овој недостаток се елиминира со методите за управување

со отпорот кон промените.

3.5. ОЧЕКУВАНИ ОТПОРИ ПРИ ВОСПОСТАВУВАЊЕ
НА ЕДИНСТВЕН ДРЖАВЕН ПРОТОКОЛ И НАЧИН
НА СПРАВУВАЊЕ СО НИВ

Имајќи предвид дека во претходните тематски единици целос-

но и детално беше објаснет проблемот со отпорите кога станува збор

за организациските промени, теоретската поставеност на соодветната

проблематика ќе ја пренесеме во областа на протоколот кој мора да ја

помине фазата на промена на организациската поставеност, доколку

наша цел е воспоставување на единствен државен протокол.

Повеќегодишното искуство работејќи во областа на протоколот

ми дава кредибилитет да констатирам дека при воспоставувањето

на новиот Државен протокол очекувани отпори во менаџментот на

промени може да се очекуваат од повеќе фактори и чинители. Имено,

тука станува збор за мешавина од интерни и екстерни причини кои

главно се темелат на непознавањето на стратегиското управување со

промените, на недостатокот на воспоставени процедури за ефикасна

промена, како и на екстерните економски причини и нефлексибилноста

на клучните стеикхолдери поврзани со протоколот. Во продолжение

се претставени сите реални отпори кои се поврзуваат со можноста за

воведување на единствен државен протокол на ниво на Република

Македонија.

1. Прв отпор- економска природа – одредени членови на

Владата на Република Македонија, односно Министерството за фи-

нансии би го поставиле прашањето за финансиско функционирање

на идниот Државен протокол.

2. Втор отпор - просторното решение каде што би бил сместен

новиот Државен протокол. Имено, станува збор за потребата од нова

зграда, со соодветен број канцеларии и сали за состаноци. Зградата

за идниот државен протокол мора да биде адекватна за извршување

на тип на работа како што е протоколот – технолошки напредна и

локациски поставена во централното градско подрачје (поради ефи-

касна комуникација и координација во процесот на работа).

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

3. Трет отпор - обезбедување на возен парк, односно на

соодветно високо категоризирани моторни возила, комбиња и мини

автобуси за поголеми групи делегации, за што би биле потребни

значителни финансиски средства. Одржувањето на овој возен парк

мора да биде на највисоко ниво бидејќи проблеми со возилата при

извршување на одредена протоколарна активност не се дозволени.

4. Четврти отпор - опремување на просториите каде што би

функционирал идниот Државен протокол, и тоа за набавка на канце-

лариски бироа, маси и столици, информатичка опрема (компјутери,

печатари, тонери, телефони, интернет конекција и други материјално

технички средства).

5. Петти отпор – нова систематизација на работни места.

Дел од работните места би биле пополнети по хоризонтала со пре-

земање од страна на останатите државни институции, додека дел

би биле нововработени лица кои би поминале одреден процес на

доедукација во оваа област (проблематично, поради буџетските по-

барувања).

6. Шести отпор – финансии, односно законски утврдена

реализација на тендери и јавни огласи за набавка на разни видови

подароци кои би се подарувале за време на официјални поосети на

високи странски личности на нашава земја (отпорот се јавува во однос

на квантитетот на набавката).

7. Седми отпор - реализација на разни видови обука, семи-

нари, работилници и слично, на кои што би требало да се обучуваат

вработените во новиот Државен протокол. Организирањето на овие

доедукации има финансиски импликации.

8. Осми отпор - од одредени експерти коишто мислат дека

со воспоставувањето на новиот Државен протокол нема да се добие

многу во ефективност. Искуствено, сепак може да се заклучи дека

тоа тврдење е далеку од реалноста. Имено, со поставувањето на

Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита

и спасување како владини институции кои обединуваат поранешни

вработени од Министерството за одбрана и подрачните единици се

доби еден ефикасен систем на заштита од непогоди, кој веќе некол-

ку години по ред е тестиран од големиот број пожари и поплави на

територијата на Република Македонија.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

9. Деветти отпор -донесување на нов Правилник за прото-

кол на државата во кој што „дефакто“ треба да се имплеметираат

сите постоечки Правилници (таму каде што ги има), како на пример

Правилото за воен протокол во АРМ, во единствен Правилник.

10. Десетти отпор - донесување на нова „Пресеанс листа на

Република Македонија“, каде што објективно секој секогаш сака да

биде колку што е можно поблиску до врвот.

Слика бр. 12 - Десет отпори за воспоставување на единствен државен

протокол во Република Македонија

Исто така, од големо значење е во рамките на протоколар-

ната листа да се вклучат градоначалниците, како и претставниците

на дипломатскиот кор: странските амбасадори и воени аташеи акре-

дитирани во нашата земја, новоименуваниот Управен суд и многу

други примери. Сепак, треба да се напомене дека и ова е напредок,

односно подобро е да се има некаква Пресеанс листа отколку таа

воопшто да не постои.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ
3.6. НАЧИН НА НАДМИНУВАЊЕ НА ОТПОРИТЕ
ПОВРЗАНИ СО ВОСПОСТАВУВАЊЕТО НА
ДРЖАВНИОТ ПРОТОКОЛ

Надминувањето на отпорите поврзани со воспоставувањето

на државниот протокол, нераскинливо се поврзува со теоретската

основа прикажана во менаџментот на промени. Имено, консултација-

та и искуственото учење се наједноставниот облик на решавање на

проблемите.

Како пример ќе ја посочам потребата од консултација со

постојниот едуциран кадар во областа на протоколот во Република

Македонија, главно Академијата за протокол на Македонија, како и

други еминентни професори од областа на протоколот. Истовремено,

мора да се разговара со одговорните лица задолжени со правните

работи при Владата на Република Македонија, како и експертите од

Собранието на Република Македонија со кои би се согледале сите

аспекти за надминување на правните пречки и отпори.

Како басен кој мора да се има предвид се и експертите од др-

жавните протоколи на околните земји (Словенија, Хрватска, Бугарија,

Романија).

На национално ниво мора да се воспостави соодветна работна

група којашто ќе биде формирана од експерти и лица - вработени во

протоколите на државните органи. Работната група ќе изработи нај-

малку пет компаративни анализи како функционираат протоколите во

регионот и во светот, со посебен акцент на финансиските средства,

човечките и материјалните ресурси.

Потоа, за сите примери за можни отпори, потребно е да се

дадат издржани одговори со тоа што реално ќесе објасни дека посто-

ењето на нов Државен протокол на ниво на Република Македонија е

неминовно, и дека со формирањето на овој нов протокол „дефакто“

ќе се намалат финансиските и другите видови на трошоци и истиот

ќе биде многу поефективен, а тоа ќе придонесе да биде и ефикасен.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
3.7. ДОСЕГАШНИТЕ ИСКУСТВА НА ПРОТОКОЛОТ ВО
ДРУГИ ЗЕМЈИ (ВО КОНКРЕТНИОТ ПРИМЕР НА
СЛОВЕНЕЧКИОТ ПРОТОКОЛ)

Компаративната анализа која може да се изврши земајќи ги

предвид искуствата на други ентитети (во случајот држави) во областа

која е предмет на истражување можат да се од непроценлива важност

во детерминирањето на финалното решение. Токму поради тоа, во

процесот на истражувањето на протоколот, предвид несомнено ќе се

земат искуствата од земјите чија организациона поставеност, број на

население и други релевантни карактеристики се слични на Република

Македонија, а сепак во однос на нивото на интеграција кон повисоки-

те европски структури се на повисоко скалило од нашата земја. Така

ќе се утврди што од поставените елементи во конкретната држава

може да биде адекватно решение во РМ, а што не соодветствува со

состојбата во нашата држава.

3.8. ИСКУСТВА ОД СЛОВЕНЕЧКИОТ ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

Во моето истражувачки проект впрочем ќе земам искуствоно

учење на позитивни примери од Словенечкиот државен протокол

како еден успешен модел на функционирање и работење во Слове-

нечката држава.

Имено Словенечкиот протокол е формиран од страна на прет-

седателот на Република Словенија во 2003-та година со Уредбата за

основање и функционирање на протоколот на Владата на Република

Словенија се удрени првите темели за воспоставување на Држав-

ниот Словенечки протокол. Потоа се донесени уште двата клучни

документи за функционирање на Словенечкиот протокол, а тоа се:

Одлука за функционирање на протоколарните правила и Кодексот

за протокол и други пропратни Закони, Уредби и Правилници кој што

се во функција на протоколот, како на пример: Законот и уредбата

за грбот, знамето и химната, и Виенските конвенции18.

18 http://www.protokol.gov.si/nc/si/zakonodaja_in_dokumenti/temeljni_predpisi/

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Органограмот на словенечкиот протоколот е составен од три

Сектори и тоа следниве:

Шеф на протоколот на Република Словенија, Сектор за прото-

кол и Сектор за организациско – техничка поддршка за спроведување

на протоколарните настани.

Од кое што може да се согледа дека ефикасноста на Слове-

нечкиот државен протокол е на многу високо ниво .

Во однос на минатото нудат многу поквалитетна протоколарна

услуга како за домашните така и за надворешните ВИП – авторитети.

ППРРООТТООККООЛЛ ГГЛЛЕЕДДААНН ППРРЕЕККУУ
ООЧЧИИТТЕЕ ННАА ППРРООФФЕЕССИИООННААЛЛЦЦИИТТЕЕ
((ИИССТТРРААЖЖУУВВААЊЊЕЕ))
ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
4.1. МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Испитувањето на мислењето на професионалците во областа

на протоколот беше изведено преку истражувачката алатка прашал-

ник која даде соодветни квантитативни резултати, кои потоа може да

се пренесат во квалитативен заклучок. Имено, од испратените 110

прашалници, вратени се 98 (89,9%), од кои, пак, 82 прашалника се

целосни и се земени предвид во систематизацијата на резултатите.

Испитаниците на кои им беше доделен прашалникот се лица кои ра-

ботат во областа на протоколот во рамките на државните институции

(102), но има и такви кои работат во невладини организации (6) или

приватни компании (2). Во тој контекст треба да се напомене дека

квантитативно, 53,7% од испитаниците работат во Министерството

за одбрана, 23,1% во Армијата на Република Македонија, 4,9% во

останатите органи на државна управа, по 3,7% во Кабинетот на

претседателот на Република Македонија и во Владата на Република

Македонија, по 2,4% во Кабинетот на Претседателот на Собранието

на Република Македонија и во аеродромскиот протокол, како и 6%

во останатите организации (приватен сектор, НВО), (графикон бр. 1).

Во однос на искуството на испитаниците, од прибраните пра-

шалници може да се види дека дури 32,9% имаат искуство на постојна-

та работна позиција од 5 до 10 години, 28,1% од 1 до 5 години, 14,6%

над 15 години и по 12,2% помалку од една година, односно 10-15

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

години (графикон бр. 2). Споменатата структура јасно покажува дека

испитаниците можат квалитетно да одговорат на поставените пра-

шања, со што паушалноста

на одговорите се намалува

на минимум.

Во контекст на про-

цедурата за прибирање

податоци, потребно е да се

напомне дека прашалници-

те беа испратени до испи-

таниците по електронски

пат, како и предадени во

затворени плика на рака (во

помал број). Во процесот на

прибирање на одговорени-

те податоци по електронски

пат, сите вратени докумен-

ти беа поставени во една

електронска папка (без да бидат отворени), по што електронските

пошти беа комплетно избришани со цел да се гарантира анонимноста

на истражувањето.

Податоците од електронските документи потоа беа додадени

на печатените формулари, а финалните статистички податоци беа до-

биени преку софтверскиот пакет Microsoft Office (главно Excel 2010).

Анализата на податоците вклучува и дескриптивна нишка

(објаснување за квантитативно добиениот резултат), а освен во

рамките на текстот, истата има и поголем број графички елементи за

поедноставно и попластично прегледување на добиените резултати.

Во однос на графиката, користен е табеларен и графички пре-

глед (во најголема мера графички „пити“ и „столбови“, во различна

поставеност).

Истражувањето е направено во периодот октомври 2013 –

јануари 2014 година.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
4.2. РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО

Првото прашање поставено во прашалникот е воведно и се

однесува на тоа дали институциите имаат потреба од организациска

единица која се занимава со протоколарни активности. Очекувано,

испитаниците одговорија потврдно (и, тоа, во 100%), без разлика на

институцијата во која тие се вработени, или, пак, стажот кој го имаат

на работното место. Сепак, „разводнувањето“ на „размислувањата

во иста насока“ може да се види во следното прашање, „Дали во

овој момент институцијата во која работите располага со човечки

и материјално - технички ресурси за организирање на протокол?“,

каде 63 испитаници (од 82) сметаа дека институцијата „располага“

со потребните ресурси, 15 сметаат дека таа „не располага“, додека

4 „не знаат“ дали располага (табела бр. 2).

Во однос на слабостите кои испитаниците ги детектираат во

институциите во кои работат, базирано на принципот на самопроцена,

прашалникот дава можност за скаларна градација на влијанието на

5 основни слабости и тоа:

• работа по различни системи;

• недоволна комуникација;

• непостоење на соодветни служби (непостоење на единствен

државен протокол);

• немање на доволни човечки ресурси и материјално-технички

средства;

• немање на доволна можност за обука во областа на прото-

колот.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Испитаниците имаа можност скаларно да го дадат своето

мислење и тоа во следните рамки: воопшто не се согласувам (1), не

се согласувам (2), ниту се согласувам, ниту не (3), се согласувам (4) и

сосема се согласувам (5).

Од 82 прашалника со севкупно одговорени прашања, 77

(93,9%) имаат целосно одговорено 5-то прашање („Кои се слабости-

те на досегашниот систем на протоколот во вашата институција“).

Одговорите на соодветното прашање се дадени во сеопфатниот

графикон бр. 3.

Како одговор на согледаните слабости, во продолжение од

испитаниците беше побарано мислење за тоа дали воспоставувањето

на единствениот државен протокол ќе ја поедностави работата на сите

институции кои извршуваат активности од овој вид. Одговор на ова

прашање дадоа 100% од испитаниците чии прашалници беа земени

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

предвид (N=82). Од нив 67 одговорија потврдно, 8 негативно, додека

7 дадоа одговор „не знам“ (графикон бр. 4).

