Digital Era
Научна монографија · 2023

Дигитална Ера

Digital Era

Transformation · Security · Protocol · Diplomacy · Etiquette
Доц. д-р Санде Смиљанов, Ph.D.
Европа Прима · Скопје · 2023
120
Стр. МК
112
Стр. EN
4
Глави
2
Јазици
▼  Читај ја книгата
Доц. д-р Санде Смиљанов, Ph.D. · 2023

За книгата

Дигитална ера — Трансформација, безбедност, протокол, дипломатија, етикеција

Оваа книга претставува пионерско дело на Доц. д-р Санде Смиљанов посветено на дигиталната трансформација и нејзиното влијание врз дипломатијата, протоколот и етикецијата. Публикувана во 2023 година, книгата ги детектира клучните аспекти на вештачката интелигенција, сајбер безбедноста и дигиталната комуникација во современиот свет.

„Верувајќи длабоко дека Човештвото или ќе исчезне под копитата на безмилосниот дигитален прогрес, или ќе најде рамнотежа помеѓу технологијата и хуманоста."

— Доц. д-р Санде Смиљанов
Глава I
Дигитална трансформација
AI, cloud, big data, IoT, cyber security
Глава II
Дигитална дипломатија
Online кампањи, social media, влијание
Глава III
Протокол
Основи, грешки, принципи, церемонии
Глава IV
Дигитална етикеција
Email, видео-конференции, социјални мрежи
Предговор

Верувајќи длабоко во тоа дека Човештвото или ке исчезне «под копитатата на без-

милосната историја» или ќе се појави новата интернационална надеж низ прекрас-

ната порака на Смиљанов и неговата Дигитална Ера: меѓународниот протокол на

односите меѓу сите земји на светот треба да биде Музика на меѓучовечките односи!

Големиот латиноамерикански писател Ернесто Сабато веруваше длабоко дека

Идеализмот на меѓучовечката љубов еден далечен ден ке Победи на сите мери-

дијани, да веруваме во таа бесмртна уметност чија што ненадминлива дефиниција

гласи: Музиката е единствената уметност која го буди во нас органот наречен Фан-

тазија!

Да веруваме заедно со книгата Дигитална Ера дека хуманата фантазија на Глобал-

ниот свет ке ја развие не фантазијата на сеопштите нуклеарни закани на уништу-

вањето на Светот, туку идејата за неговиот Спас!

Јордан Плевнеш

14.09.2023, Париз-Скопје

Дигитална ера – трансформација, безбедност, протокол, дипло-

матија, етикеција

Книгата е извонредно структуриран истражувачки - аналитички труд,

интелигентно класифициран во современ методолошки модел.

Светот на дигиталната ера создава ориентација на сеопфатност на

нејзината сложеност и бара разумно акцептирање и синергија на

различни аспекти.

Дигиталната ера ја осветлува трансформацијата, безбедноста, про-

токолот, дипломатијата и етикецијата во комплексноста на техно-

лошкиот пејзаж кој постојано се развива.

Авторот Доц. Д-р Санде Смиљанов смело се впушта во Дигитална-

та ера и влијанието на дигиталните технологии врз дипломатијата и

меѓународните односи.

Книгата рефлектира реални состојби на денешнината и логично го

акумулира развојот на информациските и комуникациските техно-

логии како неизбежен сегмент на дипломатските односи меѓу држа-

вите и меѓународни актери.

Авторот се фокусира на клучните елементи опфатени во книгата:

1. Трансформација-дескрипција на темелните концепти на дигитал-

ната трансформација, нудејќи практични сознанија за тоа бизнисите,

владите и поединците во нивното приспособување и прогресирање

во дигиталната ера.

2. Во ера на закани за сајбер безбедноста, авторот го апострофира

концептот на книгата кој навестува суштина на вреден ресурс за

разбирање и спроведување силни безбедносни мерки. Дизајнот го

демистифицира сложениот жаргон, обезбедувајќи јасни одговори,

проверка на автентичноста и управување со ризик а практичните со-

вети и најдобрите практики гарантираат ефективна заштита на по-

датоците и приватноста.

3. Протокол- Еесенцијална компонента во меѓународните односи и дигиталната

дипломатија. Суптилно се наведени основните етикации во остварување на инте-

ракцијата со различни култури во глобалниот дигитален се и приказ на сложено-

ста на прекуграничната комуникација и соработка.

4. Дипломатија - Авторот маестрално и стручно истражува како дигиталната ди-

пломатија стана моќна алатка за државите за засилување на дипломатски односи,

решавање на конфликти и унапредување на меѓународната соработка. Книгата

го анализира влијанието на социјалните медиуми, сајбер шпионажата и споделу-

вањето податоци во обликувањето на современиот дипломатски простор.

5. Етикеција - Во свет во кој доминираат виртуелни интеракции, делот етикета слу-

жи како витална референца за поединците кои што сакаат да изградат позитивни

дигитални односи. Книгата опишува што треба и што не треба со цел да се осигури

пристојна и ефикасна интернетска интеракција - од комуникации преку е-пошта

па се до видео конференции.

Прифаќање на дигиталната ера се истакнува во понудата на сеопфатен преглед на

критичните аспекти на дигиталниот простор.

Содржината е претставена со јасност, поткрепена со конкретни примери и студии

на случај кои го зајакнуваат разбирањето на читателот. Освен тоа, напредниот при-

стап на авторот гарантира дека книгата останува релевантна додека дигиталната

ера продолжува да се развива.

Дигиталната ера е своевиден провокативен и информативен концепт кој што на

читателот му дава можност за прифаќање на дигиталната трансформација, спро-

ведување силни безбедносни мерки, практикување дипломатски етикации и израз

на адаптирање и флуктуирање низ дигиталниот простор.

Без разлика дали читателот е технолошки ентузијаст и вљубеник, бизнис лидер или

дипломат, оваа книга дефинитивно е вистинско богатство на творештвото и прак-

тиката.

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА

Дигиталната трансформација се однесува на процесот на користење на дигитал-

ната технологија за преобликување на деловните процеси, операции и корисничко

искуство во согласност со променливите потреби на дигиталната ера. Ова вклучу-

ва примена на технологии, анализа на податоци, вештачка интелигенција, интер-

нет и автоматизација со цел да се поттикнат иновациите и добивање конкурентни

предности.

Авторот ги детектира клучните аспекти на дигиталната трансформација кои вклу-

чуваат подобрено искуство на клиентите, витална трансформација и фокус на по-

добрување на искуствата на персонализирани услуги, ефикасна комуникација и

беспрекорни интеракции низ дигиталните канали.

Донесувањето одлуки и генерирани податоци креира дигитална трансформација

и создава единствен простор за подобро разбирање.

Важноста на сајбер-безбедноста

Исклучително важна практика за заштита на компјутерски системи, мрежи, пода-

тоци и дигитални средства од сајбер-закани, вклучувајќи сајбер-напади, прекршу-

вање на податоци и неовластен пристап е квалитетно методолошко постапување и

поимување на суштината во целина.

Авторот ја апострофира човечката грешка за единствен начин за упад во безбед-

носните системи. Затоа организациите и институциите мора да вложат доволно

време и средства за обука и едукација.

Клучните аспекти на Сајбер безбедноста вклучуваат:

- Откривање и превенција на закани

Мерките за Сајбер безбедноста вклучуваат имплементација на заштитни ѕидови,

системи за откривање упади и „антивирусен софтвер“ за откривање и спречување

на сајбер закани.

-Приватност на податоците и нивна заштита

Заштита и приватност на податоците: Организациите треба да ги заштитат чув-

ствителните податоци и информациите за клиентите од неовластен пристап или

прекршување.

-Градење на доверба и на отпорности управување со ризик

Сајбер безбедноста вклучува идентификување на потенцијалните ранливости,

проценка на ризиците и развој на стратегии за нивно ублажување и управување

- Усогласеност и прописи

Организациите мора да се придржуваат до различни прописи и стандарди за сај-

бер безбедност за да ги заштитат своите клиенти и засегнати страни.

- Вештачка интелигенција

Авторот силно ја изразува улогата на вештачката интелигенција во однос на без-

бедноста, нејзиното значење и движечка компонента со футуристичка ориента-

ција, неминовност на идното време. Симплифицирано авторот ќе подвлече- „Еден

од најзначајните сегменти на вклучувањето на вештачката интелигенција во раз-

војот на капацитетите за сајбер – безбедност е нејзината употреба на етички и мо-

рално правилен начин“.

-Сајбер безбедноста во Северна Македонија

Во дигиталната ера веќе впечатливо се етаблира во амбиентот на реалниот свет

во кој живееме вклучително и во дизајнот на Национална стратегија за сајбер без-

бедност (дефинирано во Петте столбови на кои почива Националната стратегија за

сајбер безбедност на Република Северна Македонија и нивните цели).

Во поширока смисла на безбедноста, НАТО го признава сајбер просторот како пла-

нирачки оперативен домен, а сајбер нападот може да биде активатор на членот 5

од Вашингтонскиот договор..

-Мисијата на Стратегијата за сајбер одбрана е развој и зајакнување на капацитети-

те и способностите за активно следење на сајбер просторот од заканите и напади-

те. Активна превенција која создава намалување на ефектите од закани и заштита

на Националните интереси.

Дигитална трансформација и сајбер безбедност

Дигиталната трансформација и сајбер безбедноста се два меѓусебно поврзани кон-

цепти кои играат клучна улога во обликувањето на модерниот деловен простор.

Односот помеѓу Дигиталната трансформација и Сајбер безбедноста

Дигиталната трансформација и сајбер безбедноста се неразделни компоненти на

денешниот глобален свет,

Интегрираниот пристап поттикнува силна безбедносна култура и апострофирање-

то на остварување на дигитална трансформација.

ПРОТОКОЛ

Авторот ги поставува основите на протоколот како сет на правила или код на пра-

вилно и префинето однесување во социјална или професионална средина и истиот

се фокусира на добрите манири, куртоазност и меѓусебната почит.

Основите на протоколот се однесуваат на правила и обичаи што ги регулираат офи-

цијалните церемонии, настани и интеракции во дипломатски и формални услови.

Овие правила се од суштинско значење за одржување на редот и почитувањето на

разумно и современо однесување и постапување во исклучително сложени ситуа-

ции во меѓународниот промет и односи помеѓу државите и инволвираните актери.

Особено внимание авторот посветува на дефиниција и историска перспектива, со

апсотрофирање на специфики на протоколот и нивното значење во светот на ком-

плексноста на меѓународните односи, состојби и случувања.

ДИПЛОМАТИЈА

Дигитална дипломатија: Функционалност на глобалното опкружување во дигитал-

ната ера

Дигиталната дипломатија го менува пејзажот на меѓународните односи во диги-

талната ера нудејќи нови функционалности во глобалниот свет на нашето посто-

ење и суштествување.

Во реалниот свет на дигитализацијата на модерното време присутни се неколку

клучни аспекти на функционалноста на Дигиталната дипломатија.

Авторот на едноставен начин ја поставува важноста и користа од дигиталната ди-

пломатија, концепти и улогата на социјалните мрежи во дипломатијата, промоција

на дигиталните кампањи преку социјалните мрежи и Дигитални алатки за кризна

комуникација и одговор на кризи.

Јавната дипломатија во дигиталната ера ја потенцира размената во доменот на

културна дипломатија, настаните со јавно говорење, образовни програми, контакти

со медиуми, користење социјални мрежи.

Сајбер безбедноста и дигиталната дипломатија на експлицитен начин се предмет

на анализа на авторот.

ДИГИТАЛНА ЕТИКЕЦИЈА

Дигиталната етика, позната и како нетикета, се однесува на правилата и упатствата

за учтиво и почитувано однесување при интеракција преку интернет. Бидејќи на-

шите животи стануваат се повеќе дигитални, клучно е да се одржи добра дигитална

етика за да се обезбеди позитивна и конструктивна комуникација со другите.

Авторот ја потенцира посебноста на Дигиталната етикеција и основите за позитив-

на интеракција и преку темелна истражувачка скица превенира и промовира мо-

дел на здрава и инклузивна дигитална средина.

Дигиталната етикеција во суштина служи како еден рамковен принцип и правило

кое ни помага да се движиме низ дигиталниот терен со интегритет и почит.

Книгата сама по себе поседува високо категоризирана вредност за успешното

претставување на горенаведени аспекти со изразена објективност и деталност.

Дигиталната трансформација продолжува да напредува а оваа книга претставува

преточување на искуството на авторот и подготвеност за соочување со предизви-

ците и можности што ги носи со себе дигиталната ера во областа на дипломатијата

и меѓународните односи.

Авторот Доц.Д-р Смиљанов со едноставен наратив се осмелил да стави белег на

Дигиталната ера и нејзините современи аспекти со помош на неговата вештина

како израз на човековата креација и умеење.

Проф. Д-р Љупчо Сотироски

г л а в а

ДИГИТАЛНА
ТРАНСФОРМАЦИЈА И
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ
Глава I · Дигитална трансформација и сајбер безбедност

Дигитална трансформација и сајбер безбедност

Што подразбира дигиталната трансформација на глобално ниво?

За да се разбере улогата на технолошкиот напредок и дигитализацијата во денеш-

ното општество мора да се вратиме во самите почетоци. Лансирањето на руски

Спутник во 1957 година е најверојатно иницијалната каписла за посериозно вложу-

вање во технолошките пронајдоци и технолошкиот развој кој беше евидентен во

шеесеттите години на минатиот век. Спутник, всушност, ја започна борбата помеѓу

земјите за поседување, односно постигнување на технолошка надмоќ.

Општествениот развој отсекогаш се базирал на вредноста на знаењата, нешто што

е особено видливо денеска имајќи предвид дека новите технологии ги рушат ба-

риерите на физичкиот простор, особено кога станува збор за размената на инфор-

мации и податоци. Знаењето станува еден вид на колективно добро кое работи за

подобрување на социо-економскиот развој на општествено ниво.

Дигиталната трансформација се смета за нов феномен, од причина што овој про-

цес неодамна доби на популарност, иако „де факто“ идејата за понуда на дигитал-

ни производи, или пак, дигитални услуги постоеше уште во деведесеттите години

на минатиот век, а особено во периодот од 2000 – 2015-та година. Овој период е

важен заради широката распространетост на паметните уреди и социјалните мре-

жи кои доведоа до драстична промена во начинот на кој потрошувачите воспоста-

вуваа контакти со бизнисите, па и со јавната администрација.

Дигиталната трансформација, во суштина е потомок на информациското опште-

ство базирано на знаење. Првата фаза на дигиталната трансформација се каракте-

ризираше со изнаоѓање на решенија во форма на направи, уреди и апликации кои

беа вистинскиот одговор за потребите во доменот на продуцирањето, сочувување-

то, пристапот и менаџирањето со знаењата. Во оваа прва фаза дизајнот беше во

преден план – беа продуцирани солуции кои беа самостојни како дата-база, апли-

кација, персонален сметач, паметен телефон и сл.

Денеска, пак, фокусот не е ставен на индивидуалната употреба на овие технолош-

ки солуции, туку на поврзаноста помеѓу направите и системите во мрежа која е во-

дена од интелигенција, а е напојувана од технологијата.

Во суштина, во еден технолошка средина која рапидно се развива, дигиталната

трансформација е еден вид на движечка сила во процесот на иновирање, ефи-

касност и развој во сите сектори од општественото живеење. Интегрирањето на

дигиталните технологии во сите сегменти на една организација суштински ги мену-

ва бизнис моделите, процесите и корисничките искуства. Дигиталната трансфор-

мација ја помага и компетитивноста, особено преку користење на дата аналитика

(аналитика на податоци), т.н. „cloud computing“, вештачката интелигенција и т.н.

„Internet of Things“ (IoT).

Истовремено со бенефитите, предвид мора да се земе дека дигиталната ера носи

и значајни предизвици кои се поврзуваат со безбедноста. Нашата зголемена за-

висност и меѓуповрзаност со дигиталните системи отворија нови можности за

сајбер-криминалот, односно сајбер-криминалците за искористување на овие ран-

ливости. Зголемениот број и софистицираноста на сајбер-нападите се значителен

ризик за организациите, институциите и индивидуите и затоа кога зборуваме за

дигиталната трансформација, мора значително внимание да посветиме на воведу-

вање на безбедносни мерки.

Зошто сајбер-безбедноста е важна?

Во дигиталната ера, сајбер-безбедноста игра клучна улога во заштитата на диги-

талните добра и дигиталните податоци. Таа е составена од една плејада на практи-

ки и мерки кои целат кон превенирање на неавторизиран влез, односно детекција

на сајбер инциденти и создавање на системи отпорни на овие предизвици. Сеоп-

фатниот пристап кон сајбер безбедноста опфаќа анализа на ризици, безбеден ди-

зајн на инфраструктурата, обучени вработени и програми за обука, план за одговор

на сајбер инциденти и ризици, како и соработка со стеикхолдери, односно различ-

ни чинители.

Сајбер безбедноста се разликува од сајбер сигурноста, по тоа што таа се однесува

на заштита на лицата од штетни on-line содржини и активности, додека сајбер-си-

гурноста се однесува на заштита на податоците и информациите на информаци-

ските мрежи.

Организациите мора да минат низ една сеопфатна анализа на ризикот, за да мо-

жат соодветно да ги идентификуваат ранливостите и да ги приоретизираат

безбедносните инвестиции. Овој тип на пристап, кој е и проактивен, овозможу-

ва предвремена подготовка и митигирање на потенцијални ризици на ефикасен

начин. Имплементацијата на безбеден хардвер и софтверски солуции како т.н.

„firewall“, механизми за енкрипција и системи за детекција на неавторизиран влез

ја гради безбедноста на дигиталната инфраструктура против секаков тип на без-

бедносни закани.

Имајќи го ова на ум, она што е најверојатно е дека доколку овие системи се по-

ставени на начинот на кој тоа е и планирано, единствениот начин како може да се

Дигитална трансформација и сајбер безбедност

овозможи упад во системот е преку човечка грешка. Токму затоа, организациите

и институциите мора да вложат доволно време и средства за да ги обучат своите

вработени и да овозможат тие вработени да го надградуваат тоа свое знаење и

во иднина. Основата во тие безбедносни иницијативи се неколку клучни практики

како правилното менаџирање со лозинките и поставување на силни лозинки, иден-

тификација на обидите за фишинг и внимателноста со пристапот и споделувањето

на сензитивни информации. Само доколку во една организација постои култура

на сајбер- безбедност, истата ќе може да го минимизира влијанието на човекот во

овозможувањето на неавторизирани влезови во системот.

Главните ризици по сајбер – безбедноста можат да се поделат на закани и на ри-

зици. Под закани по сајбер-безбедноста се подразбираат вирусите и другиот ште-

тен софтвер, хакерските напади, дезинформациите, кражбата на идентитет, on-

line измамите и вработените, додека под ризици се подразбираат уништување и

разоткривање на важни податоци и документи, застој во работењето, финансиски

загуби, губење на репутација и кршење на законски одредби. Според основната

обука за сајбер – безбедност за вработените во јавната администрација и вработе-

ните во приватниот сектор, вработените се клучен фактор на сајбер-безбедноста

и истите имаат поголем број одговорности како: одговорно однесување, соодветна

свесност за сајбер ризици, пријавување на инциденти и почитување на дефинира-

ните мерки за заштита.

Секоја минута можат да се увидат околу половина милион напади во сајбер-про-

сторот, а заканите и сајбер-криминалот има различни форми – од „Denial of Service“

напади, па сè до кражба, уцена, изнудување, манипулација и уништување. Алатките

се исто така различни и можат да вклучат malware, spyware, социјален инженеринг,

па дури и промени во физичките системи (Сотироски, 2018).

Професорот Љупчо Сотироски во „Заштита на сајбер-безбедноста и имплемента-

ција на правната рамка“, вели дека како што заканите се многу бројни и различни,

такви се и можностите – технологијата постојано ни дава нови идеи, нови произ-

води и нови начини да го живееме животот. Технологијата ни презентира и нови

економски можности, нови начини за водење на бизнисот и сл.

Сајбер хигиената е исто така важен елемент на сајбер безбедноста. Сајбер хиги-

ена, во суштина е збор на практики што може да се применат за зголемување на

сајбер-безбедноста и сигурноста во организацијата. Практики за спроведување на

сајбер-хигиена можат да бидат: чисто биро, чист екран, силна лозинка и нејзино

постојано менување, физичка безбедност на просториите, документите, уреди-

те и системите, претпазливост при отворање на линкови, ажурирање на софтвер,

надградба на хардвер и опрема, бекап на податоци и користење на антивирус. Во

однос на тоа кој ги спроведува овие практики, вработените се оние кои се одго-

ворни за чисто биро, чист екран, силна лозинка, физичка безбедност на простори-

ите, документите, уредите и системите и претпазливоста при отворање на линко-

ви, додека информатичката технологија се грижи за автоматизирана промена на

лозинки, ажурирање на софтверот, бекап на податоци, користење на антивирус и

надградба на хардвер и опрема. Пример за овие практики е – силната лозинка која

треба да биде долга повеќе од 10 карактери, да биде комплексна со букви, бројки и

специјални знаци, како и меморичка, односно да бидат користени фрази.

Приватност на податоците и нивна заштита

Сосема логично е дека кога еден систем за краток временски период собира огро-

мен број на податоци, од кои огромен број, пак, се лични податоци, безбедноста

на тие податоци и оневозможувањето истите да бидат украдени и злоупотребени

станува врвен приоритет. Регулацијата на приватноста како Општата уредба за за-

штита на податоци на Европската Унија, која е „де факто“ и закон во ЕУ и Европска-

та економска заедница, а е и компонента во Законот за приватноста и Законот за

човекови права во ЕУ, утврдува одговорно користење на податоците со цел зашти-

та на приватноста на секое лице. Дополнително, усогласеноста со регулацијата во

однос на заштитата на податоците, не само што е правна облигација, туку е и начин

за градење на доверба помеѓу стеикхолдерите.

Улогата на вештачката интелигенција во однос на безбедноста

Вештачката интелигенција произлезе како една моќна алатка во развојот на капа-

цитетите за сајбер безбедност. Алгоритмите на вештачката интелигенција можат

да детектираат нишки и аномалии во огромни количини на податоци, со што тие и

помагаат во идентификација на потенцијалните закани по безбедноста во сајбер

просторот. Алгоритмите за машинско учење, „де факто“ учат од секој нов сајбер

Дигитална трансформација и сајбер безбедност

инцидент, со што со секој изминат ден тие се подобри и побрзи во детекцијата на

можните проблеми и закани по безбедноста во сајбер просторот. Дополнително

безбедносните солуции базирани на вештачката интелигенција овозможуваат ре-

ално временски мониторинг, автоматизирана детекција на закани и брз одговор

на инциденти со што се унапредува позицијата на организацијата во контекст на

нејзините капацитети за сајбер безбедност.

Она што останува отворено, во контекст на употребата на вештачката интелиген-

ција во сајбер безбедноста е секоја индивидуа или организација да се осигура дека

истата ќе биде користена на етички и морално правилен начин. Огромен предиз-

вик претставуваат и нападите од страна на непријателски настроени групи чија

цел се токму системите за вештачка интелигенција во кои самите тие се манипу-

лирани. Секако вредно за споменување е и тоа дека алгоритмите на вештачката

интелигенција можат да доведат до нефер и дискриминаторски резултат и затоа

организациите мора многу внимателно да ги утврдат етичките импликации и по-

тенцијалните ризици кои се поврзани со вештачката интелигенција и истовремено

да донесат сет на мерки со кои ќе соодветно ќе одговорат на овие елементи.

Градење на доверба и на отпорност

Развојот согласно процесот на дигитална трансформација доведува до тоа органи-

зациите да мора да го приоретизираат градењето на доверба и на отпорност. Ме-

нувањето на мислењата на луѓето и поставувањето на безбедносните консидера-

ции како приоритет во однос на сајбер просторот се многу важни во секоја фаза од

дигиталната трансформација. Организациите, пак, мора да воведат одреден вид

на култура за сајбер безбедност, каде вработените се едуцирани и поттикнати да

превземаат одговорност за одржување на најдобри практики во овој поглед.

Постојаното тестирање и надградување на безбедносните мерки е витално во

одржувањето на нивото на подготвеност, особено имајќи ги предвид заканите кои

секојдневно се зголемуваат и развиваат. Плановите за одговор на инциденти, спо-

менати и погоре, мора да бидат ставени во функција, односно да бидат тестирани,

луѓето да бидат запознаени со нив и истите да бидат користени согласно потреби-

те. Протоколите во овие планови, главно се однесуваат на детекција, задржување

и закрепнување од каков било сајбер напад во најбрз можен рок. Во тој контекст од

исклучително значење е потребата за соработка и споделување на информации

помеѓу чинителите во безбедносната сфера и индустријата, другите организации,

владините ентитети и слично, односно помеѓу сите стеикхолдери кои можат да ја

зацврстат колективната одбрана од сајбер закани.

Сајбер безбедноста во Северна Македонија

Национална стратегија за сајбер безбедност

Првата Националната стратегија за сајбер безбедност е донесена во 2018 година

(за периодот 2018 – 2022 година) и истата укажува на тоа дека сајбер одбраната

е автономна и специфична гранка во поширокиот концепт на сајбер безбедноста.

Актуелната Национална стратегија за сајбер безбедност на Северна Македонија е

поопширен документ од декември 2022 година, а за периодот 2023-2027 година.

Овој документ како што е наведено, „овозможува безбедна, еластична и доверлива

дигитална средина што ја прави Република Северна Македонија безбедно место за

on- line делување и работа, со развиени капацитети и способност да се заштитат и

промовираат националните интереси во и преку сајбер просторот“.

Новата Национална стратегија е поделена на 5 засебни делови:

1. Вовед во проблематиката со посебен акцент кон приоритетот од зајакната сај-

бер-безбедност на национално ниво, како основен елемент за економски раст и

просперитет и од витално значење за националната безбедност.

2. Методологија за развој на националната стратегија за сајбер безбедност на ITU и

насоките и алатките на ENISA.

3. Принципи на сајбер-безбедноста (сајбер-безбедноста е одговорност на сите; со-

работка и поддршка; сајбер-безбедност по дизајн; сајбер- безбедност како двига-

тел; приоретизација врз основа на ниво на ризик; безбедност со широк опсег; меѓу-

народна дипломатија.

4. Визија и пет приоритетни акции, односно столбови и тоа: создавање и подобру-

вање на националните капацитети за сајбер безбедност; безбедност и отпорност

на критичната инфраструктура и националните информациски и комуникациски

системи; општество отпорно на сајбер закани; минимизирање на влијанието на ин-

цидентите во сајбер просторот; и национална и меѓународна соработка.

Дигитална трансформација и сајбер безбедност

5. Осврт на новите технологии како предизвици за сајбер безбедноста

Самата Стратегија е изработена со сеопфатен пристап од повеќе чинители во про-

цес кој се состои од пет засебни фази и тоа:

• иницијална фаза (иницијација) со фокус на процеси, временски рокови и иденти-

фикација на клучните чинители, со цел изработка на план за развој на Стратегијата;

• втора фаза или анализа чија цел е проценка на Националната стратегија за сај-

бер безбедност 2018-2022 година и анализа на националниот простор на сајбер

безбедност имајќи ги предвид извештаите од USAID програмата за подготвеност

за сајбер ризик;

• трета фаза – изработка на Националната стратегија за сајбер безбедност

• четврта фаза – имплементација на националната стратегија за која се смета дека

клучен елемент е структурниот пристап во имплементацијата, поддржан од соод-

ветни човечки и финансиски ресурси.

• петта фаза или мониторинг и евалуација на тоа дали Стратегијата се спроведува

онака како што е предвидено, односно проценка на тоа дали таа е сè уште реле-

вантна, дали ги одразува целите на Владата и дали се потребни одредени прила-

годувања.

Слика 1: Петте фази во процесот на изработка на Националната стратегија

за сајбер-безбедност на Република Северна Македонија

Националната стратегија утврдува визија, а тоа е „овозможување на безбедна, ела-

стична, доверлива дигитална средина што ја прави Република Северна Македонија

безбедно место за онлајн делување и работа“.

Оваа визија, како што е наведено погоре, се преточува во 5 столба со по неколку

развојни цели опишани во сликата подолу.

Слика 2: Петте столбови на кои почива Националната стратегија за сајбер

безбедност на Република Северна Македонија и нивните цели

Во однос на првиот столб, Создавање и подобрување на националните капацитети

за сајбер безбедност се укажува на тоа дека секоја државата мора приоритет да

стави на своите способности за техничко и оперативно откривање и реакција на

инциденти со сајбер безбедноста, за истата да може да се носи со променливата

околина и зголемените закани. Како што вели стратегијата, потребни се технички,

човечки и финансиски ресурси кои се во тесна соработка со нивните колеги од дру-

ги национални тела и тела на ниво на Европската Унија, државниот сектор, приват-

ните компании и истражувачката заедница.

Првата цел – развивање на јасна структура на управување со сајбер безбедноста

укажува на тоа дека Владата на Република Северна Македонија има намера да ја

превеземе водечката улога во доменот на сајбер безбедноста за да им помогне на

организациите и на граѓаните да ја препознаат вредноста на сајбер безбедноста и

да ги поддржи напорите на државата за целокупното подигнување на свесноста

и нивото на сајбер безбедноста. Во овој домен се планира и промоција на Наци-

Дигитална трансформација и сајбер безбедност

онална политика за сајбер безбедност, преку развивање на регулаторна рамка и

поттикнување на структура која ги обединува и координира сите институции и чи-

нители кои имаат одговорности во доменот на сајбер безбедноста.