Како што може да се види од одговорите погоре, голем дел од

испитаниците одговорија потврдно кога станува збор за можностите

за поедноставување на работата со креирање на единствен државен

протокол. Истото во голема мера се пресликува и тогаш кога ќе се

постави прашањето за намалување на грешките и неправилностите

во случај ан креирање на единствениот државен протокол. Имено, 61

испитаник, односно 74,4% одговараат потврдно, 12,2% негативно и

13,4% одговараат „не знам“ (Табела бр.3).

Истото се пресликува и кога станува збор за зголемување на

ефикасноста. Имено, 66 од 82 испитаника сметаат дека ефикасноста

ќе се зголеми доколку се креира единствен државен протокол, 8 не

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

се согласуваат со тоа тврдење, додека 8 се изјасниле дека „не знаат“.

Големо мнозинство од испитаниците размислуваат исто кога

станува збор за потребата од уредба, односно правило во кое би се

навеле сите протоколарни правила, секако адаптирани на македон-

скиот политички систем (графикон бр. 5).

Имајќи ја предвид реалната потреба од креирање на единствен

државен протокол на ниво на Република Македонија, постои потреба

од утврдување на мислењата на професионалците поврзани со па-

раметрите кои треба да се земат предвид при креирање на одредена

организациска единица во државната управа во форма на единствен

државен протокол. Имено, од 82 испитаници, 80 (односно 97,6%) це-

лосно одговорија на ова прашање. Имено, 42,5% одговорија дека при

креирањето на единствениот државен протокол „исклучително важно“

е да се анализираат протоколите на другите земји, 28,7% сметаат

дека е „многу важно“, 27,5% дека е „важно“, додека 1,3%, односно

0% сметаат дека е „помалку важно“, т.е. „неважно“ (графикон бр. 6).

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Слични податоци се добиваат и кога ќе се изврши анализа на

можноста 3: теоретски сознанија од областа на протоколот, додека

во однос на можноста 2: да се разгледаат и применат досегашните

позитивни искуства, големо мнозинство од испитаниците сметаат

дека тоа е од „исклучителна важност“ (табела бр. 4).

Финансиските импликации од промените во секој сегмент на

државната управа се предмет на долгорочно планирање. Токму затоа,

испитаниците имаа можност да го дадат своето мислење и во однос

на тоа дали посебната служба за протокол во рамки на институциите

би претставувала дополнителен товар за буџетските средства ало-

цирани во соодветната институција. Одговорите можат да се видат

на графикон бр. 7.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Процентуално, 57,3% од испитаниците сметаат дека креи-

рањето на посебна служба за протокол нема да биде на товар на

институцијата, 30,5% имаат спротивно мислење, додека за можниот

одговор „не знам“ се одлучиле 12.2%.

4.3. РЕЗИМЕ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО

Истражувањето докажува дека воведувањето на единствен

протокол ќе придонесе за поедноставување на сите процедури,

разјаснување на дилемите за сите сегменти на протоколот преку

воспоставување на единствени правила на протокол, подобра ко-

муникација меѓу институциите, можност за меѓусебна соработка,

драстично намалување на грешките итн.

Преку воспоставувањето на единствен, државен протокол

првенствено ќе се дефинираат и воведат единствени протоколарни

правила според кои секоја институција ќе работи по истите. Исто

така, за одредени протоколарни задачи, секоја од институциите ќе

соработуваат со државниот протокол кој ќе има улога на координатор

на работите.

Истражувањето на одреден проблем може да се огледа преку

различните типологии и различните видови. Во тој контекст, типот

кој е избран (или мешавината од повеќе типови) зависи од целта која

се сака да се постигне и од алатките кои се дадени на располагање.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Воедно согласно истражувањето кое е направено и ги пока-

жува правците на размислување, согласно добиените одговори, за

поефикасно реализирање на протоколарните активности, се предла-

гаат конечни заклучоци во однос на воспоставувањето на ЕДП, кои

ќе помогнат во заокружување на првичната слика во процесот на

истражувањето за воспоставување на ЕДП на РМ.

Досегашното снимање на постојната состојба даде слика која

безмалку се повторува во секоја институција која е дневно поврзана со

протоколарните активности. Имено, недостатокот на лица задолжени

за протокол е евидентен. И покрај постоењето на систематизирани

места, тие се непополнети, или, пак, времено се пополнуваат со неа-

декватни лица. Дополнително, координацијата помеѓу институциите е

на ниско ниво. Многу информации не се пренесени, со што се влијае

на ефикасноста во извршувањето на задачите. Импровизацијата

станува начин на работа, а тоа е рецепт за катастрофа.

Единствениот државен протокол е суштински елемент кој мора

да постои за да нема крах на претставувањето на системот. Тоа е

единствениот начин да го унапредиме системот кој денес постои и

кој во пракса покажува дека има екстремно ниска функционалност.

4.4. ПРЕПОРАКИ ПРИ ВОСПОТАВУВАЊЕТО НА
ЕДИНСТВЕНИОТ ДРЖАВЕН ПРОТОКОЛ

1. Владата на Република Македонија да донесе одлука за фор-

мирање и функции на Единствениот државен протокол на Република

Македонија, со свој буџет согласно своите потреби;

2. Донесување на Кодекс на однесување за Единствен државен

протокол на Република Македонија;

3. Единствениот државен протокол на Република Македонија

во ранг на Дирекција, се состои од Шеф на протокол на РМ, Сектор

за протокол за соработка со постоечките организациони единици во

РМ и Служба за организациско – техничка поддршка за реализација

на протоколарните настани и потребен број на Одделенија;

4. Единствениот државен протокол на Република Македонија

да има свој знак, секој вработен да има своја идентификациона кар-

тица - беџ, со слика, име презиме, и крвна група;

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

5. Систематизација на работни места на Единствениот државен

протокол на Република Македонија, шеф на ЕДП на РМ, заменик шеф

на ЕДП на РМ (ранг на Амбасадор со петгодишен мандат со право

на реизбор), потоа потребен број на Одделенија, потребен број на

човечки и материјални ресурси од седумте постоечки протколи на

ниво на РМ, (доколку има потреба од вработување на нови човечки

ресурси истите да се сведат на минимум) и деташирање на дел од нив,

а останатите да останат во веќе постоечките организациони единици

(доколку се појави потреба за нови материјални технички ресурси:

персонални сметачи, принтери, кертриџи, телефони, техничка оперма,

канцелариски мебел и др., да се овозможи, односно излобира дона-

ција на истите од страна на Кралството Норвешка, Холандија или др.);

6. Одредување на постојана Локација на Единствениот др-

жавен протокол на Република Македонија, истиот да биде сместен

во еден од објектите на Министерството за одбрана на Република

Македонија;

7. Со воспоставувањето на Единствениот државен протокол на

Република Македонија да се формира свој возен парк на ВИП-моторни

возила, комби и мини буси и модерни туристички автобуси;

8. Нова пресеанс листа;

9. Одржување на редовни обуки и семинари кои ќе ги изведу-

ваат стручни лица од државата и странство;

10. Во рамките на Единствениот државен протокол на Репу-

блика Македонија, Службата за протокол ќе формира Одделение за

јавни набавки на подароци;

11. Избор и именување на координатор со веќе постоечките

работни единици, и секојдневно координирање - менаџирање со исти-

те, и давање на насоки за реализација на протоколарните активности

на ниво на РМ;

12. Подобрување на постојните капацитети на ресторани и хо-

тели и ставање во функција на ЕДП на РМ, како на пример Објектите

на Владата на РМ, МО , МВР и Службата за општи и заеднички работи;

13. Потпишување на Договор - меморандум на соработка со сите

Музеи во Република Македонија, Културно историски споменици, цркви,

историски локалитети за нивна посета од страна на странските посетители

и воспоставување на специјални цени на нивните билети за ЕДП на РМ;

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

14. Потпишување на Меморандум на соработка со Оддел за

заштита на определени личности и објекти во МВР на РМ и Воената

полиција во АРМ;

15. Потпишување на Договор за соработка со Градската општа

болница 8-ми септември за ангажирање на санитетски екипи за време

на доаѓање на странски делегации во РМ;

16. Потпишување на Договор - меморандум на соработка со

ТАВ - Македонија во Скопје и Охрид за користење на ВИП- услуги;

17. Потпишување на Договор со Службата за општи и заед-

нички работи во Владата на РМ, по поволни цени за користење на

владиниот авион;

18. Единствениот државен протокол на Република Македонија

ќе реализира голем број активности како давање на агреманите, и

сите други протоколарни работи поврзани за странските амбасадори,

воени аташеи и други дипломатски претставници, во дипломатско

- конзуларните претставништва акредитирани во РМ. За таа цел по-

требно е да се изврши усогласување со Законот за надворешни рабо-

ти, член.19, (Сл. Весник на Р. Македонија бр.26/13 од 2013 година);

19. Еднообразност – униформност на вработените во ЕДП

на РМ;

20. Во рамките на Служба за организациско – техничка под-

дршка за реализација на протоколарните настани, да се направи фото

студио за изработка на фотографии за време на посета на странски

Вип- личности на нашата земја;

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
ЗАКЛУЧОК

Протоколот претставува неодвоив дел од функционирањето

на секоја организација или институција. Тој „де факто“ го одредува

степенот на функционалност и ефикасност во извршувањето на

секојдневните задачи и одговорности. Мора да се има предвид дека

од самите почетоци оваа егзактна наука за доброто однесување,

прерасна во збир на правила кои се од есенцијално значење за бес-

прекорното функционирање.

Голем удел во организацијата на протоколот имаат и лидерите,

односно водачите во протоколот. Познавањето на нивните каракте-

ристики е елемент кој мора да се запази доколку целта е да се креира

еден ентитет кој механички ќе го придвижува процесот на работа.

Комуникативноста, организациските способности, кооперативноста и

флексибилноста се само дел од базичните особини кои мора да бидат

составен дел од личноста на секој кој се занимава со протоколарните

активности. Непоседувањето на овие карактеристики доведува до

неефикасност и уште поважно неефективност во реализацијата на

поставените активности.

А, потребата од беспрекорност е нужна во секој момент и на

секое место. Меѓудржавните контакти кои го детерминираат текот на

меѓународните политички односи во голема мера се под влијание на

организацијата која е во делокругот на работа на протоколот.

И токму поради важноста на протоколот, евидентна беше по-

требата од разгледување на мометналната состојба на протоколар-

ните организациони единици на ниво на Република Македонија, како

и потребата од утврдување на сет мерки кои, доколку е потребно, ќе

се применат во развојот на овие единици на државната, на јавната

управа, па и во приватниот сектор.

Резултатите од анализирањето на состојбата јасно дадоа до

знаење дека мора да се преземат одредени чекори кои ќе го осигурат

функционирањето на протоколот во Република Македонија, сега и

во иднина.

Глава II · Истражување
ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
ЗАКЛУЧОК

Протоколот претставува неодвоив дел од функционирањето

на секоја организација или институција. Тој „де факто“ го одредува

степенот на функционалност и ефикасност во извршувањето на

секојдневните задачи и одговорности. Мора да се има предвид дека

од самите почетоци оваа егзактна наука за доброто однесување,

прерасна во збир на правила кои се од есенцијално значење за бес-

прекорното функционирање.

Голем удел во организацијата на протоколот имаат и лидерите,

односно водачите во протоколот. Познавањето на нивните каракте-

ристики е елемент кој мора да се запази доколку целта е да се креира

еден ентитет кој механички ќе го придвижува процесот на работа.

Комуникативноста, организациските способности, кооперативноста и

флексибилноста се само дел од базичните особини кои мора да бидат

составен дел од личноста на секој кој се занимава со протоколарните

активности. Непоседувањето на овие карактеристики доведува до

неефикасност и уште поважно неефективност во реализацијата на

поставените активности.

А, потребата од беспрекорност е нужна во секој момент и на

секое место. Меѓудржавните контакти кои го детерминираат текот на

меѓународните политички односи во голема мера се под влијание на

организацијата која е во делокругот на работа на протоколот.

И токму поради важноста на протоколот, евидентна беше по-

требата од разгледување на мометналната состојба на протоколар-

ните организациони единици на ниво на Република Македонија, како

и потребата од утврдување на сет мерки кои, доколку е потребно, ќе

се применат во развојот на овие единици на државната, на јавната

управа, па и во приватниот сектор.

Резултатите од анализирањето на состојбата јасно дадоа до

знаење дека мора да се преземат одредени чекори кои ќе го осигурат

функционирањето на протоколот во Република Македонија, сега и

во иднина.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

А, чекорот е голем исто толку колку што е голема потребата

истиот да се преземе, во најбрз можен рок. Креирањето на еден,

единствен државен протокол мора да биде нашата цел број еден.

Имајќи го предвид обемот на промената и можните отпори се, исто

така, бројни. Сепак, мислењето на експертите добиено преку алатката

прашалник ни покажува дека и покрај можните отпори и предизвици,

патот на креирањето на единствен државен протокол мора да се

изоди до крај. Ние мораме да креираме организациска единица која

работи во и за Република Македонија, единица која ќе ни овозможи

енергично, беспрекорно претставување на нашата држава во сите

контакти со меѓународните чинители.

Единствениот државен протокол на ниво на Република Ма-

кедонија е алката која недостасува, алката која мора да биде наш

императив.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Adair, J., (2009 ), Leadership and Motivation: The Fifty-Fifty Rule and the Eight Key

Principles of Motivating Others, Kogan Page, London UK;

Byham, W., (2002 ), Grow Your Own Leaders: How to Identify, Develop, and Retain

Leadership Talent, FT Press, New Jersey, USA;

Brandon, R., Seldman, M., (2004), Survival of the Savvy: High-Integrity Political

Tactics for Career and Company Success, Free Press, New York, USA;

Cadotte, R. E., Bruce, J. H., (2008), “The Management of Strategy in the Marketplace”,

Innovative Learning Solutions, Tennessee, USA;

Cohen, A., Bradford D., (2005), Influence Without Authority (2nd Edition), Wiley,

New Jersey, USA;

Ericson, T., (2008 ), Plugged In: The Generation Y Guide to Thriving at Work, Harvard

Business Review Press, Massachusetts, USA;

French, M. M., Clinton, B., (2012), United States Protocol: The Guide to Official

Diplomatic Etiquette, Rowman & Littlefield Publishers, Estover road, UK;

Fisher R., (1999), Getting It Done: How to Lead When You're Not in Charge, Harper

Business, New York, USA;

Gamble, J., Thompson, Jr. A., Peteraf, M., (2012), Essentials of Strategic Management:

The Quest for Competitive Advantage, McGraw-Hill/Irwin, New York, USA;

Група автори, (2011), Како да успеете на меѓународна сцена – мултикултурални

манири, Академија за протокол на Македонија;

Група автори, (2012), Прирачник за колективно договарање и решавање на

спорови во јавна служба, Женева, Швајцарија;

Barton, L. S., (2010), Strategic Management Simplified: What Every Manager Needs

to Know About Strategy and How to Manage it, iUniverse, Indiana, USA;

Марковски, Д., (2002), Дипломатија организација и практика, Кинематика,

Скопје, Република Македонија;

Мекефри, М. Џ., Инис, П., Санда, М. Р., (2009), Протокол 25. јубилејно издание,

Ескваер, Просветно дело, Скопје, Македонија;

Nikolic, M., (2002), Diplomatski I poslovni protocol, Zagreb, Hrvatska;

Noe, A. R., Hollenbeck, R. J., Gerhart, B., Wright , M. P., (2012), Human Resource

Management: Gaining a Competitive Advantage, 8th Edition, McGraw-Hill/

Irwin, New York, USA;

Наков, Л., (2010), Управување со промени, Економски факултет, Скопје;

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Петковски, К., Јанкуловска, П., (2006 ), Деловно комуницирање, Битола,

Македонија;

Петковски, К., (2000), Водството и ефективната комуникација, АД Киро

Дандаро, Битола;

(2001), Протокол, Министерство за надворешни работи на Република

Македонија,

(2011), Правило за воен протокол, Армија на Република Македонија, Скопје;

Post Е., (2004), Etiquette, 17th Edition, New York, USA;

Романов, Д., (2002), Државен и дипломатически протокол, Универзитетска

фондација, Пловдив;

Серес, Џ., Вуд, Р.Џ., (2012 ), Дипломатски церемонијал и протокол, Издавачки

центар Три, Скопје, Република Македонија;

Spector, B., (2012), Implementing Organizational Change: Theory Into Practice, 3rd

Edition, Prentice Hall, New Jersey, USA;

Томпсон, E., (2001), Семинар за протокол – МК-481-Протокол, Скопје;

Trajkovski, G., (1990), Diplomatski protocol, Beograd, Srbija;

Vecchio, R., (2007 ), Leadership: Understanding the Dynamics of Power and Influence

in Organizations, Second Edition, University of Notre Dame Press, Indiana, USA;

Veljić, Z., (2009), Diplomatski protocol, Sluzbeni glasnik, Beograd, Srbija;

Veljić, Z., (2004), Diplomatski protocol, Beograd, Srbija;

Verovic, M., (2010), Poslovno odijevanje, Horizont-International, Zagreb,Hrvatska;

Zelmanovic, D., (1989), Ilustriranibonton&protocol, Mladinska kniga, Beograd.

Џонсон, Д., (2011), Надминете ја својата конкуренција – деловна етикеција, Ака-

демија за протокол на Македонија, Школа за протокол – Вашингтон, Скопје;

ДРУГИ ИЗВОРИ

http://www.mfa.gov.mk/?q=node/275 /; Министерство за надворешни работи;

http://www.protokol.gov.si/nc/si/zakonodaja_in_dokumenti/temeljni_predpisi/;

http://pretsedatel.mk/mk/za-makedonija/2011-07-08-08-04-15.html;

http://www.psow.edu/, Protocol School of Washington, преземено 10.01.2013;

http://www.mtsp.gov.mk/ WBStorage/Files/programa_ nerabotni_denovi_2014.pdf.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
ПРИЛОЗИ

Прилог 1 – Шеми за пречек на високи личности пред зградите

на државните институции19

А) Протокол за пречек на претседатели на странски држави

во вила „Водно“ – Скопје;

Б) Протокол за пречек на странски високи делегации пред

зградата на Собранието на Република Македонија 1;

В) Протокол за пречек на странски високи делегации пред

зградата на Собранието на Република Македонија 2;

Г) Пречек на претседател на Влада;

Д) План за пречек на странски воени делегации пред зградата

на МО и ГШ на РМ, химни, поздрав и обиколка на почесната единица

и влез во Кожна сала;

Ѓ) План за пречек на странски високи делегации на аеродромот

„Александар Велики“;

Е) Протокол за полагање на венец на гробот на Гоце Делчев

и други културно историски споменици;

Ж) Протоколи за смена на државните знамиња пред претсе-

дателската вила, пред Собранието на РМ и пред Владата на РМ;

19 Правило за воен протокол, Армија на Република Македонија, Скопје, 91-108.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

А) Протокол за пречек на претседатели на странски држави

во вила „Водно“ – Скопје;

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Б) Протокол за пречек на странски високи делегации пред

зградата на Собранието на Република Македонија 1;

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

В) Протокол за пречек на странски високи делегации пред

зградата на Собранието на Република Македонија 2;

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Г) Пречек на претседател на Влада;

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Д) План за пречек на странски воени делегации пред зградата

на МО и ГШ на РМ, химни, поздрав и обиколка на почесната единица

и Влез во Кожна сала;

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Ѓ) План за пречек и испраќање на странски високи делегации

на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје;

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Е) Протокол за полагање на венец на гробот на Гоце Делчев

и други културно историски споменици;

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ
ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Ж) Протоколи за смена на државните знамиња пред претседа-

телската вила, пред Собранието на РМ и пред Владата на РМ;

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ
ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

ПРИЛОЗИ 2 – Останати документи од значење за протоколот

А) ДРЖАВНИ СИМБОЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
• ГРБ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Грбот на Република Македонија претрпел неколку модификации,

уште во 1946 година кога е заменет грбот на

Народна Република Македонија, a на 16 ноември

2009 со отстранувањето на црвената петокрака

го добива својот денешен лик. Македонскиот

државен грб е еден од двата во Европа кои

се со пејзажен карактер. Грбот на Република

Македонија претставува поле опкружено со

житни класје кои се поврзуваат на врвот,

испреплетено со плодови од афион и тутунови

лисја, што се поврзани на дното со лента прошарана со народни

мотиви. Среде во полето се оцртува планина во чие подножје тече

река, а зад планината изгрева сонце.

• ЗНАМЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Знамето на Република Македонија е официјалното знаме на

територијата на државата, усвоено

во 1995 година. Од центарот на

црвената позадина се распространува

златно сонце со осум сончеви краци,

кои се простираат од сончевиот

диск со проширување до рабовите

на знамето. Сончевите зраци се

вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Центарот на

сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на

знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден

наспрема два.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ
• ХИМНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

„Денес над Македонија“ е национална химна на Македонија,

компонирана во 1941 година. Автор на текстот е Владо Малески, а

автор на музиката Тодор Скаловски. По завршувањето на Втората

светска војна е усвоена како химна на Социјалистичка Република

Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со

закон е прогласена и за химна на независна Република Македонија.20

„Денес над Македонија се раѓа“ “Today over Macedonia is being born”

Денес над Македонија се раѓа, Today over Macedonia, is being born

ново сонце на слободата! the new sun of liberty.

Македонците се борат, The Macedonians fight,

за своите правдини! for their own rights!

Македонците се борат, The Macedonians fight

за своите правдини! for their own rights!

Одново сега знамето се вее, Now once again the flag flies

на Крушевската република! (that) of the Krushevo Republic

Гоце Делчев, Питу Гули, Goce Delchev, Pitu Guli,

Даме Груев, Сандански! Dame Gruev, Sandanski!

Гоце Делчев, Питу Гули, Goce Delchev, Pitu Guli

Даме Груев, Сандански! Dame Gruev, Sandanski!

The Macedonian forests sing

Горите Македонски шумно пеат,

new songs and news!

нови песни, нови весници!

Macedonia is liberated

Македонија слободна,

It lives in liberty!

слободнo живее! Macedonia is liberated

Македонија слободна, It lives in liberty!

слободнo живее!

20 http://pretsedatel.mk/mk/za-makedonija/2011-07-08-08-04-15.html

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
Б) ЗАКОН ЗА УПОТРЕБА НА ГРБОТ, ЗНАМЕТО И ХИМНАТА

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Сл. Весник на Р.Македонија бр.

32/97 од 09.07.1997 година)

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој закон се уредува употребата на грбот, знамето и химната

на Република Македонија.

Член 2

Со грбот, знамето и химната на Република Македонија се

претставува Република Македонија и се изразува припадноста на

Република Македонија.

Член 3

Грбот, знамето и химната на Република Македонија се

употребуваат во согласност со одредбите на овој закон и на начин со

кој не се нарушува угледот и достоинството на Република Македонија.

Член 4

Грбот и знамето на Република Македонија можат да се

употребуваат само во формата и содржината што се утврдени со

закон.

Во грбот и знамето на Република Македонија не може ништо

да се впишува, односно испишува, ниту тие можат да се менуваат.

По исклучок, ако е тоа со закон и друг пропис пропишано, грбот

и знамето на Република Македонија можат да се употребуваат како

составен дел на други амблеми, односно знаци (воени, командни и

ранговни знамиња и друго) или на знамето на Република Македонија

може да се испишува одреден датум или име (воени и други свечени

знамиња и слично).

Како химна на Република Македонија може да се изведува само

мелодијата и текстот на химната утврдена со Законот за химната на

Република Македонија.

Член 5

Грбот и знамето на Република Македонија не можат да се

употребуваат како стоковни или услужни жигови, модели, ниту како

кој и да било друг знак за одбележување на стоки или услуги.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Член 6

Грбот и знамето на Република Македонија не смеат да се

употребуваат ако се дотраени, неуредни, искинати или на друг начин

оштетени, или со својот изглед се неподобни за употреба.

Оштетените или за употреба неподобните грб и знаме на

Република Македонија се повлекуваат од употреба.

Член 7

При официјални државни посети и меѓународни

манифестации од политички, научен, културно-уметнички, спортски

и друг карактер, заедно со грбот, знамето и химната на Република

Македонија истовремено се истакнуваат, односно изведуваат и грбот,

знамето и химната на друга држава и меѓународна организација, во

согласност со одредбите на овој закон.

Член 8

Грбот и знамето на Република Македонија, како и грбовите и

знамињата на други држави и меѓународни организации кои се

употребуваат во Република Македонија согласно со одредбите на

овој закон, не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг

начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.

II. УПОТРЕБА НА ГРБОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Член 9

Грбот на Република Македонија се употребува:

1) во состав на државниот печат на Република Македонија,

согласно со законските прописи за тој печат;

2) во состав на печатот и штембилот на органите на државната

власт, во согласност со прописите за печатите и штембилите на тие

органи;

3) во службените натписи на органите на државната власт,

јавните установи, јавните служби и јавните претпријатија кои ги основа

Републиката истакнати на зградите во кои тие се сместени;

4) на објектите со кои се одбележува границата на Република

Македонија и на други објекти во Република Македонија во близина

на границата, според посебни прописи и

5) во други случаи, под условите и на начинот утврдени со закон.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Член 10

Грбот на Република Македонија може да се употребува:

1) на објектите во кои се сместени органите на државната власт,

јавните установи, јавните служби и јавните претпријатија кои ги основа

Републиката, како и во свечените простории на тие објекти;

2) на објектите во кои се наоѓаат просториите на дипломатското

или конзуларното претставништво на Република Македонија во

странство, на резиденцијата на шефот на претставништвото и на

превозните средства што тој лично ги користи во вршењето на

службените должности, во согласност со соодветните меѓународни

договори, прописи и обичаи на земјата во која претставништвата

се наоѓаат, односно со правилата и практиката на меѓународната

организација при која се наоѓа претставништвото;

3) при меѓународни средби, натпревари и други собири

(политички, научни, културно-уметнички, спортски и други) на кои

Република Македонија учествува или е презентирана, во согласност

со правилата и практиката на одржувањето на тие собири;

4) на воени знамиња на Република Македонија и командни и

ранговни знамиња, според прописите за установување на тие знамиња;

5) на банкноти, метални пари и државни вредносни хартии;

6) на воздухопловите, бродовите или другите пловила, како и

на другите јавни превозни средства, под услови и на начин кои се

утврдени со соодветни прописи;

7) на официјални покани, честитки и слични акти што ги користат:

претседателот на Републиката, претседателот на Собранието на

Република Македонија, претседателот на Владата на Република

Македонија, други овластени претставници на претседателот на

Републиката, на Собранието и Владата на Република Македонија,

како и шефовите на дипломатските и конзуларните претставништва

на Република Македонија во странство и

8) во други случаи, ако неговата употреба не е во

спротивност со одредбите на овој закон.

Член 11

Изворникот на грбот на Република Македонија се чува во

Собранието на Република Македонија и спрема него се врши

обликување на грбовите.

За чувањето и употребата на изворникот на грбот на Република

Македонија одговорен е секретарот на Собранието на Република

Македонија.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Член 12

Ако грбот на Република Македонија се истакнува во Република

Македонија заедно со еден или повеќе грбови или други амблеми

на други држави, меѓународни организации и единици на локалната

самоуправа, грбот на Република Македонија се наоѓа, во зависност

од начинот на поставувањето на тие грбови, односно амблеми:

1) во средината на кругот, така што јасно да се гледа - ако

другите грбови и амблеми се наредени во круг;

2) во средината на полукругот - ако другите грбови и амблеми

се наредени во полукруг;

3) на чело на колоната - ако другите грбови и амблеми се

наредени во колона;

4) на прво место во редот, односно од левата страна гледано

однапред -

ако другите грбови и амблеми се наредени во ред;

5) на чело на групата - ако другите грбови и амблеми се

распоредени во групи и

6) на десната страна, гледано однапред, од грбот на странската

држава или меѓународната организација - ако тој грб се истакнува

во Република Македонија при официјална посета на овластен

претставник на соодветната држава или организација.