Втората цел – формирање на тело со оперативни капацитети за сајбер безбед-

ност укажува на тоа дека државата мора да ги прилагодува своите капацитети и

способности на оперативно и на техничко ниво за откривање и реакција на сај-

бер инциденти. Ова треба да се реализира преку Националното тело за сајбер

безбедност кое ќе обезбедува поддршка за реакција на сериозни инциденти по

сајбер безбедноста. Ова тело ќе открива и оценува безбедносни инциденти кои

може да имаат влијание или влијаат на владината мрежа и националните инфор-

матичко-комуникациски системи. Ова тело би било и национален орган за сајбер

безбедност. Телото секако би имало блиска соработка со сите останати државни

и недржавни чинители во рамки на сајбер безбедноста, со МКД – CIRT, секторите

за критична информациска инфраструктура, операторите на суштинските услуги

и другите капацитети во овој домен. Како клучни активности под оваа цел, Страте-

гијата ги дефинира: изработката и донесувањето на Закон за безбедност на мрежи

и информациски системи со кој ќе се транспонира NIS директивата; формирање на

националното тело за сајбер безбедност; и креирање на техничко-оперативен план

за функционирање на националното тело за сајбер безбедност.

Третата цел – зголемени капацитети за одбранбени операции во сајбер просторот

посочува на фактот дека за да се водат ефикасни сајбер операции, мора да се раз-

вијат адекватни способности за сајбер одбрана. Еден од чекорите во оваа насока е

формирањето на Национален институт за сајбер безбедност и дигитална форензи-

ка чија функција би била едукација, доедукација и обука на сајбер професионалци

на владино ниво, на јавната администрација и на други засегнати страни кои имаат

потреба од овој тип на едукација.

Четвртата цел – формирање на институт за сајбер безбедност и дигитална форен-

зика се однесува на формирање на овој институт и тоа со поддршка и во коорди-

нација со академските институции во државата, како и со други јавни и приватни

институции во доменот на сајбер безбедноста. Главната мисија на овој институт би

била континуирано следење и идентификување на предизвиците во сајбер про-

сторот и имплементација на наставните програми и обуки со цел зајакнување на

капацитетите за справување со истите. Институтот планиран во оваа цел треба да

ги покрие следните области: академска едукација на сите три циклуси на студии,

континуирана обука на сајбер професионалци и истражување и развој.

Очекуваните резултати од креирањето на Институтот се следните:

✓ креирани програми за академската заедница;

✓ креирани програми за обука на сајбер професионалци;

✓ креирање на профили на сајбер професионалци и соодветни курсеви/обуки

со кои ќе се постигне тоа ниво;

✓ спроведени програми / курсеви за академска едукација и за обука на сајбер

професионалци;

✓ прогресивен раст на обучени лица;

✓ учество на меѓународни проекти и активности;

✓ креирање на регионален центар за сајбер безбедност;

✓ соработка со странски академски институции.

Во однос на вториот столб – безбедност и отпорност на критичната инфраструк-

тура и националните информациски и комуникациски системи, треба да се има

предвид дека стратешката цел е да се поттикне спроведувањето на кохерентна и

сеопфатна национална рамка за политики, процедури и технички стандарди кои

помагаат да се обезбеди поотпорна мрежа со заштита на информациите од јавен

карактер и нивните системи и услуги.

Првата цел во вториот столб – безбедна и еластична критична информациска ин-

фраструктура, се однесува на критичната ИКТ инфраструктура која ги опфаќа ин-

форматичките системи и мрежната инфраструктура која во случај на нивен прекин

или уништување може да предизвика сериозни последици врз здравјето, безбед-

носта, економската благосостојба на граѓаните, или ефикасното функционирање

на владата и на економијата. Во рамките на оваа цел, дефинирани се неколку клуч-

ни активности и тоа: дефинирање и прифаќање на минимални технички и органи-

зациски мерки за сајбер безбедност, по сектори; креирање на секторски CIRT и SOC

структури; воспоставување на процедури за размена на информации за закани и

инциденти во секторите; унапредување на соработката преку организирање на

техничките вежби и сценарија за справување со закани и инциденти во критични

сектори; процедури за чување и заштита на податоци кои се процесираат во си-

стемите КИИ и ВИС; имплементација на мрки за обезбедување на континуитет во

оперативноста и поврат од катастрофи и имплементација на механизам за усогла-

сеност на сајбер безбедноста со националните и меѓународните побарувања.

Втората цел во овој столб, согласно Стратегијата се однесува на зајакнување и по-

добрување на безбедноста на информациските системи и мрежи. Дигитализација-

та, како што е споменато и претходно, е од суштинско значење за едно модерно

општество, една модерна администрација и ефикасни владини сервиси за граѓа-

ните. Стратегијата наведува дека управувањето на безбедноста со информациите

Дигитална трансформација и сајбер безбедност

во јавниот сектор се заснова на Законот за електронско управување и електронски

услуги и неговите подзаконски акти, додека Законот за заштита на лични подато-

ци ги утврдува принципите и техничките и организациски мерки кои треба да се

превземат за безбедност на обработката на личните податоци во јавниот и во при-

ватниот сектор. Клучни активности во оваа цел се дефинирањето на минимален

сет на технолошки и организациски мерки за сајбер безбедност; прифаќањето на

рамка на национално ниво за управување на ризици; и концепт за имплементација

и проверка на минималниот сет на технолошки и организациски мерки за сајбер

безбедност.

Третата цел се однесува на воспоставување на партнерство и соработка помеѓу

државните и приватните капацитети преку јавно приватно партнерство. Во однос

на оваа цел, Стратегијата вели дека Владата, приватниот сектор, истражувачката

заедница и општеството како целина кои во суштина се и мета на сајбер напади,

имаат потреба од технички информации доколку сакаат да ги откријат овие напади

и да делуваат по нив. Треба да се знае дека ваквиот тип на информации можат да

се добијат преку анализи, додека анализите можат да се изготват единствено од

страна на професионалци – даватели на ИКТ безбедносни услуги или оператори

во критичната инфраструктура. Стратегијата вели дека соработката е исклучи-

телно важна затоа што преку размена на податоци и информации на ефикасен и

ефективен начин, може да се влијае на намалување на или спречување на штетите

кои можат да произлезат од сајбер нападите. Оваа соработка се однесува на сите

нивоа – односно, информации за одредени закани, подигнување на свесноста, соз-

давање на експерти во областа и креирање на безбеден сајбер простор. Клучните

активности од аспект на оваа цел се – стратешко планирање на владините актив-

ности; развој на процедури и процеси за јавно-приватно партнерство; и подобру-

вање на управувањето со развојот на јавно-приватните партнерства во областа на

сајбер безбедноста.

Третиот столб – општество отпорно на сајбер закани укажува на тоа дека зголе-

мената употреба, а со тоа и зависноста од технологијата и малото познавање на

предизвиците кои постојат во сајбер просторот носи потреба за развој на мерки и

активности кои ќе ја зголемат отпорноста на целокупното општество на предиз-

виците по сајбер безбедноста. Тоа значи дека потребно е да се имплементираат

програми и активности во образовниот систем за да се зголеми свесноста за сајбер

безбедноста; потоа да се имплементираат програми и активности за зголемување

на свесноста од овие закани кај вработените во јавниот и во приватниот сектор,

како и кај целокупното население; и да се спроведат активности за развој на про-

грами за едукација на сајбер професионалци кои ќе можат да се носат со напредни

и комплексни напади и предизвици во сајбер просторот.

Првата цел од третиот столб – зголемување на свесноста за сајбер просторот,

согласно Стратегијата, претставува основен предуслов за поефикасна заштита од

сајбер ризиците. Најголем дел од корисниците не ги познаваат или не ги практи-

куваат основните безбедносни правила, се вели во Стратегијата. Според неа од

суштинско значење е да се промовира здрава култура на сајбер безбедност која на

сите актери им ја обезбедува потребната свесност и доверба да ги максимизираат

придобивките од информатичкото општество и да ја доведат на минимум можно-

ста за изложеност на ризици од сајбер просторот. Клучните активности во рамките

на оваа цел согласно Стратегијата се: креирање на програми за зголемување на

свесноста за сајбер безбедноста на учениците во основните и во средните учи-

лишта; инкорпорирање на сајбер безбедносни концепти и тематски единици во на-

ставните програми во основното и во средното образование; развој и дистрибуција

на едукативни материјали согласно целните групи; едуцирање и обука на наставен

персонал во основните и во средните училишта во областа на сајбер безбедноста

и обезбедување на соодветни и современи материјали за учениците; креирање на

јавно достапни курсеви, мултимедијални кампањи и медиумска покриеност со цел

поголем опфат на население; и обезбедување на соодветна едукација и обука во

областа на сајбер безбедноста за вработените во јавниот и во приватниот сектор.

Втората цел во третиот столб се однесува на развојот и имплементацијата на сај-

бер едукативни програми и обуки што е исклучително важна цел имајќи предвид

дека Стратегијата утврдува дека постојните наставни програми во сите циклуси и

студии на универзитетите во земјата не се усогласени и не ги задоволуваат во це-

лост потребите за едуцирање и обука на професионалци во областа на сајбер без-

бедноста. Оваа цел предвидува и неколку мерки кои ќе помогнат во воспоставу-

вањето на програми за едукација, доедукација и практични вежби и обуки за сајбер

професионалци и тоа: усовршување на постојните и развој на нови универзитет-

ски наставни програми со цел создавање на соодветни кадри од областа на сајбер

безбедноста; вклучување на елементи од областа на сајбер безбедноста во сите

универзитетски студиски програми; привлекување, едукација, доедукација и обука

на сајбер професионалци од јавниот сектор и останати конституенти кои имаат по-

треба од ваков тип на обука; учество на национални и меѓународни истражувачки

проекти и активности поврзани со сајбер безбедноста; и поддршка на истражувач-

ките капацитети и бизнис иновации преку научно истражувачки центри во областа

на сајбер безбедноста.

Четвртиот столб – минимизирање на влијанието на инцидентите во сајбер просто-

рот посочува на тоа дека инциденти во сајбер просторот има секојдневно и дека со

секој изминат ден, тие добиваат на интензитет. Зајакнувањето на способностите за

одговор и управување со инцидентите во сите организации, минимизирањето на

Дигитална трансформација и сајбер безбедност

евентуалната штета што може да се предизвика, како и обезбедувањето на подо-

бра поддршка се есенцијални за градење на здрав сајбер простор, се вели во Стра-

тегијата. Дополнително, оваа Стратегија укажува на тоа дека овие крајни резултати

можат да се постигнат преку превземање на соодветни и пропорционални мерки

за спречување и минимизирање на влијанието на инцидентите кај безбедноста на

мрежите и информациските и комуникациските системи; преку соодветни и сраз-

мерни технички и организациски мерки за управување со ризиците кои се однесу-

ваат на безбедноста на мрежата и информациските и комуникациските системи;

преку известување на релевантните надлежни органи за секој инцидент што има

суштинско влијание врз нивните услуги, како и преку подобрена координација меѓу

засегнатите страни при справување со инцидентите.

Првата цел на четвртиот столб – навремен и соодветен одговор на напади и на

инциденти поврзани со сајбер просторот укажува на цел еден процес и на систем

со кој овие напади ќе бидат прво забележани, пријавени, анализирани и на истите

ќе има соодветен одговор. Соработката помеѓу Националниот центар за одговор

на компјутерски инциденти MKD-CIRT и Министерството за внатрешни работи ќе

се подобри со воспоставување на единствена точка за пријава на инциденти и кри-

минал во сајбер просторот. Позитивно влијание ќе има и донесувањето на законско

решение со кое ќе се воведе и регулира задолжителното пријавување на инциден-

ти и напади од страна на јавниот сектор и определените сектори на критичната

информациска инфраструктура. Кон навремен и квалитетен одговор ќе помогне и

националната категоризација за сајбер инциденти и приоретизацијата на нивното

решавање, а навремената идентификација и одговорот на инцидентите зависат и

од процесот на воспоставување на квалитетни и опремени оперативни CSIRT ти-

мови во критичните сектори. Од исклучително значење е и воспоставување на сет

на правила и принципи за соработка и размена на информации, поддршка при од-

говор и координација во справување со инцидентите, како и имплементација на

механизмите за детекција и брз одговор на сајбер инциденти во организациите –

органите на државната управа и операторите на КИИ.

Втората цел се препораките за употреба на безбедносната технологија во опште-

ството, во која се вели дека воспоставувањето на безбедно општество преку ко-

ристење на можностите на дигиталните технологии, вештачката интелигенција,

квантните технологии и електронските комуникации се најдобар начин за обезбе-

дување на адекватна заштита од сајбер закани.

Третата цел – управување и следење на ризици и закани упатува на тоа дека кон-

тинуираната соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор и секторите на КИИ

води кон подобро разбирање, приоретизирање и управување со сајбер ризиците

како и преку идентификување на ризици и закани кои опфаќаат еден или повеќе

критични сектори. Оваа цел вклучува и континуирана процена и управување со

сајбер ризиците, потоа поддршка на приватниот сектор во процена и управување

со сајбер ризиците и тоа преку давање на упатства за процена базирани на меѓу-

народни стандарди и едукација на правните лица преку соодветни обуки, како и

усвојување на Национална рамка за процена на сајбер ризици која ќе се користи

и во јавниот и во приватниот сектор. На тоа се надоврзува и воспоставувањето на

регистар на идентификувани информациски основни средства кои се од големо

значење за државата.

Четвртата цел се однесува на навременото и соодветно справување со сајбер кри-

миналот. Согласно анализата значително е зголемен бројот на пријави од државни

институции до МВР – Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика

за идентификувани компјутерски напади на системите и за истото дефинирани се

надворешни и внатрешни причини:

• надворешни причини: развој на информатичката технологија, висок степен на

користење на информатичката технологија во секојдневието, значителен раст

на дигиталното општество по пандемијата со корона вирусот, недоволните по-

знавања на информатичката технологија, и безбедноста во оваа област од стра-

на на корисниците и сл.

• внатрешни причини: недостатоци за компјутерска безбедност на компјутер-

ските системи во институциите на државата, вклучувајќи ги и болниците, учи-

лиштата и сл. Тоа согласно анализите се должи на недоволната екипираност во

ИТ службите во институциите, вработувањето на несоодветен кадар и невложу-

вање во современи ИТ технологии.

Од аспект на сузбивање на компјутерскиот криминал, Министерството за внатреш-

ни работи ги идентификува овие случувања, дава поддршка при споредувањето на

истраги и слично, односно ги превзема следните чекори:

✓ координација со банкарскиот сектор;

✓ координација со националниот CIRT со цел дефинирање на тоа кои надлежно-

сти би се распределиле помеѓу Министерството и CIRT-от;

✓ координација со Народната банка со цел размена на податоци и соработка;

✓ координација со Државниот завод за ревизија, министерствата и другите ор-

гани на државата;

✓ контакт и координација со меѓународни институции од областа на компјутер-

ската безбедност - ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ, ЕСЗ;

✓ спроведување на меѓународна кампања за подобрување на компјутерската

безбедност на Интерпол;

Дигитална трансформација и сајбер безбедност

✓ посети и координација со отсеците за компјутерски криминал во регионални-

те Сектори за внатрешни работи со цел утврдување на предизвиците и давање

на насоки за поефикасно постапување;

✓ изготвување на нова Стратегија за компјутерски криминал со акцент на сора-

ботката и координацијата со другите институции кои имаат надлежност за спра-

вување со компјутерски криминал; и

✓ имплементација на Упатството за обезбедување на податоци од мобилни уре-

ди во регионалните сектори како и одржување на обука за спроведување на че-

корите од Упатството.

Петтиот столб се однесува на националната и на меѓународната соработка и ис-

тиот укажува на тоа дека јавните институции треба тесно да соработуваат на меѓу-

народно и на национално ниво за да овозможат безбедност во сајбер просторот.

Стратегијата вели дека државата се потпира и на партнерствата со приватниот

сектор и меѓународните сојузници за да ја зајакне својата сајбер отпорност. Оттука

произлегуваат неколку цели и тоа:

Првата цел се однесува на соработката на полето на сајбер безбедноста на на-

ционално и интернационално ниво при што активностите кои се дефинирани се

однесуваат на учество во дефинирањето на меѓународните правни акти поврзани

со начинот на однесување во сајбер просторот, слободата на изразување, зашти-

тата на личните податоци, правата на приватност и основните човекови права и

слободи; потоа засилената мултилатерална соработка во рамките на релевантните

меѓународни организации како ОН, ОБСЕ, Советот на Европа и други; засилената

билатерална соработка со земјите членки на НАТО и на Европската Унија; градење

на доверба на меѓународно ниво преку создавање на повеќеслојни механизми за

контакт; и градење на стратешки партнерства со други земји со цел зајакнување на

колективната акција.

Втората цел на петтиот столб се однесува на одговорното однесување на држава-

та и мерките за градење на доверба во сајбер просторот, при што клучни активно-

сти се следните: понатамошно развивање на правилата, нормите и принципите на

одговорното однесување на државите и начините за нивно спроведување и – до-

колку е неопходно – да се воведат промени во нив или да се разработат дополни-

телните правила на однесување; одржување на редовен институционален дијалог

со широко учество на државите под покровителство на ООН; примена на меѓуна-

родното право за користење на информации и комуникациски технологии по др-

жави; градење на мерки за доверба; и градење на капацитети.

Стратегија за сајбер одбрана на Министерството за одбрана

Стратегијата за сајбер одбрана донесена во Министерството за одбрана во 2020

година, укажува на тоа дека за државата да умее да ги одржи вредностите на де-

мократското општество како безбедноста на граѓаните, заштитата на суверените-

тот и територијалниот интегритет, принципите на демократијата и владеењето на

правото, мора да се изгради и одржи комплексен систем на националната одбрана.

Од денешна перспектива, тој систем е навистина покомплексен од кога било. Осо-

бено значајни се предизвиците кои ги носат новите технологии во сајбер просто-

рот, нешто што е особено видливо по илегалната руска агресија врз самостојна и

суверена Украина. Оваа војна ни покажа дека европскиот континент во 21-от век

сè уште е плодна почва за конвенционално војување, но ни покажа и дека денеска

воената доктрина не се лимитира на конвенционалните оружја, туку напротив, при

вршењето на воените дејствија во голема мера го користи и сајбер просторот, за

еден вид на хибридно војување. На хибридните закани не е имуна ниту една земја

– и регионот, а особено Србија, Бугарија, Црна Гора, Албанија, па и Северна Маке-

донија беа подложени на серија хибридни напади – од напади врз клучни владини

системи како Фондот за здравствено осигурување, до секојдневни хибридни зака-

ни поврзани со дојавите за поставени бомби низ училишта, болници, институции.

Стратегијата за сајбер одбрана препознава дека сајбер безбедноста се разликува

од сајбер одбраната – и тоа, како што се вели, главната разлика е во природата и

интензитетот на сајбер – нападите, без можност да се наведат точни и прецизни

критериуми.

Подготвеноста на државата да се справи со предизвиците во сајбер просторот, од-

носно подготвеноста за одбрана од сајбер напади е комплексна и сеопфатна. Сај-

бер одбраната не е активна само за време на итни и кризни состојби, туку напротив

– таа е активна секојдневно и постојано. Една од клучните елементи е градењето

на капацитети и зајакнувањето на сајбер-одбраната во рамките на Министерство-

то за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, кои ќе бидат подгот-

вени да се носат со предизвиците во сајбер просторот.

Дигитална трансформација и сајбер безбедност

Согласно Стратегијата, постојат голем број на државни и недржавни актери кои

можат да спроведат еден сајбер напад кој би имал влијание врз системот и би ги

активирал капацитетите за сајбер одбрана. Основни цели на сајбер-нападите мо-

жат да бидат корисниците и системите кои ја поврзуваат компјутерската средина

со физичката инфраструктура.

г л а в а

ДИГИТАЛНА
ДИПЛОМАТИЈА:
ФУНКЦИОНАЛНОСТ
НА ГЛОБАЛНОТО
ОПКРУЖУВАЊЕ ВО
ДИГИТАЛНАТА ЕРА

Дигитална дипломатија: функционалност на глобалното опкружување во дигиталната ера

Вовед во дигиталната дипломатија

Дипломатијата долго време беше сметана за уметност во спроведување на пре-

говори помеѓу нациите и начин на развивање на меѓународните односи (Baylis,

Owens, & Smith, 2017). Традиционално гледано, дипломатијата вклучува соста-

ноци лице-в-лице, пишана документација и кореспонденција, како и размена на

официјални документи. Денеска, со брзиот продор и развојот на нови технологии

и нови начини на функционирање на општествата, дигиталното доба воведе нови

начини на кои функционира и дипломатијата.

Во дигиталната ера, дипломатијата може да биде дефинирана и како употреба на

технологија и дигитални алатки во олесну-

вањето на комуникациите, преговорите и

градењето на консензус помеѓу држави-

те. Дигиталната дипломатија вклучува и

размена на информации, идеи и политики

преку различен вид на дигитални канали,

вклучувајќи и електронска пошта, видео-

конференциска врска, социјалните мре-

жи и on-line платформите.

Дигиталната трансформација, всушност,

во голема мера го прошири опсегот и до-

стрелот на дипломатијата, и им овозможи

на дипломатите да имаат пристап до по-

широки публики и поефикасно и Слика 3: Придобивки наспроти

поефективно да ги спроведуваат дипло- недостатоци за дипломатијата

матските активности (Melissen, 2017). од дигиталната ера

Дигиталната трансформација ја промени и динамиката во меѓународните односи

како и дипломатската практика. Една од најзабележителните промени е – брзина-

та и едноставноста на комуникацијата. Дигиталните алатки ги елиминираа стеги-

те на физичките дистанци и временските зони, и им овозможија на дипломатите

да разговараат во реално време од едната до другата страна на земјината топка и

инстантно да добиваат информации на глобално ниво. Тоа, пак, овозможува брзо

донесување на одлуки и забрзан ритам при споредување на преговори од секаков

тип (Fischer-Ontrup, 2019).

Дигиталната ера овозможува и друга многу важна придобивка, а тоа е демократи-

зацијата на дипломатијата, преку воспоставување на платформа која овозможува

поширок опсег на стеикхолдери да имаат можност да бидат вклучени во дипло-

матскиот дискурс. Преку социјалните мрежи, дипломатите можат многу лесно да

воспостават контакт со јавноста, со организациите од невладиниот сектор, со недр-

жавните актери, а сето ова овозможува дипломатскиот процес да биде потранспа-

рентен и поинклузивен. Сето ова значи дека дипломатијата е подостапна и поотво-

рена за интересите и забелешките на различни заедници (Slaughter, 2018).

Технологијата овозможи и развој на т.н. дипломатија базирана на податоци, особе-

но имајќи предвид дека дипломатите одеднаш имаат можност да извршат анализа

и да имаат увид во глобалните трендови, јавното мислење и мислењето околу тоа

кој е приоритетот во доменот на политиките, токму користејќи ги новите технолош-

ки алатки. На тој начин, дипломатите можат да донесат вистински одлуки, да ги

предвидат промените, да препознаат предизвици и да ги променат дипломатски-

те стратегии и тактики согласно овие правци. На овој начин, кажано со еден збор,

дипломатијата станува наука базирана на факти и докази, таа е проактивна, спро-

ведува ефикасни политики и овозможува поедноставен процес за окончување на

конфликти (Bjola & Holmes, 2019).

Дигиталната ера донесе и нови можности, но и нови предизвици – особено во до-

менот на сајбер-безбедноста и информациското војување. Дипломатите доколку

сакаат да ги користат бенефитите на технолошките изуми, мора да имаат начин да

се справат со комплексноста на сајбер- домејнот, да се осигураат дека информа-

циите кои се сензитивни се и заштитени и да бидат проактивни во справувањето со

дезинформациите со кои општествата се соочуваат секојдневно. Сето ова побару-

ва развој на еден робустен систем за сајбер безбедност со свои протоколи, додека

истовремено побарува и висок степен на дигитална писменост кај дипломатите,

кои сега мораат ефективно да се справуваат и со овие галопирачки закани во ди-

гиталниот простор (Cavelty, 2020).

Сублимирано, дигиталната ера ја трансформираше дипломатијата, го зголеми на-

чинот на кој истата ја дефинираме и ги редефинираше нејзините практики. Упо-

требата на сето она што денеска технологијата го овозможува ја револуционизи-

раше комуникацијата и инклузивноста, а го поддржа и процесот на донесување на

одлуки. Брзиот напредок на технологијата, пак, доведе и до појава на предизвици,

особено во контекст на безбедноста во сајбер-просторот, предизвици на кои ди-

пломатите мораат да се прилагодат, додека истовремено го користат потенцијалот

кој го нуди новото време.

Дигитална дипломатија: функционалност на глобалното опкружување во дигиталната ера

Важноста и користа од дигиталната дипломатија

Дигиталната дипломатија, позната и како е-дипломатија или сајбер- дипломатија

е новиот и модерен пристап кон дипломатската практика развивана со векови. Таа

претставува и витална алатка за владите и меѓународните организации. Како што е

наведено погоре, технологијата драстично го промени начинот на комуницирање,

а со тоа и ликот на глобалното опкружување. Едноставно кажано, технологијата

ја намали дистанцата помеѓу владите, дипломатите и граѓаните на светско ниво и

овозможи дури и директен контакт помеѓу нив.

Многу значајна корист од дигиталната дипломатија и новото време има во доменот

на кризниот менаџмент и окончувањето на конфликтите, особено затоа што во вре-

ме на криза или конфликт, пристапот до брзи и точни информации е од круцијал-

но значење. Преку дигиталните канали, дипломатите добиваат новости во реално

време, потоа споделуваат информации и ги координираат напорите на ефикасен

начин. Социјалните мрежи се исто така важен сегмент, особено кога станува збор

за брз трансфер на информации до крајните корисници – дали во форма на ин-

струкции за заштита на животот и имотите, или во однос на насоки за справување

со потенцијални закани.

Дигиталната дипломатија ја револуционизираше и културната размена, рушејќи ги

бариерите помеѓу различни народи и култури. Преку on-line платформите, владите

можат да го претстават богатото наследство на своите земји, својата музика, умет-

ност, своите традиции до глобалните публики. Сето ова не само што промовира

културна разновидност, туку го унапредува и меѓусебното разбирање и почит. Пре-

ку овие дигитални платформи можат да се промовираат и програми за изучување

на јазици и иницијативи во областа на образованието што води кон еден поинклу-

зивен и поповрзан свет.

Придобивките јасно можат да се видат и во доменот на економската дипломатија

и дипломатските иновации. Преку дигитални платформи, владите можат да при-

влечат странски инвеститори, да го промовираат туризмот, трговијата, како и да

го покажат својот економски потенцијал. Дигиталните алатки и технологии нудат

и нови иновативни решенија за глобални проблеми како климатските промени,

здравствените предизвици и слично. Заедничките напори, овозможени и од on-line

платформите кои служат како катализатор, овозможуваат развој на нови политики

и процедури кои се насочени кон изнаоѓање на решенија на овие прашања и пре-

дизвици.

Главните концепти и алатки на дигиталната дипломатија

Дигиталната дипломатија во себе вклучува повеќе алатки и концепти кои ги вклу-

чуваат карактеристиките на оваа гранка на дипломатијата.

Една од нив е и јавната дипломатија, која ги вклучува напорите на владите или ор-

ганизациите да пристапат кон странски публики со цел да изградат поблиски од-

носи и да промовираат позитивен имиџ за нивната земја или организација. Јавната

дипломатија може да се смета и за составен дел или сегмент на стратешките кому-

никации со намера да се влијае на јавното мислење и екстерната перцепција за да

се постигне одредена цел во надворешната политика.

Слика 4: Активности и алатки во доменот на јавната дипломатија

Главната цел на јавната дипломатија е да го унапреди разбирањето и доверба-

та како и добрата волја помеѓу нациите и организациите преку дисеминација на

информации, поблиска и посеопфатна културна размена и дијалог. Таа вклучува

различни активности како културни изложби, образовни размени, меѓународно

пренесување на содржини со позитивен импакт, настани со јавно говорење и спро-

ведување на дигитална дипломатија преку on-line платформите.

Јавната дипломатија се разликува од традиционалната дипломатија по тоа што

примарно не се однесува на интеракции помеѓу влади и официјални претставни-

ци, туку на развој на позитивни односи со недржавни актери, организации од не-

владиниот сектор, граѓани, медиуми, креатори на јавно мислење и слично. Јавната

Дигитална дипломатија: функционалност на глобалното опкружување во дигиталната ера

дипломатија ја препознава силата на јавното мислење и невладините движења во

обликувањето на меѓународните односи и токму затоа тие се нејзината цел.

„Де факто“, јавната дипломатија игра исклучително значајна улога во обликување-

то на јавната перцепција за политиките, вредностите и културата на една држава

и нација. Таа може да ја зголеми „меката сила“ на една држава и нејзината моќ за

влијание преку убедување, наспроти преку присилување. Со промовирањето на

дијалог, разбирање и меѓусебна почит, јавната дипломатија креира мостови кои ги

поврзуваат различните култури, ги решава недоразбирањата и промовира побли-

ски односи помеѓу државите.