Во случаите од став 1 на овој член, димензиите на сите грбови

треба да се еднакви, а доколку димензиите се различни ниеден друг

грб не смее да биде поголем од грбот на Република Македонија.

III. УПОТРЕБА НА ЗНАМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Член 13

Знамето на Република Македонија постојано е истакнато:

1) на Резиденцијата на претседателот на Републиката, на

објектот во кој се наоѓа Собранието на Република Македонија, на

објектот на Владата на Република Македонија и на објектите во кои

се сместени функционерите кои раководат со министерствата во

Владата на Република Македонија;

2) на определени објекти на границата на Република Македонија

и на други објекти во Република Македонија во близина на границата,

според посебни прописи и

3) во други случаи, под услови и на начин утврдени со овој закон

или друг пропис.

Знамето на Република Македонија се употребува како ознака

Глава III · Резултати, анализа и имплементација

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Член 12

Ако грбот на Република Македонија се истакнува во Република

Македонија заедно со еден или повеќе грбови или други амблеми

на други држави, меѓународни организации и единици на локалната

самоуправа, грбот на Република Македонија се наоѓа, во зависност

од начинот на поставувањето на тие грбови, односно амблеми:

1) во средината на кругот, така што јасно да се гледа - ако

другите грбови и амблеми се наредени во круг;

2) во средината на полукругот - ако другите грбови и амблеми

се наредени во полукруг;

3) на чело на колоната - ако другите грбови и амблеми се

наредени во колона;

4) на прво место во редот, односно од левата страна гледано

однапред -

ако другите грбови и амблеми се наредени во ред;

5) на чело на групата - ако другите грбови и амблеми се

распоредени во групи и

6) на десната страна, гледано однапред, од грбот на странската

држава или меѓународната организација - ако тој грб се истакнува

во Република Македонија при официјална посета на овластен

претставник на соодветната држава или организација.

Во случаите од став 1 на овој член, димензиите на сите грбови

треба да се еднакви, а доколку димензиите се различни ниеден друг

грб не смее да биде поголем од грбот на Република Македонија.

III. УПОТРЕБА НА ЗНАМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Член 13

Знамето на Република Македонија постојано е истакнато:

1) на Резиденцијата на претседателот на Републиката, на

објектот во кој се наоѓа Собранието на Република Македонија, на

објектот на Владата на Република Македонија и на објектите во кои

се сместени функционерите кои раководат со министерствата во

Владата на Република Македонија;

2) на определени објекти на границата на Република Македонија

и на други објекти во Република Македонија во близина на границата,

според посебни прописи и

3) во други случаи, под услови и на начин утврдени со овој закон

или друг пропис.

Знамето на Република Македонија се употребува како ознака

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

на воздухоплов, брод или друго пловило, како и на други јавни

превозни средства, заради означување на нивната припадност на

Република Македонија, под услови и на начин утврдени со соодветни

прописи.

Член 14

Знамето на Република Македонија се истакнува:

1) во денови на празниците на Република Македонија утврдени

со закон - на објектите во кои се сместени органите на државната

власт, единиците на локалната самоуправа, јавните служби, јавните

установи и јавните претпријатија кои ги основа Републиката, односно

единицата на локалната самоуправа;

2) при испраќањето на претседателот на Републиката од

Република Македонија и пречекот на претседателот на Републиката

при враќањето од странство;

3) при официјално доаѓање во Република Македонија, односно

при испраќање од Република Македонија на претседател на држава,

суверен или овластен претставник на меѓународна организација;

4) на превозните средства кои ги користи претседателот на

Републиката;

5) во деновите на жалост што ги определува Владата, на

половина копје и

6) во други случаи под услови и на начин утврден со закон.

Член 15

Знамето на Република Македонија може да се истакне:

1) на објектот во кој е сместено дипломатското или конзуларното

претставништво на Република Македонија во странство; на

резиденцијата на шефот на претставништвото и на превозните

средства што тој лично ги користи во вршењето на службените

должности, во согласност со соодветните меѓународни договори,

прописите и обичаите во земјата во која се наоѓа претставништвото,

односно правилата и практиката на меѓународната организација при

којашто се наоѓа претставништвото;

2) во просториите во кои се гласа, училници, обредни сали,

простории за состаноци и слично;

3) при меѓународни средби, натпревари и други собири

(политички, научни, културно-уметнички, спортски и други) на кои

Република Македонија учествува или е презентирана, во согласност

со правилата и практиката на одржувањето на тие собири;

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

4) при прослави, свечености и други политички, културни,

спортски и слични манифестации кои се од значење за Република

Македонија;

5) при празнување во приватниот живот на граѓаните и

6) во други случаи, ако неговата употреба не е во

спротивност со одредбите на овој закон.

Член 16

Ако знамето на Република Македонија се истакнува во

Република Македонија заедно со едно или повеќе знамиња на

други држави, или меѓународни организации, знамето на Република

Македонија се наоѓа во зависност од начинот на поставувањето на

тие знамиња:

1) во средината на кругот така што јасно да се гледа - ако

другите знамиња се наредени во круг;

2) во средината на полукругот - ако другите знамиња се

наредени во полукруг;

3) на чело на колоната - ако другите знамиња се наредени во

колона;

4) на прво место во редот, односно од левата страна гледано

однапред -

ако другите знамиња се наредени во ред;

5) на чело на групата - ако другите знамиња се распоредени

во групи.

Ако знамето на Република Македонија се истакнува заедно со

други знамиња со вкрстени копја, копјето на знамето на Република

Македонија мора да биде поставено пред копјата на тие знамиња,

гледано однапред.

Член 17

Ако знамето на Република Македонија се истакнува заедно со

две други знамиња, знамето на Република Македонија се наоѓа во

средина.

Ако знамето на Република Македонија се истакнува покрај

друго знаме, тоа секогаш се наоѓа на левата страна, гледано

однапред. По исклучок, тоа се наоѓа на десната страна, гледано

однапред, од знамето на странската држава или меѓународната

организација, ако тоа знаме се истакнува во Република Македонија

при официјални посети на овластен претставник на соодветната

држава или организација.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Ако знамето на Република Македонија се истакнува заедно со

повеќе знамиња на други држави, знамињата на другите држави ќе

бидат истакнати по абецеден ред.

Во случаите од овој член, димензиите на сите знамиња

треба да се еднакви, а доколку димензиите се различни ниедно друго

знаме не смее да биде поголемо од знамето на Република Македонија,

ниту пак било кое друго знаме, може да биде поставено повисоко од

знамето на Република Македонија.

Ако знамето на Република Македонија се истакнува со

знамето на единиците на локалната самоуправа и други

знамиња, знамето на Република Македонија се истакнува на

прво место од левата страна оддалечено два метри, а повисоко

за еден метар и со поголема димензија од знамето на единицата на

локалната самоуправа и од другите знамиња.

Член 18

Знамето на Република Македонија се подига и спушта,

истакнува и симнува, односно пренесува, со вообичаени почести

(станување, поздравување и друго).

При истакнувањето знамето не смее да допира до ништо што

се наоѓа до или под него.

Член 19

Кога знамето на Република Македонија се истакнува на јарбол

се истакнува меѓу изгрејсонце и зајдисонце, а може да биде изложено

и дваесет и четири часа дневно под услов знамето соодветно да биде

осветлено за време на часовите кога е темно.

Кога знамето е спуштено ниеден негов дел не смее да го допира

подот или било кој друг предмет.

Кога знамето се вади од јарболот и се става на чување, треба

да се свитка уредно и на церемонијален начин.

Член 20

Знамето треба да се подига динамично, а спушта бавно и

церемонијално. При подигање и спуштање на знамето сите присутни

се во став мирно, со лицето свртени кон знамето, се додека знамето

не биде одврзано од јарболот, односно ако се свири химната, се

додека не биде отсвирен последниот тон на музиката. Машките

лица кои носат и каков и да е вид шапка, истата треба да ја симнат.

Лицата во воени униформи поздравуваат војнички.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Член 21

При истакнување на знамето на Република Македонија во

затворени простории, тоа секогаш се става од десната страна гледано

од страна на говорникот, а доколку истовремено се истакнуваат

знамето на единицата на локалната самоуправа и други знамиња тие

треба да стојат од левата страна оддалечени два метри, едно метро

пониско и со помали димензии од знамето на Република Македонија.

Член 22

Кога знамето се истакнува на автомобил, тоа треба да биде

цврсто прицврстено на шасијата, на предниот дел, од десната страна

гледано од страна на возачот.

Член 23

Истакнувањето на половина копје на знамето што се истакнува

на јарбол се врши така што знамето за момент се подига до крај, а

потоа се спушта на позиција што се наоѓа на половина пат од врвот

до долниот крај на јарболот. Пред да се спушти сосема, знамето уште

еднаш се подига до врвот.

Знамето може да се користи за покривање на мртовечки сандак,

но не смее да се спушти во гробот.

Член 24

Знамето не смее да се употребува:

- како драперија, завеса или прекривка;

- свиткано во форма на венец или набрано и

- како украс на перници, марамчиња, салвети, кутии од хартија,

долна облека или предмети кои веднаш по употребата се фрлаат.

IV. ИЗВЕДУВАЊЕ НА ХИМНАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Член 25

Химната на Република Македонија се изведува:

1) при испраќање на претседателот на Републиката од Република

Македонија во официјални посети на странски држави и при неговото

враќање во Република Македонија;

2) при официјално доаѓање во Република Македонија, односно

при испраќање од Република Македонија на претседател на држава,

суверен или овластен претставник на меѓународна организација;

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

3) при полагање венци на воени гробишта, гробови на

паднати борци и на други слични места од страна на официјалните

претставници на Република Македонија и

4) во други случаи предвидени со закон.

Член 26

Химната на Република Македонија може да се изведува:

1) на прослави, политички собири, паради и други свечени

манифестации со кои официјално се одбележуваат настани од

значење за единиците на вооружените сили на Република Македонија

и за граѓаните на Република Македонија;

2) при меѓународни средби, натпревари и други собири

(политички, научни, културно-уметнички, спортски и други) на кои

Република Македонија официјално учествува или е презентирана, во

согласност со правилата и практиката на одржувањето на тие собири;

3) на погреб на заслужни личности кои се граѓани на

Република Македонија кога од страна на Република Македонија

им се укажува посебна почест и

4) во други случаи, ако нејзината употреба не е во спротивност

со одредбите на овој закон.

Член 27

Химната на Република Македонија се изведува со: свирење,

пеење или и со свирење и со пеење.

Химната секогаш треба да се свири со достоинство.

Химната не се користи како дел од друг вид музика.

Химната на Република Македонија може да се свири на

почетокот, средината или крајот од манифестацијата на која се

изведува, во зависност од тоа на кој начин на химната ќе и

се даде најголемо достоинство.

Член 28

Ако химната на Република Македонија треба да се изведе во

Република Македонија заедно со химната на странска држава или

свечена песна на меѓународна или друга странска организација, прво

се изведува химната на странската држава или свечената песна на

меѓународната или друга странска организација, а потоа химната на

Република Македонија.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Член 29

При изведувањето на химната на Република Македонија сите

присутни стојат во став мирно од свирењето, односно пеењето на

првиот тон па сè до последниот тон на химната, свртени со лице кон

изведувачите на химната.

V КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ

Член 30

Со парична казна од 50.000 до 300.000 денари ќе се казни за

прекршок правното лице ако:

1) ги употребува грбот и знамето на Република Македонија

спротивно на одредбите од член 3 на овој закон;

2) ги употребува грбот и знамето на Република Македонија и

ја изведува химната на Република Македонија во поинаква форма и

содржина од онаа утврдена со овој закон (член 4);

3) ги употребува грбот и знамето на Република Македонија како

знаци за одбележување на стоки и услуги (член 5);

4) употребува оштетени или со својот изглед неподобни за

употреба грб и знаме на Република Македонија (член 6);

5) не ги употребува грбот и знамето на Република Македонија

согласно со одредбите од член 7 на овој закон;

6) ја изведува химната спротивно на одредбите од овој закон и

7) изведувањето на химна на странска држава спротивно на

одредбите на овој закон.

Со парична казна од 10.000 до 40.000 денари ќе се казни и

одговорното лице на правното лице за прекршок од став 1 на овој

член.

За прекршок од став 1 на овој член ќе се казни со парична

казна од 20.000 до 50.000 денари и одговорното лице на органот

на државната власт, единицата на локалната самоуправа, јавната

установа, јавното претпријатие и јавната служба, што ја основа

Републиката, односно единицата на локалната самоуправа.

За прекршок од став 1 на овој член, ќе се казни со парична

казна од 5.000

до 10.000 денари и физичко лице.

Ако прекршокот од став 1 на овој член се изврши на јавен собир

со парична казна од 20.000 до 50.000 денари, ќе се казни и лицето

одговорно за организацијата на јавниот собир.

Со парична казна од 2.000 до 5.000 денари ќе се казни за

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

прекршок физичко лице ако постапува спротивно на одредбите од

член 24 на овој закон.

Член 31

На сторителот на прекршокот од членот 30 на овој закон, ќе

му се изрече и заштитна мерка одземање на предметите со кои

е извршен прекршокот. Овластеното лице на Министерството за

внатрешни работи пред поведувањето на прекршочната постапка,

може да ги заплени предметите од став 1 на овој член. Запленетите

предмети веднаш се предаваат на органот надлежен за водење на

прекршочната постапка.

VI. OВЛАСТУВАЊА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

Член 32

Врховниот командант на вооружените сили на Република

Македонија во согласност со одредбите на овој закон, донесува

прописи за употребата на грбот, знамето и химната на Република

Македонија во вооружените сили на Република Македонија.

Член 33

Владата на Република Македонија ќе ги пропише критериумите

и условите за изведување на химната на Република Македонија

на погреби на заслужни личности (член 26 став 1 точка 3).

Член 34

Поблиски прописи за начинот на употребата на грбот и

знамето на Република Македонија, донесува:

1) министерот за внатрешни работи, во согласност со министерот

за одбрана - на определени објекти на границата на Република

Македонија и на други објекти во Република Македонија во близина

на границата (член

9 став 1 точка 4 и член 13 став 1 точка 2);

2) министерот за надворешни работи - за дипломатските и

конзуларни претставништва на Република Македонија во странство

(член 10 став 1 точка 2 и член 15 став 1 точка 1) и

3) министерот надлежен за работите на сообраќајот и врски -

за воздухопловите, бродовите или други пловила, како и за други

јавни превозни средства, заради означување на нивната припадност

на Република Македонија (член 10 став 1 точка 6 и член 13 став 2).

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ
VII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 35

Во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој

закон, мора да се усогласат одредбите на прописите и другите акти

што се во спротивност со одредбите на овој закон.

Член 36

Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува

да важи Законот за употреба на знамињата (“Службен весник на

СРМ” број 40/73).

Член 37

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето

во „Службен весник на Република Македонија”.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
В) ПРЕСЕАНС ЛИСТА
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 36 став 3 од Законот за Владата на

Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“

бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10 и

51/11), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана

на 22.01.2013 година, донесе

О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕСЕАНС
ЛИСТА НА НОСИТЕЛИТЕ НА ЈАВНИ ФУНКЦИИ ВО РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Член 1

Во Одлуката за утврдување на Пресеанс листа на носителите

на јавни функции во

Република Македонија („Службен весник на Република

Македонија“ бр. 90/04, 67/05 и 67/07), членот 2 се менува и гласи:

„Пресеанс листата од член 1 од оваа одлука ги опфаќа следните

носители на јавни функции:

1. Претседател на Република Македонија;

2. Претседател на Собранието на Република Македонија;

3. Претседател на Владата на Република Македонија;

4. Судиите на Уставниот суд на Република Македонија;

5. Поранешни претседатели на Република Македонија;

6. Претседател на Врховниот суд на Република Македонија;

7. Претседател на Судски совет на Република Македонија;

8. Јавен обвинител на Република Македонија;

9. Претседател на Совет на јавни обвинители на Република

Македонија;

10. Народен правобранител на Република Македонија;

11. Потпретседатели на Собранието на Република Македонија

(пресеанс според бројот на пратениците на политичката партија на

која припаѓа потпретседателот);

12. Заменици претседатели на Владата на Република

Македонија (пресеанс според редослед во Владата на Република

Македонија);

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

13. Министри во Владата на Република Македонија:

- Министер за надворешни работи,

- Министер за одбрана,

- Министер за внатрешни работи,

- Министер за правда,

- Министер за финансии,

- Министер за економија,

- Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,

- Министер за здравство,

- Министер за образование и наука,

- Министер за труд и социјална политика,

- Министер за локална самоуправа,

- Министер за култура,

- Министер за транспорт и врски,

- Министер за животна средина и просторно планирање,

- Министер за информатичко општество и администрација,

- Министер без ресор;

14. Гувернер на Народна банка на Република Македонија;

15. Лидери на политички партии застапени во Собранието на

Република Македонија;

16. Началник на Генералштаб на Aрмијата на Република

Македонија;

17. Народни херои;

18. Поранешни претседатели на Собранието на Република

Македонија;

19. Поранешни претседатели на Владата на Република Македонија;

20. Поранешен претседател на Генералното собрание на ООН;

21. Претседател на МАНУ;

22. Поглавари на верските заедници во Република Македонија;

23. Државен правобранител на Република Македонија;

24. Градоначалник на град Скопје;

25. Координатори на пратеничките групи во Собранието на

Република Македонија (пресеанс според бројот на пратениците на

политичката партија на која припаѓа координаторот);

26. Претседатели на комисии во Собранието на Република

Македонија (пресеанс според бројот на пратениците на политичката

партија на која припаѓа претседателот);

27. Претседатели на делегации на Собранието на Република

Македонија во меѓународни организации (пресеанс според бројот на

пратениците на политичката партија на која припаѓа претседателот);

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

28. Пратеници во Собранието на Република Македонија (пресеанс

според бројот на пратениците на политичката партија на која припаѓа

пратеникот);

29. Амбасадори на Република Македонија во странство;

30. Заменици министри во министерствата на Владата на

Република Македонија;

31. Претседател на Државна изборна комисија;

32. Претседател на Комисија за односи со верските заедници и

религиозни групи;

33. Ректори на универзитети;

34. Генерален секретар на Собрание на Република Македонија;

35. Генерален секретар на Кабинетот на Претседателот на

Република Македонија;

36. Генерален секретар на Владата на Република Македонија;

37. Државни секретари во министерствата во Владата на

Република Македонија;

38. Секретар на Секретаријатот за законодавство;

39. Директори на агенции и заводи именувани од страна на

Собранието на Република Македонија;

40. Директори на агенции и заводи именувани од страна на

Владата на Република Македонија;

41. Директор на Државен архив на Република Македонија;

42. Генерални секретари на органите каде истите се именуваат;

43. Директори на управи во состав на министерствата во

Владата на Република Македонија;

44. Директори на бироа во состав на министерствата во

Владата на РепубликаМакедонија;

45. Директори на дирекции;

46. Претседател на Советот за радиодифузија;

47. Државни советници во министерствата во Владата на

Република Македонија.“

Член 2

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на

објавувањето во ,,Службен весник на Република Македонија.”

Бр. 41 – 159/1 Заменик на претседателот

22 јануари 2013 година на Владата на Република Македонија,

Скопје м-р Зоран Ставрески, с.р.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ
Г) ПРОГРАМА НА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА 2014 ГОДИНА

Согласно со Законот за празници на Република Македонија (Сл.

весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2014

година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

01 јануари (среда), Нова Година

07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според

православниот календар

21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

според православниот календар

01 мај (четврток), Ден на трудот

24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските

просветители

28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на

Рамазан Бајрам

02 август (сабота), Ден на Републиката

08 септември (понеделник), Ден на независноста

11 октомври (сабота), Ден на народното востание

23 октомври (четврток), Ден на Македонската

Револуционерна Борба

08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик

19 јануари (недела), Богојавление (Водици)

18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица

(Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

01 ноември (сабота), Празникот на сите светци

25 декември (четврток), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан

Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 јануари (понеделник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик21

21 http://www.mtsp.gov.mk/ WBStorage/Files/programa_ nerabotni_denovi_2014.pdf

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
Д) НАЦИОНАЛНИ ПРАЗНИЦИ ВО СВЕТОТ22

Земја Празник

Јануари 01 Cuba National Day

26 Australia National Day

26 India Republic Day

Февруари 04 Sri Lanka Independence Day

11 Iran National Day

15 Serbia Statehood Day

16 Lithuania Independence Day

17 Kosovo Independence Day

24 Estonia National Day

Март 03 Bulgaria National Day

06 Ghana Independence Day

15 Hungary National Holiday

17 Ireland St. Patrick’s Day

23 Pakistan Pakistan Day

25 Greece Independence Day

Април 16 Denmark Birthday of H.M. Queen Margrethe II

19 Holy See Pontiff’s Day

Official Celebration of the Birthday of H.M.

30 Netherlands

Queen Beatrix

Мај 03 Poland National Day

12 Israel Independence Day

17 Norway Constitution Day

25 Argentina National Holiday

Hashemite

25 Kingdom of National Holiday

Jordan

30 Croatia Croatian Parliament Day

22 Министерство за надворешни работи, http://www.mfa.gov.mk/?q=node/275 /

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Јуни 02 Italy National Day

06 Sweden National Day

10 Portugal National Day

* United Kingdom Her Majesty’s Birthday

Russian

12 National Day

Federation

17 Iceland National Holiday

23 Luxembourg National Day

24 SMO of Malta National Day (Feast of St. John)

25 Slovenia National Day

25 Croatia National Day

Јули

01 Canada Canada day

01 Ghana Republic Day

United States of

04 Independence Day

America

06 Malawi National Day

13 Montenegro Independence Day

14 France National Day

21 Belgium Accession of King Leopold I (1831)

Anniversary of Revolution

23 Egypt

of 23 July, 1952

Accession to the Throne of

30 Morocco

King Mohamed VI

Август

01 Switzerland National Day

19 Afghanistan National Holiday

20 Hungary Founding of the State (State Holiday)

24 Ukraine Day of Independence

27 Moldova Day of Independence

31 Malaysia National Day

31 Kyrgyzstan National Day

Септември

01 Slovakia Constitution Day

07 Brazil Independence Day

08 Andorra National Day

09 Korea Republic Day

16 Mexico National Day

23 Saudi Arabia National Day

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Октомври

01 P.R. of China National Day

03 Germany National Day

08 Croatia Independence Day

12 Spain National Day

23 Hungary National Holiday

24 Zambia National Holiday

25 Kazakhstan Day of the Republic

26 Austria National Day

28 Czech Republic National Day

29 Turkey Republic Day

Ноември Anniversary of the Revolution

01 Algeria

of 1 November 1954

18 Latvia Independence Day

Bosnia and

25 National Day

Hercegovina

28 Albania National Day

11 Poland Independence Day

Декември

01 Romania National Day

06 Finland Day of Independence

16 Kazakhstan Independence Day

23 Japan The Emperor’s Birthday

26 Slovenia Independence Day

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ
Ѓ) УКАЗ ЗА КРИТЕРИУМИТЕ, НАЧИНОТ НА ДАВАЊЕ НА
ПОДАРОЦИ
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 56 од Законот за користење и располагање

со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска

сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15,

106/15 и 153/15), Владата на Република Македонија, на седницата,

одржана на 13.10.2015 година, донесе

УРЕДБА ЗА КРИТЕРИУМИТЕ, НАЧИНОТ НА ДАВАЊЕ И
ПРИМАЊЕ НА ДАРОВИ,ПРИЈАВУВАЊЕ НА ДАРОВИТЕ,
НАЧИНОТ НА ПРОЦЕНА НА ДАРОВИТЕ, НАЧИНОТ НА
ДОПЛАТА ЗА ЛИЧЕН ДАР, КАКО И КОРИСТЕЊЕТО,ЧУВАЊЕТО
И ЕВИДЕНЦИЈАТА НА СТВАРИТЕ ШТО СТАНАЛЕ ДРЖАВНА
СОПСТВЕНОСТ ПО ПАТ НА ДАР

Член 1

Со оваа уредба се пропишуваат критериумите, начинот на

давање и примање на дарови, пријавувањето на даровите, начинот

на процена на даровите, начинот на доплата за личен дар, како и

користењето, чувањето и евиденцијата на стварите што станале

државна сопственост по пат на дар.

Член 2

Одделни изрази употребени во оваа уредба го имаат следново

значење:

1.„Дарови“ се:

- недвижни ствари кои стануваат сопственост на Република

Македонија по пат на дар и

- движни ствари (книги, сувенири и други слични предмети) што

функционерите,

односно претставниците на државните органи ги даваат на

претставници на странски држави, нивни органи или организации,

меѓународни организации или странски правни лица како и на

домашни и странски физички и правни лица кои се заслужни за

меѓународна афирмација за развојот на Република Македонија во

прилики во кои вообичаено се разменуваат подароци, односно движни

ствари кои функционерите односно претставниците на државните

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

органи ги примаат од претставници на странски држави, нивни органи

и организации, меѓународни организации или странски правни лица

во знак на соработка, благодарност или почит.

2. „Евиденција на примени дарови“ е единствена листа која се

води врз основа на пријавените примени дарови .

1. ДАВАЊЕ ДАРОВИ

Член 3

(1) Претседателот на Република Македонија, претседателот на

Собранието на Република Македонија и претседателот на Владата

на Република Македонија како дар можат да даваат дарови од

домашно производство во износ не поголем од 500,00 евра во

денарска противвредност, според средниот курс на Народната банка

на Република Македонија на денот на набавката на дарот.

(2) Членовите на Владата на Република Македонија како

дар можат да даваат дарови од домашно производство во износ

не поголем од 250,00 евра во денарска противвредност, според

средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот

на набавката на дарот.

(3) Претставници на државните органи односно лица што се

определени да ја претставуваат Република Македонија како дар можат

да даваат дарови од домашно производство во износ не поголем од

100,00 евра во денарска противвредност, според средниот курс на

Народната банка на Република Македонија на денот на набавката

на дарот.

Член 4

Како дарови не можат да се даваат предмети што имаат

културно, историско и археолошко значење и вредност за Република

Македонија, а кои се заштитени со закон.

2.ПРИМАЊЕ ДАРОВИ

Член 5

(1) Република Македонија, државните органи и функционерите,

односно претставниците на државните органи, можат да примаат

дарови кои по примањето стануваат ствари во државна сопственост

освен даровите кои стануваат личен дар согласно членот 6 став (1)

и (2) од оваа уредба.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

(2) Државните органи се должни по пријавувањето да обезбедат

проценка на примените дарови.

(3) Проценката на даровите од став (1) на овој член ја вршат

овластени проценители согласно Законот за процена и истата се

евидентира како сметководствена вредност на стварта.

Член 6

(1) Функционерите од член 3 став (1) и (2) од оваа уредба,

примениот дар од претставници на странска држава, орган, институција

или меѓународна организација во знак на соработка, благодарност

или почит може да го задржат во сопственост, како личен дар доколку

вредноста на примениот пригоден дар не ја надминува вредноста од

100 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната

банка на Република Македонија на денот на примање на дарот.

(2) Дар чија вредност надминува 100 евра во денарска

противвредност, според средниот курс на Народна Банка на Република

Македонија на денот на примање на дарот, може да биде задржан

во сопственост како личен дар, доколку функционерот на државниот

орган ја доплати разликата до вредноста на дарот утврдена согласно

член 5 став (3) од оваа уредба, на сметка на Буџетот на Република

Македонија.

(3) За даровите кои ги примаат лицата кои се овластени да ги

претставуваат државните органи, а кои се од редот на стручните и

административни службеници, се применува Уредбата за начинот

на располагање со примените подароци, начинот на управување со

евиденцијата на примените подароци и други прашања во врска со

примањето на подароци („Службен весник на Република Македонија“

бр. 153/2014 ).