Големо влијание врз дигиталната дипломатија имаат и социјалните мрежи како

Facebook, Twitter, Instagram и LinkedIn, особено затоа што дипломатите ги кори-

стат овие платформи за да промовираат мислења, идеи и политики и да иницираат

дискусии со оние кои ги следат. Комуникациите со дипломатите едноставно кажа-

но немаат граница, освен стандардите на дипломатската практика и етикецијата.

Најчесто, овој тип на интеракции и дијалог може да се види во односите помеѓу ди-

пломатите и претставниците на медиумите, експертите или т.н. „влијателни лица“

(анг. influencers).

Друга форма или алатка на дигиталната дипломатија е т.н. „дигитално раскажу-

вање“, зашто дигиталната сфера остава огромен простор за раскажување на една

совршена приказна за својата земја, култура или нација. Дигиталниот простор овоз-

можува користење на мултимедијални содржини како фотографии, видеа, инфо-

графици, подкасти, блогови и слично, со чија помош можат да се развија примамли-

ви и визуелно поддржани наративи кои предизвикуваат емоција и примамливост.

Дигиталното раскажување е уште еден посеопфатен начин за промовирање на

дипломатски пораки кои го задржуваат вниманието и интересот на публиката.

E-дипломатијата, гледана како алатка во суштина го опишува начинот на кој ди-

пломатската пракса се реализира преку новите технологии. Тоа вклучува алатки за

организација на on-line преговори, дигитални конференции, виртуелни самити или

безбедни конференциски врски за трансфер на сензитивни информации.

Една исклучително важна алатка за дипломатите е можноста за анализа на огро-

мен квантум на информации достапни во сајбер-просторот. На тој начин диплома-

тите можат да добијат слика за јавното мислење дома и во која било странска земја

и соодветно на тоа да ги променат или обликуваат своите дипломатски стратегии,

да ги идентификуваат стеикхолдерите, да го максимизираат ефектот на пораките

и најефикасно да таргетираат специфични клучни публики.

On-line кампањите се уште една стратешка алатка на дипломатите, особено кога

станува збор за таргетирано промовирање на политики, за справување со дезин-

формации и за подигнување на свесноста кај јавноста за одредени специфични

прашања. Дипломатските мисии можат да се вклучат во кампањи на социјалните

мрежи, во различни on-line петиции или различни локални или помали движења

кои можат да имаат национален ефект – и сето тоа со цел добивање на уште пого-

лема јавна поддршка.

Обуките за дипломатија спроведени on-line, се алатка која е од значење за диги-

талната дипломатија, имајќи ја предвид ефикасноста и брзината во спроведување-

то на ваков вид на обуки. Овие програми вклучуваат on-line курсеви, вебинари и

виртуелни работилници кои покриваат различни аспекти од дигиталната диплома-

тија, вклучувајќи и менаџирањето на социјалните мрежи, комуникациските страте-

гии во сајбер-просторот или кризниот менаџмент.

Улогата на социјалните мрежи во дипломатијата

Со развојот на мас-медиумите и мас-комуникацијата, социјалните мрежи рапидно

ги трансформираа не само нашите социјални животи, туку и политичките односи

и релации. Она што е јасно забележливо е дека во оваа модерна ера, политичките

лидери и дипломатите на глобално ниво сè повеќе ги користат социјалните мрежи

за да пренесат одредена политичка порака, да сигнализираат одредена политичка

намера или да се поврзат со одреден странски политичар. Доколку во одредена

ситуација традиционалната (лице-в-лице) дипломатија е лимитирана, социјалните

мрежи можат да бидат исклучително значајни во отворањето на дијалог и развојот

на довербата помеѓу државите. Во суштина, доколку се изврши анализа на начи-

нот на кој се однесуваат официјалните лица на социјалните мрежи, лесно се доаѓа

до заклучок дека нивните пораки упатени преку овие мрежи се конзистентни и во

рамката на тоа како една змеја сака да биде препознаена на меѓународната сцена.

Една илустрација за тоа е улогата на Twitter во донесувањето на иранскиот нукле-

арен договор. По прекинувањето на дипломатските односи помеѓу САД и Иран во

1980 година, потенцијалот за високо-профилни дипломатски интеракции бил мно-

гу мал, па затоа успешното донесување на Иранскиот нуклеарен договор во 2015

година претставуваше изненадување кое во одреден процент својот успех треба

да го припише и на социјалната мрежа Twitter. Имено, токму начинот на кој била

користена оваа социјална мрежа од страна на официјалните ирански претставни-

ци, овозможила да се создаде позитивна клима која навестувала поместување

од непријателските позиции, реконструирање на наративите помеѓу двете земји и

според тоа воведување на нови преговарачки позиции.

Глава II · Дипломатија во дигиталната ера

On-line кампањите се уште една стратешка алатка на дипломатите, особено кога

станува збор за таргетирано промовирање на политики, за справување со дезин-

формации и за подигнување на свесноста кај јавноста за одредени специфични

прашања. Дипломатските мисии можат да се вклучат во кампањи на социјалните

мрежи, во различни on-line петиции или различни локални или помали движења

кои можат да имаат национален ефект – и сето тоа со цел добивање на уште пого-

лема јавна поддршка.

Обуките за дипломатија спроведени on-line, се алатка која е од значење за диги-

талната дипломатија, имајќи ја предвид ефикасноста и брзината во спроведување-

то на ваков вид на обуки. Овие програми вклучуваат on-line курсеви, вебинари и

виртуелни работилници кои покриваат различни аспекти од дигиталната диплома-

тија, вклучувајќи и менаџирањето на социјалните мрежи, комуникациските страте-

гии во сајбер-просторот или кризниот менаџмент.

Улогата на социјалните мрежи во дипломатијата

Со развојот на мас-медиумите и мас-комуникацијата, социјалните мрежи рапидно

ги трансформираа не само нашите социјални животи, туку и политичките односи

и релации. Она што е јасно забележливо е дека во оваа модерна ера, политичките

лидери и дипломатите на глобално ниво сè повеќе ги користат социјалните мрежи

за да пренесат одредена политичка порака, да сигнализираат одредена политичка

намера или да се поврзат со одреден странски политичар. Доколку во одредена

ситуација традиционалната (лице-в-лице) дипломатија е лимитирана, социјалните

мрежи можат да бидат исклучително значајни во отворањето на дијалог и развојот

на довербата помеѓу државите. Во суштина, доколку се изврши анализа на начи-

нот на кој се однесуваат официјалните лица на социјалните мрежи, лесно се доаѓа

до заклучок дека нивните пораки упатени преку овие мрежи се конзистентни и во

рамката на тоа како една змеја сака да биде препознаена на меѓународната сцена.

Една илустрација за тоа е улогата на Twitter во донесувањето на иранскиот нукле-

арен договор. По прекинувањето на дипломатските односи помеѓу САД и Иран во

1980 година, потенцијалот за високо-профилни дипломатски интеракции бил мно-

гу мал, па затоа успешното донесување на Иранскиот нуклеарен договор во 2015

година претставуваше изненадување кое во одреден процент својот успех треба

да го припише и на социјалната мрежа Twitter. Имено, токму начинот на кој била

користена оваа социјална мрежа од страна на официјалните ирански претставни-

ци, овозможила да се создаде позитивна клима која навестувала поместување

од непријателските позиции, реконструирање на наративите помеѓу двете земји и

според тоа воведување на нови преговарачки позиции.

Дигитална дипломатија: функционалност на глобалното опкружување во дигиталната ера

Она што може да се извлече како заклучок во однос на начинот на кој се претста-

вуваат земјите на социјалните мрежи е дека тоа е најчесто на начин кој го штити

државниот идентитет, истиот е афирмативен и може да има директно влијание врз

можностите и потенцијалот на надворешната политика.

Слика 5: Карактеристики на социјалните мрежи од важност за дигиталната дипломатија

На социјалните мрежи може да се гледа и како на нож со две острици – тие се ка-

нал за инстантен трансфер на мислења и идеи, ефикасна алатка за глобална ко-

муникација, додека истовремено тие можат исклучително брзо да и наштетат на

репутацијата на одредена земја или личност. Впрочем, токму САД и Белата куќа во

времето на претседателот Трамп е еден пример за тоа како (повторно) Twitter ја

обликуваше светската политика, на еден или на друг начин. Токму под водство на

Трамп и неговата „Twitter дипломатија“, многубројни дискусии помеѓу високо-про-

филни лица беа водени на оваа платформа, и тоа пред будното око на јавноста. Тоа

можеше да се види со мексиканскиот претседател Висенте Фокс (околу изградбата

на граничниот ѕид), декларациите за нуклеарна војна со севернокорејскиот лидер

Ким Јонг Ун – примери кои го покажуваа недостатокот на такт во надворешната

политика на светската суперсила. Затоа користењето на оваа социјална мрежа од

страна на претседателот Трамп ја покажа и другата страна на паричката, односно

колку социјалните мрежи можат да делегитимизираат одредена личност, колку тие

можат да влијаат деструктивно и да ја зголемат празнината која се создава преку

губење на довербата во меѓународните односи.

Ова може да се види и во на-

чинот на кој се развиваат аме-

риканско- кинеските односи

преку социјалните мрежи. Бор-

бениот дух, кој наводно го ба-

рал министерот за надворешни

работи на Кина, Ван Ји, од свои-

те дипломати може јасно да се

види во повеќе случаи – на при-

мер, протестите во Хонг Конг,

кога на профилите на кинески-

те дипломати можеше да се за-

бележи т.н. „whataboutism“ кој

ги позиционира САД како не-

праведни, нехумани и хипокри-

тични, и тоа преку прашањата

и проблемите кои постојат во

американското општество како

расната дискриминација или

насилствата со огнено оружје.

Таквиот (не) дипломатски од-

нос беше евидентен и во обја-

вите на претседателот Трамп

што покажува дека социјалните

мрежи иако ги олеснија кому-

никациите, во голема мера ги

заменија внимателно подготве-

ните прес-изјави со мислења и

Слика 6: Пример за „Twitter

ставови на кои им недостасува

дипломатија“ на поранешниот

префинетост која може да има

претседател на САД, Доналд Трамп

долгорочен импакт.

Затоа може да се каже дека трансформациската сила на социјалните мрежи во

светската политика е јасна, но недоволно испитана. Овие нови платформи ги мену-

ваат начините на кои една држава се идентификува себе си и ја обликува својата

надворешна политика. Во контекст на социјалните мрежи, останува да се одговори

на едно круцијално прашање – како можеме да ги искористиме потенцијалите на

овие платформи кои се огромни, додека истовремено ги анулираме можностите за

нивно негативно влијание?

Дигитална дипломатија: функционалност на глобалното опкружување во дигиталната ера

Доколку предвид се земат оперативните ризици од користењето на социјалните

платформи (без евидентните политички влијанија), истите можат да се поделат на:

1. Интегритет на информациите: Лажните вести и дезинформациите на социјал-

ните мрежи се шират со брзина на светлината. Сите светски влади се соочуваат со

предизвикот да се носат со дезинформациите и да се позиционираат себе си како

кредибилен извор на информации. Тоа беше јасно видливо и за време на панде-

мијата на корона-вирусот, кога многу често официјалните информации на социјал-

ните мрежи беа поклопувани со мисинформации и дезинформации од секаков тип

и природа.

2. Безбедносни предизвици: Дипломатите и Владите мораат да ја осигураат безбед-

носта на нивните профили на социјалните мрежи, со цел да превенираат хакирање

или неавторизирани влезови. Во 2017 година, Твитер-профилот на Департманот

за одбрана на САД беше хакиран, што доведе до испишување на неавторизирани

твитови кои имаа потенцијал да прераснат во безбедносен ризик.

3. Дипломатски протокол: одржувањето на дипломатски протокол на социјални-

те мрежи може само по себе да биде предизвик. Секоја случка преку социјалните

мрежи може да доведе до заладување на билатералните надворешни односи по-

меѓу две земји. Таков пример може да се најде во дипломатските несогласувања

помеѓу Канада и Саудиска Арабија на Твитер во 2018/9 година.

4. Преголемо ослонување на социјалните мрежи: иако е јасно дека социјалните

мрежи нудат исклучително голем дострел во пренесувањето на пораките, мора да

се има предвид дека и нивната ефикасност е лимитирана, особено ако стане збор

за сегментот од популацијата кој има лимитиран пристап на интернет и релативно

ниска медиумска писменост. Затоа, Владите мораат да имаат дуален пристап и ни-

когаш нивната дипломатска активност да не ја насочуваат единствено преку диги-

талните канали, туку балансирано наративите, пораките и позициите да ги споде-

луваат и на традиционален начин кој овозможува истите да стигнат до најширока

можна публика.

5. Балансирање на транспарентноста и класифицираноста на информациите: ди-

пломатите мораат да најдат баланс помеѓу потребата за споделување на инфор-

мации и зачувување на одредени информации како класифицирани. Денеска тоа е

овозможено од страна на неколку платформи како Signal или Whats App, кои овоз-

можуваат енкриптирана комуникација.

Студии на случај – успешно промовирање на дипломатски кам-

пањи преку социјалните мрежи

Постојат повеќе успешни on-line дипломатски кампањи кои имаа позитивно влија-

ние и покажаа на кој начин може да се искористи потенцијалот на социјалните

мрежи. Една од нив е т.н. „Travel Ban Response“ кампања на канадската влада во

2017 година, која дојде како еден вид на одговор на забраната за патување која ја

воведе САД кон неколку доминантно муслимански земји. Кампањата која имаше

позитивен одек, се развиваше под „хаштагот“ #WelcomeToCanada, а таргетирани

беа социјалната мрежа Твитер и други социјални мрежи. Овој „хаштаг“ беше кори-

стен и од канадскиот премиер Џастин Трудо, кој споделуваше пораки за поддршка

кон оние кои беа опфатени со забраната за патување, додека истовремено ја по-

тенцираше посветеноста на Канада кон инклузија и почитување на различностите.

Кампањата достигна вирално ниво, а истата беше проследена со големо медиум-

ско внимание и позитивни реакции на глобално ниво. „Хаштагот“ беше екстензивно

користен и од Канаѓаните, но и низ целиот свет и тоа најчесто за пренесување на

лични стории и приказни кои ја потврдуваат сликата за мултикултурна Канада која

ги почитува сите луѓе без оглед на раса, нација, религиозна определба.

Слика 7: Tweet на канадскиот премиер Џастин Трудо како дел од кампањата

#WelcomeToCanada

Друг пример за on-line кампања е онаа на израелско-

то Министерство за надворешни работи, кое имаше за

цел преку кампањата насловена „Israel Under Fire“ да

вклучи глобална публика и да го обликува јавното мис-

лење. Целта на оваа кампања во 2013 година беше да

се спротивстави на наративите против Израел, преку

реално-временски и лични приказни кои го претста-

вуваа Израелско-палестинскиот конфликт од израел-

Дигитална дипломатија: функционалност на глобалното опкружување во дигиталната ера

ска перспектива. Оваа кампања ги вклучи социјалните мрежи Твитер, Facebook и

YouTube, каде беа споделувани пораки со квалитетни визуелизации како инфо-

графици, видеа, лични тестимонијали, со повеќејазичен пристап, говорејќи дирек-

тно кон индивидуи, медиуми и инфлуенсери. Оваа кампања имаше успех, особено

во хуманизацијата на израелската перспектива, поддржана од факти, а му помогна

и на израелското Министерство за надворешни работи да го воспостави своето

присуство на социјалните мрежи и да ја развие својата публика.

Дигитални алатки за кризна комуникација и одговор на кризи

Кризната комуникација е процес на менаџирање и достава на информации до раз-

лични стеикхолдери, за време на неочекуван настан кој има негативен ефект врз

репутацијата, операциите или безбедноста на одредена организација. Ефективни-

те кризни комуникации можат да помогнат во процесот на окончување на нега-

тивните ефекти, па дури и да овозможат клима во која ќе се врати довербата во

организацијата и ќе се превенира дополнително нанесување на штета или ескала-

ција на состојбата. Алатките и каналите преку кои може да се спроведе ефикасна

кризна комуникација се од исклучително значење во овој процес.

За да можеме да говориме за алатки, потребно е да се помине низ неколку други

фази во кризната комуникација – првенствено да се процени ситуацијата, однос-

но да се увиди големината, природата или ургентноста на една криза. Треба да се

запрашаме кои сè стеикхолдери се вклучени, со кои информации тие располагаат

и кои се нивните очекувања, колку сериозно може комуникациската криза или кри-

зата да влијаат на организацијата и нејзината репутација, со која брзина се развива

целата ситуација и слично.

Дигиталните алатки се секако еден од најбрзите и најефикасните начини за одго-

вор. Всушност, многупати споменуваните социјални мрежи предничат како алатка

за кризна комуникација, и тоа заради нивната реално-временска можност за пре-

несување на информации, можноста за инстантно споделување на новини од ситу-

ацијата која се менува од миг во миг. Пример за тоа се природните непогоди, за кои

искуството покажало дека најдобриот начин за пренесување на една информација

која може да направи разлика помеѓу живот и смрт, се токму социјалните мрежи.

Таков е случајот со Ураганот „Харви“ во 2017 година кога Twitter служел како ис-

клучително важен канал за властите во пренесувањето на разни типови на инфор-

мации – од повици за евакуација, до итни информации за потенцијална опасност.

Социјалните мрежи се одлична алатка и заради можноста за двонасочна комуни-

кација со граѓаните кои се под директна опасност, што отвора и можност за одго-

варање на прашања и дообјаснување на одредени нејаснотии (Starbird et al., 2010).

Мобилните апликации, исто така се еден од најважните алатки во кризната кому-

никација. Преку нотификации директно на мобилните телефони на корисниците

во одредена област, овие апликации можат инстантно да пренесат информации

кои се од есенцијално значење за безбедноста во таа област. Пример за тоа е аме-

риканската FEMA чија апликација во САД овозможува инстантен пренос на трево-

ги, реално временски информации за климатските услови и информации за подго-

твеноста на системот за кризна заштита. Преку можностите за локализација, оваа

апликација испраќа засебни информации до жителите на секоја од областите со

најголема точност, што дава можност граѓаните да донесат информирани одлуки

за нивната безбедност (Hossain et al., 2016).

Мапирањето на кризите и алатките за визуелизација на податоци даваат, пак,

визуелна репрезентација на информациите поврзани со кризата со што се од по-

мош во зголемувањето на ефикасноста на овие информации. Алатките за мапи-

рање овозможуваат пренесување на податоци за кризата на самата мапа – од тоа

каде има криза, до каде се сместени капацитетите за одговор на кризи, каде може

да се добие помош и слично (Zook et al., 2010). Еден пример за тоа е платформата

за мапирање на кризи наречена Ushahidi која била користена при различни хума-

нитарни активности и тоа преку т.н. „crowdsourcing“, односно преку можноста секој

корисник самостојно да внесе нова информација на платформата, со што се созда-

ва вистинска, реална слика од состојбата на теренот (Meier, 2015).

Визуелизирањето е многу важна алатка затоа што податоците во време на една

криза можат да станат исклучително комплексни и тешко читливи за обичниот на-

род, кој многу полесно може да ги воочи трендовите на кризата преку нивна гра-

фичка визуелизација (Chien et al., 2017).

Колаборативните платформи и комуникациските алатки имаат големо значење

за оние кои даваат помош на теренот при одредена криза. Тие можат да ја помо-

гнат тимската работа, особено кога тимот е распределен на физички одделени ме-

ста (Sinha et al., 2013), зашто оставаат можност за заеднички on-line работни про-

зорчиња, брза размена на документи, комуникација во реално време, брза размена

на информации и можеби и најважно брзо донесување на одлуки и пренесување

на тие одлуки до крајните корисници (Bruneau et al., 2018).

Но, дури и кога станува збор за кризна комуникација, мора да се има предвид

дека паралелно со користа од овие типови на алатки, постојат и етички прашања

и предизвици кои мораат да се земат предвид. Еден од најголемите предизвици е

прашањето за приватноста и заштитата на податоците, затоа што дури и во криза,

Дигитална дипломатија: функционалност на глобалното опкружување во дигиталната ера

големо внимание мора да се даде токму на овој аспект и мора ракувањето со овие

податоци да биде согласно законските одредби (Brändle et al., 2019).

Мисинформациите и дезинформациите се, исто така, значаен предизвик на кој

мора да му се даде должно внимание. Тие имаат капацитет да се рашират многу

брзо и да ја намалат кредибилноста на информациите од институциите во кризни-

от менаџмент, што, пак, во опасност става човечки животи. Решение на тоа можат

да бидат алатките за верификација на факти, како т.н. „факт-чекери“ кои ефикасно

и ефективно вршат споредба на она што е лиферувано, а е дезинформација и ин-

формациите на официјалните институции кои се дел од кризниот менаџмент.

Студии на случај на користење на дигиталната дипломатија во

ситуации на кризни комуникации

Дигиталната дипломатија е интегрален дел од дипломатските стратегии, особено

кога станува збор за кризни ситуации. Тоа им овозможува на дипломатите да ко-

муницираат, да се вклучат и да соработуваат со меѓународни публики во реално

време.

1. Разорното цунами во Индискиот океан во 2004 година и последиците по него

се еден од примерите за тоа како дигиталната дипломатија игра круцијална улога

во координацијата на меѓународните хуманитарни напори. Владите, невладините

организации кои помагаа, па дури и индивидуи ги користеа дигиталните платфор-

ми за размена на информации, давање на донации и координација на операциите

за помош. On-line платформите овозможија брза дисеминација на информации и

помогнаа во мобилизација на напорите за помош на глобално ниво.

2. Втор пример е одговорот на Европската Унија во бегалската криза во 2015-

2016 година, кога Унијата се соочи со голем наплив на бегалци, а дигиталната ди-

пломатија беше користена за да се менаџира јавната перцепција, да се координи-

раат напорите и да се развие меѓународната соработка. Пример за тоа е и on-line

кампањата наречена #RefugeesWelcome лансирана од Европската комисија, со

цел да се справи со ксенофобијата и да промовира емпатија кон бегалците. Преку

социјалните мрежи беа пренесувани разни лични стории, беа разбивани митови и

ги повикуваа граѓаните на дијалог. Дигиталните платформи, едноставно, овозмо-

жија размена на идеи и искуства, и градење на јавна поддршка за поголема инклу-

зивност во бегалските политики.

3. КОВИД-19, пандемијата која го потресе светот уште еднаш ја покажа важно-

ста на дигиталната дипломатија во кризниот менаџмент. Владите и меѓународни-

те организации користеа широк спектар за дигитални алатки за да дисеминираат

фактички точни информации, да пренесат најдобри практики и да ги координираат

глобалните напори за помош. Меѓународната соработка и солидарност, во време

кога постоеја рестрикции за патување и мерки за одржување на физичка дистанца,

се темелеше на ефикасноста на социјалните мрежи, on-line конференциите и вир-

туелните активности.

Јавната дипломатија во дигиталната ера

Јавната дипломатија подолг период е една од есенцијалните алатки на нациите

во нивните интеракции со странски публики и во обликувањето на перцепциите и

градењето на меѓусебни односи. Традиционално гледано, јавната дипломатија се

базираше на методи како културна размена, медиумски активности и интеракции

лице-в-лице. Со развојот на дигиталната ера, опкружувањето на јавната диплома-

тија доживеа сериозна трансформација. Развојот на дигиталната ера, овозможи

јавната дипломатија да биде многу подостапна, поинтерактивна и динамична. До-

полнително, дигиталната ера го демократизираше полето на јавната дипломатија

и овозможи недржавни актери, невладини организации и индивидуи да партици-

пираат и да придонесат кон дипломатскиот дискурс. Граѓанската дипломатија која

вклучува индивуалци кои се вклучени во дипломатските активности и ги претста-

вуваат државните интереси, преку дигиталните платформи најдоа нови начини на

пренесување на нивните пораки.

Дигиталната ера, може да претставува и предизвик имајќи ги предвид комплекс-

ностите на јавната дипломатија. Огромниот квантум на информации и речиси бло-

кираниот дигитален простор создадоа состојба во која е тешко да продре одредена

порака, а денеска сето тоа е уште повеќе отежнато ако го имаме предвид и про-

блемот со дезинформациите. On-line манипулацијата и претходно споменатите –

приватноста и безбедноста на податоците се исто така загрижувачки кога станува

збор за дипломатите и владите кои мораат да научат да работат во дигиталното

опкружување.

Стратегии на јавната дипломатија во дигиталната ера

Дигиталното „раскажување“ преку дигитални канали, во рамки на јавната дипло-

матија, отвора можност за пренесување на стории кои можат да резонираат кај гло-

балните публики. Преку користењето на мултимедијалните содржини, како видеа,

фотографии, потоа блогови и подкасти, дипломатите можат да пренесат лични

приказни, како и културни искуства и наративи кои ги хуманизираат нивните земји

и го унапредуваат разбирањето на нивната култура. Овој пристап ја зацврстува

емотивната врска и емпатијата помеѓу дипломатите и нивната клучна публика, што,

пак, води кон ефективна јавна дипломатија. Одличен пример за ова е подкастот

на канадската влада наречен „Дипломатијата на Канада“ (“Canada’s Diplomacy”)

Дигитална дипломатија: функционалност на глобалното опкружување во дигиталната ера

кој вклучува серија на разговори со дипломати од кои може да се слушнат инфор-

мации поврзани со надворешнополитичките приоритети на Канада, позицијата за

глобалните предизвици, како и дипломатските иницијативи.

Кампањите во рамките на јавната дипломатија спроведени on-line се уште еден

одличен пример кој може да се спроведе на дигиталните платформи, и тоа со

можност за генерички или специфичен опфат. Пример за таква кампања е онаа на

британскиот совет наречена „Поврзување со климата“ (“Climate connection”), спро-

ведена на социјалните мрежи со цел да ги вклучи младите луѓе на глобално ниво,

повикувајќи да бидат гласни и да ги споделат своите перспективи и решенија за

климатските промени.

Активностите на дипломатијата кои се реализираат на виртуелен начин (разговори,

конференции и состаноци), не се лимитирани од блискоста (или оддалеченоста) на

физичкиот простор. Дипломатите користат видео- конференциски алатки, вебина-

ри и on-line платформи да разговараат, да преговараат и да градат партнерства во

еден поинклузивен и поефикасен дипломатски процес. Пример за тоа се виртуел-

ните состаноци и конференции на глобалните лидери организирани од страна на

Обединетите Нации, каде се разговара за многу важни прашања од областите на

климатските промени, мировните мисии и одржливиот развој, и тоа на ефикасен и

евтин начин.

Кои се предизвиците и можностите на јавната дипломатија?

Дигиталната јавна дипломатија во своето функционирање има голем број на пре-

дизвици и можности – од информациското преоптоварување и дезинформациите,

преку клучната публика до различната пристапност до овие алатки.

Прв предизвик е информациското преоптоварување и справувањето со дезин-

формациите кои креираат шумови во комуникацијата и го пренасочуваат внима-

нието на јавноста. Ширењето на дезинформации и лажни вести претставува пре-

дизвик и за напорите на дигиталната јавна дипломатија. Во оваа смисла, можности

за дигиталната јавна дипломатија можат да бидат реално-временскиот контакт и

брзиот одговор кон дезинформациите и лажните вести, со што ефикасно би може-

ло да се анулираат лажните наративи.

Фрагментираната публика и т.н. филтер - меури претставуваат, исто така, пре-

дизвик за дигиталната јавна дипломатија. Тоа е така затоа што дигиталните плат-

форми им овозможуваат на индивидуите самите да го креираат своето on-line ис-

куство, што води до креирање на т.н. филтер - меур во кој индивидуата има пристап

до информации кои се во согласност со нејзините верувања и мислења. Фрагмен-

тирањето на публиката е уште еден предизвик за дигиталната јавна дипломатија

затоа што навистина голем предизвик претставува потребата да се допре до секоја

од публиките кои се фрагментирани по многу основи. Во оваа ситуација, можно-

стите се однесуваат на испораката на таргетирани пораки и т.н. микро- таргети-

рање. Во контекст на таргетираните пораки, тоа значи дека можат да се искористат

различни наративи за специфични пораки и специфичен пристап. Дополнување на

тоа е и микро-таргетирањето кое им овозможува на владите и на организациите

да успеат да допрат до микро – публики, како начин за максимизирање на нивните

комуникациски напори.

Дигиталните поделби и пристапот до дигиталните платформи, може да биде

уште еден предизвик. Дигиталните поделби се однесуваат на нееднаквиот пристап

до дигитални технологии и интернет-врска, особено имајќи предвид дека не сите

граѓани имаат ист пристап до on-line платформи. На овој начин еден сегмент од

општеството има потенцијал да биде исклучен од напорите на владите или органи-

зациите за спроведување на ефикасна дигитална јавна дипломатија. Можноста во

овој контекст е унапредување на граѓанската дипломатија и малите движења кои

имаат голем потенцијал. Дигиталната јавна дипломатија може да им даде простор

на индивидуите и организациите од граѓанското општество да се вклучат во ди-

пломатските активности и да ги обликуваат меѓународните наративи.

Сајбер-безбедноста и дигиталната дипломатија

Напредокот на дигиталните технологии донесоа голем број на можности, но и пре-

дизвици на полето на дипломатијата. Државите сè повеќе се ослонуваат на диги-

талната инфраструктура за економските, политичките и општествените активности

и затоа сајбер-безбедноста, особено во полето на дигиталната дипломатија стана

исклучително важна. Сајбер- безбедноста се однесува на мерките кои се превзе-

мени за заштита на компјутерските системи, мрежи и податоци од неавторизиран

влез, од напади и од нанесување на непоправлива штета. Како се шири дигитално-

то опкружување, така се зголемуваат и опасностите, ранливостите и заканите кои

имаат потенцијал да ги поткопаат дипломатските напори.

Дигиталната дипломатија вклучува поголем број на активности, како on-line кому-

никација, споделување на информации и координација помеѓу дипломатите. Сиве

овие активности се ослонуваат на безбедна размена на сензитивни информации,

како државни позиции за одредени политики, стратегии за преговарање и разузна-

вачки податоци. Заштитата на ваков тип на податоци е круцијална во одржувањето

на довербата и кредибилитетот во дипломатските односи. Всушност, сајбер-на-

падите вклучувајќи го „хакирањето“ на податоци, навлегувањето во податочните

системи и рансомверот имаат потенцијал да ја намалат довербата и да ја компро-

Дигитална дипломатија: функционалност на глобалното опкружување во дигиталната ера

митираат националната безбедност. Надворешните актери, криминалните органи-

зации и хакерите се голем предизвик за сајбер- безбедноста на иницијативите кои

произлегуваат од дигиталната дипломатија.

Предизвик во контекст на дигиталната дипломатија се и т.н. Напредни постојани

закани (Advanced Persistent Threats – APT), кои се софистицирани, таргетираат

специфични ентитети вклучувајќи и дипломатски мисии и владини институции.

Овие закани, како што е озлогласената „Операција Аурора“ (серија на сајбер напа-

ди од типот на APT, спроведени во втората половина на 2009 година од ентитети

за кои се верува дека се блиски до Кинеската народна армија. Цел на овие напади

биле повеќе од десет американски компании, меѓу кои и Google, Adobe Systems,

Akamai Technologies, Juniper Networks, Yahoo, Northrop Grumman, Morgan Stanley и

други) успешно имаат навлезено во дипломатските мрежи, со што на површина ги

изнесоа ранливостите на овој систем (Bumgarner, 2015).

Шпионските активности и информациското војување се дел од плејадата мерки

кои државите ги користат за да се здобијат со предност во дипломатските прегово-

ри и за нанесување на свое влијание врз политиките кои им се од интерес. Пример

за тоа се руските сајбер операции за време на американските претседателски из-

бори во 2016 година (Kramer, 2015; Mueller, 2019).

Пролиферацијата на дезинформации и пропаганда во сајбер-просторот исто така

претставува значителен предизвик за дипломатијата. Државни и недржавни акте-

ри ги искористуваат дигиталните платформи за да дисеминираат лажни нарати-

ви, да го манипулираат јавното мислење и да креираат поделби помеѓу државите

(Bradshaw & Howard, 2018).

Се поставува прашањето – кој е одговорот на овој предизвик? Првенствено, она

што мораат државите и организациите да го направат е да донесат сеопфатни

стратегии и практики за сајбер-безбедноста. Тоа вклучува имплементација на ро-

бусни механизми за енкриптирање, воведување на безбедни комуникациски ка-

нали, реализација на континуирани безбедносни ревизии и развој на едукацијата

и образованието на дипломатскиот персонал во доменот на сајбер – безбедноста.

Еден од главните начини како државите би можеле да се носат со предизвиците

во сајбер – просторот, особено во контекст на дигиталната дипломатија, е сека-

ко меѓународната соработка. Пристапот на повеќе стеикхолдери се фокусира на

заедничките напори за справување со оваа штетна појава, и тоа од страна на вла-

дите, приватниот сектор и граѓанскиот сектор. Единствено ако овие три елемен-

ти, секој од нив моќен и посветен на развојот на капацитети за сајбер-одбрана, ги

здружат своите ресурси и напори, тие можат да бидат успешни во издвојување на

оваа битка во сајбер-просторот (Kirkpatrick, 2018). Секако, меѓународните норми и

договори играат круцијална улога во промовирањето на одговорното однесување

на државите во сајбер-просторот. Генералното собрание на Обединетите Нации

укажа на потребата од создавање на норми на однесување и повика на развој на

меѓународни договори кои ќе се насочат кон сајбер-заканите и кон промоција на

сајбер-безбедноста (UN General Assembly, 2015).

Студии на случај поврзани со сајбер-безбедноста и дипломатските

инциденти

Постојат повеќе студии на случај кои можат да ја илустрираат близината на сај-

бер-безбедноста и дипломатијата, две полиња на интерес кои се навидум ком-

плетно одвоени еден од друг. Еден пример е веќе споменатото руско влијание врз

претседателските избори во Соединетите Американски Држави во 2016 година.

„Хакирањето“ и дисиминацијата на сензитивни информации не само што влијаеа

на изборниот процес, туку доведоа и до нарушени дипломатски односи помеѓу САД

и Русија (Mueller, 2019).

Уште еден интересен пример е т.н. „Stuxnet worm“ за кој се верува дека здружена

американско-израелска сајбер-операција чија цел била иранските нуклеарни по-

стројки. Станува збор за компјутерски вирус (компјутерски црв), кој најверојатно е

развиван од 2005 година, а откриен е во 2010 година. Овој вирус целел на системи-

те за супервизорска контрола и аквизиција на податоци и се верува дека овој вирус

има нанесено сериозна штета на иранската нуклеарна програма.

Дипломатски напори за адресирање на сајбер-нападите и промо-

ција на сајбер-безбедноста

Имајќи ја предвид поврзаноста на денешниот свет, пролиферацијата на сајбер за-

каните претставува значаен предизвик за сигурноста, стабилноста и безбедноста

на секоја земја, организација, па и на секој граѓанин. Токму затоа, потребна е гло-

бална акција за справување со сајбер заканите – преку дипломатски инцијативи,

рамковни договори и партнерства насочени кон заедничко делување против сај-

бер-заканите.

Еден од носителите на ова заедничко дејствување против заканите во сајбер-про-

сторот се Обединетите Нации, кои играа клучна улога во промоцијата на меѓуна-

родната соработка и нормите во сајбер-просторот. Групата на владини експерти

во полето на информациите и телекомуникациите во контекст на меѓународната

безбедност играа клучна улога во обликувањето на дискурсот за нормите во сај-

Дигитална дипломатија: функционалност на глобалното опкружување во дигиталната ера

бер – просторот. Во извештајот од 2015 година, оваа Група на Обединетите Нации

ја истакна важноста на одговорно однесување на државите и апликабилноста на

меѓународното право во сајбер-просторот.

Меѓународната телекомуникациска унија е специјализирана агенција на Обеди-

нетите Нации која исто така има направено значаен придонес кон глобалната сај-

бер-безбедност. Преку иницијативи како Глобалната агенда за сајбер безбедност,

Меѓународната телекомуникациска унија промовира меѓународна соработка, гра-

дење на капацитети и развој на стандарди во сајбер-просторот.

Конвенцијата за сајбер-криминал од Будимпешта, донесена 2001 година е еден

вистински чекор во меѓународната соработка во доменот на справувањето со сај-

бер-заканите. Оваа конвенција која во 2021 година имала 65 земји-потписнички

креира мрежа за хармонизација на националната легислатива, за развој на техни-

ките за истражување и за подобрување на меѓународната соработка во решавање

на случаи на сајбер-криминал.

Итноста во препознавањето и решавањето на заканите во сајбер просторот ја пре-

позна и Групата од седум (најиндустријализирани) нации во светот, односно Група-

та Г-7, кои на Лидерскиот самит во 2021 година во лидерското коминике ја реафир-

мираа својата посветеност кон отворен, безбеден и стабилен сајбер-простор. Ова

коминике исцрта клучни цели, вклучувајќи и зацврстување на сајбер отпорноста,

промоција на одговорното однесување од страна на државите и поддршка на на-

порите за градење на капацитети.

Лансиран во 2018 година од страна на францускиот претседател Емануел Макрон,

Парискиот повик за доверба и безбедност во сајбер-просторот претставува поли-

тичка декларација со која ги повикува државите, приватниот сектор и граѓанските

организации да работат заедно во промоција на безбедноста во сајбер-просторот,

во борбата со дезинформациите и во борбата со новите безбедносни закани кои ги

ставаат граѓаните и инфраструктурата во опасност. Парискиот повик е необврзу-

вачки документ кој нема правна сила. Истиот досега е поддржан од владите на 95

држави, речиси 350 меѓународни, граѓански или јавни организации и повеќе од

600 приватни ентитети. Повикот се базира на девет заеднички принципи за обе-

збедување на сајбер-просторот и давање на насоки и акции за справување со on-

line заканите.

Регионалните и билатералните договори се важна алка во колективниот одговор

на овие закани. Тие најчесто се однесуваат на заедничко дејствување на два или

повеќе ентитети на полокализирана област – на пример Директивата за инфор-

мациска и мрежна безбедност на Европската Унија побарува од земјите-членки да

донесат мерки за сајбер-безбедност и да соработуваат доколку се случи инцидент

во сајбер-просторот. За споменување е и сајбер договорот помеѓу САД и Кина од

2015 година, кој покрива неколку области на сајбер безбедноста, вклучително и ме-

ханизми за споделување на информации и оневозможување на меѓусебна кражба

на интелектуална сопственост. Овој договор беше претставен од страна на амери-

канскиот претседател Барак Обама на прес-конференција во Белата куќа во 2015

година, при посетата на кинескиот генерален секретар Кси Џипинг на САД.

Австралиско – сингапурскиот договор за дигитална економија ги демонстрира ди-

пломатските напори за соработка и зголемување на соработката во сајбер-просто-

рот во овој дел од светот. Овој договор влезе во сила на 8 декември 2020 година

и е навистина револуционерен затоа што поставува нови глобални стандарди за

трговски правила и за една палета на иницијативи за практична соработка која би

ги намалила или анулирала бариерите за дигитална трговија. Договорот цели и кон

тоа да изгради една средина во која ќе можат да учествуваат и австралиските биз-

ниси и потрошувачи.

Талинскиот прирачник за меѓународно право апликабилно за сајбер- војување-

то, изготвен од една независна група на експерти, дава насоки за апликацијата

на меѓународното право врз сајбер-операциите. Второто издание на Талинскиот

прирачник објавен во 2017 година дополнително го зголеми опсегот на неговата

анализа, сега покривајќи ги и мирно временските државни активности и прагот на

употребата на сила во сајбер- просторот.

За споменување се и резолуциите на Генералното собрание на Обединетите Нации

кои укажуваат на важноста од меѓународната соработка и норми во сајбер-просто-

рот. На пример, Резолуцијата 71/237 од 2016 година ги охрабрува земјите-членки

да развија мерки за градење на доверба како начин за зголемување на безбед-

носта во сајбер-просторот и намалување на сајбер-заканите. Резолуцијата 73/27

од 2018 година се фокусира на улогата на Обединетите Нации во промовирањето

на отворен, безбеден и достапен сајбер-простор. Овие резолуции ги поддржуваат

дипломатските напори за унапредување на меѓународната соработка и на норма-

тивните рамки.

Разни регионални иницијативи се воспоставени со една цел – унапредување на

меѓународната соработка и нормите во сајбер-просторот. Таква е Агенцијата за

сајбер-безбедност на Европската Унија (ENISA), која е активно вклучена во про-

моцијата на соработката помеѓу земјите-членки на ЕУ на ова поле, вклучително и

размена на најдобрите практики за справување со сајбер-заканите.

Дигитална дипломатија: функционалност на глобалното опкружување во дигиталната ера

Слично на оваа Агенција, Организацијата на американски држави вложува труд во

промоцијата на соработката и градењето на капацитети за сајбер- безбедност нив

нејзините земји- членки.

Решенија за предизвиците на дигиталната дипломатија

Изнаоѓањето на соодветни решенија на предизвиците како достапноста, поврза-

носта и дигиталните поделби е круцијално во имплементацијата на дигиталната

дипломатија. Чекорите во оваа насока вклучуваат:

1. Подобрување на инфраструктурата и поврзаноста, како клучен аспект за ану-

лирање на проблемите со достапноста и дигиталните поделби. Владите и меѓуна-

родните организации потребно е да инвестираат во широкопојасна инфраструк-

тура која ќе ја подобри интернет конекцијата, особено во региони од светот кои

се на пониско ниво на развиеност. Ова вклучува иницијативи како изградбата на

фибер-оптична мрежа, поставување на сателитски интернет солуции и промови-

рање на јавно-приватно партнерство кој може да го премости проблемот. Преку

засилување на инфраструктурата и поврзаноста, земјите овозможуваат поголема

партиципација на иницијативите на дигиталната дипломатија, односно овозможу-

ваат еднакви можности за вклучување на сите земји во дипломатскиот дискурс.

2. Промоција на дигитална писменост и развој на вештини – исто така значаен еле-

мент во премостувањето на дигиталните поделби. Есенцијално важно е да се ин-

вестира во образовни програми кои се фокусирани на развој на дигиталните веш-

тини, вклучувајќи и интернет – навигација, on-line комуникација и верификација

на факти и информации. Само со развој на дигиталните вештини кај населението,

може да се овозможи тоа да се вклучи во дипломатскиот дискурс и да се увидат

ефектите од дигиталната дипломатија. Дополнително, она што може да се напра-

ви е дипломатските тренинг – програми да вклучуваат компонента за дигитална

писменост, со што и дипломатите ефикасно ќе можат да ги користат дигиталните

платформи во нивните дипломатски активности.

3. Креирање на инклузивни платформи и повеќејазичен дигитален материјал – за

постигнување на максимален ефект на дипломатските активности преку дигитал-

ните платформи, материјалот мора да биде инклузивен и лесно достапен за раз-

лични видови на публики. Дипломатските иницијативи треба да бидат дизајнирани

со лесен и едноставен интерфејс, предвид треба да ги земат потребите на лицата

со различни потреби, а секако да внимаваат и на потребата интерфејсот да биде

прилагодлив на различни видови на уреди. Мултијазичноста, пак, овозможува да

се премостат јазичните бариери и да се овозможи пристап на поширока публика до

соодветниот материјал.

4. Соработката и партнерствата помеѓу Владите, меѓународните организации и

технолошките компании се есенцијални во развојот на ресурсите, експертизата и

иновативните решенија кои помагаат во решавањето на предизвиците во доменот

на достапноста. Владите можат да соработуваат со технолошките компании со цел

развој на евтини решенија за интернет достапност, да дадат субвенции за пристап

до интернет, како и да овозможат пристап до евтини уреди до пошироките народ-

ни маси. Меѓународните организации играат улога на олеснувач и фасилитатор на

овие партнерства и се гласот кој говори во име на дигиталната инклузивност, како

клучна компонента на дипломатските агенди.

5. Развојот на хибридниот (и off-line) пристап може да игра клучна улога во спро-

ведувањето на ефективна дипломатска активност во дигиталната ера. Тоа е така

зашто сè уште не можеме да зборуваме за целосно поврзан свет, имајќи предвид

дека во одредени земји, пристапот до интернет мрежата е лимитиран и недоста-

пен. Хибридниот пристап овозможува користење на разни библиотеки, дипломат-

ски мисии и заеднички простории за пристап до интернет. На тој начин индивиду-

ите кои немаат директен интернет пристап, можат да се вклучат во дипломатскиот

дијалог.

Предвидувања и проспекти за дигиталната дипломатија во

следните неколку години

Дигиталната дипломатија е област која континуирано се развива и усовршува. Со

развојот на технологијата и глобалната поврзаност, можат да се детектираат не-

колку правци на развој за дигиталната дипломатија како засилениот дигитален

ангажман, развојот на виртуелната дипломатија, вклучувањето на вештачката ин-

телигенција во процесот на донесување на одлуки, дипломатија базирана на по-

датоци, зацврстување на сајбер- безбедноста, „blockchain“ технологијата и слично.

Кога станува збор за засилување на дигиталниот ангажман, мора да се спомене

дека тоа е еден од клучните предвидувања за тоа како ќе изгледа дигиталната ди-

пломатија во блиска иднина. Дигиталната дипломатија ќе биде сè повеќе користе-

на од страна на дипломатите, владите, па и јавноста, а социјалните мрежи, on-line

форумите и дигиталните комуникациски алатки ќе продолжат да бидат начинот на

кој дипломатите ќе се разговараат со глобалните публики, ќе разменуваат инфор-

мации и ќе го обликуваат јавното мислење. Со развојот на дигиталните платформи,

дипломатите ќе мораат да ги адаптираат нивните стратегии со цел најефикасно

искористување на дигиталните алатки (Murray, 2020).

Дигитална дипломатија: функционалност на глобалното опкружување во дигиталната ера

Дополнително, она што исто така се очекува во блиска иднина е сè почестото ко-

ристење на виртуелните платформи – виртуелни состаноци, конференции и ди-

пломатски преговори се сè почести. Тие им овозможуваат на дипломатите да се

вклучат во секаков тип на активности без физичко присуство. Технологиите за вир-

туелна реалност и т.н. „унапредена“ реалност ќе им овозможи на дипломатите да

имаат реални и интерактивни искуства, да ги развијат партнерствата и да се здо-

бијат со меѓусебно културолошко разбирање (Melissen, 2020).

Користењето на вештачката интелигенција во процесот на донесување на одлу-

ки ќе биде важен процес во следниот период. Алатки базирани на вештачката ин-

телигенција ќе им помогнат на дипломатите во вршењето на анализа на огромен

квантум на информации, во идентификувањето на трендови и во генерирањето

на анализи кои предвидуваат одредена акција. Анализите кои ги предвидуваат

трендовите и алгоритмите за машинско учење ќе им овозможат на дипломатите

исклучително важни информации во донесувањето на одлуки, кризниот одговор

и окончувањето на конфликтите (Kurbalija, 2019). Вештачката интелигенција ќе ги

автоматизира административните задачи. Ќе ги олесни процесите и ќе овозможи

дипломатите да се фокусираат на стратешко размислување и дипломатско вклу-

чување.

Дипломатијата базирана на податоци ќе стане сè поважна во следниот период –

дипломатите ќе користат податоци од различни извори, вклучувајќи ги социјал-

ните мрежи, разузнавањето од отворени извори и од т.н. „IoT уреди“ – уреди кои

се поврзани на интернет, за да добијат увид во јавниот сентимент, да ги следат

глобалните трендови и да донесат информирани одлуки во однос на стратешките

одлуки (Ruffini, 2020).

Зацврстувањето на сајбер-безбедноста е предизвик кој е актуелен и денеска, а тоа

е особено видливо и важно при развој на мрежата на дигиталната дипломатија. Ди-

пломатски ентитети ќе инвестираат во напредни технологии за сајбер-безбедност,

во нови и напредни методи за енкрипција и канали на безбедна комуникација, а

целта е да се заштитат сензитивните информации, да се превенираат сајбер-напа-

ди и да се обезбеди интегритетот на дипломатските комуникации (United Nations,

2015).

„Blockchain“ технологијата позната по својата децентрализираност и безбедност е

уште една ветувачка технологија кога станува збор за дипломатијата. Оваа техно-

логија може да помогне при реализација на безбедни трансфери, автентикација на

дигитални документи и вопоставувањето на доверба во дигиталната интеракција.

Дипломатските процеси како верификацијата на документи или заштитата на ин-

телектуалната сопственост може да има сериозна корист од она што е суштинско

за оваа технологија – можноста за верификација и неможноста за надворешни им-

пликации. Дополнително, оваа технологија може да овозможи безбеден трансфер

помеѓу граници, со што се намалуваат бирократските постапки и се зголемува ефи-

касноста во дипломатските операции (Cooper et al., 2019).

5Г мрежата ќе ја револуционизира дигиталната дипломатија и во контекст на бр-

зината и во однос на веродостојноста и издржливоста. Оваа мрежа која се каракте-

ризира со голема брзина и капацитетите на системот да одговори на барањата со

минимално одложување овозможуваат реално- временска комуникација и сора-

ботка помеѓу дипломатите, без разлика на нивните моментални физички локации

(Sharp & Witte, 2019).

Препораки за дипломатите и креаторите на политики со цел адап-

тација на дигиталната ера

Адаптирањето на дипломатијата на дигиталната ера е процес кон никогаш не зав-

ршува. Напротив, дипломатите имаат право и обврска постојано да ја иновираат

дипломатската професија заради исполнување на зацртаните цели на дипломат-

ската активност на ефикасен и ефективен начин.

Првата препорака се однесува на целосно прифаќање на дигиталната писменост

како приоритет за развој на дипломатите кои мораат да знаат како да го користат

дигиталниот простор на најефикасен начин.

Втората препорака е развојот на отворени и транспарентни комуникации, однос-

но користење на социјалните мрежи за дисеминација на информации, интеракција

со публиката и промоција на транспарентноста во дипломатските процеси. Ова се

однесува на давање на навремени и точни информации, а целта е градење на до-

верба и кредибилност со домашната и надворешната публика (Pamment, 2019).

Третата препорака се однесува на развојот на стратегии за дигитална диплома-

тија кои ќе бидат насочени кон достигнувањето на нивните цели. Овие стратегии

треба да ја исцртаат рамката на тоа како ефикасно да се користат дигиталните

платформи, како да се воспостави комуникација со on-line заедниците, и како да

се користат новите технологии во достигнувањето на дипломатските цели. Страте-

гиите за дигитална дипломатија треба да бидат дел од една поширока надвореш-

но-политичка рамка на земјата (Cooper et al., 2019).

Дигитална дипломатија: функционалност на глобалното опкружување во дигиталната ера

Четвртата препорака се однесува на зацврстувањето на безбедносната мрежа,

превенирањето на сајбер-нападите и зачувување на интегритетот на дипломат-

ските комуникации.

Петата препорака се однесува на приоретизацијата на обуките за дипломатскиот

пораснал, кои се од есенцијален карактер при можноста дипломатите да ги кори-

стат овие мрежи.

Шестата препорака е дополнително и континуирано развивање на партнерство-

то помеѓу државните институции, невладиниот сектор, технолошките компании и

дипломатите.

Седмата препорака се однесува на користењето на дигиталните алатки на дипло-

матијата и платформите со задржување на фокус на човекот – технологијата само

помага, не го и заменува персоналниот инпут и со директни лице-в-лице состаноци.

Основи на протоколот

Дефиниција и историска перспектива

Протоколот како една од практичните професии кои денес се од круцијално зна-

чење во одржувањето на меѓународниот правен поредок (или повторното воспо-

ставување на истиот), всушност е цела една наука која се има развивано низ векови

и милениуми.

Наједноставната дефиниција за протоколот е дека тој претставува низа на прави-

ла кои наложуваат добро однесување во службениот живот и на церемонии кои

вклучуваат цели влади и нации, како и нивни претставници. Протоколот, всушност,

е системот на меѓународна учтивност (Смиљанов, 2020). Протоколот може да се

дефинира и како систем на правила и процедури кои посочуваат на соодветното

однесување во официјална и формални пригоди, односно однесување кое овоз-

можува правилна интеракција и истовремено воспоставува хиерархиски ред. При-

марно, протоколот е од исклучително значење на државни настани и дипломатски

средби, како и на кралски церемонии. Дополнително, кога зборуваме за протоко-

лот, зборуваме и за официјална дипломатска комуникација, и тоа од аспект на фор-

матот на оваа комуникација, како и на јазикот кој е користен во истата. Протоколот

вклучува и симболични гестови и ритуали кои упатуваат на чест и почит, како, на

пример поклонувањето, поздравувањето, размената на бизнис-картички или пре-

зентирањето на подароци.

Протоколот подразбира и „етикеција“, што значи – добро однесување (Смиљанов,

2020). Тој е збир на правила или код на правилно и префинето однесување во со-

цијална или професионална средина и истиот се фокусира на добрите манири,

куртоазноста и меѓусебната почит. Етикецијата можеме да ја забележиме и во се-

којдневното однесување и интеракција, односно во поздравувањето, во претста-

вувањето и во конверзацијата. Оваа наука го опфаќа и начинот на однесување на

лицата за време на оброците.

Од аспект на професионалната етикеција, може да се говори за соодветно однесу-

вање во професионално опкружување, како и начинот на облекување и на комуни-

кација. Еден сет на правила во овој контекст можат да бидат – почитувањето на вре-

мето на соговорниците и одбегнување на доцнењето, одржувањето на континуиран

контакт со очите, како и користењето на соодветен начин на говор и тоналитет.

Од историска гледна точка, протоколот стапува на сила уште во времето на старите

Египќани кои во 2000 година п.н.е. ја издале книгата „Инструкциите на Птахотеп“.

Книгата била напишана на писмото на свештениците, а истата се чува во Нацио-

налната библиотека во Париз и е позната под името „Папирусот на Прус“ (според

името на донаторот) (Смиљанов, 2020).

Интересно е што протоколарните правила и принципи се појавуваат и во античка

Кина, а целта била – воспоставување на хиерархиски ред и одржување на социјал-

на хармонија.

Средновековието во Европа, е исто така период во кој се развиваат протоколарни-

те правила и процедури, но овој пат во името на авторитетот и престижот на монар-

сите или благородните лица. Овие протоколи го одредувале редот на пресеансот, а

упатувале и на правилата за организација на формални настани и банкети.

До 19. Век, пак, француските термини „protocole diplomatique“ или „protocole della

chancellerie“ означувале церемонијални правила кои морале да се почитуваат при

пишаните официјални контакти помеѓу државните министри (Смиљанов, 2020).

И протоколот во македонската држава влече свои корени длабоко во историјата,

па уште и во времето на антиката. Најстарите податоци за протоколарни актив-

ности во античката македонска држава можат да се најдат во делата на антички-

те автори – пример за тоа е првата „Историја“ од Херодот, татко на историјата, во

петтиот век пред нашата ера, како и делата на римските историчари Квинт Куртиј

Руф, „Историја на Александар Македонски“, и на Аријан, „Историја на походот на

Александар Македонски – Абанаса“. Во овие дела се опишани различни активно-

сти од протоколарен аспект – како приеми на делегации од странски делегации,

потребите на војската пред одење во битка, секојдневните активности на државни-

от апарат, протоколи на погребни церемонии за великодостоинственици и слично

(Смиљанов, 2020). Авторот укажува и на тоа дека особен белег во историјата на

државниот протокол во Македонија остава и средновековниот период, односно

Самуиловото царство, раководено од Преспа и од Охрид.

Правила и принципи на протоколот

Церемониите и ритуалите се составен дел на формалните настани и тие служат

како еден навистина моќен сигнал за традиција, култура и важност.

Без разлика дали станува збор за државна посета, за собир на лидери од повеќе

земји, за инаугурација на јавна личност или за воен настан (или парада) на која се

одбележува и чествува храброста и одданоста на војската, овие настани секогаш се

водат согласно стриктен протокол и внимателно планирање. Протоколот служи за

креирање на еден водич низ активности и нивното место во агендата, процедурите,

очекуваното однесување на учесниците на овие настани затоа што церемониите

треба да се реализираат со почит, дигнитет и прецизност.

Основи на протоколот

Важноста на протоколот во церемониите и ритуалите е голема. Протоколот го по-

ставува тонот и атмосферата, и се грижи секој аспект од настанот – од влезот на

највисоките гости, до редоследот на говорите, гестовите и движењата. Со следење-

то на протоколот, учесниците го демонстрираат своето разбирање за важноста на

активноста, давањето должно внимание на обичаите и традициите кои биле почи-

тувани долго време.

Дополнително, протоколот за церемониите служи и како моќна комуникациска

алатка. Тие пренесуваат пораки, вредности и почит и кон учесниците во истите,

како и кон набљудувачите. Преку дефинирани процедури овие протоколи креи-

раат едно заедничко искуство и го зголемуваат чувството за единство и хармонија

помеѓу учесниците. Прецизноста и вниманието кон деталите во реализацијата на

протоколарните активности го рефлектираат и професионализмот и дисциплина-

та на индивидуалците и на организациите кои се инволвирани.

Различни организации и институции имаат специфични насоки и правилници кои

се однесуваат на протоколарните аспекти од нивното работење. На пример Ма-

ринскиот корпус на САД следи свој протокол кој е дефиниран согласно Правилни-

от за церемонии и вежби на Маринскиот корпус. Овие протоколи диктираат пре-

цизни движења, формации и секвенци на воени церемонии со кои се обезбедува

униформност, дисциплина и традиција.

Накратко, ова се правилата и принципите на протоколот:

1. Пресеанс и ред

Протоколот воспоставува хиерархија и ред во однос на пресеансот кој дефини-

ра начин на седење, начин на почитување на гостите согласно одреден редослед.

Тоа може да биде базирано на ранг, позиција или надреденост. На пример, на ди-

пломатски настани, пресеансот може да биде одреден согласно дипломатскиот

ранг или, пак, редот на воспоставувањето на дипломатските односи на земјата со

останатите земји во светот (United States Department of State, Office of the Chief of

Protocol)

2. Етикеција и однесување

Протоколот претставува и водич за одредено однесување во формални сре-

дини. Тоа вклучува насоки за поздравување и повикување, односно разговор со

останатите присутни, одржување на соодветен декорум и покажување на почит

и куртоазност. На пример, согласно нормите, соодветно е обраќањето кон лица-

та да биде согласно нивната титула, секако користејќи формален јазик (United

Kingdom Government, The Honours and Precedence in the United Kingdom: A Guide

to Protocols).