Член 7

(1) Функционерите, односно претставниците на државните

органи, се должни во рок од осум дена од приемот на дарот да го

пријават и да го предадат примениот дар на органот во кој ја извршува

должноста.

(2) Пријавата за примен дар треба да ги содржи следните

податоци:

- име и презиме на примателот на дарот,

- функцијата која ја извршува,

- назив на органот во кој ја врши функцијата,

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

- име и презиме и адреса на дарителот, односно назив и седиште

на правното лице или органот, доколку дарот е даден во име на правно

лице или орган,

- датум на прием на дарот,

- поводот за врачување на дарот, опис на дарот и

- изјава дали примениот дар ќе го задржи во сопственост како

личен дар.

Член 8

(4) Органот во кој функционерот ја извршува должноста води

евиденција на примените дарови, врз основа на известувањата за

примени дарови, која евиденција ги содржи следниве податоци:

-име, презиме и адреса на функционерот кој примил дар,

должноста која ја извршувал во моментот на примање на дарот;

- име, презиме и адреса на дарителот, односно име и седиште

на државниот орган или правното лице;

-опис на дарот;

- проценета вредност на дарот;

-датум на дарување;

-во чија сопственост ќе биде дарот (лична или државна) и

-датум на предавање на дарот на органот во кој функционерот

ја извршува должноста.

Член 9

(1) Примените дарови кои се државна сопственост кои имаат

употребна вредност, државните органи можат да ги користат за

извршување на работите од својата надлежност.

(2) Примените дарови кои неможат да се користат во смисла

на став (1) од овој член, државните органи треба да ги складирааат,

чуваат или изложуваат.

(3) За примените дарови кои треба да се чуваат, складираат

или изложуваат државниот орган обезбедува посебна просторија

во која ке имаат пристап само лицата овластени од функционерот

на органот, кои треба да се грижат за одржување и проверка на

состојбата на даровите, односно да се обезбеди посебен простор

за нивно изложување доколку се работи за дарови од уметничко,

културно или историско значење.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Член 10

(1) Република Македонија може да се стекне со недвижни ствари

по пат на дар од домашни и странски физички и правни лица врз

основа на еднострана изјава на волја на дарителот, дадена пред

органот надлежен за имотно-правни работи на чие подрачје се наоѓа

недвижноста.

(2) Едностраната изјава на волја ја дава физичкото лице

сопственик на недвижната ствар која е предмет на дар, односно

лицето кое го претставува правното лице сопственик на недвижната

ствар која е предмет на дар.

(3) Едностраната изјава на волја се нотира на записник кој треба

да ги содржи следните податоци: назив на органот пред кој се дава

изјавата, име и презиме на дарителот физичко лице, односно на

лицето кое го претставува правното лице сопственик на недвижната

ствар која е дар, податоци од имотен лист за недвижноста што се

подарува (катастарска парцела, катастарска општина, површина,

катност), потпис на дарителот и на службеното лице во органот

надлежен за имотно–правни работи во кој се дава изјавата и печат

на органот на длежен за имотно правни работи.

(4) Од страна на органот надлежен за имотно-правни работи

на чие подрачје се наоѓа недвижноста, едностраната изјава на волја

од став 2 на овој член и записникот се доставуваат на мислење до

Државното правобранителство на Република Македонија.

(5) По добиеното позитивно мислење од Државното

правобранителство на Република Македонија, едностраната изјава

на волја и записникот се доставуваат до Агенцијата за катастар на

недвижности заради запишување на недвижната ствар од став (1)

на овој член во сопственост на Република Македонија во Катастарот

на недвижности.

3. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 11

Со денот на влегување во сила на оваа уредба престанува да

важи Уредбата за критериумите и постапката за давање на подароци

од средствата што ги користат органите на државната власт („Службен

весник на Република Македонија“ бр. 75/2002) и Упатството за начинот

на евидентирање и чување на подароци добиени од претставници

на странска држава, орган, организација или институција на странска

држава орган, организација или институција на странска држава,

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

меѓународна организација или странски државјанин („Службен весник

на Република Македонија“ бр. 14/2003).

Член 12

Оваа уредба влегува во сила осмиот ден од денот на

објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 42-9973/1 Заменик на претседателот

13 октомври 2015 година на Владата на Република

Скопје Македонија,

м-р Владимир Пешевски, с.р.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ
Е) ПРАВИЛНИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПЛАКЕТИ, ЗНАЧКИ,
НАГРАДИ И ПОФАЛНИЦИ НА ВОЕНИОТ И ЦИВИЛНИОТ
ПЕРСОНАЛ НА СЛУЖБА ВО АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Член 1

Со овој правилник се уредува доделувањето на плакети, значки,

награди и пофалници на воениот и цивилниот персонал на служба во

Армијата на Република Македонија, за постигнат исклучителен успех

во службата.

Член 2

На воениот и цивилниот персонал можат да се доделат

следните признанија на

Армијата на Република Македонија (во натамошниот текст:

Армијата):

- плакета на Армијата (мала, средна и голема),

- значка на Армијата (бронзена, сребрена и златна),

- значка на Армијата за партнерство, координација и соработка

(бронзена, сребрена и златна),

- значка за долгогодишна служба во Армијата (бронзена,

сребрена и златна),

- награди (наградно отсуство и предметна награда) и

- пофалница.

Член 3

Плакетите, значките, наградите и пофалниците од членот 2 од

овој правилник се доделуваат секоја година и тоа:

- на Денот на Армијата „18-ти Август“,

- на свечените постројувањата за денот на командите и

единиците,

- за време на државни празници, јубилеи и годишнини,

- непосредно пред заминување на воениот и цивилниот персонал

во пензија,

- за долгогодишна служба во Армијата и

- при враќање од меѓународни и хуманитарни мисии и операции.

Член 4

Плакетите, значките, наградите и пофалниците можат да се

доделат и посмртно, а се врачуваат на членовите на потесното

семејство на наградениот.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Член 5

Плакетите, значките, наградите и пофалниците се доделуваат

од страна на началникот на Генералштабот на Армијата или од него

овластено лице, освен признанијата за долгогодишна служба во

Армијата кои се доделуваат од страна на министерот за одбрана или

од него овластено лице.

Член 6

Плакети на Армијата се: Голема, Средна и Мала плакета.

Член 7

Голема плакета се доделува на воениот и цивилниот персонал

за повеќегодишни остварени извонредни резултати во обуката

и севкупната дејност во изградбата на борбената готовност и

оспособувањето на Армијата.

Член 8

Голема плакета во знак на признание за исклучително успешно

работно ангажирање во изградбата на Армијата може да се додели

и на припадниците од постојаниот состав на Армијата на кои

службата им престанува по основ на пензионирање, непосредно пред

престанокот на работниот однос.

Член 9

Средна плакета се доделува на воениот и цивилниот персонал за

повеќегодишни остварени резултати во обуката и севкупната дејност

во изградбата на борбената готовност и оспособувањето на Армијата.

Член 10

Средна плакета во знак на признание за работното ангажирање

во изградбата на Армијата, може да се додели и воениот и цивилниот

персонал по поминати 20 години служба или за остварени исклучителни

високи резултати во обуката и борбената изградба на Армијата и пред

поминати 20 години служба.

Член 11

Мала плакета се доделува на воениот и цивилниот персонал

за повеќегодишни остварени резултати во обуката и севкупната

дејност во изградбата на борбената готовност и оспособувањето

на Армијата.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Член 12

Мала плакета во знак на признание за работното ангажирање во

изградбата на Армијата може да се додели и на воениот и цивилниот

персонал по поминати десет години служба или за остварени

исклучителни високи резултати во обуката и борбената изградба на

Армијата и пред поминати десет години служба.

Член 13

Големата плакета се изработува на основа во правоаголна

форма со димензии 220х170х18мм, а симболот со димензии

135х75мм.

Големата плакета се предава и чува во кутија.

Средната плакета се изработува на основа во правоаголна

форма со димензии 200х150х15мм. Симболот е со димензии

95х55мм и на задната страна има механизам за закачување.

Малата плакета се изработува во правоаголна форма со

димензии 150х100х10мм.

Симболот е со димензии 65х40мм и на задната страна има

механизам за закачување.

Член 14

Големата, Средната и Малата плакета се изработуваат од дрво-

варена бука.

Симболот на плакетите од став 1 на овој член е стилизиран

цвет од сончоглед изработен од метал во златно жолта боја. Цветот

го претставуваат 12 листови со златна боја обвиени со две ловорови

гранчиња со златно жолта боја во полукруг, а во средината е црвено

поле со кружен облик на кое е испишан текстот „АРМ“.

Под цветот од сончоглед се наоѓа плоснат меч во вертикална

положба, така што почетокот на венецот започнува од ограничувачот

на дршката на мечот, а завршува на првата третина од горниот дел

на сечивото.

Симболот е изработен во форма на овал со релјеф. Основата

на која е изведен симболот е од пластифициран материјал со сјајна

црвена боја и во облик на елипса.

Симболот на плакетите од став 1 на овој член е поставен на

позадина од територијата на Република Македонија, која е во златна

боја со дизајнирани зраци од знамето на Република Македонија во

златна нијанса.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Плакетите се обрабени со традиционален македонски вез во

бордо боја.

Изгледот на симболот е даден во Прилог бр. 1 кој е составен

дел на овој правилник.

Член 15

Плакетите кои им се доделуваат на воениот и цивилниот

персонал, имаат минијатурни ленти со димензии 10мм со 35 мм.

Минијатурната лента за Големата плакета е со жолта боја (РГБ

255, 240, 0). На растојание од 2 мм од краевите на лентата има по

една лента во бордо боја (РГБ 160, 50, 50) со ширина од 2 мм.

Минијатурната лента за Средната плакета е со жолта боја (РГБ

255, 240, 0). На растојание од 2 мм од краевите на лентата има по

две ленти во бордо боја (РГБ 160, 50, 50) со ширина од 2 мм со

меѓусебно растојание на лентите од 2мм.

Минијатурната лента за Малата плакета е со жолта боја (РГБ

255, 240, 0). На растојание од 2 мм од краевите на лентата има по три

ленти во бордо боја (РГБ 160, 50, 50) со ширина од 2 мм со меѓусебно

растојание на лентите од 2мм.

Член 16

Голема, Средна и Мала плакета може да се додели само еднаш.

Доделувањето на Големата, односно Средната плакета не ја

исклучува можноста од доделување на Средна, односно Мала плакета.

Член 17

Значка на Армијата се доделува од страна на началникот

на Генералштабот на Армијата, а со негова согласност и од страна

на воените старешини до ранг командант на полк-бригада.

Член 18

На воениот и цивилниот персонал може да се додели: Златна,

Сребрена и Бронзена значка.

Член 19

Значката од членот 18 од овој правилник се доделува во знак

на сеќавање на одреден настан и може да се додели само еднаш.

Доделувањето на Златната значка, односно Сребрената

значка не ја исклучува можноста од доделување на Сребрена,

односно Бронзена значка.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Член 20

Златната значка на Армијата се изработува со лиење од метал

и истата е позлатена. Симболот на значката е ист како и симболот

на плакетата на Армијата, во форма на елипса со димензии 16 мм

со 9,5мм и истиот е прелиен со високо сјајна смола која му дава

волумен. Симболот е ставен на позадина од картата на територијата

на Република Македонија, со димензии 24 мм со 18 мм.

Сребрената значка на Армијата се изработува со лиење

од метал и истата е пониклувана. Симболот на значката е ист како

и симболот на плакетата на Армијата со димензии 16 мм со 9,5мм,

изработен во релјеф и пониклуван. Симболот е ставен на позадина

од картата на територијата на Република Македонија, со димензии

24 мм со 18 мм.

Бронзената значка на Армијата се изработува со лиење од метал

и истата е месингувана и патинирана. Симболот на значката е ист како

и симболот на плакетата на Армијата со димензии 16 мм со 9,5мм,

изработен во релјеф, месингуван и патиниран. Симболот е ставен на

позадина од картата на територијата на Република Македонија, со

димензии 24 мм со 18 мм.

Член 21

Значката на Армијата има минијатурна лента со димензии 10мм

со 35 мм.

Минијатурната лента на Златната значка е со жолта боја (РГБ

255, 240, 0). Од краевите на лентата има по едно поле во бордо боја

(РГБ 160, 50, 50) со ширина од 12 мм. На средината има лента во

виолетова боја (РГБ 102, 0, 102) со ширина од 2мм.

Минијатурната лента на Сребрената значка е со жолта боја (РГБ

255, 240, 0). На 2мм од краевите на лентата има по едно поле во

бордо боја (РГБ 160, 50, 50) со ширина од 10 мм. На средината има

лента во виолетова боја (РГБ 102, 0, 102) со ширина од 2мм.

Минијатурната лента на Бронзената значка е со жолта боја (РГБ

255, 240, 0). На 2мм од краевите на лентата има по една лента во бордо

боја (РГБ 160, 50, 50) со ширина од 1 мм и по една лента во жолта

боја (РГБ 255, 240, 0) со ширина од 1мм. Во продолжение има по едно

поле со бордо боја (РГБ 160, 50, 50) со ширина од 8мм. На средината

има лента во виолетова боја (РГБ 102, 0, 102) со ширина од 2мм.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Член 22

На цивилниот и воениот персонал за остварени особени

резултати и достигнувања во координацијата и соработката при

заедничко учество во активности од интерес за Армијата со

физички и правни лица, владини и невладини организации, државни

институции, странски вооружени сили, меѓународни организации и

агенции, се доделува Значка на Армијата за партнерство, координација

и соработка.

На воениот и цивилниот персонал може да се додели: Златна,

Сребрена или Бронзена значка на Армијата за партнерство,

координација и соработка.

Доделувањето на Златната значка, односно Сребрената значка

од став 2 на овој член не ја исклучува можноста од доделување на

Сребрена, односно Бронзена значка.

Член 23

Златната значка на Армијата за партнерство, координација и

соработка се изработува со лиење од метал и истата е позлатена.