Глава III · Протокол

Основи на протоколот

Важноста на протоколот во церемониите и ритуалите е голема. Протоколот го по-

ставува тонот и атмосферата, и се грижи секој аспект од настанот – од влезот на

највисоките гости, до редоследот на говорите, гестовите и движењата. Со следење-

то на протоколот, учесниците го демонстрираат своето разбирање за важноста на

активноста, давањето должно внимание на обичаите и традициите кои биле почи-

тувани долго време.

Дополнително, протоколот за церемониите служи и како моќна комуникациска

алатка. Тие пренесуваат пораки, вредности и почит и кон учесниците во истите,

како и кон набљудувачите. Преку дефинирани процедури овие протоколи креи-

раат едно заедничко искуство и го зголемуваат чувството за единство и хармонија

помеѓу учесниците. Прецизноста и вниманието кон деталите во реализацијата на

протоколарните активности го рефлектираат и професионализмот и дисциплина-

та на индивидуалците и на организациите кои се инволвирани.

Различни организации и институции имаат специфични насоки и правилници кои

се однесуваат на протоколарните аспекти од нивното работење. На пример Ма-

ринскиот корпус на САД следи свој протокол кој е дефиниран согласно Правилни-

от за церемонии и вежби на Маринскиот корпус. Овие протоколи диктираат пре-

цизни движења, формации и секвенци на воени церемонии со кои се обезбедува

униформност, дисциплина и традиција.

Накратко, ова се правилата и принципите на протоколот:

1. Пресеанс и ред

Протоколот воспоставува хиерархија и ред во однос на пресеансот кој дефини-

ра начин на седење, начин на почитување на гостите согласно одреден редослед.

Тоа може да биде базирано на ранг, позиција или надреденост. На пример, на ди-

пломатски настани, пресеансот може да биде одреден согласно дипломатскиот

ранг или, пак, редот на воспоставувањето на дипломатските односи на земјата со

останатите земји во светот (United States Department of State, Office of the Chief of

Protocol)

2. Етикеција и однесување

Протоколот претставува и водич за одредено однесување во формални сре-

дини. Тоа вклучува насоки за поздравување и повикување, односно разговор со

останатите присутни, одржување на соодветен декорум и покажување на почит

и куртоазност. На пример, согласно нормите, соодветно е обраќањето кон лица-

та да биде согласно нивната титула, секако користејќи формален јазик (United

Kingdom Government, The Honours and Precedence in the United Kingdom: A Guide

to Protocols).

3. Начин на облекување (dress code)

Протоколот го одредува и начинот на облекување на различни настани. Согласно

него се дефинира соодветната облека и на тој начин се одржува одредено ниво

на формалност. На пример, официјална (black- tie) облека најчесто се побарува за

формални настани, додека бизнис облека е соодветна за професионално опкружу-

вање (The White House, Diplomatic Reception Rooms: Dress Code).

4. Етикеција во однос на знамето и националната химна

Протоколот вклучува и насоки за соодветно претставување на националната хим-

на и знаме, како и процедурите поврзани со овој сегмент од протоколот. Овие насо-

ки имаат за цел да покажат почит и чест кон националните симболи (United States

Department of Veterans Affairs, United States Code, Title 36, Chapter 10)

5. Ред за говори и здравици

На официјални настани, протоколот го диктира редоследот на говори, здравици и

останати формални обраќања. Согласно нормите на протоколот, на говорниците

им се дава соодветно претставување, а редоследот се усогласува во согласност со

важноста на присутните, односно согласно нивните функции (United States Army,

Military Ceremonies and Customs).

6. Места на седење

Местата за седење на високо-профилните настани се одредени токму од страна

на протоколот, земајќи ги предвид факторите како ранг, статус, и лични односи.

Протоколот со своите правила го дефинира распоредот на седење и на тој начин

покажува соодветна почит кон улогите и функциите на оние кои се дел од одреде-

ни настани и активности.

7. Размена на подароци

Протоколот овозможува и правила на игра кои се однесуваат на прием и давање на

подароци во официјален или во дипломатски контекст. Тоа најмногу се однесува

на соодветноста на подарокот или на културната сензитивност. Често предвид се

зема и цената на чинење, како и значајноста на подарокот (United Nations, United

Nations Handbook on Protocol and Good Diplomatic Practice).

Специфики на протоколот1

Протоколот како и секоја друга практично фокусирана наука пред себе поставува

одредени предуслови кои се неопходни за нејзиниот развој. Визијата е „де факто“ ос-

нова за напредок на сите полиња и претставува менаџерска функција, вештина која

ја имаат само успешните лидери и водачи. За успешно да се премине во фаза на едно

планирање, потребно е добро да се предвиди состојбата, да се постават и утврдат це-

1 „Улогата на протоколот и одбранбената дипломатија во остварувањето на безбедноста на

Република Македонија“, Санде Смиљанов 2021

Основи на протоколот

лите, да се извлечат соодветни приоритети, временски рамки и рокови, сето тоа да се

операционализира, односно да се утврдат конкретните активности. Планирањето е

особено важно за да може да се достигнат дефинираните цели, и тоа на најефикасен

и најефективен начин. Успешноста на една организација, па и на секој процес оддел-

но, се цени преку постигнатите, а не според поставените цели.

Секоја активност се состои од неколку фази кои мораат да се реализираат за да

може активноста да се спроведе на најефикасниот начин. По веќе споменатото

планирање, следува фазата на извршување, односно, „времето за акција“. Тој

сегмент побарува т.н. планска акција, целосна реализација до последниот детаљ,

но побарува и креативно и брзо размислување во случај на непредвидена ситуа-

ција. Секако, третиот чекор е анализата на завршените активности, утврдувањето

на научените лекции и процесот на генерирање т.н. „360 степени фидбек“, кори-

стејќи ги сите стеикхолдери.

Во процесот на операционализација, односно реализација на протоколарните пла-

нови еден значаен сегмент е иновацијата. Протоколот е специфична област од тој

аспект затоа што иновациите драстично влијаат на ефикасноста на спроведување-

то на активностите. Пластично кажано употребата на фиксниот телефон, наспроти

денешната електронска комуникација, користењето на електронската пошта, мо-

билната телефонија и достапноста на интернет мрежата предизвикува целокупни

промени во реализацијата на практичните протоколарни активности. Преку сите

овие технолошки достигнувања, протоколарната услуга како краен продукт е пое-

фикасна и се реализира на многу поедноставен и побрз начин.

Она што се појавува како предизвик е секако почитувањето на воспоставениот бон

– тон, односно професионалното однесување и преку овие форми на современа

комуникација. Практично тоа би изгледало на овој начин:

✓ телефонски повик: на службен телефон никогаш не се одговара со

✓ „ало“ или „молам“, туку професионалниот пристап би бил „име и презиме, по-

велете“;

✓ мобилниот телефон е уште поголем предизвик имајќи предвид дека пови-

кот може да дојде во секаква ситуација – мобилниот телефон се исклучува за

време на состаноци, културни активности, верски објекти, посета на ресторани,

концерти...

✓ говорната пошта треба да биде снимена со целосна професионалност;

✓ конференцискиот повик не е комуникација помеѓу две лица, доколку истата

се одвива преку speker-звучник, пред одредено лице да се вклучи во комуника-

цијата, истата треба да биде информирана за тоа кој сè е присутен во просто-

ријата и во рамки на повикот;

✓ електронската пошта треба да биде перципирана како деловна и професи-

онална кореспонденција и треба да ги содржи сите елементи на едно деловно

писмо. При официјална кореспонденција се користи исклучиво службена e-mail

адреса, и секогаш се пополнуваат сите елементи на електронската пошта, поч-

нувајќи од „предметот – subject“. Дополнително, при користењето на електрон-

ската пошта предвид треба да се има фактот дека таа може во секое време да

биде искористена за други цели или да биде перципирана погрубо отколку што

испраќачот имал намера. На примена електронска пошта одговор треба да се

врати во најмногу 24 часа.

Но, иновациите не се секогаш и единствено предност при практицирање на која

било професија, а особено на протоколот. Од практичен аспект, за реализација на

протоколот, ресурсите (технички, човечки и финансиски), традицијата и културо-

лошките разлики на испраќачот и примачот отсекогаш биле еден вид на ограничу-

вачи.

Зошто утврдувањето на спецификите на практичниот протокол се многу важни?

Едноставно, протоколот е лицето на државата. Практичарите во оваа област се „де

факто“ првите лица со кои се среќава еден претставник на странска држава.

Ова особено се однесува на практиките и спроведувањето на „правилата за до-

бро однесување“ на дипломатскиот кор, кој може да се употреби и во потесна и

во поширока смисла, правејќи разлика помеѓу амбасадорите и сите оние лица кои

поседуваат дипломатски пасош.

Единствен државен протокол2

Воспоставувањето на единствениот државен протокол е сериозен процес кој по-

вторно мора да се води систематски, односно да произлегува од визијата и мисијата.

Визијата ако ја дефинираме како „гледање во далечина, претстава за нешто што не

постои, појава што треба да се случи“ , ни покажува слика која треба да насликаме,

иднина која треба да ја креираме со превземање на соодветни активности во сегаш-

носта. Мисијата, пак, е задачата или целта на секој поединец, тим или организација, а

вредностите се верувања или судови за тоа што е вредно, важно или пожелно.

Визијата на државниот протокол е беспрекорна реализација на сите активности

поврзани со протоколот, со цел претставување на државата како едно модерно,

современо, организирано општество кое ги живее западните вредности.

2 „Улогата на протоколот и одбранбената дипломатија во остварувањето на безбедноста на

Република Македонија“, Санде Смиљанов 2021

Основи на протоколот

Од тоа произлегува и мисијата која истовремено е и едноставна, но и крајно ком-

плексна: зголемување на ефикасноста и ефективноста на протоколарното рабо-

тење во сите државни институции, со фокус на претседателот, Собранието, Влада-

та и Министерствата.

Протоколот претставува своевидна директна поддршка на носителите на активно-

ста кои се однесуваат на посетите, конференциите, средбите и социјалните наста-

ни и тоа преку следните задачи:

✓ подготовка, организација, следење и извршување на активности поврзани со

службените посети на Претседателот на Републиката, Претседателот на Собра-

нието, Претседателот на Владата, министерот за надворешни работи, министе-

рот за одбрана, министерот за внатрешни работи, началникот на Генералштабот

на Армијата и други високи претставници во органите на државната управа, на-

шите претставници во странство (дипломатскиот и воено – дипломатскиот кор).

Државниот протокол е одговорен и за возвратните посети на соодветното ниво,

и воедно ги менаџира програмите за сите протоколарни активности;

✓ подготовка и организација на активности при посети и друг вид на настани по-

врзани со интеракцијата помеѓу Претседателот на Републиката во својство на

врховен командант на вооружените сили и командите и единиците на Армијата

на Република Северна Македонија;

✓ координација и соработка со Министерството за надворешни работи и Мини-

стерството за одбрана по повод приеми и „проштални“ средби со претставни-

ците на дипломатскиот и воено – дипломатскиот кор во нашата држава, како и

повикување на воени вежби, прослави и сл.

✓ организација на полагање на венци по различни поводи – празници и остана-

ти денови од значење за историјата на државата;

✓ организација на работни обреди, вечери, приеми, балови, културно – истори-

ски посети и слично;

✓ организација на посети, семинари, конференции, брифинзи, состаноци и дру-

ги настани. Притоа одговорностите се движат од одредување и уредување на

локацијата – просторијата каде е планирано да се одржи активноста (со цветни

аранжмани, декорација, знамиња, титулари, подароци, аудио-визуелна опрема

и сл.), обезбедување на превод за време на активноста, обезбедување и подго-

товка на биографии и други информации за гостите, советување на претпоста-

вениот за обичаите и спецификите, за историјата и за знаците на внимание на

гостите;

✓ подготовка на листа за проверка за секоја активност;

✓ одговорност за обезбедување на репрезентативен материјал и водење на

евиденција за нивно врачување;

✓ одговорност за резервации на хотели, VIP салони при пристигнување на ае-

родроми, ресторани, избор на културно – забавни содржини (особено имајќи ги

предвид естетските, политичките и културните карактеристики);

✓ грижа за координација на безбедносните аспекти на активноста;

✓ извршување на други организациски, стручни и технички работи на барање на

другите органи во рамките на државната управа.

Единствениот државен протокол, всушност, треба да претставува еден вид на

симбиоза помеѓу протоколарните капацитети на ова засебно и целосно самостој-

но тело, со капацитетите за реализација на протоколот во органите на државната

управа. Тоа подразбира и разграничување на задачите и одговорностите помеѓу

нив, но и целосна координираност и комплементарност во работењето. Од аспект

на самостојноста на ова предложено тело, единствениот државен протокол треба,

првенствено да има сопствени буџетски средства, а интерно истото треба да има

одредена организациска структура, во која носечки елемент ќе бидат професио-

налците во областа на протоколот, поддржани од професионалци во доменот на

финансиите, преводот, логистиката, угостителството, возниот парк.

Секако, потребно е да се дефинира и точно да се определи која државна функција

има право на протоколарна поддршка од страна на ова тело. Главната замисла е

тоа да бидат највисоките носители на државни функции, односно оние кои имаат

исклучително голема потреба од беспрекорна организација на секаков тип наста-

ни, што секако може да влијае и на местото, улогата и безбедноста на државата во

меѓународната заедница.

Ова е уште поважен елемент денеска, кога нашата татковина е веќе дел од нај-

моќната воено – политичка алијанса во човештвото, НАТО – Алијансата, факт што

ја постави Северна Македонија на мапата на триесетте нации во светот кои се оп-

фатени од чадорот на колективната одбрана, солидарноста и заедничките напори

за мирен, безбеден и просперитетен свет.

Но, промените во секаков контекст и секоја област нужно со себе носат и отпори, а

централното прашање при воведувањето на промените во организациска смисла е

антиципативното определување на отпорите кои се создаваат кај индивидуата или

групата, односно кај организацијата.

Природно е организациите, во генерална смисла, да се перципираат како еден вид

спротивставувач на промените, имајќи предвид дека тие сакаат да ги заштитат соп-

ствените системи, структури и процеси од неконтролираното и стихијно манифе-

стирање на организациските промени. Ниту еден отпор не треба однапред да се

Основи на протоколот

елиминира, бидејќи тој претставува и силно мотивационо средство во рамките на

самата организација.

Теоретски, отпорот кон промените во рамките на организацијата може да се мани-

фестира како:

✓ одбивање на вклучувањето во тимското решавање на определениот проблем

или предизвик;

✓ невклучување во утврдувањето на заедничкиот интерес во промената;

✓ замолчувањето на т.н. „адвокати на промени“;

✓ саботирање на промените;

✓ употреба на санкции кон поттикнувачите на промени;

✓ генерален недостиг на соработка потребна за ефектуирање на промените.

✓ Отпорите мораат да бидат разгледани имајќи ги на ум следните пристапи:

✓ отпорот кон промените е психолошки концепт кој потекнува од природната

тенденција на индивидуите да ги предизвикуваат сите типови на промени;

✓ отпорот е системски концепт кој е рефлексија на губењето на комфорот на

организациските членови кој потекнува од процесните модификации кои ве-

ројатно негативно ќе се одразат на нив;

✓ отпорот кон промените од институционална гледна точка сугерира дека вра-

ботените се спротивставуваат на промените само кога не веруваат дека тие се

неопходни.

Изворите на отпорите кон организациските промени во теоријата за управување со

промени се всушност и причини за појавување на одреден отпор. Тие се карактери-

зираат на следниот начин:

• преголема посветеност;

• тесен фокус за промена;

• групна инерција;

• предизвикување повеќегодишна анализа;

• предизвикување на моќта во организацијата;

• алокација на ресурси.

Изворите на отпорот можат да потекнуваат од една од двете големи групи за кате-

горизација: формулирањето на промената и имплементирање на промената.

Во процесот на воспоставување на единствениот државен протокол, неминовно ќе

мора да се помине преку фазата на промена на организациската поставеност, при

што најефикасниот начин за успешно „митигирање“ на последиците од оваа фаза е

всушност предвидувањето на можните отпори. Овие отпори можат да се очекуваат

од повеќе фактори и чинители и тоа:

• прв отпор – економска природа: поставувањето на многу релевантното пра-

шање за финансиското функционирање на Единствениот државен протокол;

• втор отпор – просторно решение: потреба од соодветни просторни услови за

сместување на Единствениот државен протокол (доволен број на канцеларии и

сали за состаноци), локациски сместен на начин што го прави процесот на работа

побрз и поефикасен (централно градско подрачје);

• трет отпор – обезбедување на возен парк: поседување на високо – категоризи-

рани возила, комбиња и мини – автобуси за потребите на странските делегации и

нивно соодветно одржување;

• четврти отпор – опремување на простории: потреба од соодветна канцелариска

опрема, бироа, маси, столици, соодветна информатичка опрема (компјутери, печа-

тари, тонери, телефони и сл.), брза и стабилна интернет врска;

• петти отпор – нова систематизација на работни места: создавање на најсоодве-

тен систем на работни места, водејќи сметка за потребата од одржување на баланс

помеѓу искуството и младоста и мотивацијата, потребата од поголеми човечки

ресурси и подобро платени човечки ресурси. Во таа насока, хибридниот модел за

хоризонтално превземање на постојните кадри и дополна со нови е концепциски

прифатлив;

• шести отпор – екстензивност на јавните набавки: согласно законската регулати-

ва, процесите за набавки се долги и макотрпни, потребно е поради природата на

работата да се направи одредена залиха, која чини финансиски средства;

• седми отпор – реализација на разни обуки, семинари и работилници: протоколот

е област која постојано се развива и затоа реализацијата на постојана надоградба

на знаењата е есенцијална во одржувањето на вештините на кадарот. Сепак, тоа

повлекува финансиски средства;

• осми отпор – недостаток на „експертска“ поддршка: одредени експерти во поле-

то на протоколот сметаат дека со воспоставувањето на Единствен државен прото-

кол, нема многу да се влијае на ефикасноста во извршувањето на протоколарните

задачи;

• деветти отпор – законско и подзаконско заокружување на Единствениот држа-

вен протокол: донесување на законско решение за воспоставување на Единстве-

ниот државен протокол, како и носење на подзаконски акти за регулација во об-

ласт и вклучување на сите досегашни подзаконски акти во областа на протоколот

на една место;

• десетти отпор – донесување на нова „пресеанс листа на Република Северна Ма-

кедонија“: пресеанс листата е исклучително важна, односно важна е до тој степен

што за неа се воделе војни. Во денешнината, навистина е потребно пречистување

и реорганизација на пресеанс листата, но и дополнително вклучување на градона-

Основи на протоколот

чалниците и претставниците на дипломатскиот кор (амбасадори и одбранбени и

полициски аташеи), Управниот суд и други инстанции во него.

Кога ги разгледавме очекуваните отпори од организација и воспоставување на

Единствениот државен протокол, потребно е да се елаборира и начинот на над-

минување на отпорите поврзани со воспоставувањето на Единствениот државен

протокол. Како што сè потекнува од разговорот, така и надминувањето на отпорите

започнува со консултации со еминентни професори и експерти од практиката. По-

требно е да се направи и компаративна анализа со организациските структури на

протоколарните ентитети во Словенија, Хрватска, Бугарија и Романија. Во нашата

држава потребно е да се креира интердисциплинарна работна група од вработени

во единиците за протокол кај државните органи, а фокусот да се стави на човеч-

ките капацитети и на финансиските аспекти од креирање на Единствен државен

протокол, елемент кој согласно финансиската логика треба да биде поповолен до-

колку постои централизација на функционирање и на набавување, отколку моде-

лот да остане ист како и денеска, децентрализација на протоколарната функција

на државно ниво.

Грешки во протоколот3

Констатиравме дека безбедноста и стабилноста во и на една држава не зависи само

од евидентната, т.н. „тврда сила“, туку и од онаа посуптилна форма на моќ која и тоа

како влијае врз безбедноста и сигурноста– одбранбената дипломатија, која, пак, е

нераскинливо поврзана со правилата и процедурите на протоколот, како составен

дел на дипломатската практика. Затоа исклучително значајно е да се анализираат

грешките кои се прават во контекст на протоколот, и да се направи вистинска кла-

сификација на секоја грешка дали таа е намерна или случајна. Грешките во прото-

колот, иако (можеби) предмет на недоволно познавање на практиките од страна на

лицата задолжени за протоколарните активности, можат да предизвикаат поли-

тички скандали, па дури и нетрпеливост на државно ниво.

Линијата помеѓу испраќањето на политичка порака, наспроти вистинска грешка во

протоколот е навистина тенка. Впрочем, секоја од потенцијалните грешки, лицата

кои не се вешти во областа на одбранбените односи или протоколот, можат да ги

перципираат на овој, или оној начин, и тоа да доведе до несакани последици, на се-

кое, па дури и на меѓудржавно ниво. Меѓусебната поврзаност помеѓу протоколот,

одбранбената дипломатија и безбедноста ни укажува на тоа дека само еден детал

од овие три компоненти да е погрешно извршен или погрешно перципиран, тоа де-

лува и на останатите компоненти. Лошо организиран протокол, без оглед дали тоа

3 „Улогата на протоколот и одбранбената дипломатија во остварувањето на безбедноста на

Република Македонија“, Санде Смиљанов 2021

е со намера или не, може да значи и неефикасна одбранбена дипломатија, па и

намалување на безбедноста.

Протоколарни грешки во дипломатијата – причина за подлабока анализа или

не?

Протоколарните грешки можат да се најдат на секој настан, па дури и на оние кои се

сметаат за високопрофилни настани на кои работат голем број на професионалци.

Република Северна Македонија и дипломатскиот протокол, кој за одредени наста-

ни од големо значење (како пречек на странски државник пред Владата), вклучува

блиска соработка помеѓу владиниот протокол, протоколот на Министерството за

надворешни работи и протоколот во Генералштабот на Армијата, во чии рамки е и

Баталјонот за почести (односно армиската Гарда).

Изминатите неколку години беа исклучително бурни од протоколарен аспект: го-

лем број на посети, значајни настани, големи и комплексни организации. Сè уште

се свежи сеќавањата од посетата на австрискиот Канцелар, Себастиан Курц, на 7

септември 2018 година кога на платото пред Владата, при пречекот и интонирање-

то на македонската и австриската химна се вееше погрешно австриско знаме. Се-

како, на прв поглед станува збор за минорна грешка која не треба да има големо

влијание, но во реалноста, тоа беше најважната вест од посетата. Таа грешка многу

лесно испраќа неколку пораки – австриската држава не е од голема важност за Ре-

публика Северна Македонија, или, пак, Република Северна Македонија е земја без

професионален кадар во една ваква важна област како што е протоколот.

За волја на вистината, поставувањето на несоодветно знаме, односно знаме на

Латвија, држава која не е поврзана со државникот, не е грешка која може да се

врзе само со протоколот на нашата Влада. Имено, на 14 април 2014 година, во по-

сета на Украина пристигнал претседателот и министер за надворешни работи на

Швајцарија, Дидиер Бурхалтер, кој за време на неговата прва средба со вршителот

на должност, премиер на Украина, Арсени Јацењук, впрочем за време на нивното

ракување, во позадина, наместо швајцарското знаме, стоело знамето на Норвешка.

Уште една грешка на македонскиот дипломатски протокол, повторно во спрега

помеѓу протоколот на Министерството за надворешни работи и она на Министер-

ството за одбрана е грешката при пристигнувањето на секретарот за одбрана на

САД, на Меѓународниот аеродром Скопје, на 18 септември 2018 година. При под-

готовката на краткиот воен церемонијал кој е со цел да покаже почит кон високиот

гостин од Соединетите Американски Држави, неколку професионални војници на

Армијата на Република Северна Македонија го попречија патот на секретарот за

одбрана, Матис, и тоа метејќи го црвениот килим. Сликите кои предизвикаа сенза-

Основи на протоколот

ција од овој важен настан, имаа потенцијал да бидат протолкувани повторно како

пример за нефункционалноста на државата, а соодветно на тоа и неефикасноста

на Армијата.

Фактите од интерните процедури за утврдување на реалната слика говорат дека

сепак не станува збор за намерно непочитување на протоколарните правила, кои

се особено строги во вториот случај со високиот американски гостин (првенствено

влегување на лидерот од тимот за протокол во авионот, по што следи излегување

на високиот гостин), туку за класичен и пластичен пример за некоординација и не-

доволна соработка на лицата за протокол од различни институции. Односно, во пр-

виот случај станува збор за несоодветна проверка при самата набавка на знамето

(кое било заведено како знаме на Австрија и чувано како знаме на Австрија), а во

вториот случај делумно е вина и на гостинот кој недоволно ги земал предвид соод-

ветните протоколарни правила и процедури.

Вакви примери има и во најблиското соседство. За тоа колку една протоколарна

грешка може да ги раздвижи духовите во светската политика, пример е гафот со

местото за седење на косовскиот претседател Хашим Тачи, на свеченоста по повод

100-годишнината од Првата светска војна. Погрешното место за седење за косов-

скиот претседател толку силно влијаеше на меѓу државните односи, што амбасадо-

рот на Франција во Белград, Фредерик Мондолони, упати формално извинување

до претседателот на Србија, Александар Вучиќ и до српскиот народ. Самото из-

винување во кое се вели: „...со Србија сме многу блиски. Србија во Првата светска

војна изгуби речиси една третина од своето население, 62 проценти од машкото

население и Франција тоа нема да го заборави“, укажува на тоа дека оваа протоко-

ларна грешка сепак оставила траг во односот помеѓу Србија и Франција. Францу-

скиот амбасадор оди дотаму што вели „...тажен сум бидејќи требаше да ја славиме

нашата заедничка победа, и тоа во очи најавената посета на претседателот Макрон

на Србија. Ова на некој начин го расипа сето тоа“, што е најсоодветен пример за

дамката која еден навидум бениген настан може да ја предизвика.

По скандалот со распоредот за седење на свеченоста во Париз по повод Денот на

примирјето во Првата светска војна, косовскиот претседател Хашим Тачи се најде

во прв план и на Мировниот форум, каде се повтори истата протоколарна грешка.

Имено, Тачи е седнат веднаш зад лидерите на земјите кои биле главни играчи во

Првата светска војна – Франција, Германија и Русија.

За забележување е коментарот на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој

најпластично покажува колку еден ваков протоколарен гаф (или не!) може да ги

раздвижи геополитичките духови: „Можете да замислите што мислел некој кога го

ставил Тачи до Путин. Позади грб на Путин дојде Тачи и му пружи рака. Кога сфати

Путин кој е тој, се сврти кон другите“, изјавил Вучиќ пред новинарите на настанот.

Протоколите на големите настани од областа на спортот, исто така можат да имаат

влијание врз начинот на кој се перципира политиката. Владимир Путин, Емануел

Макрон и Колинда Грабар - Китаровиќ, на едно место – финалето на Светското

првенство во фудбал, организирано од Русија, одиграно од репрезентациите на

Франција и на Хрватска. Светското фудбалско првенство е планетарен настан на

секои четири години и секогаш доживува големо внимание во целиот свет. Зна-

чењето на овој настан може да се види преку експлозијата на медиумското внима-

ние за хрватската претседателка Грабар – Китаровиќ која како искусен поранешен

дипломат сето тоа го искористи во презентација на својата земја. Она што нависти-

на беше интересно да се види, не беше само натпреварот, туку и минутите после

натпреварот кога при навистина обилен дожд, обезбедувањето и лицата од про-

токолот имаа само еден чадор, и тоа само за рускиот претседател, Путин. Од про-

токоларен аспект, ова покажува сериозен пропуст во организацијата, но од друга

аспект овој настан е можеби најдобриот момент за да се покаже сила и моќ, да се

понижи „непријателот“ и да се покаже мислењето за лидерот на „другата страна“.

Ова е пример за тоа како еден, најверојатно, протоколарен гаф, една лоша процен-

ка и недостаток на реакција, може да остави отворени прашања за односот помеѓу

двете европски сили Франција и Русија.

Листата на дипломатски гафови и грешки, за кои се претпоставува дека сепак не се

однесуваат на намерно пренесување на одредена политичка порака, е навистина

долга. Практичарите во областа на одбранбената дипломатија и протоколот раз-

бираат дека секој елемент од протоколот, секој детаљ може да има реперкусии врз

политичките случувања и затоа, едноставно кажано, грешки и недостатоци во реа-

лизацијата на протоколот не се дозволени. Како дел од овие, под претпоставка, не-

намерни грешки можат да се набројат – честитката на црногорскиот премиер Игор

Лукшиќ до Шведска, по повод Денот на шведската државност, во која се посакува

успех и просперитет на Данска; прегратката на поранешната прва дама на САД,

Мишел Обама за англиската кралица Елизабета Втора (со која инаку согласно про-

токолот се забранува секаков допир); несоодветното место за седење на претсе-

дателите на Албанија, Србија, Хрватска и Црна Гора во Пленарната сала на нашето

Собрание при инаугурацијата на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов; белото

одело на македонски ВИП-претставник на комеморацијата за полскиот претседа-

тел Лех Качински.