Значката е во кружна форма со дијаметар од 27мм. На надворешната

страна од кругот со големина од 5 мм има релјефно издигнување,

на кое од долната страна се поставени две лаворови гранчиња

изработени во релјеф, со големина од 3мм. Во останатиот дел од

просторот испишани се зборовите „КООРДИНАЦИЈА, СОРАБОТКА,

ПАРТНЕРСТВО“ со големина од 3 мм, кои меѓусебно се одвоени

со ѕвезди. На горниот дел на внатрешниот круг од значката е поставен

единствениот знак на Армијата, со дијаметар од 10 мм и истиот е

во релјеф и прелиен со високо сјајна смола која му дава волумен.

Под знакот во долниот дел се поставени две раце поставени во

поздравување.

Сребрената значка на Армијата за партнерство, координација и

соработка се изработува со лиење од метал и истата е пониклувана.

Значката е во кружна форма со дијаметар од

27мм. На надворешната страна од кругот со големина од 5 мм

има релјефно издигнување, на кое од долната страна се поставени

две лаворови гранчиња изработени во релјеф, со големина од

3мм. Во останатиот дел од просторот испишани се зборовите

„КООРДИНАЦИЈА, СОРАБОТКА, ПАРТНЕРСТВО“ со големина од 3 мм,

кои меѓусебно се одвоени со ѕвезди. На горниот дел на внатрешниот

круг од значката е поставен единствениот знак на Армијата, со

дијаметар од 10 мм и истиот е во релјеф и прелиен со високо сјајна

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

смола која му дава волумен. Под знакот во долниот дел се поставени

две раце поставени во поздравување.

Бронзената значка на Армијата за партнерство, координација и

соработка се изработува со лиење од метал и истата е месингувана и

патинирана. Значката е во кружна форма со дијаметар од 27мм. На

надворешната страна од кругот со големина од 5 мм има релјефно

издигнување, на кое од долната страна се поставени две лаворови

гранчиња изработени во релјеф, со големина од 3мм. Во останатиот

дел од просторот испишани се зборовите „КООРДИНАЦИЈА,

СОРАБОТКА, ПАРТНЕРСТВО“ со големина од 3 мм, кои меѓусебно се

одвоени со ѕвезди. На горниот дел на внатрешниот круг од значката

е поставен единствениот знак на Армијата, со дијаметар од 10 мм

и истиот е во релјеф и прелиен со високо сјајна смола која му дава

волумен. Под знакот во долниот дел се поставени две раце поставени

во поздравување.

Член 24

Значката на Армијата за партнерство, координација и соработка

има минијатурна лента со димензии 10мм со 35 мм.

Минијатурната лента на Златната значка е со сина боја (РГБ 0,

150, 250). На средината на лентата е поставено едно поле со ширина

од 5 мм, кое се состои од една лента во бела боја со ширина од 2

мм, а лево и десно од белата лента има по една лента во зелена боја

(РГБ 50, 150, 100) со ширина од 1,5 мм.

Минијатурната лента на Сребрената значка е со сина боја (РГБ 0,

150, 250). На 10 мм од краевите на лентата има по едно поле кое се

состои од една лента во бела боја со ширина од 2 мм, а лево и десно

од белата лента има по една лента во зелена боја (РГБ 50, 150, 100)

со ширина од 1,5 мм.

Минијатурната лента на Бронзената значка е со сина боја (РГБ

0, 150, 250). На 5 мм од краевите на лентата има по едно поле кое

се состои од една лента во бела боја со ширина од 2 мм, а лево и

десно од белата лента има по една лента во зелена боја (РГБ 50, 150,

100) со ширина од 1,5 мм. На растојание од 5 мм од овие полиња,

на средината на лентата има едно поле кое се состои од една лента

во бела боја со ширина од 2 мм, а лево и десно од белата лента има

по една лента во зелена боја (РГБ 50, 150, 100).

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Член 25

На воениот и цивилниот персонал за поминати десет, дваесет и

триесет години служба во Армијата, им се доделува јубилејна Значка

за долгогодишна служба.

Член 26

Значката за долгогодишна служба во Армијата се доделува од

страна на министерот за одбрана, на предлог на Генералштабот, врз

основа на податоците од евиденција во персоналното досие, и тоа:

- Златна значка за долгогодишна служба за поминати триесет

години активна воена служба во Армијата,

- Сребрена значка за долгогодишна служба за поминати дваесет

години активна воена служба во Армијата и

- Бронзена значка за долгогодишна служба за поминати десет

години активна воена служба во Армијата.

Член 27

Златната значка за долгогодишна служба во Армијата се

изработува со лиење од метал и истата е позлатена. Значката е во

кружна форма со дијаметар од 27мм. На средината на значката е

поставен единствениот знак на Армијата, со дијаметар од 15мм и

истиот е во релјеф и прелиен со високо сјајна смола која му дава

волумен. На 1 мм над знакот во горниот дел во полукруг е испишан

текст „10 ГОДИНИ СЛУЖБА“ со големина од 4мм. На 1мм под знакот

во полукруг се поставени две ловорови гранчиња изработени во

релјеф, со големина од 3мм.

Сребрената значка за долгогодишна служба во Армијата се

изработува со лиење од метал и истата е пониклувана. Значката е

во кружна форма со дијаметар од 27мм. На средината на значката

е поставен единствениот знак на Армијата, со дијаметар од 15мм

и истиот е во релјеф и прелиен со високо сјајна смола која му дава

волумен. На 1 мм над знакот во горниот дел во полукруг е испишан

текст „20 ГОДИНИ СЛУЖБА“ со големина од 4мм. На 1мм под знакот

во полукруг се поставени две ловорови гранчиња изработени во

релјеф, со големина од 3мм.

Бронзената значка за долгогодишна служба во Армијата се

изработува со лиење од метал и истата е месингувана и патинирана.

Значката е во кружна форма со дијаметар од 27мм. На средината

на значката е поставен единствениот знак на Армијата, со дијаметар

од 15мм и истиот е во релјеф и прелиен со високо сјајна смола која

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

му дава волумен. На 1 мм над знакот во горниот дел во полукруг е

испишан текст „20 ГОДИНИ СЛУЖБА“ со големина од 4мм. На 1мм под

знакот во полукруг се поставени две ловорови гранчиња изработени

во релјеф, со големина од 3мм.

Член 28

Значката за долгогодишна служба во Армијата има минијатурна

лента со димензии 10мм со 35 мм.

Минијатурната лента на Златната значка е со сивосина боја (РГБ

90, 150, 150). На растојание од 2 мм од краевите на лентата има по

една лента во сина боја (РГБ 75, 170,

200) со ширина од 2 мм.

Минијатурната лента на Сребрената значка е со сивосина боја

(РГБ 90, 150, 150). На растојание од 2 мм од краевите на лентата

има по две ленти во сина боја (РГБ 75, 170, 200) со ширина од 2 мм

со меѓусебно растојание на лентите од 2мм.

Минијатурната лента на Бронзената значка е со сивосина боја

(РГБ 90, 150, 150). На растојание од 2 мм од краевите на лентата

има по три ленти во сина боја (РГБ 75, 170, 200) со ширина од 2 мм

со меѓусебно растојание на лентите од 2мм.

Член 29

На носителите на плакетите и значките им се издава уверение

за доделената плакета или значка.

Член 30

Изгледот на Плакетата на Армијата е даден во Прилог бр.2 кој

е составен дел на овој правилник.

Изгледот на Значката на Армијата, Значката на Армијата за

партнерство, координација и соработка, Значката за долгогодишна

служба во Армијата и изгледот на минијатурните ленти се дадени во

Прилог бр.3 кој е составен дел на овој правилник.

Член 31

Награди на Армијата, за вонредно залагање и постигнување

исклучителни резултати во извршувањето на работите и задачите во

службата се доделуваат на воениот и цивилниот персонал на служба

во Армијата.

Наградите се доделуваат како наградно отсуство, односно како

предметна награда.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Член 32

Наградни отсуства се доделуваат од страна на министерот за

одбрана и воените старешини на командни или раководни должности,

и тоа:

а) на професионални војници, војници и питомци на Воената

академија:

- министерот за одбрана до 15 дена,

- началникот на Генералштабот на Армијата до 12 дена,

- командантот на Здружената оперативна команда до девет

дена,

- командант на полк-бригада и нему рамна единица до седум

дена,

- командант на баталјон до пет дена и

- командир на чета до два дена

б) на воени старешини и цивилни лица:

- министерот за одбрана до 15 дена,

- началникот на Генералштабот на Армијата до 12 дена,

- командантот на Здружената оперативна команда до седум

дена,

- командант на полк-бригада и нему рамна единица до пет дена.

Член 33

Како предметна награда може да се додели огнено оружје

(пиштол или пушка),

часовник, слика, книга и други предмети.

Поединечната вредност на наградата од став 1 на овој член не

може да изнесува повеќе од 1.000 ЕВРА во денарска противвредност

пресметана по среден курс на Народната банка на Република

Македонија, на денот на доделувањето на наградата.

Член 34

Пофалница на Армијата за вонредно залагање и постигнување

особени резултати во извршувањето на работите и задачите на

службата се доделуваат од страна на министерот за одбрана и воените

старешини на командни должности до полк-бригада.

Член 35

Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува

да важи Правилникот за доделување на плакети, значки, награди

и пофалници на воени и цивилни лица на служба во Армијата на

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.

49/03 и 153/09).

Член 36

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на

објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
Ж) УРЕДБА ЗА ЛИЧНОСТИТЕ И ОБЈЕКТИТЕ ШТО СЕ
ОБЕЗБЕДУВААТ, ВИДОВИТЕ НА МЕРКИ И АКТИВНОСТИ И
СТЕПЕНИТЕ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 127 од Законот за полиција („Службен

весник на Република Македонија” бр. 114/2006, 6/2009, 145/2012 и

41/2014), Владата на Република Македонија, на седницата одржана

на 18.3.2014 година, донесе

УРЕДБА
ЗА ЛИЧНОСТИТЕ И ОБЈЕКТИТЕ ШТО СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ,
ВИДОВИТЕ НА МЕРКИ И АКТИВНОСТИ И СТЕПЕНИТЕ НА
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со оваа уредба се определуваат личностите и објектите што

се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на

обезбедување.

Член 2

Под обезбедување на личности и објекти во смисла на оваа

уредба се подразбира планирање, организирање, координирање

и извршување на оперативно-превентивни, превентивно-технички,

физички, здравствени и други мерки и активности со цел за

обезбедување на:

- највисоките претставници на органите на државната власт на

Република Македонија кога се во Република Македонија, а кога се

во официјални и работни посети на странски држави во содејство и

соработка со странски служби задолжени за обезбедување;

- странски државници (претседатели на држави, влади,

парламенти и владетели-суверени и други носители на официјални

државни функции) кои се во официјални и работни посети на Република

Македонија и странски делегации од понизок ранг во работни посети

од особено значење и интерес за Република Македонија, како и

највисоки претставници на меѓународни организации кои се во

официјални и работни посети на Република Македонија;

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

- седиштата на органите на државната власт и просторот околу

нив, како и резиденцијалните и репрезентативните објекти и околниот

простор што им припаѓа на органите на државната власт на Република

Македонија;

- дипломатско-конзуларните претставништва и резиденции на

Република Македонија во странство во содејство и соработка со

странски служби за обезбедување врз основа на реципроцитет или

склучен договор;

- странските дипломатско-конзуларни претставништва во

Република Македонија и нивните резиденции врз основа на

реципроцитет или склучен договор и меѓународните мисии со седиште

во Република Македонија врз основа на меѓународен договор

ратификуван од Република Македонија;

- манифестации од интерес за Република Македонија, во

организација на органите на државната власт на Република

Македонија или други правни лица на кои присуствуваат или се

очекува да присуствуваат личностите кои се обезбедуваат согласно

со оваа уредба и

- објекти и простори кои се од посебно значење и интерес за

безбедноста и одбраната на Република Македонија.

Мерките и активностите од ставот 1 на овој член Министерството

за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата на

Република Македонија ги преземаат самостојно или во соработка и

содејство со други безбедносни органи, служби, правни или физички

лица, секој во рамките на своите надлежности и овластувања утврдени

со закон.

Член 3

За обезбедување на личностите и објектите од оваа уредба

се преземаат редовни, вонредни и посебни мерки и активности за

обезбедување.

По проценка на загрозеноста по безбедноста на личностите

и објектите што се обезбедуваат, а во зависност од актуелната

политичко-безбедносна состојба, нарушувањето на јавниот ред и мир

во поголеми размери, воена или вонредна состојба, како и за време

на елементарни непогоди и епидемии, се преземаат и дополнителни

мерки и активности за обезбедување согласно закон.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
II. ЛИЧНОСТИ КОИ СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ

Член 4

Од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни,

вонредни и посебни мерки и активности постојано се обезбедуваат

следниве личности:

- Претседателот на Република Македонија;

- претседателот на Собранието на Република Македонија;

- претседателот на Владата на Република Македонија;

- замениците на претседателот на Владата на Република

Македонија;

- министерот за внатрешни работи;

- министерот за одбрана;

- министерот за надворешни работи и

- директорот на Бирото за јавна безбедност и директорот на

Управата за безбедност и контраразузнавање во Министерството

за внатрешни работи.

Од страна на Министерството за внатрешни работи со

редовни мерки и активности за обезбедување се обезбедуваат и

членовите на потесното семејство на Претседателот на Република

Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија

и претседателот на Владата на Република Македонија.

Под членови на потесното семејство на личностите кои се

обезбедуваат од ставот 2 на овој член во смисла на оваа уредба се

подразбираат брачниот другар и децата до навршена 21 година живот.

Член 5

Врз основа на претходна безбедносна проценка изготвена од

Министерството за внатрешни работи, од страна на министерот за

внатрешни работи може да се определат редовни мерки и активности

за обезбедување на следниве личности:

- министерот за правда;

- министерот за финансии;

- јавниот обвинител на Република Македонија и

- претседателот на Уставниот суд на Република Македонија.