Основи на протоколот

Кога протоколарниот „гаф“ пренесува политичка порака

Факт од 2010 година. Израел го понижи турскиот амбасадор. 12 јануари е денот кога

израелско официјално лице преку протоколарна грешка, даде до знаење на целиот

свет, особено на арапскиот свет кое е неговото мислење за Турција. Имено, на со-

станок во израелското Министерство за надворешни работи меѓу заменик-мини-

стерот за надворешни работи, Даниел Ајалон, и турскиот амбасадор во Израел, Ах-

мет Огуз Челикол, соговорниците биле поставени на места на седење со евидентна

висинска разлика. Причината е што турските телевизиски серии продолжат да ги

прикажуваат израелските агенти како брутални. Впрочем и причината што заме-

ник министерот Ајалон го повикал турскиот амбасадор да изрази протест поради

ТВ-програмата во која израелските агенти киднапираат деца и пукаат врз возрасни

луѓе. Само еден ден подоцна, на 13 јануари следувало експресно извинување од

израелска страна, зашто амбасадорот бил поставен на пониско столче. Турскиот

амбасадор и турските власти изразија отворен бес за понижувањето на нивниот

специјален пратеник. Имено, во краткиот ултиматум до Израел упатен еден ден

по инцидентот, Анкара побара извинување за како што го опиша, „понижувачкото

однесување на Ајалон кон нивниот амбасадор во понеделникот“. Насловите во тур-

ските весници го рефлектираа тој бес: „Безобразие“, пишува во весникот „Ватан“,

додека „Џумхуриет“ објави: „Врските со Израел се нарушуваат“. „Сабах“ се огради

со „Зол заговор“, додека, пак, происламскиот весник „Јени сафак“ бесно реагира:

„Подло и неморално“. Канцеларијата за врски со медиумите на премиерот Бенјамин

Нетанјаху подоцна издала соопштение во кое, во еден дел се вели „протестот што

му беше предаден на турскиот амбасадор беше во суштина коректен, но требаше

да биде пренесен на конвенционален дипломатски начин“. И самиот Ајалон издал

соопштение, велејќи „не е мој стил да покажам непочитување кон амбасадорите и

во иднина ќе ја образложувам мојата позиција на дипломатски прифатлив начин“.

Основни принципи на дипломатскиот протокол

Гледано во поширок контекст, дипломатскиот протокол е еден вид на мрежа на

правила и процедури кои ги водат меѓународните односи и меѓусебните дипло-

матски интеракции. Дипломатскиот протокол воспоставува еден вид на „правила

на игра“ и тоа во доменот на соодветното однесување, етикецијата и комуникација-

та помеѓу претставниците на различни земји во светот. Принципите се и основата

на дипломатскиот протокол зашто тие играат витална улога во унапредувањето и

развивањето на разбирање, почит и ефективна комуникација помеѓу светските на-

ции. Како принципи на дипломатскиот протокол можеме да ги издвоиме: почитта

и еднаквоста, не- вмешувањето во внатрешните работи на една земја, дипломат-

скиот имунитет, реципроцитетот, куртоазноста и етикецијата, како и дискрецијата

и тајноста.

Почитта и еднаквоста се едни од најважните принципи на дипломатскиот прото-

кол. Сите нации, без оглед на нивната сила, големина или влијание треба да бидат

третирани со почит и дигнитет во дипломатските односи и интеракции. Овој прин-

цип е есенцијален имајќи ја предвид потребата ниту една нација да не биде мар-

гинализирана или дискредитирана, додека истовремено правата и интересите на

секоја нација се слушнати и увидени. Дипломатскиот протокол, едноставно кажа-

но, промовира еднаквост помеѓу нациите, овозможува интеракции помеѓу субјекти

кои се на исто рамниште, го унапредува меѓусебното разбирање и развива плодна

соработка.

Не-вмешување во внатрешните работи на една земја е принцип на дипломатски-

от протокол кој е исто така во основата на дипломатијата и меѓународните односи.

Овој принцип се однесува на потребата да се почитува суверенитетот и независно-

ста на секоја од инволвираните страни, кои согласно истиот се воздржуваат од ме-

шање во интерните работи на другата страна. Не-мешањето во интерните работи

на секоја од земјите овозможува стабилност, превенира непотребни конфликти и

заладени односи, додека истовремено се фокусира на соработката и на споделе-

ните глобални вредности.

Дипломатскиот имунитет е принцип која дава одредени привилегии и заштита за

дипломатскиот персонал и нивните семејства, принцип кој овозможува диплома-

тите да ги извршат нивните основни функции без никаков страв за можни репре-

кусии.

Реципроцитетот во дипломатскиот протокол, па и дипломатската пракса овоз-

можува дипломатите од државата А во државата Б да бидат израмнети со статусот

на дипломатите на државата Б во државата А. Овој принцип „де факто“ овозможу-

ва фер однос и паритет во дипломатските интеракции, превенира дисбаланс и има

силно позитивно влијание врз меѓусебната почит и билансираните односи.

Куртоазноста и етикецијата се витален елемент на дипломатскиот протокол. Она

што се очекува од дипломатите е да се однесуваат професионално, во склад со

признатите дипломатски и културни норми и правила, и со почит кон културата и

традициите на земјата-домаќин. Учтивоста, соодветното користење на јазикот и

дипломатската куртоазност ја унапредуваат комуникацијата и го фасилитираат

создавањето на доверливи контакти помеѓу дипломатите. Тоа, секако побарува и

создавање на атмосфера која ќе овозможи плоден дијалог и разбирање помеѓу на-

циите.

Основи на протоколот

Дискрецијата и тајноста е исто така важен сегмент кој укажува на еден составен

дел на дипломатијата – тајноста на сензитивните информации и преговори кои ба-

раат исклучителна дискреција. Ова е особено важно кога станува збор за класифи-

цирани информации и нужната потреба тие да не бидат споделувани на страни кои

не се авторизирани да имаат пристап до истите.

Дипломатски церемонии

Дипломатските посети и церемонии служат како еден вид на визуелна репрезен-

тација на меѓународните односи, но и како платформа за лидерите, дипломатите

и официјалните претставници од различни нации во меѓународната заедница која

ги фасилитира нивните дискусии, разговори и ги зацврстува билатералните или

меѓународните односи – секако, во името на соработката и развојот. Овие посети

вклучуваат голем број на формалности кои се составен дел од дипломатскиот про-

токол и етикеција.

Еден пример за државна посета од колосални размери е посетата на поранешниот

претседател на САД, Барак Обама на Индија во 2015 година. Главната цел на оваа

посета беше продлабочувањето на стратешкото партнерство помеѓу овие светски

значајни земји и тоа во повеќе сфери – одбрана, економија и климатски проме-

ни. Претседателот Обама и индискиот премиер Нарендра Моди имаа значајни раз-

говори по кои најавија неколку договори, меѓу кои и Заедничката стратешка визија

на САД и Индија за Азија-Пацифик и регионот на Индискиот океан.

Слика 8: Премиерот Моди

и претседателот Обама за

време на парадата за Денот на

републиката во Раџпат,

25 јануари 2015 г

Кога станува збор за официјалните посети кои вклучуваа комплексни протоколар-

ни елементи е и посетата на сега починатиот јапонски премиер Шинзо Абе на Обе-

динетото Кралство во 2019 година, а посетата е исклучително интересна од про-

токоларен аспект затоа што вклучувала и средба со тогашната британска кралица,

Елизабета Втора.

Дипломатските церемонии не вклучуваат само официјални и државни посети, туку

и различни други видови на церемонии, како, на пример, предавањето на акреди-

тивните писма како симбол кој означува почеток на мандат на еден амбасадор во

странска земја. Церемониите можат да се анализираат и во контекст на различ-

ни видови на самити и конференции, особено оние кои се високо-профилни како

средбите на групата на седум најразвиени земји, Г7.

Она што е заедничко за сите овие церемонии е дека етикецијата игра исклучително

значајна улога во нивната реализација – од пресеанс листата, до изборот на ме-

стата за седење и размената на подароци. Сите овие протоколарни елементи се

поставени за да гарантираат дека интеракцијата ќе мине без проблеми, со почит и

согласно правилата.

Развојот на дипломатскиот протокол во 21-от век

Како што е споменато, дипломатскиот протокол е основа на интеракциите и одно-

сите помеѓу нациите во модерното време, а во тој контекст, како што светот станува

сè поповрзан, практицирањето на дипломатијата мора да се развива и усовршува

за да може да се адаптира на новите предизвици и новите можности. Во 21-от век,

дипломатскиот протокол се менува согласно новите промени во глобалната гео-

политичка ситуација и промените во моќта, технолошките напредоци и нормите на

меѓународните односи.

Она што е исклучително важно за дипломатскиот протокол е мултилатералната

дипломатија, која во новото и модерно време доби на значајност, со зголемен број

на глобалните предизвици кои побаруваат решенија кои произлегуваат од заед-

ничките напори. Овие заеднички напори се фасилитирани и олеснети токму од

дипломатскиот протокол кој игра значајна улога во глобалните форуми како Обе-

динетите Нации, или, пак, на регионалните форуми (United Nations, «Protocol and

Liaison Service: Functions and Services).

Доколку зборуваме за дипломатскиот протокол во 21-от век, мора да се спомене и

потребата од културолошка сензитивност и инклузивност, особено имајќи предвид

дека во ова ново време, постои потреба за почит и разбирање за сите културолош-

ки разлики, потреба од премостување на културолошките стереотипи, воспоста-

вување на норма за еднакво преставување на сите страни кои се инволвирани во

процесот и слично. Тоа е уште една потврда за диверзитетот на нациите и потреба-

та за промоција на дијалогот кој се базира на почитувањето на различни перспек-

тиви (International Organization for Migration, Cultural Diplomacy and Intercultural

Dialogue).

Основи на протоколот

Родовата еднаквост и родовата перспектива, како и потребата за унапредување

на гласноста за промени е фокус и на дипломатскиот протокол и тоа од операти-

вен аспект, како – родово балансирани делегации овозможување и осигурување

на партиципацијата во дипломатските активности и на едниот и на другиот пол,

како и инклузивност во процесот на донесување одлуки. Овој пристап дава уште

една потврда за придонесот кој го даваат различни лица, без оглед на нивниот пол

кон зголемувањето на ефективноста и инклузивноста во дипломатијата (United

Nations, „Gender Equality in Diplomacy).

Она што изненадува и е различно во однос на дипломатскиот протокол и негово-

то развивање низ вековите, е фактот дека денеска, имајќи ги предвид промените

ви општественото живеење, и самиот дипломатски протокол има направено мала

промена во однос на прифаќањето на одредена доза на неформалност и флекси-

билност. Традиционалните ригидни протоколи овозможија да се етаблира одреден

степен на релаксиран и адаптибилен пристап, особено кога станува збор за дипло-

матскиот протокол кој мора да овозможи градење на доверба, поголема иноватив-

ност и агилни и соврмено дипломатски решенија на напластените проблеми (The

Guardian, „A New Diplomacy: The Informal Summit).

Какви карактеристики треба да имаат лицата кои работат во до-

менот на протоколот?

Вработените во областа на протоколот, без оглед на нивното приватно и професи-

онално искуство, првенствено треба да бидат подготвени на работа која е подолга

од пропишаната. Во однос на карактеристиките и вештините, истите можат да се

поделат на лични и професионални.

Личните вештини вклучуваат: културолошки компетенции, дипломатија и такт,

флексибилност и адаптибилност и емотивна интелигенција, додека професионал-

ните карактеристики вклучуваат: знаење од областа на протоколот и етикецијата,

организациски и планирачки вештини, комуникациски и интерперсонални вешти-

ни, професионализам и дискреција, познавања од областа на меѓународните одно-

си, кризен менаџмент и вештини за решавање на проблеми и континуирано учење

и адаптација.

ЛИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ КАЈ ЛИЦАТА КОИ РАБОТАТ
ВО ДОМЕНОТ НА ПРОТОКОЛОТ
КУЛТУРОЛОШКИ КОМПТЕНЕЦИИ ДИПЛОМАТИЈА И ТАКТ

Култоролошките компетенции се кру- Дипломатските вештини, вклучувајќи и

цијална вредност за професионалците комуникација со одреден такт кој вклу-

кои работат во областа на протоколот чува и окончување, односно разрешу-

зашто им овозможува да ги разберат вање на конфликти се витални за секое

лице - специјалист во областа на прото-

и ценат различните навики и практики

колот. Согласно Институтот на Обедине-

кај народите. Тоа значи да се биде от-

тите Нации за обука и истражување

ворен, адаптибилен и да имаш почит

(UNITAR),дипломатијата побарува

кон различните културни норми. Со-

„дипломатски вештини како такт, дис-

гласно Асоцијацијата на специјалистите

креција, емпатија и чувство за култу-

кои работат во областа на протоколот,

ролошко соодветно однесување“. Ди-

„Protocol and Diplomacy International“, пломатите и офицерите во областа на

културолошките компетенции им пома- протоколот мора да се вклучат во еден

гаат на професионалците „да го задржат конструктивен дијалог, мора да знаат

правецот и да ги ценат културолошките да навигираат околу сензитивни теми,

поединечности со цел да се избегне не- и да градат мостови помеѓу различни

сакана комуникација. чинители.

ФЛЕКСИБИЛНОСТ И
ЕМОТИВНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
АДАПТАБИЛНОСТ

Во областа на протоколот, професи- Емотивната интелигенција е еден од

оналците многу често се соочуваат со четирите столба на личните карактери-

непредвидливи промени или предиз- стики на специјалистите во областа на

вици. Вештината, односно способноста протоколот.

да се остане флексибилен и да може да Можноста и вештините да се разберат

се адаптираат плановите согласно тие и да се менаџираат емоциите, како и да

нови промени е навистина многу важна. се има емпатија со останатите лица им

Протокол школата во Вашингтон ја по- помага на професионалците во протоко-

тенцира токму важноста на адаптибил- лот да ја навигираат меѓучовечката ди-

носта, и укажува на тоа дека професио- намика ефикасно. Меѓународната асо-

налците во оваа област „мора да бидат цијација на консултанти и офицери во

флексибилни и да ги променат плано- областа на протоколот (IAPC&O) нотира

вите во краток временски период, како дека емотивната интелигенција е клучна

и да се носат со непредвидените измени за протокол професионалците зашто им

со професионалност и со целосна ефи- овозможува да „градат пријателства, да

касност. се носат со можните конфликти и да ја

фасилитираат комуникацијата со одре-

дено ниво на културолошка

сензитивност“.

Основи на протоколот

ПРОФЕСИОНАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЛИЦАТА КОИ РАБОТАТ ВО
ДОМЕНОТ НА ПРОТОКОЛОТ
ЗНАЕЊА ОД ОБЛАСТА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ И ПЛАНИРАЧКИ
ПРОТОКОЛОТ И ЕТИКЕЦИЈАТА ВЕШТИНИ

Професионалците кои работат во об- Ефективните организациски и плани-

ласта на протоколот, мора да имаат рачки вештини се есенцијални за сите

солидно познавање на правилата на професионалци кои се во улога на про-

протоколот и етикецијата. Протокол токол специјалисти. Меѓународната

школата во Вашингтон укажува на тоа асоцијација на консултанти и офице-

дека осознавањето на знаење во овие ри во областа на протоколот (IAPC&O)

области е исклучително важно, однос- вели дека протокол професионалците

но дека протокол професионалците мора да покажат силни организациски

„мора да бидат вешти во областа на способности зашто тие координира-

протоколот, етикецијата и обичаите за ат комплексни настани, менаџираат со

да се осигураат дека се имплементи- детали и се одговорни за беспрекорна

раат соодветни процедури и дека ситу- реализација на активностите.

ациите кои можат да појават ќе бидат

решени на соодветен и

ефикасен начин.

КОМУНИКАЦИСКИ И ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ И
ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ ВЕШТИНИ ДИСКРЕЦИЈА

Асоцијацијата на специјалистите кои

работат во областа на протоколот, Институтот на Обединетите Нации за

„Protocol and Diplomacy International“ обука и истражување (UNITAR), јасно

се фокусира токму на комуникациски- укажува на важноста од професиона-

те и интерперсоналните вештини како лизмот и дискрецијата при работата

на едни од најзначајните карактери- во областа на протоколот. Протокол

стики за секој протокол професиона- професионалците, исто како и дипло-

лец. Лицето кое работи во областа на матите мора да ја знаат и разберат

протоколот мора да има одлични ин- важноста на одржување на едно

терперсонални вештини, вклучувајќи професионално однесување и целосна

и активно слушање, дипломатски веш- дискреција, особено затоа што имаат

тини и можност/способност да гради шанси да бидат во контакт со инфор-

партнерства. мации кои би требало да не се обзна-

нат јавно.

ПОЗНАВАЊА ОД МЕЃУНАРОДНИ КРИЗЕН МЕНАЏМЕНТ И ВЕШТИНИ
ОДНОСИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ

Солидно познавање на меѓународните Протокол професионалците мора да

односи е секогаш од корист за секој имаат и силни вештини за кризен ме-

професионалец во областа на прото- наџмент и за решавање на проблеми.

колот. Комплексното глобално опкру- Активностите мора да се реализираат

жување во кое може да се најде секој на соодветен начин без оглед на окол-

професионалец во протоколот ука- ностите и затоа познавањата во овие

жува на тоа дека тој/таа мора да има области како кризен менаџмент и мож-

знаење од аспект на меѓународните ност и знаење за решавање на пробле-

односи, дипломатијата и геополитич- ми се нужност.

ките прашања.

КОНТИНУИРАНО УЧЕЊЕ И АДАПТАЦИЈА

Континуираното учење и надградба на знаењата е „де факто“ нужно потребно

во секоја област, вклучувајќи го и протоколот.

Слика 9: Лични карактеристики кај лицата од доменот на протоколот

Глава IV · Дигитална етикеција

Дигитална етикеција

Во денешниот меѓусебно поврзан свет, каде дигиталните комуникации се интегра-

лен дел од нашите животи, дигиталната етикеција е исклучително значајна. Попо-

зната како нет-етикеција (netiquette), дигиталната етикеција вклучува правила и

процедури за однесување базирани на почит, соодветна комуникација и одговорно

однесување како дигитален граѓанин во on-line сферата. Дигиталната етикеција ги

поставува основите за позитивна интеракција, превенира недоразбирања и промо-

вира една здрава и инклузивна дигитална средина.

Дигиталната етикеција во суштина служи како еден рамковен принцип и правило

кое ни помага да се движиме низ дигиталниот терен со интегритет и почит. Таа ни

помага да изградиме партнерства и на професионално, но и на лично ниво. Кога

комуникацијата во дигиталната сфера ние базирана на почит, создаваме атмосфе-

ра на доверба, емпатија и взаемно разбирање.

Дополнително, не треба да се заборави дека влијанието на дигиталната комуни-

кација врз односите и во нашето физичко опкружување. Интеракциите во денеш-

нината сè повеќе се одвиваат преку екраните и дигиталните уреди, што може да го

изземе елементот на препознавање на сигнали од невербална природа – држење

на телото, гестикулации и слично, и токму затоа дигиталната етикеција е круцијал-

на ако сакаме нашите пораки да бидат перципирани на начинот на кој се замислени

од испраќачот на пораката. Тие треба исто како и во физичката средина јасно да ја

покажуваат намерата на испраќачот и вистинската интенција на комуникацискиот

процес.

Практицирањето на дигиталната етикеција е повеќе од пристојност и учтивност.

Овој комуникациски сегмент го рефлектира и нашиот карактер, па дури и нашите

вредности како учесници во комуникацискиот процес. Ја покажува нашата почит

кон туѓото мислење, културолошките разлики и границите кои ги поставуваме како

индивидуи.

Дигиталната етикеција игра значајна улога и во заштитата на нашата on-line ре-

путација и личното психичко здравје. Живееме во ера каде нашето постоење во

интернет средината има долготраен импакт кој не може да се избрише. Затоа од

исклучително значење е да креираме една позитивна дигитална слика за тоа кои

сме, каков е нашиот начин на живот и кои се нашите погледи, во професионална и

лична смисла.

Еволуција на комуникацијата во дигиталната ера

Со еволуцијата на комуникацијата во дигиталната ера ние го трансформиравме

начинот на кој се поврзуваме меѓусебно, начинот на кој споделуваме информации

и начинот на кој соработуваме едни со други. Де факто, во оваа нова ера го револу-

ционизиравме комуникацискиот процес – во однос на брзината, опсегот и достап-

носта на комуникациските канали.

Во минатото, комуникацијата првенство била лимитирана на комуникација ли-

це-в-лице, на писмена комуникација или телефонски разговори. Интернет ерата,

пак, овозможува нова плејада на комуникациски канали и алатки кои ги премосту-

ваат овие бариери.

Во почетоците на дигиталната ера, евидентен беше развојот на e-mail комуника-

цијата која значи размена на податоци и пораки брзо и ефикасно, со што се ели-

минира потребата од поштенски услуги. Оваа комуникација овозможува речиси

инстантна размена на податоци.

Со развојот на технологијата, произлегоа и нови алатки за комуникација – плат-

форми како IM (инстант пораки) овозможија реално-временска конверзација во

дигитална пишана форма. Се појавија различни сервиси базирани на инстант – по-

раките како ICQ, AIM, MSN Messenger и Yahoo Messenger кои во целост ги срушија

физичките бариери, а ја задржаа нивната реално-временска димензија на комуни-

цирањето. Тие беа дополнети и со можности за гласовно пренесување на пораки, а

потоа и со видео-комуникација.

Еволуцијата на комуникацијата во дигиталната ера продолжи со развојот на со-

цијалните мрежи. Платформите на Facebook ,Twitter и Instagram им дадоа на кори-

сниците можности да споделуваат новини, мислења и чувства на мултимедијален

начин, односно воведоа еден вид на револуција на концептот за лична експресија

што доведе и до создавање на интернет- заедници на лица со слични интереси,

идентитети, па и географски локации.

Следно во фазата на развој на дигиталните комуникации е широката употреба

на мобилните уреди. Мобилните апликации како WhatsApp, WeChat и Telegram

стануваа сè попопуларни зашто овозможуваа сè што овозможуваа и претходните

платформи за инстант пораки, но сега и во движење, каде и да се наоѓаме. Инте-

грацијата на можностите за аудио и видео повик, пак, ги направија комуникациите

на големи далечини и подостапни и поевтини.

Последните години, особено по глобалната пандемија, лесно може да се увиди раз-

војот на видео-конференциските алатки и платформите за стриминг во живо. Сер-

Дигитална етикеција

висите како Twitch, YouTube Live, и Facebook Live овозможија секоја индивидуа да

може да пренесува видео-содржина во живо на глобално ниво, а видео-конферен-

циските платформи како Zoom, Microsoft Teams и Google Meet станаа есенцијална

алатка за on-line соработка и виртуелни состаноци.

И, секако, еволуцијата на комуникацијата во дигиталната ера не ги револуционизи-

раше само личните и индивидуални интеракции, туку и бизнис и професионалните

интеракции. Работењето на далечина, виртуелни средби и on-line соработката ста-

на секојдневие кое е составен дел од соработката и размената на информации и

идеи помеѓу различни тимови во една организација, без оглед на нивната физичка

далечина.

Најновиот развој се однесува на вештачката интелигенција и т.н. „natural language

processing“ систем кои ги поставуваат основите на новите модели на комуникација.

Виртуелните асистенти, т.н. чат-ботови и направи активирани на глас стануваат сè

пософистицирани и овозможуваат уште поприродно интеракција.

Разбирање на дигиталната етикеција

Како што е споменато погоре, дигиталната етикеција содржи правила, процедури

и принципи на водење на дигитална комуникација на позитивен начин и меѓусебна

почит. Ова се неколку принципи кои лежат во основата на дигиталната етикеција:

1. Комуникација базирана на почит и куртоазност

Куртоазноста и почитта во дигиталната комуникација се однесува на користење

на учтив јазик, изземање на можноста за лични напади, оневозможување на кори-

стењето на офанзивен јазик и потребата на ум да се имаат кулуролошките разлики

и сензитивноста при дигиталното комуницирање. Однесувањето базирано на по-

чит и овозможува развој на една позитивна дигитална средина.

2. Јасна и ефикасна комуникација

Јасноста и ефикасноста се есенцијални во дигиталното комуницирање. Тоа се од-

несува и на користењето на правилна граматика, правилно користење на интер-

пункциски знаци, правилно пишување кое нема да дозволи поставување на когни-

тивни шумови во комуникацијата и неразбирање на пораката. Тука се подразбира

и претераното користење на акроними и кратенки, кои можат да создадат мисин-

терпретации и недоразбирања.

3. Земање на предвид на времето и вниманието на соговорникот

При комуникацијата во дигиталната сфера предвид мора да се земе времето на

соговорникот и вниманието кое тој/таа може да го издвои за самата комуникација.

Тоа значи дека треба да се избегне претераниот број на on-line пораки, дека во ко-

муникацијата не треба да се заобиколува поентата на самата комуникација и дека

предвид треба да се земе лимитираноста на соговорникот во однос на времето и

достапноста на соговорникот за одговор на пораката.

4. Приватност и доверливост на комуникацијата

Почитувањето на приватноста и доверливоста на информациите во комуникаци-

скиот процес се витални елементи на дигиталната етикеција. Тоа значи дека од со-

говорникот мора да се добие еден вид на одобрување за да можат да се изнесат

информациите кои се здобиени преку дигиталната комуникација, додека истовре-

мено воопшто не се изнесуваат лични или сензитивни информации здобиени на

овој начин.

5. Автентичност и искреност

Автентичноста во комуникацијата, особено имајќи предвид дека станува збор за

комуникација која не се одвива лице-в-лице е основа за развој на процес кој е ба-

зиран на доверба и почит. Вистинската репрезентација за тоа кои сме во дигитал-

ната сфера придонесува кон креирање на еден круг на доверба и кредибилитет

во процесот, а тоа влијае и на фактичката точност на пренесените информации во

овој процес.

6. Одговорна дигитална припадност

Дигиталната етикеција промовира одговорна дигитална припадност во однос на

почитувањето на сите легални, етички и социјални норми во дигиталниот свет. Тоа

го вклучува и почитувањето на интелектуалната сопственост, соодветното цити-

рање на одредени извори, анулирање на плагијаторството и промовирање на ди-

гитална писменост.

7. Постирање и споделување

Споделувањето на информации и постирањето на содржини мора да се врши пре-

ку првенствено верификување на точноста на информацијата, како и утврдување

на потенцијалната штетност на одредени зборови и дела. Ширењето на дезинфор-

мациите има потенцијал да влијае негативно на широк спектар на општествени ак-

тивности и едноставно да го наруши дигиталниот еко-систем во глобални рамки.

Токму затоа борбата со дезинформациите има круцијално значење во зачувување

на кредибилитетот на дигиталната комуникација на секое рамниште.

Со еден збор, дигиталната етикеција е еден конгломерат на норми – и технолошки,

и социјални. Адаптацијата на новите платформи кои нудат сè поголем квантум на

можности и комуникациски трендови мора да оди рака- под-рака со почитување-

Дигитална етикеција

то на базичните принципи кои овозможуваат релевантна и ефективна дигитална

етикеција.

8. Користење на правилни „емотикони“ и симболи

Користењето на т.н. „емотикони“ и симболи може да ја збогати комуникацијата, но

само ако се користат на правилен начин и во вистински контекст. Преголемата упо-

треба на ваков тип на графички елементи може да доведе до недоразбирање или,

едноставно, неразбирање на пораката. При користењето предвид треба да се има

и културолошката специфичност која може да направи разлика во пораката која

сакаме да ја испратиме со овие графички елементи.

9. Практицирање на активно слушање

Во дигиталната комуникација, т.н. „активно слушање“ е нејзин витален елемент.

Затоа, потребно е да не се одговара на одредена порака пред таа да биде вистин-

ски разбрана, односно додека не се дефинира нејзиното вистинско значење. Во

дигиталната комуникација мора да се пристапи откако пораката целосно ќе биде

разбрана, и ќе бидеме сигурни дека не станува збор за претпоставка во која насока

се движи пренесената порака.

10. Разбирање на нормите на дигиталната етикеција кои можат да се разлику-

ваат од платформа до платформа

При пренесување на содржини или информации потребно е секој учесник во ди-

гиталната комуникација да се запознае со правилата кои се специфични за таа ко-

муникациска платформа. На тој начин се анулираат можностите за непотребно на-

рушување на комуникацискиот процес, или себе-анулирање од самата платформа

која е предмет на користење.

11. Да се избегнува сајбер-насилство

Дигиталната етикеција строго забранува однесување кое наликува на сајбер-на-

силство. Провокации и вознемирување преку дигиталните комуникациски плат-

форми кои најчесто имаат за цел креирање на конфликт или изнудување на нега-

тивни реакции се недозволиви согласно дигиталната етикеција.

12. Почит кон културолошките разлики

При дигиталната комуникација, мора да постои високо ниво на сензибилизираност

во контекст на можните културолошки разлики на соговорниците. Потребно е да се

избегнуваат претпоставките или генерализациите во разменувањето на мислења

или различен вид на содржини. Дополнително, потребно е да се избегнат претпо-

ставките базирани на културолошки стереотипи кои можат да доведат и до дис-

криминација по секаква основа.

13. Релевантни дискусии на дадена тема

Во контекст на дигиталната комуникација, она што е важно од аспект на дигитал-

ната етикеција е сите дискусии, дали еден-на-еден или во различни видови на фо-

руми да бидат на темата која е и иницијална причина за комуникација. Дигиталната

етикеција вели дека е многу важно да се избегнува премостувањето на темата или

навлегување во сосема поинакви теми за разговор. Поместувањето на темата на

дискусијата може да го наруши текот на комуникацијата и самата причина за развој

на комуникацискиот процес, а тоа го попречува и протокот на идеи и размената на

искуства кои се важни во секоја комуникација.

14. Сајбер – безбедност

Нетикецијата се однесува и на практицирање на добри безбедносни практики и

навики во комуникацискиот процес. Тоа значи заштита на приватноста, користење

на силни лозинки, континуирано подобрување на софтверот и анти-вирусните про-

грами, како и внимателност при споделувањето на лични информации или повику-

вањето на сомнителни линкови. Компромитирањето на оваа безбедносна култура

може да има несогледливи последици и во физичкото живеење – од физичка без-

бедност, па се до безбедност на идентитетот на секое лице вклучено во дигитална-

та комуникација.

15. Избегнување на претерана себе-промоција

Себе-промоцијата може да има и позитивни елементи, доколку таа не надминува

одредени граници. Придонесот кон која било дигитална заедница треба да се бази-

ра на вредности и учинок кои се видливи преку значајни интеракции од кои корист

има секој член на on-line заедницата.

16. Пријавување на секое несоодветно однесување

Секое несоодветно однесување во дигиталната сфера треба да биде и соодветно

пријавено – на самата платформа, па и на авторитетите задолжени за сајбер-без-

бедност. На тој начин секоја индивидуа која е активен чинител и во дигиталната

сфера дава свој придонес кон безбедноста во сајбер-просторот и кон културата на

почит помеѓу учесниците во дигиталните комуникации.

17. Постојано учење и адаптибилност

Една од карактеристиките на дигиталните платформи е нивната континуирана

променливост и постојаното еволуирање. Сите учесници во дигиталната сфера

мора постојано да бидат запознаени со сите новини на секоја од платформите кои

се користат и воедно не само да се знаат и да се препознаат, туку тие мора и да се

адаптираат на промените во начинот на нивно користење.

Дигитална етикеција

18. Признавање на грешките и извинување за истите

Ако направите грешка во on-line комуникацијата, потребно е брзо да ја признаете

и да се извините за истата, доколку е потребно. Прифаќањет на одговорноста за

грешките или за недоразбирањата демонстрира достоинство и интегритет. На тој

начин ќе се корегира и самиот однос помеѓу чинителите во комуникацискиот про-

цес и ќе се овозможи каналите за комуникација да останат отворени.

19. Бидете конструктивен инфлуенсер

Нетикецијата ги охрабрува индивидуите да бидат позитивни, односно да бидат кон-

структивни инфлуенсери во сајбер просторот. Потребно е во комуникацијата да се

води со сопствен пример, на начин кој е конструктивен и со почит. Поддршката за

останатите, давањето на соодветно мислење и охрабрувањето да се постави една

здрава комуникација контрибуира кон културата на меѓусебна почит и соработка.

20. Поттикнете на дигитална емпатија и на емоционална интелигенција.

Нетикецијата ја препознава потребата од емпатија и емоционална интелиген-

ција во интеракциите во сајбер просторот. Практицирањето на емпатија и согле-

дувањето на туѓите чувства и перспективи има влијание врз тоа како ќе се движи

комуникацискиот процес во иднина. Препознајте го потенцијалот на емотивната

интелигенција и нејзиното влијание врз комуникацискиот процес и искористете го

тоа за создавање на искрени односи и соодветна комуникација.

Испраќање на електронска пошта

Постојат неколку важни елементи на комуникацискиот процес преку електронска

пошта кои мора да се земат предвид, а се од стриктно оперативна природа:

Електронската комуникација има неколку задолжителни елементи на кои треба да

се внимава (што мора да се направи):

✓ Користете јасен и дескриптивен наслов. Вашата електронска порака започ-

нете ја со концизен наслов кој истовремено и е информативен и ја рефлектира

содржината на самата електронска порака. Ова им помага на реципиентите на

пораката да ја разберат причината зошто пораката им е испратена и на тој начин

истата можат полесно и поефикасно да ја приоретизираат.

✓ Обратете му се на реципиентот на соодветен начин. Започнете ја електрон-

ската пошта со куртоазно поздравување, односно со името на реципиентот или

со неговата/нејзината титула. Доколку истите не ги знаете, настапете формал-

но, освен кога нема да добиете инструкции за поинаков пристап.

✓ Бидете јасни и концизни. Користете јасен и едноставен јазик, а вашите мисли

нека бидат концизно и логично организирани. Не користете жаргон, акроними

или технички термини кои реципиентот не може да га разбере. Користете пара-

графи и точки за подобра организација на електронската пошта.

✓ Прегледајте за јазични и интерпункциски грешки. Суштински важно е пред ис-

праќање електронската пошта да биде прегледана за евентуални технички или

јазични грешки, зашто тие можат да влијаат на перцепцијата за професионал-

ност и кредибилност на пораката и на испраќачот. Прочитајте ја електронската

порака или замолете колега да го стори истото.

✓ Одговорете на пораката во кусо време. Секогаш трудете се на пораката која ви

е пристигната да одговорите во најбрз можен рок, особено ако тоа е и стриктно

побарано од вас во содржината на пораката. Дури и кога не можете да дадете

детален одговор, пратете повратна порака дека електронската пошта е приме-

на и дека за одредено време испраќачот на пораката ќе добие детален одговор.

✓ Дадете релевантни детали и дополнителни информации во поддршка на са-

мата електронска пошта: вклучете ги сите потребни детали и дополнителни

информации кои даваат контекст и јасност на самата порака. Ако тоа се одне-

сува на документи или прилози, споменете ги јасно во телото на електронската

пошта.

✓ Доколку има потреба, поставете јасно прашање или специфично барање. Ако

во вашата електронска пошта има одредено посебно барање или акција од дру-

гата страна, тоа наведете го експлицитно. Искористете посебен параграф или

посебна точка за прашањето/барањето да биде доволно јасно поставено.

✓ Користете професионален потпис на електронската пошта. Вклучете про-

фесионален потпис на вашата e-mail порака, односно на самиот крај од пора-

ката. Типично, потписот треба да ги содржи следните детали: име и презиме,

работна позиција, контакт информации и одредени релевантни линкови (ком-

паниска веб-страница, официјални профили на социјалните мрежи или слично).

✓ Почитувате ја приватноста во електронската пошта. Почитувајте ја при-

ватноста на останатите вклучени во пораката, кои треба да бидат информира-

ни за содржината, а реципиентот не треба тоа да го знае. Користете ја опцијата

„Bcc“ (blind carbon copy).

Дигитална етикеција

Елементи на електронската пошта кои мора да се изостават (што не треба да се

прави):

✓ Не ја користете електронската пошта за сензитивни или доверливи инфор-

мации. Електронската пошта не треба да се користи доколку содржината на по-

раката вклучува финансиски детали, лозинки или лични информации. Таа секо-

гаш претставува една од послабите алки за протекување на информации, иако

компаниите се трудат електронските пошти да ги направат сè побезбедни. За

ваков тип на сензитивни информации користете енкрипција или платформи за

споделување на датотеки.

✓ Не користете електронска пошта за емотивни пораки или дискусии. E-mail

комуникацијата во себе не ги вклучува елементите на комуникацискиот процес

кои се јасно видливи преку личната комуникација. Затоа, преку електронска по-

шта избегнете дискусии кои имаат емотивен набој и чии заклучоци за импактот

кој го имаат врз примачот на пораката можат да се извлечат од паравербалната

или невербалната комуникација. За ваков тип на пораки, подобра опција е лич-

ниот контакт или медиум кој пренесува повеќе елементи од комуникацискиот

процес, како телефонски повик или видео- конференциска врска.

✓ Не пренесувајте (forward) електронска комуникација која наликува на спам или

т.н. „chain e-mail“. Овој тип на електронски пораки може да ги преплави елек-

тронските сандачиња, залудно да го потроши времето на примачот на пораката

и потенцијално, да рашири мисинформации. Од тие причини, селектирајте ги

пораките што треба да ги препратите и бидете сигурни дека тие се корисни, ре-

левантни и побарувани од реципиентот на пораката.

✓ Немојте премногу често да ја користите опцијата „reply all“. Бидете внимател-

ни се можноста премногу да се користи опцијата за враќање на пораката до сите

оние кои ја примиле истата заедно со вас. Пораката вратете ја до оние кои имаат

потреба да бидат информирани за вашиот одговор, доколку истиот се побарува.

✓ Не ја игнорирајте потребата од правилно форматирање и јасен говор во пора-

ката. Избегнувајте да испраќате електронски пораки кои не се правилно фор-

матирани, не се јасно напишани, немаат правилна интерпункција или соодветно

користење на големи и мали букви. Внимавајте содржината на пораката да не

напишана во параграфи со соодветни потточки, сè со цел истата да биде појасна

и полесно разбирлива за реципиентот.

✓ Не ја користете електронската пошта како начин за пренесување на ургент-

ни пораки и промени во последен момент. Сервисите за електронска пошта мо-

жеби не се и најдобриот начин за пренесување на пораки со ургентна содржина.

Доколку пренесувате таков вид на порака која побарува итна реакција, подобро

е истата да ја пренесете преку медиум кој овозможува реално временска ин-

формација дека истата е стигната до реципиентот, дека е разбрана и дека веќе

е поттикнат соговорникот на итна реакција.

✓ Не заборавајте да прикачите документ како прилог на пораката или да вклу-

чите релевантни информации во истата. Доколку во содржината на пораката

упатувате на одредена релевантна информација, или, пак, на одреден прилог –

документ, бидете сигурни дека таа информација или тој документ се прикачени

на самата електронска порака.

✓ Не испраќајте долги електронски пораки. Почитувајте го времето на другите и

нивното внимание кои го даваат на вашата порака. Доколку сепак треба дово-

лен простор за информацијата да биде сеопфатно испратена, користете алатки

кои се споменати и погоре – потточки, параграфи, па дури и документи кои би

биле прикачени на самата порака.

НЕТИКЕЦИЈА ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА (E-MAIL)

Не ја користете електронската

Користете јасен и дескриптивен наслов пошта за сензитивни или доверливи

информации

Обратете му се на реципиентот Не користете електронска пошта за

на соодветен начин емотивни пораки или дискусии

Не пренесувајте (forward) електронска

Бидете јасни и концизни комуникација која наликува на спам

или т.н. „chain e-mail“

Прегледајте за јазични и Немојте премногу често да ја користите

интерпункциски грешки опцијата „reply all“

Не ја игнорирајте потребата од правил-

Одговорете на пораката во кусо време но форматирање и јасен

говор во пораката

Дигитална етикеција

Дадете релевантни детали и дополни- Не ја користете електронската пошта

телни информации во како начин за пренесување

поддршка на самата електронска на ургентни пораки и промени во по-

пошта следен момент.

Не заборавајте да прикачите документ

Доколку има потреба, поставете јасно како прилог на пораката

прашање или специфично барање или да вклучите релевантни

информации во истата

Користете професионален потпис Не испраќајте долги електронски

на електронската пошта пораки

Почитувате ја приватноста во

електронската пошта

Слика 10: Нетикеција преку електронска пошта: што да (не) се направи

при комуникација преку e-mail

Етикеција на социјалните мрежи

Во дигиталната ера, социјалните мрежи станаа интегрален дел од нашите животи,

особено, како што наведовме и погоре, заради нивната брзина на трансфер, однос-

но пренос на податоци, можноста за инстантен одговор, глобалната публика и сл.

Раширеноста на социјалните мрежи и нивно влијание врз публиката побарува одр-

жување на т.н. нетикеција, особено во сајбер-просторот и на социјалните мрежи.

Што се смета за нетикеција при користењето на социјалните мрежи?

✓ Почит кон останатите. Еден од основните принципи на она што го сметаме

за правилно однесување на социјалните мрежи е почитта на една кон друга ин-

дивидуа. И, тука не станува збор само за т.н. сајбер- булинг или за говор на омра-

за, туку за генералниот пристап и фактот дека зад секој екран, секој профил на

социјалните мрежи (доколку ги изземеме ботовите) стои вистинска личност со

емпатија, емоции, ранливости и слично. Треба да разбереме дека на секој разго-

вор мора да се одржува отворен ум, различни перспективи.

✓ Вклучување во конструктивна комуникација. Социјалните мрежи се медиум

кој овозможува на иста платформа, со исто значење да бидат пренесени различ-

ни мислења на различни теми. Социјалните мрежи, едноставно кажано, на секој

од нас му даваат можност да ја изрази сопствената перспектива за сето она што

се случува околу нас и затоа потребно е при секоја комуникација да се биде кон-

структивен, да не се навлегува во вулгарни дискусии, да не се шират мисинфор-

мации и дезинформации и да нема непријателства. Доколку се вклучувате во

одредена комуникација потребно е да се фокусирате на темата, доколку имате

мислење на истата, тоа да биде пренесено на смирен и конструктивен начин и

да се споделат факти кои го поддржуваат тоа мислење. Активното слушање и

одговарањето со потребното ниво на почит и емпатија ќе развие една здрава

дискусија, размена на идеи и себе-развој, развој на останатите околу нас, како и

развој на општествено ниво.

✓ Верифицирање на информациите. Во ера во која драстично се зголемува кван-

тумот на дезинформации и лажни вести, приоритетно при секоја комуникација

е да се провери изворот на информацијата, особено пред истата да биде споде-

лена од вас, во форма на мисинформација. Мисинформациите како „де факто“

лажни информации за кои испраќачот мисли дека се вистинити, имаат потен-

цијал за сериозни последици – ширење на гласини, создавање на стереотипи

и ерозија на вистината. Она што може да го сочува интегритетот на информа-

цијата е истата да е проверена во однос на споделените факти, како и да бидат

проверени и изворите на таа информација за нивната кредибилност.

✓ Заштита на приватноста. Како и со останатите алатки и начини за on-line ко-

муникација, и во однос на комуникацијата преку социјалните мрежи, најпотреб-

на е заштитата на приватноста. Тоа може да се направи и од самиот корисник на

одредена платформа, и тоа за сопствен профил. Преголемиот квантум на лични

информации на интернет можат да направат сериозна штета – кражба на иден-

титет, сајбер-булинг и друго. Заштитата на приватноста опфаќа и приклучување

или означување на други лица на постови на сопствените лични платформи и

слично.

✓ Балансирање на off-line и on-line животот. Поминувањето на преголем дел од

денот на социјалните мрежи може да има негативен импакт врз вашето ментал-

но здравје. Морате да си поставите граница за тоа колку време ќе потрошите

минувајќи во on-line средината, без тоа да ја наруши вашата физичка егзистен-

ција, контактите лице-в-лице, практицирањето на физичкото здравје, вашето

хоби и слично.

✓ Практицирање на културолошка сензитивност. Социјалните мрежи не се

ограничени на националните граници. Тие ги поврзуваат луѓето од секоја точка

на планетата, од секоја јазична група, секоја култура и традиција. Токму затоа

практицирањето на комуникација која препознава културолошка сензитивност

е потребна за да се одржи и развие комуникацискиот процес преку социјалните

Дигитална етикеција

мрежи. Потребно е да се разберат и почитуваат различните културолошки нор-

ми, обичаи и традиции, како и да се развијат инклузивни on-line заедници.

Дигитална етикеција за родители и едукатори

Како што децата и студентите сè повеќе навлегуваат во дигиталните технологии,

така сè поважно станува за родителите и за едукаторите да имаат знаење и умеење

правилно да ги насочат кон одговорно користење на овие нови технологии и почи-

тување на соодветната нетикеција.

Во контекст на нетикецијата поврзана со процесот на едукација и родителство,

следните принципи и практики се од исклучително значење:

✓ Моделирање на позитивно однесување во дигиталниот простор: родителите

и едукаторите мора да служат како пример за своите деца или ученици/сту-

денти. Со секојдневна демонстрација на позитивно дигитално однесување, тие

можат да влијаат на младите лица во потребата за разбирање на она што се

смета за дозволено однесување во сајбер-просторот. Според Хајдер (2016), мо-

делирањето на доброто однесување во сајбер просторот и спроведувањето на

дигитална етикеција преку одговорни on-line интеракции базирани на почит, ги

охрабрува децата и студентите да го следат и реплицираат тоа однесување.

✓ Изучување на дигитална писменост и критичко размислување: дигиталната

писменост е витален дел од дигиталната етикеција. Родителите и едукаторите

мора да постават приоритет во изучувањето на децата и студентите на тоа како

да извршат критичко расудување и евалуација на содржината во on-line просто-

рот. Едно истражување направено од Ливингстон (2017) укажува на важноста

од промоција на дигиталната писменост која ќе им даде сила и моќ на децата и

студентите во носење на информирани одлуки и во практицирање на одговор-

но однесување во сајбер-просторот.

✓ Воспоставување на јасни правила и очекувања: утврдувањето на јасни прави-

ла на игра и јасни очекувања во контекст на дигиталната етикеција може да им

помогне на децата и на студентите да разберат кое однесување во on-line про-

сторот се смета за соодветно. Родителите и едукаторите треба да воспостават

правила за користење на уредите, време колку тие уреди можат да се користат

и начин на кој може да се комуницира во оваа дигитална средина. Овие прави-

ла треба да се однесуваат и на појави како сајбер-булингот, плагијаторството и

прекршувањето на дигиталните сопственички права.

✓ Охрабрување за емпатија и комуникација базирана на почит: Дигиталната ети-

кеција се фокусира токму на емпатијата и на комуникацијата базирана првен-

ствено на почит. Родителите и едукаторите мора во својата комуникација со

децата и студентите да промовираат позитивно однесување чиј составен дел е

емпатијата, добродушноста и толеранцијата.

✓ Промовирање на дигитална приватност и безбедност: Родителите и едука-

торите треба да ги едуцираат своите деца или студенти за прашања поврзани

со дигиталната приватност и безбедноста, односно за потребата да ги заштитат

своите лични податоци on-line. Учејќи ги за навиките за безбедно пребарување

преку интернет, за потребата од поставување на силна и комплексна лозинка,

како и за ризикот од споделување на лични информации во on-line средината,

тие ги учат за едно од критичните елементи на дигиталното живеење.

✓ Мониторинг и супервизија: Родителите и едукаторите треба да вршат кон-

стантна и активна супервизија на on-line активностите на нивните деца или сту-

денти. Тоа подразбира континуирана комуникација, поставување на родителска

контрола и одржување на еден искрен и отворен дијалог за нивните искуства во

дигиталната средина.

Поврзаност помеѓу етикецијата и професионалната етика

Поврзувањето на професионалната етика и етикецијата се однесува на интегри-

рањето на принципите на етичкото однесување со она што се нарекува соодветно

општествено однесување во една професионална средина. Поврзаноста помеѓу ети-

кецијата и професионалната етика може да се види преку неколку елементи и тоа:

✓ Почит и куртоазност. И професионалната етика и етикецијата укажуваат на

важноста од однос кон останатите околу нас кој се базира на почит и куртоаз-

ност. Професионалната етика побарува кон колегите, клиентите и останатите

стеикхолдери да се однесуваме со почит и дигнитет, додека етикецијата нè води

во покажување на едно пристојно однесување во различни ситуации, како кори-

стење на соодветен поздрав, активно слушање и некористење на навредлив и

непријатен говор.

✓ Комуникација. Етичката комуникација е искрена, транспарентна и базирана

на почит. Етикецијата контрибуира кон ефективната комуникација на тој начин

што дава насоки за тоа како можеме да се изразиме на професионален начин,

како да одржиме соодветен тон, говор на тело и вештини за активно слушање.

Само со етичка комуникација и правилна етикеција, може да се придонесе кон

развој на позитивни односи и да се избегнат недоразбирањата.

Дигитална етикеција

✓ Доверливост и приватност. Професионалната етика начесто побарува одржу-

вање на доверливост и почитување на приватноста, особено кога станува збор

за сензитивни информации. Етикецијата го надополнува ова со тоа што фокус

става на дискрецијата и правилната работа со класифицирани документи. По-

читувањето на границите, воздржувањето од озборување, и посветувањето на

внимание на начинот на кој се однесуваме кон лични и сензитивни информации

се во согласност и со етичките и со стандардите на етикецијата.

✓ Професионален имиџ и изглед. Етикецијата дава насоки за тоа што се подраз-

бира за соодветно облекување, односно т.н. дрес-код, кој секако контрибуира

кон проектирањето на позитивен имиџ. Овие насоки се соодветни и согласно

професионалната етика која рефлектира професионализам, почит кон работ-

ното место и имање на обѕир кон останатите.

✓ Интегритет и искреност. Етиката се фокусира и на важноста од постоење

на интегритет и искреност во професионалното однесување. Етикецијата се

надоврзува на ова со тоа што охрабрува автентичност и етичко однесување во

секоја интеракција и комуникација. Доколку ја зборувате вистината, избегнува-

те лаги и манипулации и демонстрирате интегритет во вашите акции, вие „де

факто“ се придржувате кон етичките принципи и кон правилата на етикецијата.

✓ Окончување на конфликти. Етичкото однесување се однесува и на конфлик-

тите и недоразбирањата и начинот на кој може истите да се окончаат, со фер

пристап и меѓусебна почит. Етикецијата дава насоки за начинот на кој конструк-

тивно може да се решат конфликтните состојби, односно преку учтивост, актив-

но слушање и меѓусебно разбирање и барање на компромис. Интеграцијата на

етичките принципи и принципите на етикецијата помага во решавањето на кон-

фликтите на професионален начин.

Професионална етика

Професијата и професионалноста во работењето, како и односот помеѓу соодвет-

ното работење и етиката, како и доброто деловно однесување се од исклучително

значење за кариерата, за живеењето и за професионалниот и личен имиџ на секое

лице ангажирани во некоја дејност. (Темков, 2011)

Според професорот Темков, професионалната етика се однесува на моралните

аспекти од работењето и таа има свои принципи и стандарди кои говорат за етич-

кото значење на професијата и користа од неа за нејзината вклопеност во општиот

систем на дејностите и за нејзината потреба и обврска да се работи добро.

За што сè се зборува во рамките на професионалната етика?

• се објаснува значењето на одредена дејност;

• се застапуваат општите норми на моралот и на работната и деловна етика;

• се говори за етичкото значење на таа дејност, користа за луѓето и вклопеноста

во системот на човечко дејствување;

• се зборува за корисноста на одредена професија, и кому му е истата корисна;

• се укажува на потребата професионалците од одредената област истата да ја

извршуваат на најдобар можен начин;

Професионалната етика се однесува на улогата на секој од нас во извршувањето

на нашата примарна дејност или професија. Тука спаѓа и однесувањето на профе-

сионалците кон своите вештини и знаења, како и кон своите одговорности, потоа

однесувањето во контакт со останатите или при самото извршување на должно-

стите. Питер Дракер рекол: „Она што треба да се запрашаме не е какви треба да ми

се правата, туку за што треба да бидам одговорен“, и тоа е во суштината на профе-

сионалната етика.

Професорот Темков во својата книга, „Професионална етика“, вели дека во профе-

сијата значајна е и моралната димензија на блискоста помеѓу колегите, особено за-

тоа што помеѓу лицата кои работат на исти или слични, или, пак, меѓусебно – тие зна-

ат исти нешта, имаат иста или слична положба и можат да си помагаат еден со друг.

Секоја професија, секоја определба има свој засебен морал кој укажува како треба

да биде извршена одредена дејност и кои се најзначајните етички норми во таа

професија. Збирот на овие вредности, норми и слично, се нарекува Кодекс, како

збир на вредности, правила, морални норми кои од професионалците бараат сооб-

разно однесување и почитување на воспоставените правила на игра.

Кодексите се истовремено и морални и професионални заповеди бидејќи се од-

несуваат и на технологијата и на етиката на соодветниот вид на работа. Оттука се

гледа колку трудот (сите видови на трудови) се значајни за човекот, како и дека во

секоја човечка животна активност, а посебно во работата, се инкорпорирани ети-

ката, разликувањето на доброто и злото и следењето на она што е добро и избегну-

вањето на она што е зло (Темков, 2011).

Од сето ова може да се изведе заклучок дека професионалната етика е морален

систем на обучени луѓе кои работат нешто особено. Овие луѓе учеле за да ја совла-

даат својата дејност, живеат и во неа и за неа, посветуваат исклучително внимание

на неа, сакаат да успеат во намерите во рамки на службата и едноставно, сакаат

успешен професионален живот во целина.

Дигитална етикеција

Стандардите, пак, на професионалната етика ги изразуваат високите животни

стремежи и идеали и затоа професионалната етика е израз на сопствената лич-

ност, целите и дострелите на личноста и личната етика.

Важно е да се напомне дека секоја професија има свои вредности и норми. Ко-

дексот на лекарите (Хипократова заклетва) е најстар и најпознат професионален

кодекс во светот (во сегашната универзална светска форма, како Женевска заклет-

ва донесена во 1948, а дополнета во 1968 година). Овој Кодекс е многу поучен за

сите професии и за етиката, воопшто. Во историјата, голем дел од професиите има-

ле свои времени или постојани пишувани кодекси, а имале и систем на норми кои

биле задолжителни за оние кои ја практицирале таа професија. Денеска, во време

кога етиката е во подем и се развива низ сите сфери на општественото живеење,

секое здружение има етички кодекс, национален и интернационален, а такви ко-

декси имаат и мнозинство на институции и фирми. Стандардизирањето на однесу-

вањето и нивното артикулирање во јасен и јавен систем ја подобрува работата во

таа област (Темков, 2011).

Елементи од кои зависи успехот во кариерата

Успехот во кариерата, исто како и имиџот кој се стекнува како професионалец,

зависат од заложбите, трудот и доброто дејствување на личноста. На тоа се на-

доврзува и деловниот дух кој вели дека потребно е да се економизира трудот за

да се постигне успех, иновативност, добар производ, нови методи, добар пласмна,

економски и социјален маркетинг, продажба, репродукција, заработка и други еле-

менти на професионалното дејствување од економска смисла.

Поврзаноста на имиџот и кариерата може да се види и во контекст на индиското

„кармиско“ учење (карма = нашите резултати зависат од нашето однесување: ако

правиме добро, ќе ни биде добро, ако правиме лошо, ќе ни се врати со лошо), но и

со западната идеологија. Ломбард кажал дека „квалитетот на животот на човекот е

пропорционален на неговиот стремеж за совршенство“.

Во контекст на успешноста во кариерата, и етичките принципи играат голема улога.

Ако личноста има добар вредносен систем за живеењето, за односите со луѓето,

за местоположбата во општеството, за условите за напредување и за методите на

работењето, тогаш таа личност ќе оствари значајна кариера, видливо место во ра-

ботата и углед – и личен, и професионален (Темков, 2011).

Работна етика

Работната етика на една личност се однесува на моралната практика и етичките

системи кои се поврзани со работењето, како и односот кон трудот и меѓучовечки-

те односи на одредено работно место и дејност. Работната етика е блиску поврзана

со професионалната етика. Работната етика е исто значајна како и моралните пра-

шања за животот зашто таа исто така се занимава со етички дилеми и избори кои се

значајни за една индивидуа како професионалец. Овие етички дилеми можат да се

систематизираат во повеќе прашања од кои може да се добие одговор за видот на

личноста и етичкиот елемент на таа личност во професионална средина.

Ова се дел од прашањата на работната етика:

✓ Кои вредности да ги изберам и да ги следам во дејноста?

✓ Колку и како да работам?

✓ Колку да с трудам за да постигнам знаење и работни квалитети?

✓ Каква е мојата амбиција да имам успех и на кој начин да го постигнам тоа?

✓ Дали и како да соработувам со другите?

✓ Колку да се придржувам на нужната основна чесност во работењето и во де-

ловните прашања?

✓ Колку е потребна и како да обезбедам своја издржливост во извршувањето

на задачите?

✓ Како да го чувам достоинството на трудот?

✓ Како да го преиспитам стореното и постигнатото?

✓ Како да продолжам со работењето понатаму, какви решенија да донесам во

таа смисла?

✓ Што да ги советувам другите како да работат и како да ја оценувам нивната

работа?

Работната етика спаѓа во базичните етички својства на човекот и затоа во неа ста-

нува збор за односот на човекот кон работата и за вредностите кои треба да ги

имаме во контекст на работата.

Професорот Темков во „Професионална етика“ како најзначајни работни вредно-

сти ги дефинира:

✓ Желбата да се работи: станува збор за основен работен стремеж, база на ра-

ботната и животната етика на личноста како настојување да се вложува енер-

гија во работата, да се прави она што треба и што дава резултати, да не се избег-

нуваат обврските;

Дигитална етикеција

✓ Трудољубивост: работливост, страст, односно љубов за работењето и посве-

теност на работата, лична определба на личноста да работи вредно, прифаќање

на работните должности;

✓ Настојчивост: усмереност кон целта, постојано целесообразно дејствување,

неоткажување од замислената и зададената работна обврска;

✓ Активност: дејствување, вложување, работење, поттикнување на своите сили

да се работи, постојано и предано извршување на задачите;

✓ Ангажираност: вклученост во дејствување, вложување на сили кое се забеле-

жува и се истакнува, извршување на работната обврска;

✓ Исполнителност: извршување на обврските со желба да се сторат, видливо

прифаќање на должноста, работење со радост и без откажување, небегање од

задачите и одговорноста;

✓ Соработка: заедничко извршување на работата, помош при работа, особено

со првите колеги со кои се делат задачите, работно време, поделба на работата

за таа да се изврши и побрзо и полесно и поефикасно и да се има подобар успех.