За личностите од ставот 1 на овој член, во случаи кога е оценет

висок степен на опасност по нивниот живот и личниот интегритет, од

страна на министерот за внатрешни работи може да се определат

вонредни и посебни мерки и активности за обезбедување за

времетраење на опасноста.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

Со вонредни мерки и активности за обезбедување се обезбеду-

ваат и кандидатите за избор на претседател на Република Македонија

за времетраење на изборната кампања.

Од страна на министерот за внатрешни работи може да се

определат мерки и активности за обезбедување и за други личности

кои извршуваат јавни функции по нивно барање, во зависност од

безбедносната проценка, доколку е проценет висок степен на опасност

по нивниот живот и личниот интегритет, а поради извршување на

определени дејствија во вршењето на нивната функција.

Член 6

Од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни

мерки и активности за обезбедување се обезбедуваат и:

- Претседателот на Република Македонија по престанување

на функцијата и членовите на неговото потесно семејство согласно

закон и

- претседателот на Владата на Република Македонија на кого

му престанала функцијата согласно закон.

За личностите од ставот 1 на овој член на кои им престанала

функцијата, во случаи кога е оценет висок степен на опасност по

нивниот живот и личниот интегритет, од страна на министерот за

внатрешни работи може да се определат вонредни и посебни мерки

и активности за обезбедување за времетраење на опасноста.

Покрај личностите од ставот 1 на овој член, од страна на

министерот за внатрешни работи може да се определат редовни

мерки и активности за обезбедување по престанокот на функцијата

на претседателот на Собранието на Република Македонија, членови

на Владата на Република Македонија, како и на други личности на кои

им престанала функцијата во случаи кога е оценет висок степен на

опасност по нивниот живот и личниот интегритет поради преземени

определени дејствија во вршењето на нивната функција, но најдолго

до една година по престанување на функцијата.

Член 7

Од страна на Министерството за внатрешни работи, во

соработка и координација со Министерството за одбрана и Армијата

на Република Македонија, со определени мерки и активности за

обезбедување се обезбедуваат странските воени и меѓународни

воени делегации во посета на Република Македонија.

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Член 8

При примопредавање на должноста помеѓу Претседателот на

Република Македонија и Претседателот на Република Македонија на

кој му престанува функцијата, примопредавањето на класифицирани

информации се обезбедува од страна на овластени службени лица

на Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија

и Министерството за внатрешни работи.

При примопредавање на должноста помеѓу личностите кои

постојано се обезбедуваат на кои им престанува функцијата и

личностите кои ја преземаат соодветната функција, примопредавањето

на класифицираните информации се обезбедува од страна на

овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи,

а за министерот за одбрана и од страна на овластени службени

лица на Министерството за одбрана и Армијата на Република

Македонија, за што се составуваат акти во согласност со прописите

од оваа област.

Овластените службени лица од ставовите 1 и 2 на овој член

поседуваат безбедносен сертификат со степен на класификација во

зависност од степенот на класификација на информациите што се

примопредаваат.

III. ОБЈЕКТИ ШТО СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ

Член 9

Од страна на Министерството за внатрешни работи,

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија со

редовни, вонредни и посебни мерки и активности за обезбедување

постојано се обезбедуваат:

- работните простории на Претседателот на Република

Македонија (кабинет) и

- резиденцијалниот објект во кој живее Претседателот на

Република Македонија со неговото потесно семејство.

Резиденциите и репрезентативните објекти во сопственост

на Република Македонија, во кои по потреба повремено престојува

Претседателот на Република Македонија, постојано се обезбедуваат

од страна на Министерството за внатрешни работи, а од страна на

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија само

за време на престојот на Претседателот на Република Македонија

во објектите.

Заклучок
ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
ЗАКЛУЧОК

Протоколот претставува неодвоив дел од функционирањето

на секоја организација или институција. Тој „де факто“ го одредува

степенот на функционалност и ефикасност во извршувањето на

секојдневните задачи и одговорности. Мора да се има предвид дека

од самите почетоци оваа егзактна наука за доброто однесување,

прерасна во збир на правила кои се од есенцијално значење за бес-

прекорното функционирање.

Голем удел во организацијата на протоколот имаат и лидерите,

односно водачите во протоколот. Познавањето на нивните каракте-

ристики е елемент кој мора да се запази доколку целта е да се креира

еден ентитет кој механички ќе го придвижува процесот на работа.

Комуникативноста, организациските способности, кооперативноста и

флексибилноста се само дел од базичните особини кои мора да бидат

составен дел од личноста на секој кој се занимава со протоколарните

активности. Непоседувањето на овие карактеристики доведува до

неефикасност и уште поважно неефективност во реализацијата на

поставените активности.

А, потребата од беспрекорност е нужна во секој момент и на

секое место. Меѓудржавните контакти кои го детерминираат текот на

меѓународните политички односи во голема мера се под влијание на

организацијата која е во делокругот на работа на протоколот.

И токму поради важноста на протоколот, евидентна беше по-

требата од разгледување на мометналната состојба на протоколар-

ните организациони единици на ниво на Република Македонија, како

и потребата од утврдување на сет мерки кои, доколку е потребно, ќе

се применат во развојот на овие единици на државната, на јавната

управа, па и во приватниот сектор.

Резултатите од анализирањето на состојбата јасно дадоа до

знаење дека мора да се преземат одредени чекори кои ќе го осигурат

функционирањето на протоколот во Република Македонија, сега и

во иднина.

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

А, чекорот е голем исто толку колку што е голема потребата

истиот да се преземе, во најбрз можен рок. Креирањето на еден,

единствен државен протокол мора да биде нашата цел број еден.

Имајќи го предвид обемот на промената и можните отпори се, исто

така, бројни. Сепак, мислењето на експертите добиено преку алатката

прашалник ни покажува дека и покрај можните отпори и предизвици,

патот на креирањето на единствен државен протокол мора да се

изоди до крај. Ние мораме да креираме организациска единица која

работи во и за Република Македонија, единица која ќе ни овозможи

енергично, беспрекорно претставување на нашата држава во сите

контакти со меѓународните чинители.

Единствениот државен протокол на ниво на Република Ма-

кедонија е алката која недостасува, алката која мора да биде наш

императив.

Прилози и Библиографија
ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

ПРИЛОГ 2 – Прашалник

Јануари, 2013 година

До:

Почитуван/на,

Имајќи го предвид Вашето работење како и успешноста на

Вашиот орган на државна и јавна управа и други институции, Ве

замолувам да го дадете Вашиот придонес одговарајќи на следните

прашања во анкетата согласно дадените упатства.

Вашите одговори на емпириското истражување кое го спрове-

дувам се дел од изработката на мојот специјалистички труд „Воспо-

ставување на единствен државен протокол на ниво на Република

Македонија“ под менторство на Доц. д-р Марјан Танушевски пријавена

и прифатена од Бизнис академија Смилевски - БАС во Скопје.

Одговорите ќе ми послужат за поткрепа на теоријата, тезите

и хипотезите од областа на стратегискиот менаџмент гледано низ

призма на протоколарните активности во Република Македонија, прво

истражување од ваков вид во Република Македонија.

Ве уверувам дека одговорите на прашањата, Вашите податоци

како и податоците за Вашата компанија ќе бидат наменети само за

потребите на специјалистичкиот труд и истите нема да бидат злоу-

потребени.

Ви благодарам за одвоеното време.

Со почит,

Санде Смиљанов, МБА студент

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

1. Подвлечете во кој државна институција работите во дело-

кругот на протокол и дипломатија?

а) Претседателот на РМ

б) Претседателот на Собрание на РМ

в) Влада на РМ

г) Министерство

д) Армија на Република Македонија

ѓ) Органи на државна управа

е) Органи на јавна управа

ж) Институциите на локалната самоуправа

з) Аеродромски протокол

2. Колку години сте на оваа работна позиција ?

а) помалку од 1 година

б) 1-5 години

в) 5-10 години

г) 10-15 години

д) над 15 години

3. Дали институциите имаат потреба од протокол?

а) ДА

б) НЕ

в) НЕ СУМ СИГУРЕН

4. Дали во овој моментво институцијата во која работите рас-

полага со човечки и материјално – технички ресурси за организирање

на протокол?

а) ДА

б) НЕ

в) НЕ СУМ СИГУРЕН

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

5. Кои се слабостите на досегашниот систем на протоколот во

вашата институција?

Врз принципот на самопроцена, Ве молам рангирајте ги след-

ниве опции, имајќи пред вид дека:

1-неважно, 2-помалку важно, 3- важно, 4-многу важно,

5-исклучително важно.

1 2 3 4 5

работа по различни

системи

недоволна комуникација

непостоење на соодветни

служби(не постоење

на единствен државен

протокол)

немање на доволни

човечки ресурси и немање

на материјално технички

средства

немање на доволна

можност за обука од

областа на протоколот

6. Дали мислите дека со воспоставување наединствен државен

протокол ќе се ќе се поедностави работата на сите институции кои

што извршуваат активности од овој вид?

□ а) ДА

б) НЕ

в) НЕ СУМ СИГУРЕН

7. Дали мислите дека со воспоставување на единствен државен

протокол би можеле да се надминат грешките и неправилностите би

можеле да се надминат на минимум?

а) ДА

б) НЕ

в) НЕ СУМ СИГУРЕН

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

8. Дали мислите дека со воспоставувањето на единствен

државен протокол ќе се намали времето за спроведување на пред-

метните активности?

а) ДА

б) НЕ

□ в) НЕ СУМ СИГУРЕН

9. Дали со воспоставувањето наединствен државен протокол

ќе се зголеми ефикасноста на протоколарните активности?

а) ДА

б) НЕ

в) НЕ СУМ СИГУРЕН

10. Дали со воспоставувањето на единствен државен протокол

комуникацијата помеѓу институциите ќе биде на многу подобро ниво

во однос на своите секојдневни активности (на пример: поедноста-

вување во остварувањето на своите дневни, месечни, тромесечни,

шестмесечни и годишни агенди од делокругот на протоколот)?

а) ДА

б) НЕ

в) НЕ СУМ СИГУРЕН

11. Дали е потребна Уредба/ Правило во кој би се навеле сите

протоколарни правила при што дел од нив би се адаптирале на маке-

донскиот политички, државен, систем?

а) ДА

б) НЕ

в) НЕ СУМ СИГУРЕН

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

12. Во процесот на изготвување на единствен државен про-

токол, според Вас кои параметри требада се земат предвид?

Врз принципот на самопроцена, Ве молам рангирајте ги след-

ниве опции, имајќи во пред вид дека:

1-неважно, 2-помалку важно, 3-важно, 4-многу важно, 5-исклу-

чително важно.

Да се анализираат протоколите на други земји држави

Да се разгледаат досегашните искуствата и применат

позитивните искуства

Теоретски сознанија од областа на протоколот

13. Според Вас дали има потреба секоја државна институција

да има соодветна служба која ќе соработува со единствената служба

на државен протокол?

а) ДА

б) НЕ

в) НЕ СУМ СИГУРЕН

14. Кои би биле предностите, придобивките од воспоставу-

вањето на ваквиот државен систем на протоколот?

**** изберете еден од понудените одговори

а) воспоставување на единствен Правилник за протокол и

соодветна легислатива;

б) олеснување на работата на службите за протокол;

в) постојана комуникација и соработка со главната служба

за протокол;

г) воспоставување на посебни служби во рамките на ин-

ституциите, коишто имаат потреба од овој вид на активности;

д) можност за обуки и размена на искуства меѓу службите;

ѓ) *_____________

* Ваш предлог!

ОВИН

ЛОКОТОРП
НЕВАЖРД
НЕВТСНИДЕ
ЕЊАВУВАТСОПСОВ

15. Дали треба во имплементацијата на единствен државен

протоколда сепрактикува примерот на протоколите од државите со

поголема традиција од областа на протоколот?

а) ДА

б) НЕ

в) НЕ СУМ СИГУРЕН

16. Дали Вашата институција во која работите има соодветни

теоретски предзнаења за организирање и реализирање на соодветен

протокол?

а) ДА

□ б) НЕ

в) НЕ СУМ СИГУРЕН

17. Дали посебна служба за протокол ќе претставува допол-

нителен трошок на вашата институција?

а) ДА

б) НЕ

в) НЕ СУМ СИГУРЕН

18. Дали имплементацијата на Единствен државен протокол

треба да биде на рамниште на:

**** изберете еден од понудените одговори

а) органи на државна управа;

б) органи на јавна управа;

в) локални самоуправи;

г) Дирекции формирани од страна на владата;

д) Јавни претпријатија формирани од страна на Владата;

ѓ) Друго;

ЕДИНСТВЕН
ДРЖАВЕН
ПРОТОКОЛ

НИВО

РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

19. Доколку единствениот државен протокол на ниво на РМ би

поседувал сопствен возен парк дали би бил поефикасен и ефективен?

а) ДА

б) НЕ

в) НЕ СУМ СИГУРЕН

20. Дали треба да постои независна, посебна агенција за ор-

ганизирање на државен протокол чии услуги би биле во функција на

изнајмувачите?

а) ДА

б) НЕ

в) НЕ ЗНАМ

💰 Набави ја книгата

FREE
Бесплатен преглед
  • Вовед и Глава I
💎 HOT
$19.99
Premium пристап
  • Целосна книга МК + EN
  • PDF преземање
  • Доживотен пристап
20%
Партнерска програма
  • 20% провизија
  • Refersion трекинг
Web Crypto API · SHA-256

⛓️ Блокчејн SHA-256 Верификација

🔐 Генерирај SHA-256 хеш
Притисни Генерирај...
👨‍🎓
МБА Спец. Санде Смиљанов · Sande Smiljanov, MBA
Автор · [email protected]
Рецензенти: Vonр. проф. д-р Марјан Танушевски, Проф. д-р Јордан Плевнеш и Проф. д-р Александар Стојчев. Печатено во АД Киро Дандаро, Битола. Контакт: [email protected]
© МБА Санде Смиљанов · All rights reserved
Книга 2 · Второ издание
LinkedIn
Facebook
Instagram
X / Twitter
YouTube
TikTok
Telegram
WhatsApp
Viber
Academia.edu
ResearchGate
💳 Нарачка

💳Card
🅿️PayPal
Crypto

[email protected]