Спротивно на тоа, наспроти позитивната работна етика, Темков се осврнува и на

негативната работна етика кога ставовите не одат во линија на позитивно извршу-

вање на зададените работни задачи и тоа:

✓ Немање на желба да се работи: избегнување на работата, невложување на

енергија во работењето, бегање од обврските;

✓ Мрзеливост: неработливост, немање на љубов кон работата, непосветеност на

задачите, неприфаќање на работните обврски;

✓ Избегнување на работата: неусмереност кон целта, отфрлање на задачите,

откажување од замислената и зададената работна обврска;

✓ Неактивност: недејствување, непоттикнување на своите сили за работа;

✓ Неангажираност: исклученост од дејствување, невложување на сили, неза-

фаќање да се изврши обврската;

✓ Неисполнителност: незавршување на обврските, немање на желба за нив,

неприфаќање на должноста, работење без радост со откажување и бегање од

одговорност;

✓ Несоработка: невклучување во заедничко извршување на работата, недавање

на помош при работата.

Слика 11: Позитивна vs. негативна работна етика

Општи вредности за сите професии и општа работна етика

Иако секоја професија има свои засебни карактеристики и особености, како и на-

соки и етичко-работни вредности, постојат неколку општи вредности за сите про-

фесии и тоа:

✓ Знаење: упатеност во главните и нужните сознанија за струката, интерес за

напредување на дејствата во таа професија, развивање на своите сознанија и

вештини на занаетот;

✓ Професионалност: стручно дејствување во однос на работата, добро знаење

и вештини, одлична обука, просветеност на правилно работење, висока сериоз-

ност при дејствувањето;

Дигитална етикеција

✓ Одговорност:

✓ Должност:

✓ Колегијалност:

✓ Деловна тајна:

Наспроти нив стојат т.н. спротивставени, негативни ставови и постапки, односно

професионалната (не)етика манифестирана преку:

✓ Неупатеност, незнаење:

✓ Непрофесионалност:

✓ Неодговорност:

✓ Неизвршување на должноста:

✓ Неколегијалност:

✓ Нечување на деловна тајна

Општиот морал, пак, има јасни и исклучително важни цели, а резултатите од по-

зитивното морално однесување не се видливи веднаш и можат да се изразат како

општо подобрување на живеењето и подобар свет за сите (Темков, 2011). Точните

резултати, како што вели професорот, се барани при работењето, а тие, пак, можат

да се остварат директно со позитивни професионални и деловни вредности и по-

стапки. Етичноста во дејствувањето се изразува и преку создавање на Кодекси на

однесување во секоја професија, дејност или компанија. Кодексите укажуваат на

моралните вредности и норми кои мора да се следат за една работа да биде добро

извршена, но тие се и морален водич.

Слика 12: Професионална етика vs. неетика

Со општата работна етика е поврзан и предизвикот на економичноста, односно де-

ловноста. Темков вели дека постојат многу недоразбирања за смислата и значење-

то на деловниот морал, предизвикани од многу заблуди и несфаќања кои произле-

гуваат од специфичните економски, политички и културни состојби на општествата.

✓ Првата причина за таа состојба е нашата недоволна вклученост во современи-

те економски текови, ограничениот економски развој и недостаток на соработка

со развиените земји;.

✓ Втората причина е ложата социјална и етичка насоченост, пред сè преку т.н.

дирижирана економија во последните 60-тина години, како и обвиненијата за

неморалност на пазарната економија кога економските тенденции биле нареку-

вани „трка за заработувачка“

✓ Третата причина е неводењето на вистинска сметка за значењето на еконо-

мијата за човечкиот живот и напредувањето. Народот не ја разбира смислата на

економијата, недоволно учиме за неа и има ниско општо познавање на нејзини-

те принципи и постулати.

Во деловните односи, пак, основниот стремеж е насочен кон успехот и заработката,

што не значи и заборавање на основните морални принципи. Успехот не значи дека

ќе дојде ако се отфрли етиката и ако се заработува со мамење, грабање и крадење.

Современите погледи на моралот вели Темков, инсистираат на големото значење

на строгата етичност во деловните односи.

Во новите стремежи за силен деловен морал, се истакнуваат нормите на традици-

оналната деловна етика, како:

✓ Чесност;

✓ Активизам;

✓ Извршување на задачата и на она што се прифатило;

✓ Издржливост;

✓ Постојаност;

✓ Стабилност;

✓ Опстојување на зборот.

Во суштина, сите општи етички норми во животот важат и во деловните односи,

каде што уште се засилени со апсолутната одговорност за извршување на дого-

вореното и со почитување на направеното и заработеното. Норма на деловен мо-

рал е и тврдењето дека оној со кој работиш и соработуваш како деловен партнер

или како соработник во работата ти е оној кој ти е најблизок во тој животен миг и

затоа кон него треба да се однесувате со почит, кооперативност и животна заин-

тересираност. Дополнително, норма е и тврдењето дека сите деловни и останати

интереси најдобро се реализираат и чуваат со настојувањето, упорноста, чесноста,

работливоста и доброто извршување.

Библиографија

Смиљанов, С. (2020). Воспоставување на единствен државен протокол на ниво на

Република Македонија, 2.изд. Пелинце: С.Смиљанов.

Baylis, J., Owens, P., & Smith, S. (2017). The globalization of world politics: An introduction

to international relations. Oxford University Press.

Bjola, C., & Holmes, M. (2019). Digital Diplomacy. Oxford Research Encyclopedia of

Communication. doi: 10.1093/acrefore/978

References: Briones, R. L., Kuch, B., Liu, B. F., & Jin, Y. (2014). Keeping up with the digital

age: How the American Red Cross uses social media to build relationships. Public

Relations Review, 40(5), 790-802.

Brändle, G., Müller, M., & Floriou-Servou, A. (2019). Ethical challenges of using big data

in crisis management. International Journal of Disaster Risk Reduction, 41, 101306.

Bruneau, M., Chang, S. E., Eguchi, R. T., Lee, G. C., O’Rourke, T. D., Reinhorn, A. M., ... & von

Winterfeldt, D. (2018). A framework to quantitatively assess and enhance the seismic

resilience of communities. Earthquake Spectra, 34(3), 755-781.

Chetty, M., Tucker, W., & Puhan, M. A. (2013). Digital technology adoption in the

public sector in Sub-Saharan Africa: Evidence from a cross-country survey. Journal of

Development Effectiveness, 5(3), 318-337.

Chien, S. Y., Chien, Y. H., & Hsueh, P. Y. (2017). The effects of data visualization on

decision-making in a crisis. Computers in Human Behavior, 75, 45-54.

FEMA. (n.d.). FEMA app. Retrieved from https://www.fema.gov/about/news-

multimedia/app

Gordon, G., Moodie, C., & Ekeroma, A. (2013). Mobile technology and health promotion–a

systematic review. Kōtuitui: New Zealand Journal of Social Sciences Online, 8(1), 59-72.

Hughes, A. L., Palen, L., & Sutton, J. (2018). Site-seeing in disaster: An examination

of online social convergence. In Proceedings of the 2018 CHI Conference on Human

Factors in Computing Systems (pp. 1-13).

Hossain, M. A., Ahmed, K., & Luna, R. (2016). Smart emergency management system

using mobile technologies. Computers, Environment and Urban Systems, 59, 49-59.

Liu, B. F., Austin, L., & Jin, Y. (2015). How publics respond to crisis communication

strategies: The interplay of information form and source. Public Relations Review, 41(1),

42-49.

Заклучок и Библиографија

Библиографија

Смиљанов, С. (2020). Воспоставување на единствен државен протокол на ниво на

Република Македонија, 2.изд. Пелинце: С.Смиљанов.

Baylis, J., Owens, P., & Smith, S. (2017). The globalization of world politics: An introduction

to international relations. Oxford University Press.

Bjola, C., & Holmes, M. (2019). Digital Diplomacy. Oxford Research Encyclopedia of

Communication. doi: 10.1093/acrefore/978

References: Briones, R. L., Kuch, B., Liu, B. F., & Jin, Y. (2014). Keeping up with the digital

age: How the American Red Cross uses social media to build relationships. Public

Relations Review, 40(5), 790-802.

Brändle, G., Müller, M., & Floriou-Servou, A. (2019). Ethical challenges of using big data

in crisis management. International Journal of Disaster Risk Reduction, 41, 101306.

Bruneau, M., Chang, S. E., Eguchi, R. T., Lee, G. C., O’Rourke, T. D., Reinhorn, A. M., ... & von

Winterfeldt, D. (2018). A framework to quantitatively assess and enhance the seismic

resilience of communities. Earthquake Spectra, 34(3), 755-781.

Chetty, M., Tucker, W., & Puhan, M. A. (2013). Digital technology adoption in the

public sector in Sub-Saharan Africa: Evidence from a cross-country survey. Journal of

Development Effectiveness, 5(3), 318-337.

Chien, S. Y., Chien, Y. H., & Hsueh, P. Y. (2017). The effects of data visualization on

decision-making in a crisis. Computers in Human Behavior, 75, 45-54.

FEMA. (n.d.). FEMA app. Retrieved from https://www.fema.gov/about/news-

multimedia/app

Gordon, G., Moodie, C., & Ekeroma, A. (2013). Mobile technology and health promotion–a

systematic review. Kōtuitui: New Zealand Journal of Social Sciences Online, 8(1), 59-72.

Hughes, A. L., Palen, L., & Sutton, J. (2018). Site-seeing in disaster: An examination

of online social convergence. In Proceedings of the 2018 CHI Conference on Human

Factors in Computing Systems (pp. 1-13).

Hossain, M. A., Ahmed, K., & Luna, R. (2016). Smart emergency management system

using mobile technologies. Computers, Environment and Urban Systems, 59, 49-59.

Liu, B. F., Austin, L., & Jin, Y. (2015). How publics respond to crisis communication

strategies: The interplay of information form and source. Public Relations Review, 41(1),

42-49.

Meier, P. (2015). Digital humanitarians: How big data is changing the face of humanitarian

response. Routledge.

Oh, O., Agrawal, M., & Rao, H. R. (2018). Information control and social media during

Hurricane Harvey. MIS Quarterly, 42(4), 1045-1070.

Sinha, R., Ribeiro, F. N., & Kurose, J. (2013). Building and maintaining trust in virtual

teams. ACM SIGCOMM Computer Communication Review, 43(2), 45-52.

Starbird, K., Palen, L., Hughes, A. L., & Vieweg, S. (2010). Chatter on the red: What

hazards threat reveals about the social life of microblogged information. In Proceedings

of the ACM 2010 conference on Computer Supported Cooperative Work (pp. 241-250).

Vieweg, S., Hughes, A. L., Starbird, K., & Palen, L. (2010). Microblogging during two

natural hazards events: What Twitter may contribute to situational awareness. In

Proceedings of the ACM 2010 conference on Computer Supported Cooperative Work

(pp. 107-116).

Zook, M., Graham, M., Shelton, T., & Gorman, S. (2010). Volunteered geographic

information and crowdsourcing disaster relief: A case study of the Haitian earthquake.

World Medical & Health Policy, 2(2), 7-33.

Briones, R. L., Kuch, B., Liu, B. F., & Jin, Y. (2014). Keeping up with the digital age: How the

American Red Cross uses social media to build relationships.

Public Relations Review, 40(5), 790-802.

Brändle, G., Müller, M., & Floriou-Servou, A. (2019). Ethical challenges of using big data

in crisis management. International Journal of Disaster Risk Reduction, 41, 101306.

Bruneau, M., Chang, S. E., Eguchi, R. T., Lee, G. C., O’Rourke, T. D., Reinhorn, A. M., ... & von

Winterfeldt, D. (2018). A framework to quantitatively assess and enhance the seismic

resilience of communities. Earthquake Spectra, 34(3), 755-781.

Chetty, M., Tucker, W., & Puhan, M. A. (2013). Digital technology adoption in the

public sector in Sub-Saharan Africa: Evidence from a cross-country survey. Journal of

Development Effectiveness, 5(3), 318-337.

Chien, S. Y., Chien, Y. H., & Hsueh, P. Y. (2017). The effects of data visualization on

decision-making in a crisis. Computers in Human Behavior, 75, 45-54.

FEMA. (n.d.). FEMA app. Retrieved from https://www.fema.gov/about/news-

multimedia/app

Gordon, G., Moodie, C., & Ekeroma, A. (2013). Mobile technology and health promotion–a

systematic review. Kōtuitui: New Zealand Journal of Social Sciences Online, 8(1), 59-72.

Библиографија

Hughes, A. L., Palen, L., & Sutton, J. (2018). Site-seeing in disaster: An examination

of online social convergence. In Proceedings of the 2018 CHI Conference on Human

Factors in Computing Systems (pp. 1-13).

Hossain, M. A., Ahmed, K., & Luna, R. (2016). Smart emergency management system

using mobile technologies. Computers, Environment and Urban Systems, 59, 49-59.

Liu, B. F., Austin, L., & Jin, Y. (2015). How publics respond to crisis communication

strategies: The interplay of information form and source. Public Relations Review, 41(1),

42-49.

Meier, P. (2015). Digital humanitarians: How big data is changing the face of humanitarian

response. Routledge.

Oh, O., Agrawal, M., & Rao, H. R. (2018). Information control and social media during

Hurricane Harvey. MIS Quarterly, 42(4), 1045-1070.

Sinha, R., Ribeiro, F. N., & Kurose, J. (2013). Building and maintaining trust in virtual

teams. ACM SIGCOMM Computer Communication Review, 43(2), 45-52.

Starbird, K., Palen, L., Hughes, A. L., & Vieweg, S. (2010). Chatter on the red: What

hazards threat reveals about the social life of microblogged information. In Proceedings

of the ACM 2010 conference on Computer Supported Cooperative Work (pp. 241-250).

Vieweg, S., Hughes, A. L., Starbird, K., & Palen, L. (2010). Microblogging during two

natural hazards events: What Twitter may contribute to situational awareness. In

Proceedings of the ACM 2010 conference on Computer Supported Cooperative Work

(pp. 107-116).

Zook, M., Graham, M., Shelton, T., & Gorman, S. (2010). Volunteered geographic

information and crowdsourcing disaster relief: A case study of the Haitian earthquake.

World Medical & Health Policy, 2(2), 7-33.

CNN. (2017). How social media is helping Houston deal with Harvey. Retrieved from

https://www.cnn.com/2017/08/29/us/social-media-houston- harvey/index.html

GoFundMe. (n.d.). Nepal earthquake relief campaigns. Retrieved from https://www.

gofundme.com/c/act/nepal-earthquake-relief

UNESCO. (2020). A decade of tracking online hate speech. Retrieved from https://

en.unesco.org/news/decade-tracking-online-hate-speech

Ushahidi. (n.d.). About Ushahidi. Retrieved from https://www.ushahidi.com/about

World Economic Forum. (2020). Digital disaster response: Five lessons from the front

line. Retrieved from https://www.weforum.org/agenda/2020/05/digital- disaster-

response-5-lessons-front-line/

United Nations General Assembly, „Report of the Group of Governmental Experts on

Developments in the Field of Information and Telecommunications in the Context of

International Security,“ A/70/174, 2015.

International Telecommunication Union, „Global Cybersecurity Agenda (GCA),“ 2020,

[Online]. Available: https://www.itu.int/en/action/cybersecurity/Pages/global-

cybersecurity- agenda.aspx.

Council of Europe, „Convention on Cybercrime (Budapest Convention),“ 2001, [Online].

Available: https://www.coe.int/en/web/conventions/full-list/-

/conventions/treaty/185.

G7, „G7 Leaders’ Summit Communiqué,“ 2021, [Online]. Available: https://www.g7uk.

org/wp-content/uploads/2021/06/Communique_2021.pdf.

Paris Call, „Paris Call for Trust and Security in Cyberspace,“ 2018, [Online]. Available:

https://pariscall.international/en/the-call/.

European Union, „Directive (EU) 2016/1148 of the European Parliament and of the

Council,“ 2016.

Government of the United States, „Fact Sheet: President Xi Jinping’s State Visit to the

United States,“ 2015, [Online]. Available: https://obamawhitehouse.archives.gov/the-

press-office/2015/09/25/fact-sheet- president-xi-jinpings-state-visit-united-states.

Protocol and Diplomacy International - Protocol Officers Association, „Professional

Competencies“»)

Kastrenakes, J. (2016). „Everything you need to know about Signal.“ The Verge.

Retrieved from: https://www.theverge.com/2016/6/23/12007852/what-is- signal-

app-encryption-secure-messaging

Zoom. (n.d.). „How Zoom Works.“ Retrieved from: https://zoom.us/howitworks/

DiploFoundation. (n.d.). „WebDiplomacy.“ Retrieved from: https://www.diplomacy.

edu/webdiplomacy

United Nations Office at Geneva. (n.d.). „Virtual Meetings Platform.“ Retrieved from:

https://www.unog.ch/virtualplatform

Twiplomacy. (n.d.). „Twiplomacy Study 2021.“ Retrieved from: https://twiplomacy.com/

blog/twiplomacy-study-2021/

CIMA. (2016). „Data-Driven Public Diplomacy: An Analytical Toolkit.“ Retrieved from:

https://www.cima.ned.org/publication/data-driven-public-diplomacy-an- analytical-

toolkit

Библиографија

Bjola, C., & Pamment, J. (2020). Digital diplomacy: Theory and practice (2nd ed.).

Routledge.

Cull, N. J., Kiehl, K. A., & Zayani, M. (2020). The Routledge Handbook of Public Diplomacy.

Routledge.

Kurbalija, J. (2019). Diplomacy in the Age of Artificial Intelligence. DiploFoundation.

Melissen, J. (2020). The New Public Diplomacy. In The Oxford Handbook of Modern

Diplomacy (2nd ed.), Oxford University Press.

Murray, A. (2020). Social Media and Diplomacy. In The Oxford Handbook of Modern

Diplomacy (2nd ed.),

Cull, N. J., Kiehl, K. A., & Zayani, M. (2020). The Routledge Handbook of Public Diplomacy.

Routledge.

Fang, S. (2020). Exploring the Application of Augmented Reality in Diplomacy.

Proceedings of the 53rd Hawaii International Conference on System Sciences.

Kawohl, F. (2020). Forecasting International Relations in the Big Data Era. Palgrave

Macmillan.

Kurbalija, J. (2019). Diplomacy in the Age of Artificial Intelligence. DiploFoundation.

Melissen, J. (2020). The New Public Diplomacy. In The Oxford Handbook of Modern

Diplomacy (2nd ed.), Oxford University Press.

Murray, A. (2020). Social Media and Diplomacy. In The Oxford Handbook of Modern

Diplomacy (2nd ed.), Oxford University Press.

Pamment, J. (2019). The New Public Diplomacy in the 21st Century. Palgrave Macmillan.

Ruffini, P. B. (2020). Digital Diplomacy and Big Data Analytics. In The Oxford Handbook

of Modern Diplomacy (2nd ed.), Oxford University Press.

Cooper, A. F., Heine, J., & Thakur, R. (2019). The Oxford Handbook of Modern Diplomacy

(2nd ed.). Oxford University Press.

Fang, S. (2020). Exploring the Application of Augmented Reality in Diplomacy.

Proceedings of the 53rd Hawaii International Conference on System Sciences.

Kurbalija, J. (2019). Diplomacy in the Age of Artificial Intelligence. DiploFoundation.

Melissen, J. (2020). The New Public Diplomacy. In The Oxford Handbook of Modern

Diplomacy (2nd ed.), Oxford University Press.

Sharp, P., & Witte, J. (2019). The Diplomatic Corps as a Gatekeeper for Media: A

Comparative Analysis of Swedish Diplomatic and Media Relations. Media and

Communication, 7(4), 413-424.

Cooper, A. F., Heine, J., & Thakur, R. (2019). The Oxford Handbook of Modern Diplomacy

(2nd ed.). Oxford University Press.

Cull, N. J., Kiehl, K. A., & Zayani, M. (2020). The Routledge Handbook of Public Diplomacy.

Routledge.

European Commission. (2021). Data protection. Retrieved from https://ec.europa.eu/

info/law/law-topic/data-protection_en

Melissen, J. (2020). The New Public Diplomacy. In The Oxford Handbook of Modern

Diplomacy (2nd ed.), Oxford University Press.

Pamment, J. (2019). The New Public Diplomacy in the 21st Century. Palgrave

Source: United States Marine Corps, Marine Corps Drill and Ceremonies Manual)

United States Department of State, Office of the Chief of Protocol

United Kingdom Government, The Honours and Precedence in the United Kingdom: A

Guide to Protocols

The White House, Diplomatic Reception Rooms: Dress Code

United States Department of Veterans Affairs, United States Code, Title 36, Chapter

Hinduja, S., & Patchin, J. W. (2018). Cyberbullying: Identification, Prevention, and

Response. In D. F. Wee (Ed.), Handbook of Research on Cross-Cultural Business

Education (pp. 639–654). IGI Global.

Junco, R. (2012). In-class multitasking and academic performance. Computers in Human

Behavior, 28(6), 2236–2243.

Miller, K. (2012). Cognitive Overload: When Online Communication Becomes Too Much.

In S. L. Holtzhausen (Ed.), The Routledge Handbook of Strategic Communication (pp.

273–288). Routledge.

Pew Research Center. (2019). Americans and Privacy: Concerned, Confused and

Feeling Lack of Control Over Their Personal Information. Retrieved from https://www.

pewresearch.org/internet/2019/11/15/americans-and-privacy- concerned-confused-

and-feeling-lack-of-control-over-their-personal-information/

Walther, J. B. (1996). Computer-mediated communication: Impersonal, interpersonal,

and hyperpersonal interaction. Communication Research, 23(1), 3–43.

United Nations, United Nations Handbook on Protocol and Good Diplomatic Practice

United Nations, „Protocol and Liaison Service: Functions and Services DiploFoundation,

„Digital Diplomacy: Mapping the Field“

International Organization for Migration, Cultural Diplomacy and Intercultural Dialogue

Библиографија

United Nations Institute for Training and Research (UNITAR), „Diplomacy“ The Protocol

School of Washington, „Certification in Protocol Consulting“

International Association of Protocol Consultants and Officers (IAPC&O), „About

IAPC&O“

The Protocol School of Washington, „Certification in Protocol Consulting“)

Protocol and Diplomacy International - Protocol Officers Association, „Professional

Competencies“

Boyd, D. (2014). It’s Complicated: The Social Lives of Networked Teens. Yale University

Press.

Foulger, T. S., Graziano, K. J., Schmidt-Crawford, D., & Slykhuis, D. A. (2017). Educational

leadership in the digital age: A literature review. Journal of Research on Leadership

Education, 12(1), 4–43.

Heider, D. (2016). The Role of Parents in Encouraging Safe and Ethical Digital Behavior.

Computers in the Schools, 33(1), 42–57.

Kuss, D. J., Kanjo, E., Crook-Rumsey, M., Kibowski, F., & Wang, G. (2019). Parental

mediation of young children’s digital media in the United Kingdom. Journal of Children

and Media, 13(4), 455–473.

Livingstone, S., Blum-Ross, A., & Wang, Y. (2017). Building Digital Citizenship: Four

Case Studies of Children’s Use of Digital Media. Journal of Computer- Mediated

Communication, 22(6), 296–313.

Patchin, J. W., & Hinduja, S. (2017). Digital Citizenship in Schools: Nine Elements All

Students Should Know (2nd ed.). International Society for Technology in Education.

Стратегија за одбрана на Министерството за одбрана (2020)

Национална стратегија за сајбер безбедност на Северна Македонија 2023- 2027

(2022)

Сотироски, Љ., проф. (2018), Cyber security protection and implementing of legal

framework, стр.5

Брошура – Оддел за форензика, Министерство за внатрешни работи (2022)

Дополнителни линкови

https://cybilportal.org/

https://www.oxfordmartin.ox.ac.uk/cyber-security/

https://www.first.org/blog/

https://thegfce.org/

https://www.nupi.no/en

https://www.diplomacy.edu/

https://www.digitaldevelopmentpartnership.org/

https://www.aspi.org.au/

https://www.itu.int/en/ITU-D/Cybersecurity/Pages/cybersecurity-national-

strategies.aspx

https://www.academia.edu/resource/work/41982650

Листа на слики

Слика 1: Петте фази во процесот на изработка на Националната стратегија за сај-

бер-безбедност на Република Северна Македонија

Слика 2: Петте столбови на кои почива Националната стратегија за сајбер безбед-

ност на Република Северна Македонија и нивните цели

Слика 3: Придобивки наспроти недостатоци за дипломатијата од дигиталната ера

Слика 4: Активности и алатки во доменот на јавната дипломатија

Слика 5: Карактеристики на социјалните мрежи од важност за дигиталната дипло-

матија

Слика 6: Пример за „Twitter дипломатија“ на поранешниот претседател на САД,

Доналд Трамп

Слика 7: Tweet на канадскиот премиер Џастин Трудо како дел од кампањата

#WelcomeToCanada

Слика 8: Премиерот Моди и претседателот Обама за време на парадата за Денот

на републиката во Раџпат, 25 јануари 2015 г.

Слика 9: Лични карактеристики кај лицата од доменот на протоколот

Слика 10: Нетикеција преку електронска пошта: што да (не) се направи при кому-

никација преку e-mail

Слика 11: Позитивна vs. негативна работна етика

Слика 12: Професионална етика vs. неетика

Биографија на авторот

Санде Смиљанов е роден 1971 година во Скопје.

Има дипломирано „Оперативен Менаџмент“ и ма-

гистрирано со звање МБА – Специјалист за страте-

гиски менаџмент на „Бизнис Академија Смилевски“,

во Скопје. Смиљанов докторира на Институтот за

безбедност, одбрана и мир, во рамки на Филозов-

скиот факултетот при Универзитетот „Свети Кирил

и Методиј“ во Скопје, фокусирајќи ги своите обра-

зовно-стручни интереси кон научното истражување

за корелациите на протоколот и одбранбената ди-

пломатија во сегментот на безбедносната политика.

Протоколот, дипломатијата, како и протоколарната и дипломатската комуниколо-

гија се сфера на негов перманентен над дводецениски интерес и надоградба, осо-

бено имајќи предвид дека неговата теоретско-научна наобразба е тесно поврзана

со неговиот практично-искуствен ангажман, како дел од кабинетот на министерот

за одбрана на Република Северна Македонија, потоа Секторот за меѓународна со-

работка во Министерството, кабинетот на началникот на Генералштаб на Армијата

и Секторот за комуникации во Министерството, надворешен соработник за про-

токоларни работи во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република

Северна Македонија, како и во Одделот за односи со јавност и стратешки прашања

на Министерството за внатрешни работи, каде што работи во моментов.

Неговиот прв труд, „Воспоставување на единствен државен протокол на ниво на

Република Македонија“ настанат во периодот 2015/2018 година е целосно плод

на таа корелација од теоретско-практичната, односно образовно-работната анга-

жираност на Смиљанов.

И вториот негов труд, „Прирачникот за Организирање на конференции и настани

во јавна/државна институција, од А до Ш: Како до совршена конференција?“ е, исто

така, резултат на ефектуирањето на повеќегодишно работење во областа на прот-

колот и протоколарната комуникологија, и истиот е наменет за сите организатори

на конференции, како практичен водич, кон успешна организација и реализација

на протоколарните активности. Всушност, станува збор за труд кој што е конципи-

ран како своевиден патоказ, научена лекција што дава одговори на одредени спец-

ифични прашања во текот на целокупниот процес на реализација на протоколарни

настани, при тоа провоцирајќи ги практичарите и организаторите да размислуваат

за нови и иновативни начини за организација и реализација на конференција, за

воведување поефикасни и поефективни методи во своите полиња на работа.

Третиот стручно-публицистички труд кој што примарно е втемелен врз концептите

од докторската десертација на Смиљанов, е на тема „Улогата на протоколот и од-

бранбената дипломатија во остварувањето на безбедноста на Република Македо-

нија“ и го носи насловот: Дипломатијата, протоколот и безбедноста“.

Четвртата негова книга е актуелна тема со која се соочува денешницата на тема:

„Дигитална ера“, во која што во четри глави ги обработува, дигиталната трансфор-

мација и сајбер безбедноста, дигиталната дипломатија, протоколот и дигиталната

етикеција.

Во процесот на стручно усовршување Смиљанов, сосема оправдано значително

внимание посветува и на аплицирањето на странските и меѓународни искуства од

областа на протоколарната комуникологија, безбедноста и менаџментот во до-

машната практика, посетувајќи и учествувајќи во низа меѓународни конференции,

симпозиуми и престижни стручни семинари. Неговиот труд и посветеност во об-

ласта на протоколот, дипломатијата и безбедноста се препознаени од институци-

ите во кои што работи преку низа признанија, пофалници и плакети доделени за

особен придонес во протоколарното работење.

Е-маил адреса: [email protected]

„Протоколот е музика на меѓучовечките односи.“

👨‍🎓
Доц. д-р Санде Смиљанов · Asst. Prof. Sande Smiljanov, Ph.D.
Автор · Европа Прима · [email protected]
Доцент на Европа Прима со 4 научни книги и 20+ меѓународни научни трудови. Експерт за дигитална трансформација, протокол и дипломатија. Контакт: [email protected]
© 2023 Доц. д-р Санде Смиљанов · All rights reserved
Книга 1 · Дигитална Ера · 2023
LinkedIn
Facebook
Instagram
X / Twitter
YouTube
TikTok
Telegram
WhatsApp
Viber
Academia.edu
ResearchGate
💳 Нарачка

💳Card
🅿️PayPal
Crypto

[email protected]